„Бекутан“, еден од најпрепознатливите брендови за бебешка нега во регионот, за првпат официјално влегува на францускиот пазар преку малопродажната мрежа на „Лидл“ Франција, каде што детскиот крем „Бекутан“ во пакување од 100 ml ќе биде достапен во речиси 2.000 продажни објекти низ цела Франција. Препознатливата сина боја и мирисот што враќа во детството со децении ја градат приказната на „Бекутан“, бренд кој со пласманот на францускиот пазар ...

Општина Центар доделува субвенции за млади лица за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на општината. Право на субвенција имаат жители на локалната самоуправа кои во текот на 2026 година навршуваат 18 и 19 години (родени во 2007 и 2008 година), како и лица кои во 2025 година навршиле 19 години (родени во 2006 година), а уплатата за полагање на возачки испит ја извршиле во 2025 година. Висината на ...

Украина се обидува да влијае на резултатите од претстојните парламентарни избори во Унгарија, знаејќи дека сегашната влада на земјата ќе ја спречи да се приклучи кон Европската Унија. Унгарскиот премиер Виктор Орбан го изјави ова во разговор со новинарите, коментирајќи ги резултатите од самитот на ЕУ во Брисел. На тој самит, Европската комисија дистрибуираше „патна карта“ за Украина, повикувајќи на нејзино пристапување кон заедницата до 2027 ...

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја бранеше обединетата европска политика во интервју за грчките медиуми. Тој, исто така, го поддржа трговскиот договор со земјите од Јужна Америка и покрај протестите на грчките земјоделци. „Прекин на огнот во Газа не може да се постигне без активно учество и присуство на американскиот претседател“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за грчките медиуми по состанокот на лидерите во Брисел. Атина е ...

„Стратешките цели на Р. Северна Македонија се јасни од независноста па до денес, а и усвоени во разни документи. Наша цел е нашата држава да е демократска, економски развиена, членка на НАТО и ЕУ. По ова е јасно дека нашиот пат е на Западот. Посебно ако се има во предвид и дека нашата економија е зависна од соработката со државите во ЕУ, тука не се остава простор за дилеми. Да, Северна Македонија треба да има добра соработка со што повеќе ...

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за, како што велат, неправедните и репресивни даночни политики на Владата, кои директно влијаат врз граѓаните, особено врз оние кои работеле во странство во тешки и опасни услови. Според ДУИ, протестите пред Управата за јавни приходи се јасен доказ за институционален неуспех и слепа даночна политика, која преку ретроактивни даноци им наметнува неправеден финансиски товар на ...

Украинските вооружени сили мора да го напуштат Донбас, ова е важен услов за руската страна, изјави денес Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин. „Ставот на Русија е добро познат: Украина и нејзините вооружени сили мора да го напуштат Донбас. Тие мора да се повлечат. Ова е многу важен услов“, изјави Песков пред новинарите, објави РИА Новости. Според него, доколку е потребно, преговорите меѓу Русија, Украина и САД во ...

Косовската полиција изврши рација во јужниот косовски град Призрен поради сомневање за изборна измама за време на предвремените парламентарни избори на Косово на 28 декември 2025 година, објави Косовската радиотелевизија. Полицијата соопшти дека ќе даде дополнителни информации за рацијата откако ќе биде завршена. Во меѓувреме, повеќе од 100 лица од целата земја, ангажирани од Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) за изборите на 28 ...

На 23.01.2026 во 00:15 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.М.(47) од с.Камењане, тетовско. Полициските службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. во спротивна насока на коловозна лента и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од ...

Левица денеска објави дека изземајќи се од одговорност, Владата цврсто стои на страна на работодавачите и повеќе од година и пол, во услови на енормна инфлација, ја држи минималната плата замрзната. Според партијата, Економско социјалниот совет е окупиран од Стопанската комора и Владата и функционира како подружница на олигархијата. Според Левица, „со немањето слух за барањата на работниците и синдикатите, „третата економија во Европа“ ...

Откритието дека кај судијата Ѓоко Ристов, осомничен за корупција, биле пронајдени 350.000 евра заѕидани во ѕидовите од домот на неговите родители, ја отвора една од најчувствителните и најопасните дилеми за правниот систем: што се случува со судските одлуки донесени од судија чиј интегритет е сериозно доведен во прашање?! Ристов не е маргинален судија, ниту неговата кариера е исполнета со рутински предмети. Напротив. Тој бил дел од ...

