Народната банка најавува мерки со кои ќе се олесни купувањето прв стан за граѓаните. Согласно изјавата на гувернерот Трајко Славески, дадена во интервју за „Радио Слободна Европа“, новите мерки предвидуваат дека лицата кои за првпат купуваат стан за живеење ќе можат да поднесат барање за кредит со значително намалено сопствено учество од проценетата вредност на станот. „Целта е да се поддржат граѓаните кои купуваат свој дом, додека кај оние кои ...

Бројот на жртви од разорниот земјотрес што ја погоди источна Авганистан надмина 800, а повеќе од 2.800 луѓе се повредени, соопшти портпарол на владата на Талибанците. Земјотресот со јачина од 6 степени по Рихтер се случи во недела навечер, околу 23:30 часот по локално време, во покраината Кунар. Епицентарот бил во близина на градот Џалалабад, во близина на границата со Пакистан, на длабочина од десет километри. Министерството за внатрешни ...

Голем дел од украинските граѓани поддржуваат прекин на огнот, но само со јасни безбедносни гаранции од Европа и САД, покажува анкета на „Рејтинг груп“. Истражувањето, спроведено од 21 до 23 август меѓу 1.600 испитаници, открива дека 75% ја условуваат поддршката со гаранции, а 82% сметаат дека преговорите се реален пат до мир. Од нив, 62% се за посредство на трети држави, а 20% за директни преговори со Москва. Вкупно 59% се изјасниле за прекин ...

Вчера околу 19 часот на ул. „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Скопје. Откако му бил даден знак да застане, Р.Ѓ. се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, бил лишен од слобода. При тоа, Р.Ѓ. фрлил кеса во која имало 100 кесички со марихуана, а при обидот да избега му нанел и телесна повреда на еден ...

По повод почеток на новата учебна година, претседателот на Владата – Христијан Мицкоски го посети ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода. „За мене претставува огромно задоволство и чест што можам денес да застанам пред вас. Ќе се трудам да бидам краток имајќи предвид дека трпението претпоставувам и жестината се на највисоко ниво и трпението на најниско ниво, ќе упатам само три пораки коишто ценам дека за мене се важни, но и за сите нас ...

Обвинетите во случајот „Геријатрија“ пред Основниот кривичен суд Скопје денеска се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар. Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, се гони за примање поткуп, додека, Блерим Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание. Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи ...

Свечена изјава пред отпочнување на вршењето на функцијата судија на Апелациониот суд Скопје денеска пред Судскиот совет дадоа новоизбраните судии Елизабета Настов, Софија Миленкова, Цветанка Сиљаноска Костадиновска, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани. Свечена изјава пред отпочнување на вршењето на функцијата судија на Апелациониот суд Скопје денеска пред Судскиот совет дадоа новоизбраните судии Елизабета Настов, Софија Миленкова, ...

Бред Пит сè уште го прогонува колективна тужба од трагичниот инцидент од 2005 година. Еден од најголемите кошмари на актерот е на пат да се оствари во форма на можна изјава за тужбата од 2018 година поднесена од жртвите на ураганот Катрина против неговата добротворна фондација Make It Right . Бред Пит постојано ја негираше својата вмешаност во наводната евтина изградба на домовите од неговата фондација, според жртвите. Бред Пит може да се ...

Со Одлука за спроведување на Европската комисија за одобрување на првото ослободување на средства за Република Северна Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан одобрена е првата исплата на средства за нашата земја во износ од осум милиони евра. Со оваа Одлука, информираше денеска Министерството за европски прашања, одобрени се 2.3 милиони евра како неповратна помош и 2 милиони евра како заем кои ќе бидат достапни ...

Џакарта Пост – Џакарта Вакцините се витална алатка што спасува милиони животи секоја година. Загрижувачки е што владата на Соединетите Американски Држави сака да го намали финансирањето за клучната организација што спасува животи во светот преку имунизација, а во услови на дебати за безбедноста на вакцините, светот бележи зголемување на случаите на сипаници. Политиката околу пандемијата на КОВИД-19 доведе до зголемено отфрлање на вакцините, а ...

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за локалните избори, закажани за 19 октомври годинава. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11 општини за вкупно 12 листи. Потписи за градоначалници се собираат во Македонска Каменица (двајца кандидати), Куманово, Дебарца, ...

На собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е задолжувањето на Република Македонија во износ од 15 милиони евра за „проект за унапредување на основното и средното образование“. Проектот за унапредување на основното образование беше подготвен во рамки на Стратегијата на Меѓународната банка за обнова и развој за партнерство со нашата држава за периодот 2019-2023. Проектот успешно се имплементира од страна на ...

Жителите на скопската општина Аеродром утрово се разбудија во облаци чад и неподнослива миризба што се шири низ населбата. Учениците кои побрзаа на првиот час, денеска ќе дишат токсичен воздух. Најверојатно, причината е вчерашниот голем пожар што избувна на депонијата Вардариште, кој, според граѓаните, и денеска продолжува да чади и да испушта густ чад. Миризбата особено силна беше ножеска околу полноќ, а утрово од терасите кои се свртени ...

Повеќе медиуми координираат голем протест денес за да побараат од Израел да го запре убиството на новинари во Газа и да побараат на меѓународниот печат да му биде дозволено да влезе во енклавата за слободно известување. Според организаторите, на демонстрациите ќе учествуваат речиси 200 медиуми од 50 земји, при што печатените весници ќе имаат затемнети насловни страници, радиодифузерите и радиостаниците ќе ги прекинат своите програми, а онлајн ...

