Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Авион од Приштина што вчера слета на истанбулскиот аеродром „Сабиха Гокчен“ на рутата Приштина–Истанбул излетал од пистата веднаш по приземјувањето, откако наместо да продолжи кон патеката за рулирање заврши на мека земјена површина и застана на крајниот дел од пистата. Амбасадата на Косово во Турција потврди дека инцидентот поминал без повредени, ниту меѓу патниците ниту меѓу членовите на екипажот. „Авион на AJet, тип Boeing 737-800, кој ...
ВМРО-ДПМНЕ ја промовира стратегијата „Македонија 2030“: Ново поглавје за стабилност и развој Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја претстави стратегијата „Ново поглавје – Македонија 2030“, усвоена на 18-иот конгрес, која според партијата треба да ја постави основата за деценија на стабилност, економски развој и модернизација. Документот се темели на шест стожери, преку кои се најавува дека државата до 2030 година ќе стане „стабилна, силна и ...
Новогодишно украсување на Скопје годинава ќе чини 3.260.000 денари, односно околу 53 илјади евра, а реализацијата ќе ја преземе скопската компанија „Линк Медиа Плус ДООЕЛ“, единствениот понудувач на тендерот. Истата фирма претходно добивала слични ангажмани во Општина Центар и во Штип, како и во Кавадарци и Чаир, каде што работела на празнични декорации. Според подготвената спецификација, најобемното новогодишно украсување на Скопје ќе биде ...
Зимска опрема задолжителна до 15 март Од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска возачите да поседуваат зимска опрема во своите возила, независно од временските услови. Оваа мерка ќе важи до 15 март 2026 година. АМСМ апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината кон состојбата на коловозот, да ја почитуваат сигнализацијата и да бидат особено внимателни на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им упати честитка на верниците од православна вероисповед по повод државниот празник Свети Климент Охридски. Таа ја нагласува актуелната потреба повторно да се негуваат вредностите што ја држат заедницата стабилна и сплотена. Во честитката таа потсетува дека и денес, како и во времето на Св. Климент, општеството има потреба од заедничка и повисока цел. Таа цел ќе ги надмине разликите и ќе создаде ...
Променливо облачно со сончеви интервали Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Претпладне во поединечни котлини се очекува појава на магла. Ќе дува слаб ветер, а вдолж Повардарието умерен северен ветер. Температури од 6 до 14 степени Минималната температура ќе се движи меѓу 6 и 9 Целзиусови степени, додека максималните дневни вредности ќе достигнат од 9 до ...
По тридневните преговори меѓу делегациите на Вашингтон и Киев во Флорида, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека украинскиот лидер Володимир Зеленски „не е подготвен“ да го прифати мировниот предлог на САД, чија цел е прекин на војната со Русија, пренесе CNN. Трамп е разочаран од одлуката на Зеленски, која уследи непосредно по завршувањето на разговорите, наведувајќи дека токму од позицијата на Киев зависи понатамошниот ...
Се празнува Свети Климент Охридски, а именден слават: Климент, Климе, Климентина… Македонската православна црква денеска го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. На денешен ден се празнува Свети Климент Охридски. Именден празнуваат: Климент, Климе, Климентина… Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува ...
Американскиот министер за војна Пит Хегсет во својот говор пред Форумот за национална одбрана „Реган“ во Калифорнија, го најави новиот фокус на Западната полутопка и Европа, јави изданието „Политико“. Тој побара од сојузниците на САД сами да се справат со предизвиците и зазеде посмирен пристап кон кинеските вооружени сили, забележа весникот. Говорот на Хегсет открива дека администрацијата на американскиот претседател се насочува кон политика ...
На 07.12.2025 околу 03:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај кичевското село Трапчин Дол, патничко возило „волво“ со американски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(32) од Кичево, излеталo од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.З.(25) од Кичево, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа ...
Американскиот претседател би можел да се повлече од натамошното ангажирање околу војната во Украина, изјави неговиот најстар син на Трамп, за време на конференција на Блискиот Исток, каде што изнесе остри критики кон украинското раководство и начинот на кој се води војната. Одговарајќи на прашање дали неговиот татко, кој кампањски ветуваше дека може да донесе мир, би можел целосно да се повлече од процесот, Трамп помладиот изјави дека тоа е ...
