
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, го обвини Орце Георѓиевски дека манипулира со граѓаните или целосно не ја познава состојбата, ветувајќи парк во Вардариште. -Орце Георѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, ветува парк во Вардариште. Со ова ветување докажува или дека манипулира или дека е целосно некомпетентен и неинформиран за да го води градот. Во Вардариште има над 2 милиони кубни метри отпад, одлаган без подлога. Тоа ...
Од Џалалабад денеска продолжија спасувачките операции со хеликоптери во обид да се стигне до селата во епицентарот на земјотресот што го погоди Авганистан. Нивна задача е да ги пренесат повредените во регионалната болница во овој источен авганистански град, јави Би-Би-Си. Според локалното население, многу луѓе сè уште се заробени под урнатините. Во планинскиот терен на Кунар, пристапот по пат до погодените области е тежок дури и во најдобри ...
Поранешниот министер за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, испрати силна и емотивна видео порака со поддршка за Бујар Османи и неговата кандидатура за градоначалник на Чаир. Во пораката, Кулеба му се заблагодари на македонскиот народ за поддршката кон Украина во текот на руската инвазија, но и посебно се осврна на улогата на Османи како министер за надворешни работи на Македонија и претседавач со ОБСЕ. „Ние, Украинците, сме ви ...
Проширувањето на Европската Унија не смее да биде заложник на билатерални спорови или прашања на идентитет. Ако тоа се дозволи, се ризикува не само застој на една земја, туку и губење на кредибилитетот на целиот процес, потенцира министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на работниот појадок со шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан и специјалните пратеници за проширување на ЕУ, одржан во рамки на ...
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, за време на вчерашниот говор во Чаир, зборувал за наводите што ги измислуваат, како што вели, дел од политичарите и нивните политики дека Албанците сакаат да ја поделат Македонија. Ахмети нагласил дека ако Албанците сакале да ја поделат Македонија, тоа ќе го направеле со петнаесет илјади вооружени војници. -Ние сакаме унитарна и рамноправна држава за сите, а не тиранин за едни, ...
Од Џалалабад денеска продолжија спасувачките операции со хеликоптери во обид да се стигне до селата во епицентарот на земјотресот што го погоди Авганистан. Нивна задача е да ги пренесат повредените во регионалната болница во овој источен авганистански град, јави Би-Би-Си. Според локалното население, многу луѓе сè уште се заробени под урнатините. Во планинскиот терен на Кунар, пристапот по пат до погодените области е тежок дури и во најдобри ...
Русија, Кина и Монголија денеска потпишаа меморандум за изградба на гасоводот „Силата на Сибир 2“ и транзитниот гасовод „Сојуз на Истокот“ преку Монголија, изјави денеска генералниот директор на Гаспром, Алексеј Милер. – Врз основа на јавната изјава дадена од лидерите на трите земји, Русија, Кина и Монголија, денеска е потпишан правно обврзувачки меморандум за изградба на гасоводот „Силата на Сибир 2“ и транзитниот гасовод „Сојуз на Истокот“ ...
Стапката на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година изнесува 2.08 %, а најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.54 %. Највисока стапка на слободни работни места од 3.77 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот ...
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти „дека е индикативно што во главниот документ за исходот од самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), Декларацијата од Тјенџин, на 20 страници, не се спомнува руската војна против Украина“. „Изненадувачки е што најголемата агресивна војна во Европа од Втората светска војна не беше одразена во толку важен, фундаментален документ, додека во него се споменуваат голем број други ...
Флотила од десетици бродови натоварени со хуманитарна помош за Газа синоќа исплови од пристаништето во Барселона, откако се подобрија временските услови. „Флотилата Глобал Сумуд“ мораше да се врати во Барселона поради лоши временски услови откако тргна од Барселона кон Газа на 31 август 2025 година, во хуманитарен напор за поддршка на палестинскиот народ. Иницијативата вклучува групи од 44 земји со 20 бродови. Некои од бродовите на Глобалната ...
