Иако британскиот премиер Кир Стармер никогаш не бил поврзан со Џефри Епштајн, тој е во сериозна опасност да ја изгуби работата поради него. Од друга страна, претседателот Доналд Трамп, чие име е споменато илјадници пати во досиејата за осрамотениот финансиер, нема такви загрижености. Како што политичката криза се продлабочува на источната страна од Атлантикот, жртвите на Епштајн во Вашингтон се борат со инерција во потрагата по правда. Оваа ...

Со сослушување сведоци и законски застапници на оштетените денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевски и се наоѓа во доказна постапка со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството. За денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани пет сведоци. На минатото ...

Намалена видливост поради појава на магла до 100 мeтри утрово има на патниот правец Тетово – Скопје. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица), информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Сите патни правци во државата се ...

Времето денеска ќе биде облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје, претежно облачно со услови повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се ...

Вашингтон пост“, весник во сопственост на милијардерот Џеф Безос, соопшти денеска дека почнал со отпуштања во речиси сите свои новински редакции, во обид да ги намали загубите и да ја врати профитабилноста на весникот, пренесува „Блумберг“. Во соопштението не е прецизирано колку работни места се укинуваат, но претходно се проценуваше дека весникот планира да отпушти околу 300 луѓе, со значително намалување на редакциите за спорт и ...

Србија го диверзифицира снабдувањето со енергенси надвор од Русија и веќе е во преговори за купување природен гас преку заеднички механизам на Европската Унија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. Во интервју за Ројтерс што го пренесуваат српските медиуми, Вучиќ вели дека Србија веќе купува гас од Азербејџан, преку Бугарија, „а изградбата на гасоводот до Северна Македонија, што ќе започне оваа година, би ни овозможила да добиваме ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска по новата рунда разговори меѓу САД, Русија и Украина во Абу Даби, изјави дека тие треба да доведат до траен мир и да не и даваат на Русија нова можност да ја продолжи својата војна. „Во моментов, народот на Украина треба да почувствува дека ситуацијата навистина се приближува кон мир и крај на војната, а не кон ситуација во која Русија користи сè во своја корист и продолжува со своите ...

Џоан Апелби вели дека барањето до нејзиниот 13-годишен син Остин да плива четири часа низ опасни води за да побара помош откако нејзиното семејство беше однесено во морето била „една од најтешките одлуки“ што некогаш ги донела. „Знаев дека е најсилниот и дека може да го направи тоа“, изјави таа за австралиската тв-мрежа Еј-Би-Си. „Никогаш не би отишла затоа што не би ги оставила децата на море, па затоа морав да испратам некого“. Семејството ...

Неофицијално вечерва е во тек полициска опсада на повеќе објекти и локации во Струмица и Струмичко, а воедно и објектот во Скопје во поранешниот комплекс „Охис“ е целосно запоседнат од властите од четврток вечерта, јави пресс 24. Наводно вклучени се повеќе институции полиција, царина, здравствени служби и јавно обвинителство а се насочени кон мрежата на т.н. „легални“ производители на канабис кои со години ја злоупотребуваат дозволената ...

Амбасадорот Желјаско Радуков ја предводеше бугарската делегација на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје на 154-годишнината од раѓањето на револуционерот, опишувајќи го како Бугарин во својата изјава по положувањето на венците. „И оваа година повторно сме тука за да одбележиме еден светол датум од нашата заедничка историја и да му оддадеме почит на еден од нашите големи револуционери – Гоце Делчев. И секојпат кога стојам ...

Околу 10 милиони денари или речиси 169.000 евра бил проектот за кој поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој (АФПЗРР), Илија Стоилев се гони за примање на мито, дознава Телма. Џевдет Насуфи, поранешен министер за правда и за локална самоуправа во владата на Љубчо Георгиевски, како директор на фирмата „Сигнас-Арго“ од струшко Велешта им дал 5.000 евра на тројца луѓе да влијаат на Стоилев кој ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата остварил средба со известувачот на Европскиот парламент за земјава Томас Вајц, на која акцентот бил ставен врз потребата од продолжување на реформите во насока на европските стандарди. -Денес остваривме средба со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц. На средбата разменивме мислења за актуелните политички и реформски процеси, европската агенда на државата, како и за ...

