
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска на својата социјална мрежа „Трут сошал“ (Truth Social) објави дека Индија предложила да ги намали до нула царините за американските производи. – Тие понудија да ги намалат своите царини на нула, но е предоцна. Тоа требаше да го сторат пред години, објави Трамп. Тој билатералните односи на САД со Индија ги оцени како „еднострани“. Амбасадата на Индија во САД сè уште не ја коментираше објавата на Трамп. ...
На покана од Репортери без граници – РСФ (RSF) и Авааз, глобална невладина организација под покровителство на Фондацијата Џорџ Сорос, околу 150 медиуми од околу 50 земји денеска учествуваат во кампањата за осуда на бројот на убиени новинари во Појасот Газа. „Со оглед на темпото со кое израелската армија убива новинари во Газа, наскоро нема да има никој да ви известува“, е пораката на насловните страници со црна позадина на францускиот весник ...
Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми, ја обвини владата за „повторен атентат врз Охридскиот мировен договор“, тврдејќи дека нејзините потези се дел од опасна агенда која се заканува да ги укине клучните механизми за мултиетничката стабилност. Според Адеми, најавите за „преиспитување“ на Бадентеровото мнозинство не се политички лапсус, туку дел од „намерно осмислено сценарио“ за поткопување на уставните темели ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Регионалниот К9 центар за обука и сертификација во полицискиот центар во Ѓорче Петров присуствуваше на почетокот на регионалната обука за распоредување на службени кучиња во тешко пристапни терени, која се спроведува во рамките на проектот “Поддршка на националните власти во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на мало и лесно оружје”. Министерот Тошковски потенцираше ...
Со новото задолжување, власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ го потврди своето лицемерие, негрижа за граѓаните и уште еднаш покажа неодговорност во управувањето со јавните финансии, реагираше пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната Комисија за финансирање на буџетот. Тој потенцираше дека пратениците кои сега се дел од власта гласаа, ќе гласаат за ново задолжување, за изградба на училишта, но тоа е истиот закон што самите го блокираа и оцрнуваа ...
Миле БОШЊАКОСКИ* Немам некоја посебна желба да ги напишам во форма на записи сеќавањата и настаните од последниве мои кариерни осум (8) години, иако историчарот во мене е свесен дека дел од тие настани веќе имаат општествено значење, а дел допрва ќе добијат на важност во македонската општа историја. Без премногу комплицирање да сме на јасно во најголем дел од тие случувања бев само сведок, а во одреден дел учесник или можеби вистинскиот термин ...
Огромните полукружни прозорци во раскошната фасада на старата високограѓанска зграда (висока средна класа, н.з.), бојадисана со бордо-црвена и бела боја, со чудесно убави железни украси на вратите во „Југенд-стил”, се првиот знак за минувачот кој уште од далеку го чита знакот на старите градби: дека тие во формата на своите окна го чуваат живо и изминатото време. А каде другаде би било сочувано изминатото време, ако не во старите книги? На тоа ...
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, истакна дека проектот БРТ е единственото функционално и одржливо решение за решавање на деценискиот проблем со јавниот превоз во Скопје. Во гостување на Сител телевизија, Шукова зборуваше за својата визија и програма за враќање на духот на градот и подобрување на квалитетот на животот. „Сметам дека БРТ мора да се реализира прво, затоа што е брз и ефикасен систем, второ затоа што ...
Денес е празник. Прв училиштен ден за основците и средношколците. Празник за сите нас и за генерациите коишто треба да ги подготвиме и збогатиме со нови знаење и вештини за претстојниот животот. Започна новата воспитно-образовна година. Следниот месец ќе отпочне учебната година во високото образование. Со радост нека ни е, но застрашувачки се податоците за бројот на запишани деца во основно, средно и високо образование. Бројката не надминува ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. Во среда и четврток ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно ...