Без инциденти доцна синоќа во Белград заврши комеморативната прошетка на десетици илјади демонстранти кои одбележаа 10 месеци од загинувањето на 16 луѓе откако се урна реновираната бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Демонстрантите се собраа на повик на средношколците во државата – повод за тој протест, што се одржа во градови во Србија, е десет месеци од падот на настрешницата на железничката станица, несреќа што доведе ...
Врховниот суд на Бразил денеска треба да ги почне сослушувањата во случајот против поранешниот претседател Жаир Болсонаро под обвинение за обид за преврат по изборите во 2022 година на неговиот наследник, левичарот Луис Инасио Лула да Силва. Доколку биде осуден, ова би било првпат во бразилската историја поранешен претседател да биде прогласен за виновен за обид за пуч. Заедно со Болсонаро вкупно се обвинети седум лица кои се товарат дека се ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. Во среда и четврток времето ќе биде променливо ...
Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, се огласи по повод наводите дека додека раководел со институцијата, се вршело незаконско следење и прислушување. Во кратка објава на социјалните мрежи, тој порача: „Денес е ден за славење, а од утре аргументиран одговор на наводите од брифинг во АНБ одржан деновиве…“. Оваа негова изјава доаѓа во контекст на најновите информации од АНБ, според кои до Јавното ...
Студенти, средношколци и други граѓани се собраа вечерва на плоштадот Сава во Белград за да одбележат 10 месеци од уривањето на кровот во Нови Сад и да им оддадат почит на жртвите. Додека преку звучникот се слушаше говор, студентите носеа бели рози, пишуваат од N1 info Беа прочитани имињата на сите жртви од уривањето на кровот. Беше кажано дека во текот на изминатите 10 месеци, урнатините на системот во Србија се продлабочиле. Младите луѓе се ...
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро денеска изјави дека распоредувањето на американска војска на Карибите е закана по неговата земја. – Венецуела се соочува со најголемата закана, што нашиот континент ја видел во изминатите сто години – осум бродови со 1.200 ракети и подморница се насочени кон Венецуела. Тоа е неоправдана, неморална, апсолутно криминална и крвава закана, посочи Мадуро. Тој стравува од десант на американски војници со цел ...
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, денеска на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), изјави дека Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет и со уцени и санкции се обидува да ја одржи својата доминација. Тој наведе дека дискусиите и иницијативите изложени на Самитот на ШОС во Тјанџин, Кина покажуваат дека се формира мултиполарен свет. – Западните земји се обидуваат да го спречат тоа. Тие се ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои три се активни, три под контрола и 11 пожари се изгаснати. Како што стои во соопштението од ЦУК, активни се пожарите во општина Илинден кај село Ајватовци каде што гори ниска вегетација, во општина Долнени кај селата Црнилиште и Долгаец каде што гори нискостеблеста вегетација, како и во општина Липково кај ...
Европската комесарка за проширување Марта Кос, на денешниот панел за проширување на ЕУ на Бледскиот стратешки форум, денеска изјави дека Црна Гора до 2028 година би можела да стане прва следна членка на Европската Унија. – За мене процесот на проширување денес е некој вид на обединување на Европа, какво што сме немале во историјата, посочи Кос. Според неа проширувањето на ЕУ не е само зголемување на површината на територијата или бројот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека Агенцијата за разузнавање и и Агенцијата за национална безбедност темелно се занимавале со него и со тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и со новинари и со бизнисмени. Мицкоски во изјавата за медиумите не сакаше да зборува за детали бидејќи, како што рече, станува збор за класифицирани документи и оти очекува луѓето кои го прислушувале да се најдат зад решетки. – Не би можел да зборувам за деталите ...
– На територија на државава, според информациите од Центарот за управување со кризи, активни се шест пожари, а три се ставени под контрола. Активни се пожарите кај селото Марвинци во општина Валандово, кај селото Ајватовци во општина Илинден, кај селата Црнилиште и с. Долгаец во општина Долнени, кај селото Живиње во општина Куманово, кај селото Липково во истоимената општина и кај селото Никуштак, исто така во општина Липково. Под контрола се ...
