Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
„Мерцедес-Бенц“ (Mercedes-Benz) е принуден да го заостри штедењето, а најновата мерка е одложување на вонредната исплата за работниците која беше договорена во колективниот договор. Овој додаток беше предвиден за јули. Засега е нејасно за кој точно износ станува збор, но тоа вообичаено е 18,4 отсто од месечната плата. „Мерцедес“ во писмо укажа дека структурните трошоци за производство во Германија, особено трошоците за труд, веќе не се ...
Министерот за економија Бесар Дурмиши не одговори на прашањето каков е ефектот од финансиската поддршка што компаниите ја добиваат од државата. Тој на прашање на „Локално“ зборуваше за новиот повик кој го распиша Министерството за економија за поддршка на компаните. Фото: Локално -Во Министерството за труд обезбедени се средства преку Министерството за финансии и компаниите можеа да аплицираат до 15 јуни. Сите оние кои ги исполнија условите ...
„Треба да го одвоиме политичкиот мотив од државниот мотив. Државниот мотив за дијаспората да гласа електронски е дека некои од македонските државјани живеат многу далеку од дипломатско-конзуларните претставништва и ако не им се овозможи електронско гласање, нема да гласаат и тоа право ќе им биде ускратено, а им следува по државјанство“, вели политичкиот аналитичар, Петар Арсовски за новиот Изборен законик кој влегува во собраниска процедура. ...
Големите горештини и сушата им создаваат проблеми на земјоделците ширум Европа. Покрај тоа, во изминатите години поскапе и вештачкото ѓубриво. Азотното ѓубриво денес е за 70 отсто поскапо отколку пред две години. Европската Унија договори план за помош на земјоделците. Во мај оваа година пристигна ново поскапување на вештачкото ѓубриво од 30 до 40 отсто, поради кризата околу Иран и дополнителните европски царини за руското ѓубриво. Овој втор ...
Европската комисија подготви финансиски пакет за идното членство на Црна Гора во Европската Унија, кој според проценките би изнесувал 3,2 милијарди евра во седумгодишен период, што би ги чинело граѓаните на ЕУ помалку од едно евро годишно. Финансискиот пакет предвидува дека влезот на Црна Гора во ЕУ би чинел околу 3,2 милијарди евра во седумгодишен период, изјави портпаролот на Комисијата, Гијом Мерсие, додавајќи дека станува збор за проценка ...
Министерството за економија и труд се уште не го добило извештајот од контролите на Пазарниот инспекторат, кој е потребен за да донесат мерки со кои ќе се влијае на цените на производите. Бесар Дурмиши, министер за економија и труд, рече дека со извештајот треба да се направи анализа на цената на околу 700 основни производи, почнувајќи од цената кај производителот, трошоците за дистрибутерот па се до крајната цена во маркетите. -Имавме ...
Русија планира да увезува гориво за да го стабилизира домашниот пазар, што е редок потег за земја која поголеми количини енергенси има увезувано само во деведесеттите години, по распадот на Советскиот Сојуз. Ова во вторникот го потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков на брифингот за новинари во Москва изјави дека Москва води разговори за можен увоз на гориво со неколку земји. „Доколку се постигнат договори за увоз по прифатливи ...
Усвоен новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори , со што Македонија направи еден од најзначајните реформски чекори во енергетиката во последните децении. За првпат обновливите извори на енергија се уредуваат со посебен закон (Lex specialis), со кој се воспоставува современа, европски усогласена и предвидлива правна рамка за развој на чистата енергија. Со донесувањето на Законот, државата испраќа јасна порака дека ...
Летото е период кога многу семејства патуваат, а промената на средината, исхраната и водата може да влијае врз дигестивниот систем, особено кај најмалите. Родителите често се прашуваат дали пробиотиците се препорачливи во овој период и кога навистина има потреба од нив. Пробиотиците се корисни микроорганизми – бактерии, габички и други микроорганизми – кои природно живеат во нашиот организам и имаат значајна улога во одржувањето на здравјето. ...