Рајан Весли Раут (59), човекот кој се обиде да го убие американскиот претседател Доналд Трамп додека играше голф во Јужна Флорида, денеска е осуден на доживотен затвор. На 23 септември 2024 година, Раут беше прогласен за виновен за обид за убиство на тогашниот претседателски кандидат Трамп во голф клубот „Трамп Интернешнл“ во Вест Палм Бич, објави „Ју-Ес тудеј“. За време на инцидентот, агент на Тајната служба го забележал Раут со оружје и ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 100 км југоисточно од Скопје. Од Сеизмолошката опсерваторија инфрмираат дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда од 3.7 степени. -Според ...

За протестите на дел од граѓаните од ромска националност поради неколкуте одземени возила поради немање возачки дозволи, дел од јавноста излезе со поддршка. Според екс-министерот за правда и поранешен член на АА, Кренар Лога, државата треба да им излезе во пресрет при нивното барање да полагаат возачки испити. „Секој од нас треба да го почитува законот без исклучок. Меѓутоа, пред да судиме и да предрасудуваме, оваа наша Ромска заедница, која ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши, неговите заменици Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Јован Митрески од СДСМ, министрите Златко Перински и Стефан Андоновски, како и генералниот секретар на Владата се дел од имињата од Македонија што ќе присуствуваат на традиционалниот молитвен појадок во Вашингтон што секоја година се одржува на почетокот од февруари. На настанот што треба да се одржи хотелот Хилтон во Вашингтон на кој се поканети и ...

– Во СВР Велес, 60-годишна велешанка вчера пријавила дека фирмата каде работи била оштетена за 21.111 евра. Имено, фирмата извршила уплата на средствата по фактура кон деловен партнер, но откако добиле порака на електронската адреса дека уплатата не е реализирана, стапиле во контакт со банката и деловните партнери и утврдиле дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а средствата биле уплатени на друга сметка, информираат попладнево од ...

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц е во Македонија. Без никаква најава, туку само преку соопштение од Собранието, јавноста дозна дека тој е во земјава. И, дека веќе остварил средба со раководството на ВРЕДИ. На средба со него во зградата на законодавниот дом биле координаторот на пратеничката група на Влен, Беким Ќоку, вицепремиерот Беким Сали и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Според соопштението, без да се ...

1,8 милиони денес, 1,2 милиони во 2070 година – загуба од 33 отсто од населението. Со овие алармантни бројки претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Светскиот самит на владите во Дубаи, каде што беше главен говорник на сесија посветена на демографските промени. Таа посочи дека Македонија, заедно со поширокиот регион, се соочува со троен демографски притисок: ниска стапка на наталитет, висока емиграција и забрзано ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски попладнево соопшти дека за ЈП „Лајка“ обезбедени се 30 милиони денари за проширување на капацитетите и создавање современи, хумани услови за згрижување на бездомните кучиња. -Почитувани скопјани, ако во минатото ЈП „Лајка“ беше креирана за брзи партиски вработувања, од моето преземање на функцијата градоначалник на Скопје, таа авантура заврши. Предолго време проблемот со бездомните кучиња се ...

Вчера во 18:50 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода И.Т.(57) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил кривично дело „кражба“, односно дека од продажен објект одзел мобилни телефони. Подоцна, во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода и И.Г.(40) и Д.М.(26), двајцата од Тетово. Тие биле пријавени од И.Т. дека во периодот од 18:00 до 19:00 часот на ...

Министерот за здравство Азир Алиу вели дека е прерано да се откриваат детали за истрагата околу петте тони марихуана запленети во Србија, но нагласи дека институциите интензивно работат на случајот. „Ништо не можеме да кажеме во овој момент бидејќи процедурите се активни. Работиме заедно со Министерството за внатрешни работи и дозволете да им дадеме време на институциите, па податоците да ги соопшти министерот за внатрешни работи кога ...