Вработените во „Македонска Пошта“ денеска протестираа на своите работни места поради револтот што постојано се доцни со исплатата на плати. Велат дека овој месец се проби дното бидејќи се уште нема плата, а веќе е 23-ти јануари. Според Сашо Димитриевски, претседателот на Синдикалната организација на „Пошта“, 60% од вработените работат за минимална плата. Најавува дека протестот ќе продолжи. -И наредниот месец ако се случи истото, на 15-ти, ...

Момир Стојановски денес ќе имаше 55 години. Веројатно ќе броеше денови до пензија или веќе ќе беше во пензија. Веројатно ќе се жалеше на болки во грбот, ќе пиеше кафе во истата кујна, ќе гледаше вести и ќе се нервираше на истите теми како сите ние. Веројатно ќе имаше внуци или барем планови за нив. Веројатно… ама тоа „веројатно“ е најболниот збор во оваа приказна. Момир не остаре. Тој остана засекогаш 30-годишник, застрелан во една ноќ што ...

За „Одборот за мир“ кој го предводи американскиот претседателот Доналд Трамп и фактот дека Македонија засега нема добиено покана за членство во него, вицепремиерот и министер, Александар Николоски вели дека не е запознаен со иницијативата и дека видел од медиумите за што се работи. -Веројатно од МНР можат подобро да одговорат. Партнерството е на највисоко ниво и навистина имаме одлични односи со оваа администрација на САД. Тоа е нешто на кое ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се стреми да ги продлабочи врските на Германија со Италија, во услови на растечки поделби со француската влада околу европската трговска политика и предизвикот од соработката со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Блумберг. Мерц ќе отпатува во Рим во петок на заеднички состанок на кабинетот со премиерката Џорџија Мелони, каде што планираат да разговараат за начините за зајакнување на европските ...

Поранешниот министер за надворешни работи и дел од раководството на ДУИ, Бујар Османи сподели лична анализа на пристапот на американскиот претседател Доналд Трамп, толкувајќи го не како индивидуално отстапување, туку како одраз на подлабока криза на меѓународниот поредок. „Меѓународните поредоци не се уриваат преку ноќ. Тие се деградираат. Тие се деградираат тивко, преку самодоволство, профит без придонес, морален замор и бавна ерозија на ...

TikTok и неговата кинеска матична компанија ByteDance постигнаа долгоочекуван договор за продажба на дел од нивните американски операции на американски инвеститори, обезбедувајќи ја иднината на популарната видео апликација во земјата и избегнувајќи национална забрана, објави Bloomberg. Гигантот во областа на социјалните медиуми официјално создаде американски ентитет со три управувачки инвеститори: Oracle, фирмата за приватен капитал Silver ...

СДСМ излезе со нови информации, од каде сметаат дека потекнуваат нападите против раководството на партијата од страна на членовите Јован Деспотовски и Петре Шилегов. „ВМРО најде двајца слаби од нашите редови за ова предавството. Прашањето е зошто? Зошто токму Деспотовски и Шилегов се одбрани за напад врз СДСМ? Кои се причинско последичните факти? Против Јово Деспотовски е поднесена Кривична пријава од Управата за финансиска полиција со ...

Русија соопшти дека ќе одржи безбедносни разговори со САД и Украина во Абу Даби, но по состанокот меѓу претседателот Владимир Путин и американските претставници кои пристигнаа во Москва предупреди дека траен мир нема да биде можен доколку не се решат територијалните прашања. Претседателот Путин ги угости мировниците Стив Виткоф, Џаред Кушнер и Џош Груенбаум во Кремљ. Средбата траеше речиси четири часа. На руската страна им се придружија и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваше на Светскиот економски форум во Давос и испрати неколку прилично директни и впечатливи пораки. Меѓу другото, тој повика на зајакнување на Европа и нагласи дека таа може да биде „глобална сила“. Покрај тоа, тој тврдеше дека руската нафта треба да се запре за рускиот лидер Владимир Путин да остане без пари. За време на својот говор, тој остро го навреди и унгарскиот премиер Виктор Орбан. ...

Додека загриженоста за политичките партнерства и економските поделби доминираше во дебатите на Светскиот економски форум во Давос, најбогатиот човек во светот даде можеби најрадикалното ветување што го слушнаа светските бизнис лидери оваа недела. „Не се движиме кон бездна, туку кон ера на изобилство“, смета Илон Маск. Иако со години го критикуваше Светскиот економски форум и во една прилика го нарече здодевен, оваа година неочекувано се ...