Францускиот претседател Емануел Макрон најави можни европски контрамерки против Кина доколку Пекинг не ја измени својата трговска политика. – Се обидувам да им објаснам на Кинезите дека нивниот трговски суфицит е неодржлив, затоа што практично ги „убиваат“ сопствените купувачи, особено со тоа што повеќе не увезуваат од нас, изјави Макрон во интервју за економскиот дневник Лес Екос, по тридневната посета на таа држава. Тој нагласи дека ...
Стратешкиот договор со Британија не предвидува бегалски кампови во Македонија Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Велика Британија не содржи никакви одредби за изградба на бегалски кампови, порача денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот одбор, Антонијо Милошоски, демантирајќи ги шпекулациите што се појавија во дел од британските медиуми. Милошоски нагласи дека станува збор за сериозен и квалитетен меѓудржавен ...
Резултатите од контролите на Управата за јавни приходи покажуваат дека неиздавањето фискални сметки останува сериозен проблем, бидејќи неправилности се утврдуваат во секоја четврта извршена контрола. Заклучно со крајот на ноември, УЈП има спроведено околу 4.000 теренски контроли за евидентирање на готовинскиот промет, што е за 2,5 пати повеќе во споредба со истиот период лани. При контролите изречени се над 2.500 прекршочни глоби, а кај 113 ...
ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција кон СДС: „Наместо на прес-конференции, треба да одат на обвинителна клупа“ Во соопштение упатено до јавноста, ВМРО-ДПМНЕ остро возврати на обвинувањата од СДС, посочувајќи дека нивните настапи се темелат на, како што велат, неосновани тврдења и клевети. Од партијата порачаа дека комуникацијата на политичкиот конкурент е деградирана и лишена од аргументи, притоа обвинувајќи дека зад тој стил стои „рака“ која, ...
Реакција по прес-конференција на СДСМ Димче Арсовски, поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ излезе со јавна реакција по споменувањето на неговото име на прес-конференција на СДСМ. Тој објави дека се подготвуваат повеќе тужби и најави дека ќе бидат поднесени истовремено во вторник. Воедно упати порака дека очекува противниците да бидат подготвени да ги докажат своите тврдења пред Суд. Целата објава на Арсовски: „Гледам ме спомнала Кузеска на ...
Започна отстранувањето на билбордите од железничката станица „Во насока на ослободување на просторот и оригиналниот изглед на железничката станица, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни реклами кои години и декади наназад го нарушуваат автентичниот изглед на станицата. Ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација. ...
Од месечината се гледа дека соопштенијата и пресовите на СДС ги пишува некој со длабоки фрустрации – тотално безидеен, доволно лукративен и алчен, но истовремено уплашен и исполнет со внатрешен страв. Јасно е дека сега најдобриот ученик на Заев, Филипче, мора да ја исполни задачата: да го пополни просторот и да не се говори за златните визи, тајните сметки и бизнисите во Дубаи. Тактиката во која крадецот вели „држте го крадецот“ е стратегија ...
Лишени од слобода возачи во Велес, тетовско, Кавадарци, Свети Николе, Прилеп, Куманово и Крива Паланка, затоа што управувале возила под дејство на алкохол На 07.12.2025 во 02:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с.Лешок, го лишија од слобода Д.Т.(54) од с.Ратае. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко ...
Генерал-мајор Грегори Најт ќе оствари средби со највисоките државни и воени претставници Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, денеска започнува официјална посета на Република Македонија која ќе трае до 11 декември, соопшти Армијата на Република Македонија. Средби со високи државни и воени претставници Во рамки на посетата, Најт на 9 декември ќе биде пречекан со високи воени ...
Празникот ќе биде одбележан со високи државни и црковни претставници Во пресрет на утрешниот државен празник посветен на Св. Климент Охридски, вечерва во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи свечена академија. Настанот, кој се организира под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ќе започне во 18:30 часот со нејзино обраќање пред присутните гости. Утрешното чествување ќе почне во 11:30 часот пред ...