Навивачката група „Чкембари“ се огласи во јавноста откако во СВР Битола беше пријавен инцидент од С.Х.Д. (32) од Шведска, кој моментално престојува во Дебар. Тој информирал дека на улицата „Широк сокак“ во Битола му пристапиле неколку непознати лица на возраст од околу 20 години и се обиделе да му ја соблечат маицата што ја носел. Од навивачката група која го поддржува клубот Пелистер информираа дека „инцидентот нема меѓуетнички предзнак“ ...
Почнуваат обуките за наставниците, кои од второ полугодие во секој предмет ќе ја применуваат и ќе ги учат учениците за вештачката интелигенција. Во моментов ќе се обучува репрезентитавен примерок на наставници од едно училиште, по што овие наставници понатму ќе треба да ја прошират мрежата за обучување на наставниците, најави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска од Општина Кисела Вода, каде што одговараше на прашања, за ...
Бујар Османи на средба со новинарите не ги негираше шпекулациите дека имал тајна средба со Никола Груевски Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска не ја негираше јасно шпекулацијата за средба со поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски. Кога беше директно прашан за ова, Османи се повика на „класифицирани“ информации. Новинарот јасно го прашува: – Дали имало или немало средба меѓу Бујар Османи и Никола Груевски? ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, утрово го посети општинското основно училиште „Киро Глигоров“ за да им посака успешен старт на првачињата и сите ученици по повод првиот ден од новата учебна година. Во своето обраќање, тој информираше дека од следната учебна година, се воведува бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение. „Денеска, првачињата го започнуваат своето најважно патување, најубавиот дел од ...
Ја информираме јавноста дека одлуката на ИО на партијата на пензионери за коалициска соработка со ВМРО-ДПМНЕ, која предизвика бројни незадоволства во Партијата на пензионерите, ја отфрламе со индигнација бидејќи таа за нас е неприфатлива, истакна денеска на прес-конференција потпретседателот на Партијата, Миле Андоновски. Андоновски истакна дека таквата одлука за коалиција со Власта била со образложение дека за пензионерите е најдобро да бидат ...
Можеме да потврдиме дека имало блокирање на ГПС сигналот на авионот со кој претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вчера допатува во бугарскиот град Пловдив, но и покрај тоа леталото слета безбедно, изјави денеска заменичката главна портпаролка на ЕК, Аријана Подеста. – Добивме информации од бугарските власти дека се сомневаат оти ова се должи на очигледно мешање од страна на Русија. Секако, свесни сме и навикнати сме на ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно покажува неодговорност во управувањето со јавните финансии и секој ден ги задолжува граѓаните, реагираше пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната Комисија за финансирање на буџетот. “Задолжување имаме за 94% завршен проект. Проектот за подобрување на основното образование, кој започна уште во април 2021 година, со предвиден рок за реализација до февруари 2026 година, според зборовите на ...
Судскиот совет на првата наредна седница ќе донесе одлука како ќе постапува и работи во периодот до завршување на изборите. Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, вели дека се разговара дали Советот комплетно да застане со работата или пак може некои фази од постапките да ги работи и постапува, а само изборот да биде за по завршување на изборите. -Се уште разговараме со колегите и на првата наредна седница ќе донесеме и ...
Група од околу 50 Авганистанци, кои му помогнале на Бундесверот за време на мисијата во Авганистан, денеска ќе пристигнат во Германија и покрај отпорот на сегашната германска Влада. Околу 50 авганистански државјани, на кои им беше ветен азил во Германија откако талибанците дојдоа на власт, бидејќи му помогнале на Бундесверот за време на мисијата во оваа земја, се наоѓаат во авион на линијата Исламабад-Хановер, објавуваат германските медиуми ...
Каја Шукова, кандидатка за градоначалник на Град Скопје, на првиот училиштен ден од новата учебна година ја посети гимназијата „Никола Карев“, и испрати порака за важноста на образованието и како и поддршка на младите, се наведува во соопштението од СДСМ. „Почетокот на септември секогаш носи нови предизвици, нови знаења и нови пријателства. Верувајте во себе, бидете упорни и љубопитни, затоа што секој од вас носи огромен потенцијал“, изјави ...