19-годишна девојка тешко повредена откако била прегазена на скопски булевар. – На 21.01.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(25) од Скопје, удрило во пешакот А.И.(19) од село Арачиново, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 19-годишната А.И., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, ...

Вториот состанок на Балканската мировна платформа ќе се одржи денес во Истанбул под претседателство на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, објави агенцијата Анадолу. Министрите за надворешни работи на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија досега го потврдија своето учество на состанокот, а се очекува да одржат и билатерални средби меѓу себе. Платформата, која е основана на иницијатива на ...

Застаре дел од предметот „Талир 1“ за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување, за кое се гонеа екс-премиерот Никола Груевски и Кирил Божиновски, при што остана само кривичното дело за перење пари. По тој повод, се огласи поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Оценува дека застарел дел од предмет што, како што вели, ниту можело ниту требало да биде предмет на кривично гонење ако барем некои од ...

„Обвинителката Ленче Ристоска беше дел од СЈО, кое заврши со криминален скандал и рекетарска мрежа вредна неколку милиони евра. Како дел од таа мрежа, правосилно беше осудена нејзината шефица, Катица Јанева“, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако обвинителката Ленче Ристоска вчера поднесе тужба против нив поради, како што рече, притисоци. ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека Ристоска се дискредитираше себе си што, како што велат, беше дел од обвинителството ...

„Македонија, пред сè, треба да се насочи кон своите национални интереси – кон позициите кои во оваа смисла значат подобар живот и подобри услови за својот народ. Дихотомијата што ни се наметнува – „или Исток или Запад“ – е погрешна, односно таа ни е наметната токму од страна на колективниот Запад, предводен од САД“, вели во интервју за „Локално“, потпретседателот на Левица и пратеник во Собранието, Реџеп Исмаил-Хактан за насоката на ...

Се верува дека станува збор за двете лица кои сè уште се водеа како исчезнати по несреќата што се случи во неделата навечер, кога два брзи воза се судрија во близина на Адамус. Официјалната идентификација на телата допрва треба да ја спроведе Институт за судска медицина во Кордоба. Пребарувањето на остатоците од возовите продолжува, со цел да се утврди дали има уште жртви. Според официјалните податоци, повредени се 123 лица, од кои 31 сè уште ...

Како што пренесува Euronews, Маск пред присутните зборуваше и за можни решенија поврзани со човечкото стареење. Основачот на Tesla и SpaceX разговараше со извршниот директор на BlackRock, Лери Финк, што претставува пресврт во однос на неговиот претходен став, имајќи предвид дека Маск во минатото го критикуваше форумот како елитистички и здодевен. Финк ја отвори сесијата повикувајќи ја публиката на посилен аплауз за Маск, забележувајќи дека ...

Нилсен на прес-конференција во Нук изјави дека разбрал оти генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во средата му пренел на Трамп „порака која ние всушност ја испративме пред неколку дена“, пренесува CNN. „Од самиот почеток рековме дека сакаме почит, мирни односи и силно партнерство како сојузник, но реториката што ја слушавме за нас е неприфатлива“, изјави Нилсен. Тој додаде дека Гренланд е отворен за различни планови за понатамошна ...

Во интервју за швајцарското списание Die Weltwoche, Орбан изјави дека светот мора да изнајде нов концепт кој ќе го замени, како што вели, застарениот систем заснован на правила. „Поредокот заснован на правила пропадна. Тој не успеа да реши ниту еден од фундаменталните проблеми на човештвото, особено во западната хемисфера, и затоа повеќе нема смисла да се држиме до него“, изјави Орбан, пренесува ТАСС. Според унгарскиот премиер, светот ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
62%
1015
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
56%
1015
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
61%
1016
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
55%
1017
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.46
81%
1018
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
66%
1017
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
4.12
67%
1012
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
41%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
41%
1013
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
5.81
65%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
47%
1016
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.69
93%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Иридиум

258288.78

Цинк

0.00

Платина

61858.04

Калај

43.91

Рутениум

56199.51

Сребро

2179.44

Паладиум

44753.84

Бакар

10.65

Злато

144593.23

Алуминиум

3.19

Кобалт

3.86

Родиум

358480.82