Собранието денеска во рамките на 106. седница, ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се регулира учеството на електричните тротинети во сообраќајот. Со измените се воведува максимална дозволена брзина од 20 километри на час за лесните електрични возила, во согласност со препораките на Европската Унија. Воедно, се зголемува и старосната граница за нивно управување на најмалку 18 години. Од нашата мрежа ...
На 29.06.2026 во 05:10 часот на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Т.Н.(21) од Полска, затоа што претходно во угостителски објект под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Од нашата мрежа Фактура по фактура: Под лупа се ставаат цените на над… 12 минути biznisinfo.mk Капитенот на ...
Министерот за правда Игор Филков денеска во Владата на брифинг со амбасадорите ги презентираше резултатите од спроведувањето на Реформската агенда во областа на владеењето на правото, реализираните законски реформи и следните чекори во исполнувањето на европските обврски на државата. Во обраќањето, министерот Филков истакна дека Министерството за правда во изминатиот период реализирало најобемен законодавен реформски циклус, со силна ...
Одлуката на Општина Тетово со која на градскиот базен само жени може да се капат во среда и сабота, според активистка за еманципација на муслиманската жена, Мерсиха Смаиловиќ таа не е донесена за да ги разделува мажите и жените, туку како одговор на барањето на жените од овој град. Според неа, обврска на локалната самоуправа е да им овозможи пристап до јавно добро и на жените кои поради недостаток на приватност, чувство на непријатност или ...
Се одложува извршувањето на одлуката поранешниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски на 2 јули да се пријави за отслужување на казна затвор во затворот Скопје. Од Кривичниот суд Скопје информираа дека тој барал одложување на извршување на затворската казна по пресудата за бесправно градење, а која беше потврден од Апелациониот суд, поради здравствени причини. Од нашата мрежа Чимаев го предизвикa Стрикленд: Не бегај, бори се! 13 минути ...
Во врска со информациите за приведена професорка од Универзитет „Гоце Делчев“, оттаму велат дека како универзитет имаат нулта толеранција за корупција. Додаваат дека во академската заедница нема место за никој што ја злоупотребува својата позиција, го нарушува интегритетот на образованието и ја изневерува довербата што му е дадена. „За жал, ниту еден систем не е целосно имун на поединци кои се подготвени да го прекршат законот и да ја ...
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека екстремните топлотни бранови ширум Европа претставуваат сè посериозен јавноздравствен проблем, наведувајќи дека итните служби се под голем притисок и дека расте бројот на смртни случаи поврзани со високите температури. Во соопштението на СЗО се наведува дека во одделни европски земји се забележани нагли порасти на итните медицински интервенции, вклучувајќи го и зголемувањето на бројот ...
Глобалните финансиски пазари влегуваат во фаза на затрезнување по периодот на силен раст, со сè поизразени сомнежи во одржливоста на досегашниот инвестициски наратив. Технолошките акции минатата недела доживеаја значајна корекција, со пад на NASDAQ од речиси 5%, бидејќи високите валуации се најдоа под притисок. Дополнителен негативен сигнал беше информацијата дека „OpenAI“ размислува за одложување на своето IPO (првична јавна понуда) за ...
Американскиот автомобилски гигант Форд повторно ангажираше повеќе од 300 искусни инженери за проверка на квалитетот, заклучувајќи дека вештачката интелигенција не може во целост да го замени човечкото знаење и искуство. Компанијата во изминатите години во производството сè повеќе се потпираше на вештачката интелигенција, вклучувајќи и камери кои откриваат дефекти и помагаат во подобрувањето на квалитетот. Од нашата мрежа Крај на една ера: ...
Дел од трговскиот договор меѓу Европската Унија и Соединетите Американски Држави, со кој се предвидува укинување на увозните царини за одредена американска стока, ќе стапи на сила на 1 јули, соопштено е денеска во регулаторниот поднесок на ЕУ. Како што се наведува во документот, уредбата ќе се применува од 1 јули до 31 декември 2029 година, со можност за продолжување по евалуацијата и новиот законодавен предлог на Европската комисија, пренесе ...
Работната група ги заврши преговорите, власта плус ДУИ во собранието ги поднесе измените на Изборниот законик за спроведување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, за платеното политичко рекламирање, како и за електронското гласање на дијаспората. Но, документот остана без потписот на Левица, од каде најавија блокада поради политичка дискриминација. Димитар Апасиев бара Уставен суд да одлучи за распределбата на парите. „Власта препозна ...