Премиерот Христијан Мицкоски по повеќе од една година на најодговорната функција сѐ уште не се изјасни пред јавноста каде ја гледа Македонија по четири години од неговиот мандат. Се разбира, ако има проценки, што ќе се случува во светот, во Европа и на Балканот. Не прашувам после 20 или 50 години, тоа е прашање за државници со мисија и визија. Светот може драматично да се промени по најавата на големите сили за нов светски поредок, но тоа нас ...

Руски научници соопштија дека откриле „хемиски коктел“ кој може да ги забави промените поврзани со стареењето на мозокот и да ги подобри функциите на тој орган во староста. Научници од Националниот истражувачки државен универзитет Лобачевски во Нижни Новгород (ННСУ) користеле пристап заснован на концептот на делумно клеточно репрограмирање, што создало ефект на подмладување без ризици поврзани со целосно клеточно репрограмирање, вклучувајќи го ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека е уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на парламентот, Андриј Парубиј. „Се спроведуваат потребните истраги“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им на истражните органи за „брзата и координирана работа“. Парубиј (54) беше еден од видните лидери на проевропската револуција на Мајдан и претседател на Врховната Рада од 2016 до 2019 година. Тој ...

Американски крајнодесничарски екстремисти отворено разговараат за употреба на сворачно изработени дронови како стратешко оружје во потенцијална „втора граѓанска војна“ против владата на САД, објави британскиот весник „Гардијан“. Според експерти, инспирирани од современите војни, екстремистите гледаат на дроновите со функција за набљудување во реално време (FPV дронови) како клучно средство за напади. Во јавни и доверливи онлајн простори, овие ...

Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата. Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди, информираше ...

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека вестите за активностите на руската армија во украинскиот конфликт, како и фактот дека американскиот претседател Доналд Трамп е жив, се „лоша комбинација за европските лидери“ како што се германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон. Во објава на своите профили, Медведев истакна дека западните политичари „вознемирено“ ги следат ...

Природна катастрофа го погоди источен Авганистан, каде што силен земјотрес од 6 степени по Рихтер усмрти најмалку 610 лица, а повеќе од 1.300 се повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи на властите предводени од Талибанците. Епицентарот бил лоциран на 27 километри од Џалалабад, петтиот по големина град во земјата, и околу 140 километри од Кабул. Според Геолошкиот завод на САД, потресот е регистриран на длабочина од 8 километри во ...

Поранешниот градоначалник на Њујорк и поранешен личен адвокат на Доналд Трамп – Руди Џулијани, е повреден во сообраќајна несреќа што се случила во американската држава Њу Хемпшир. . Според информациите од локалната полиција, Џулијани (81) кој бил сопатник во автомобилот кој бил удрен одзади од друг автомобил во вечерните часови во саботата. Неговиот телохранител, Мајкл Рагуса, изјави дека Џулијани претрпел фрактура на торакалниот пршлен, ...

Билборд во Белград од ултрадесничарската организација Наси, на кој му го честитаат роденденот на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, пренесе РСЕ. Билборд во Белград од ултрадесничарската организација Наси, на кој му го честитаат роденденот на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко На 30 август во Белград и Нови Сад се појавија билборди, со кои му се честиташе роденденот на авторитарниот претседател на Белорусија, ...

Пограничната полиција од Корча му помогна на македонски параглајдерист кого го зафатило вчерашното големо невреме и го однело на албанска територија. Полицијата веднаш по дојавата реагирала брзо и професионално, го локализирала и спасила. Според соопштението на Дирекција за миграција и граница од Корча, настанот се случил вчера. -По добиената информација од капетанијата во Свети Наум, Северна Македонија, дека параглајдерист полетал и како ...

Денеска се навршуваат 10 месеци од уривањето на бетонската настрешницата на влезот на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица. Според локалните медиуми, собири на граѓани повикаа на присуство на железничката станица и оддавање почит со 16 минути молчење во 11:52 часот, кога се урна настрешницата. По истиот повод, но од 19 часот, средношколците ги повикаа граѓаните да се соберат на кампусот на Универзитетот во Нови Сад. Нивниот ...

Училишното ѕвонче денеска ќе го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата се уште доставуваат бројки. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени Целзиусови. Според најавите ...

Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан доцна синоќа, при што загинаа над 250 лица, а околу 500 се повредени, соопшти Министерството за информации на Авганистан за агенцијата Анадолија. Според Геолошкиот завод на САД (USGS), земјотресот бил регистриран во 19:17 часот по Гринич, на 27 километри источно-североисточно од Џалалабад, на длабочина од 8 километри. Официјален претставник на ...

Дел од раководството на Партијата на пензионери за утре, 1 септември, најави конференција за печат, на која, како што се вели во поканата за настанот, ќе го соопштат нивниот став во врска со несогласувањето и незадоволството во партијата од отпочнувањето на коалициска соработка со актуелната власт предводена од ВМРО – ДПМНЕ. „По повод несогласувањето и незадоволството на дел од раководството на Партијата на пензионери заедно со значителен број ...

На 30.08.2025 во 13:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Гоце Делчев, во насока од Свети Николе кон Скопје, во близина на клучка Коњари, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(36) од Скопје се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобиле возачот, сопатничката С.Н.(36) и уште еден малолетен сопатник констатирани во Комплексот ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Белград

14ᴼ / 14ᴼ
3.13
69%
1023
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
0.51
75%
1024
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
67%
1024
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
5.59
69%
1022
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
1.03
91%
1025
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
63%
1022
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
77%
1023
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
63%
1022
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
78%
1019
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
68%
1022
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1022
Currency

61.6217

Currency

53.013

Currency

70.6306

Currency

34.3259

Currency

37.8165

Currency

66.0719

Currency

7.45118

Currency

0.65636

Currency

0.3488

Currency

0.526

Currency

1.27085

Currency

0.59728