Ваквиот став Николоски го сподели во објава на социјалните мрежи, во која на самиот почеток со големи букви пишува дека одговорноста и процесуирањето на одговорните за злоупотреба на тајните служи е предуслов за демократија во Македонија. Oбјавата на вицепремиерот и министер за транспорт доаѓа откако во петокот беше објавено дека Агенцијата за национална безбедност доставила три известувања до Јавното обивнителство за еден поранешен директор и ...
Бугарската гранична полиција привела државјанка на Македонија откако кај неа биле пронајдени скриени 89.000 евра, соопштија тамошните полициски власти. Настанот е пријавен на 29 август, кога 40-годишна државјанка на Македонија, патувајќи со автомобил, пристигнала на граничниот премин „Ѓуешево“ за излез од Бугарија. Граничната полиција побарала заеднички преглед со царинските службеници. Кај 40-годишната патничка биле пронајдени скриени 89.000 ...
Главниот правен советник на турскиот претседател, Мехмет Уџум изјави дека за Турција да тргне на патот кон мирот со Курдската работничка партија (ПКК) ќе мора да го смени Уставот. Но, тој исклучи каков било посебен статус за Курдите. – Држава на курдскиот народ е Република Турција, Турција е татковина на курдскиот народ … Факт е дека турското државјанство е дефинирано како правен, а не како етнички статус и тоа ќе биде јасно наведено, посочи ...
Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили, генерал-потполковник Ејал Замир, предупреди дека планот за освојување на градот Газа ќе го вклучи Израел во целосна окупација на палестинската енклава. -Одите кон воена влада. Вашиот план нè води таму. Разберете ги импликациите. Вашата одлука да го освоите градот Газа ќе доведе до освојување на бегалските кампови во централна Газа, а потоа тоа ќе биде воена влада, бидејќи нема да има ...
Лидерот на проруската Партија на преродбата, Костадин Костадинов, беше снимен како го блокира влезот на автомобил во фабрика за оружје во бугарскиот град Сопот за време на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во неделата. Националистичката партија на преродбата се обиде да ја спречи Фон дер Лајен да влезе во фабриката, напаѓајќи го возилото за кое демонстрантите веруваа дека е нејзино. На видеото се гледа ...
На денешната средна на премиерот на Индија, Нарендра Моди со претседателот на Русија, Владимир Путин, што се одржа за време на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), се разговараше за регионалната стабилност, билатералната трговија и за енергетската соработка. Моди партнерството со Москва го оцени како „посебно и привилегирано“. Тој на состанокот на ШОС ги поздрави мировните иницијативи за запирање на војната на Русија против ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ја посети Кина од 2 до 4 септември, каде што ќе присуствува на одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, на покана на претседателот на таа држава, Си Џинпинг. За време на посетата на Пекинг, претседателот Вучиќ ќе се сретне со претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, како и со други високи функционери на Народна ...
Од 12 до 14 септември Гевгелија ќе биде домаќин на третото издание на фестивалот „Вкуси го југот“ (Taste the south). Традиционална културно-забавна манифестација за промоција на Гевгелија, која не е само обичен тридневен музички хепенинг, туку преставува своевидна фузија на традицијата, културата и забавата и тоа во повеќе сегменти. Под покровителство на општина Гевгелија и годинава најјужниот град во Македонија три дена ќе пулсира и живее во ...
Европската Унија не е затворен клуб, туку е заедница на вредности и проект за мир и просперитет кој се уште не е завршен, па затоа пристапувањето на Западниот Балкан, Молдавија и Украина кон ЕУ не е само ветување, туку приоритет, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во воведното обраќање на Стратешкиот форум во Блед. – Овие земји се во срцето на Европа и се дел од иднината на Европа. Во наредните години, мора да ја подготвиме ...