„Со денови нема одговор на прашањето каква е поврзаноста на Мицкоски со Симе, криминалец уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари. Цел албум со фотографии на Мицкоски во друштво на Симе, видео како пука со автоматска пушка калашников, и сите молчат. Исто како што нема одговор ниту за дрогата од 5 тони запленета во Србија а дошла од Македонија. Особено ако се знае дека уапсените во соседна Србија се функционери и финансиери ...

Кремљ денеска соопшти дека има контакти со Париз за можна средба меѓу претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон. „Постојат контакти на оперативно ниво, но во моментов не можеме да објавиме ништо конкретно за таа тема“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Макрон вчера изјави дека се подготвува продолжување на дијалогот со Путин, објавија француските медиуми, и потсетија дека францускиот претседател ...

„Оваа Влада ќе биде запаметена по најголемите задолжувања во историјата и нај немилосрдната борба против синдикатите, работничкото претставување и работничките права“ пишува на социјалните мрежи пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ. „Ќе се памети по криминално богатење и репресија на неистомисленици, политички, медиумски и граѓански – бидејќи ова е Влада на олигархијата и крупниот капитал. Додека УСЈЕ труе, молчат – додека работниците бараат ...

Околу 1.000 станбени згради и натаму се без греење во Киев, каде работниците за поправка се исцрпени, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Моментално само во Киев работат повеќе од 200 екипи, а според Министерството за енергетика, нивниот број ќе се зголеми за да се обезбеди ротација на работниците. Луѓето се исцрпени“, напиша Зеленски на социјалните мрежи по состанокот за ситуацијата во енергетскиот сектор, кој вчера ...

Албанската полиција уапси 20 лица, а по 13 се трага, поради вмешаност во трговија со токсичен отпад од Албанија за Тајланд. -Апсењата се по повеќе од една година откако канцеларијата на обвинителот во Драч отвори истраги за 102 контејнери натоварени на бродот Moliva „XA443A“ во пристаништето Драч, а потекнува од челичарница „Курум“ во Елбасан. Според обвинителството се издадени 33 налози за апсење поради вмешаност во трговија со токсичен ...

Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“, во врска со денешната објава на политичката групација „Шанса за Центар“ за бројот на легални објекти за игри на среќа на територијата на Општина Центар, смета дека во интерес на објективно информирање на јавноста е важно да го потенцираме следното: Легалните игри на среќа веќе со години се предмет на невидена негативна кампања во која се користат сите дозволени и ...

Британскиот премиер Кир Стамер денеска изјави дека Питер Манделсон го предаде Обединетото Кралство со обелоденувањето информации на Џефри Епстин, јави ДПА. Зборувајќи во долниот дом на британскиот Парламент, Стамер рече дека Манделсон постојано лажел за својата врска со педофилскиот финансиер Епстин за време на процесот на негово назначување за амбасадор на САД. Премиерот исто така рече дека разговарал со кралот за да го отстрани Манделсон ...

ДЕХРАН МУРАТОВ Одредени групи од ромската етничка заедница вчера во Битола, Прилеп, Штип и Кочани (оркестрирано или спонтано) излегоа на протести и ги блокираа патиштата, при што дел од демонстрантите палеа гуми и отпад, барајќи полицијата да престане да им ги одзема возилата и да им дозволи да продолжат да возат без возачка дозвола. Како до сега. Протестите се реакција на примената на измените на Законот за прекршоци, со кои е предвидено ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
66%
1012
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
51%
1015
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
53%
1018
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
6.17
47%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
6.45
60%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 3ᴼ
1.79
54%
1020
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
60%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1010
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
5.66
87%
1012
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
53%
1018
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
74%
1019
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
7.2
74%
1017
Currency

61.6317

Currency

53.6148

Currency

71.3575

Currency

37.9539

Currency

39.1761

Currency

67.9966

Currency

7.70568

Currency

0.65974

Currency

0.33662

Currency

0.52483

Currency

1.21286

Currency

0.58004

Паладиум

51376.89

Рутениум

56199.51

Кобалт

66.14

Иридиум

259874.72

Платина

68931.20

Цинк

3.24

Сребро

2840.84

Калај

48.20

Злато

161482.36

Алуминиум

3.41

Родиум

368126.05

Бакар

11.61