Засилени контроли на готовински промет пред празниците Управата за јавни приходи спроведува засилени контроли во угостителските објекти пред новогодишните празници. До крајот на ноември се изречени 2.500 казни и 113 објекти добија забрана за работа. Во прилог соопштението на УЈП: „Управата за јавни приходи (УЈП) ја информира јавноста дека во следниот период, а во пресрет на новогодишните празници, ќе се спроведуваат засилени и проширени ...
Ново поглавје во политичкото делување ВМРО-ДПМНЕ го одржа редовниот 18-ти конгрес на кој беа потврдени досегашните успешни политики, под водство на претседателот Христијан Мицкоски, кои го трасираат патот на раст и развој на државата во успешна, модерна и просперитетна Македонија. Како носител на државноста, ВМРО-ДПМНЕ на партискиот конгрес отвори ново поглавје на политичкото делување, донесе важен документ, Стратегија 2025-2030 пропратено ...
Најголемите задржувања на излез од Македонија се на „Дојран“ и „Табановце“ На граничниот премин „Дојран“ утринава времето на чекање за излез од земјава достигнува 30 минути, додека на Табановце возачите за излез од државата чекаат околу 40 минути. Авто-мото сојузот на Македонија информира дека на останатите македонски премини нема значајни задржувања. Сообраќајот се одвива непречено, но внимателно на влажни коловози Државните патишта се ...
Гого Славески со седми триумф ја зацврсти репутацијата на еден од најдоминантните борци во организацијата Македонскиот борец Горјан Гого Славески го запиша својот седми спектакуларен триумф во БКФЦ, откако го совлада Џа Фар Форт со технички нокаут во првата рунда. Борбата траеше само една минута и 34 секунди, а Славески повторно покажа зошто важи за еден од најопасните и најагресивните борци во лигата. Од самиот старт ја презеде контролата и ...
Премиерот Савант најави строга истрага и одговорност за сите пропусти Најмалку 23 лица загинаа во тежок пожар што избувна во ноќниот клуб „Арпора“ во индиската држава Гоа, а меѓу жртвите има и неколку странски туристи. Press Trust of India објави дека трагедијата ја предизвикала експлозија на цилиндар за гас, по што огнот брзо се проширил. Шефот на полицијата во Гоа, Алок Кумар, изјави за агенцијата дека „најмалку 23 тела се пронајдени“ и ...
Променливо време со магла наутро Денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во утринските часови по одделни котлини се очекува магла. Во северозападните региони синоптичарите најавуваат слаб локален дожд, додека ветерот ќе дува слаб до умерен од северен правец. Температури од 2 до 15 степени Минималната температура ќе се движи од 2 до 9, а максималната од 10 до 15 степени. Во Скопје утринската магла ќе се задржи во делови од ...
Одлуката на Европската комисија да ја казни социјалната платформа X со 120 милиони евра предизвика жестока реакција од нејзиниот сопственик Илон Маск, кој директно ја нападна Европската унија и нејзината институционална улога. Маск преку објава на X порача дека Европската унија треба да биде укината, а суверенитетот да им се врати на поединечните држави, со цел владите подобро да ги претставуваат своите граѓани. „ЕУ треба да се укине и ...
Руски дронови и ракети рано утринава ја погодија железничката инфраструктура во поширокиот регион на Киев, при што е предизвикана значителна материјална штета и прекин на железничкиот сообраќај, соопштија украинските власти. Според официјалното соопштение, нападот бил насочен кон железничкиот јазол во близина на градот Фастив, каде што биле разурнати станицата и дел од возниот парк на приградските линии. Иако нема пријавени жртви, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска јавно ја навреди новинарката на Си-Ен-Ен, Кејтлин Колинс, откако таа му постави прашање за зголемените трошоци за изградба на новата балска сала во Белата куќа. Реакцијата на Трамп уследи преку неговата социјална мрежа Truth Social, каде што ја нарече Колинс „глупава и одвратна“, тврдејќи дека цената е повисока затоа што објектот ќе биде двојно поголем од првично планираното и со значително ...