Градот Охрид ја имал среќата да го управуваат авторитети, градители и визионери, како, колегите, или, блиски: Милчо Балески, Љубен Баткоски, Никола Матлиески – Пашата… Или, на пониско ниво, еден Насте Настески, во улога на секретар на еден иод тогашните СИЗ – ови (самоуправно интересни заедници, од југословеснко доба), човекот кој ме опсипуваше со толку доверба, во времето кога и самиот се мешав во општинските политики, те ме назначија за ...
Цената на бензините не се менува, дизелот од полноќ ќе биде поскап за половина денар. Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе продолжи да се продава по цена од 75 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 77 денари за литар. Од друга страна, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари по литар. Така, новата цена на дизелот ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, утрово го посети општинското основно училиште „Киро Глигоров” за да им посака успешен старт на првачињата и сите ученици по повод првиот ден од новата учебна година. Во своето обраќање, тој информираше дека од следната учебна година, се воведува бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение. – – „Денеска, првачињата го започнуваат своето најважно патување, најубавиот дел од ...
Добро е да знаеме на што сме. ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт и тоа го повторуваме цело време, апсолвирано е тоа прашање, со лажна кампања. Ветуваа подобри преговарачки позиции, а не спомнаа дека преговорите ќе запрат. Сега практично се запрени, ништо не се случува. Од една страна ништо не се случува ниту со реформската агенда, нема носење реформски закони во Парламентот, ниту пак нешто се случува во делот на тоа што е добиена понуда од цела ЕУ, а тоа ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска по повод 1-ви септември, почетокот на новата учебна година, заедно со градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваа на настан во ООУ „Киро Глигоров“ во Скопје. На сите првачиња, ученици, наставници и родители, Филипче им посака успешна школска година исполнета со радост и знаење. „Посакувам успешна, мирна школска година, мирни денови на сите учениците и им посакувам да се ...
Денко Малески Камо Украина да имаше повеќе „предавници“. Сега немаше да биде на чекор до тотален пораз на војската и девастација на државата. Ова е тажна приказна а не македонската. Нашата, мерена со елементарниот стандард „војна или мир“, може да се нарече победничка приказна. Украинската, губитничка. А можеше и нивната приказна да биде победничка да немаа толку „херои“ на чело на државата кои не ги признаваа реалностите на меѓународната ...
Народната банка најавува мерки со кои ќе се олесни купувањето прв стан за граѓаните. Согласно изјавата на гувернерот Трајко Славески, дадена во интервју за „Радио Слободна Европа“, новите мерки предвидуваат дека лицата кои за првпат купуваат стан за живеење ќе можат да поднесат барање за кредит со значително намалено сопствено учество од проценетата вредност на станот. „Целта е да се поддржат граѓаните кои купуваат свој дом, додека кај оние кои ...
Бројот на жртви од разорниот земјотрес што ја погоди источна Авганистан надмина 800, а повеќе од 2.800 луѓе се повредени, соопшти портпарол на владата на Талибанците. Земјотресот со јачина од 6 степени по Рихтер се случи во недела навечер, околу 23:30 часот по локално време, во покраината Кунар. Епицентарот бил во близина на градот Џалалабад, во близина на границата со Пакистан, на длабочина од десет километри. Министерството за внатрешни ...
Голем дел од украинските граѓани поддржуваат прекин на огнот, но само со јасни безбедносни гаранции од Европа и САД, покажува анкета на „Рејтинг груп“. Истражувањето, спроведено од 21 до 23 август меѓу 1.600 испитаници, открива дека 75% ја условуваат поддршката со гаранции, а 82% сметаат дека преговорите се реален пат до мир. Од нив, 62% се за посредство на трети држави, а 20% за директни преговори со Москва. Вкупно 59% се изјасниле за прекин ...
Вчера околу 19 часот на ул. „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Скопје. Откако му бил даден знак да застане, Р.Ѓ. се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, бил лишен од слобода. При тоа, Р.Ѓ. фрлил кеса во која имало 100 кесички со марихуана, а при обидот да избега му нанел и телесна повреда на еден ...