Денеска (30.06.2026) директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев согласно своите законски надлежности, формираше Работен тим – Task Force, со цел уште поинтензивно, покоординирано и попрецизно детектирање, идентификување, документирање и разбивање на криминалните групи и поединци кои организирано или самостојно се занимаваат со недозволена трговија со дрога, без разлика дали дејствуваат на локално, регионално, национално или ...
Речиси 84 отсто од здравствените работници сметаат дека корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат, но само 14 проценти од нив признаваат дека биле лично вклучени или сведочеле на коруптивен чин во нивната установа. Здравствените работници се свесни за присуството на корупцијата, но најголем дел од нив ја прифаќаат како нормализирана појава и не пријавуваат, покажа истражувањето на Здружението за еманцијапција, ...
На 29.06.2026 во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит кој дополнително ќе го полагал на 29.06.2026. Преземени се мерки во координација ...
Портретот на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, кој го наслика за пошироката јавност малку познатиот уметник Жереми Керас, ќе биде претставен во берлинскиот Музеј „Боде“ на Музејскиот Остров, речиси пет години откако таа ја напушти должноста. Сликата од вторник ќе биде изложена во Музејот „Боде“ во тек на три месеци, по што подоцна оваа година ќе биде преместена во кабинетот на сојузниот канцелар. Меркел во неодамнешно интервју ...
Дипломати од целиот свет денеска се состануваат во Сараево за да се обидат да го премостат длабокиот јаз меѓу Соединетите Американски Држави и Европа околу именувањето на следниот висок претставник во Босна и Херцеговина, одлука која би можела пресудно да влијае врз иднината на земјата. До несогласување дојде поради отворен тест на политичката волја околу тоа кој треба да ја преземе оваа влијателна позиција, при што администрацијата на Трамп ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги предупреди продавачите на гориво веднаш да ги намалат цените или во спротивно ќе се соочат со „големи проблеми“. „Продавачите на гориво мора да ги намалат своите цени, ВЕДНАШ“, напиша Трамп на својата социјална платформа „Truth Social“. Од нашата мрежа „Европа си пука во нога“: Дали ќе снема нафта и… 28 минути biznisinfo.mk Ибрахимовиќ со остри критики за Куман: „Загуби со идентитет, кој… 29 ...
Заедно со новиот праг за казнување, австралиската влада ѝ даде на својата комесарка за е-безбедност, Џули Грант, повеќе овластувања за спроведување на законот. Откако стана прва во светот што воведе забрана за социјалните мрежи за лица под 16 години, Австралија не се откажува. Австралиската влада ќе ја удвои максималната казна за сите компании за социјални медиуми кои го кршат законот за минимална возраст, од 49,5 милиони на 99 милиони ...
На 29.06.2026 во 20:00 часот во с.Визбегово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.Ш.(29) од Скопје. Претходно, во Центарот за азил во Визбегово, тој агресивно се однесувал и се заканувал со остар предмет на едно женско лице, по што со такси возило го напуштил местото. Набргу, по преземени мерки, возилото е запрено, лицето е лишено од слобода и кај него е пронајден и одземен ...
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, кој беше дел од работната група за подготовка на новиот Изборен законик во Министерството за правда, преку објава на социјалните мрежи изнесе серија забелешки за начинот на кој се одвивал процесот на подготовка на законските измени. Тој напиша дека јавноста се доведува во заблуда со тврдењата дека постоел широк политички консензус, наведувајќи дека во конечниот текст се нашле решенија за кои никогаш не било ...
Пожар утринава избувна на дива депонија во скопската населба Шуто Оризари, а екипи на Бригадата за противпожарна заштита интервенираат на терен. Од МВР потврдуваат дека пријавата за пожарот е примена денеска во 7 часот. Од нашата мрежа Цените ќе растат – Од јули новите автомобили во ЕУ… 2 минути avtoplus.mk Топлотен бран на работното место: Екстремните температури ја уриваат продуктивноста 8 минути biznisinfo.mk Екс претседател на ФСС му се ...