Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Едно враќање на сцената, една стара музичка соработка и нова песна што по две години конечно ја доби својата фестивалска премиера. Раде Врчаковски – Врчак и Симона Поповска на 41. издание на „Макфест“ се претставија со дуетот „Сонце по дожд“, соработка која привлече внимание и поради враќањето на Врчак на македонската музичка сцена, но и поради повторното музичко обединување со Симона. Нивната приказна не започнува сега, бидејќи соработуваат ...
Некои песни се хитови на своето време. Други остануваат засекогаш. Токму на тие песни, кои со генерации се пренесуваат, се пеат и се чувствуваат како дел од нашиот идентитет, „Либеро Бенд“ им посвети четири исклучителни музички изданија – „Македонски вез 1“, „Македонски вез 2“, „За душа 1“ и „За душа 2“. Четири проекти, два различни музички света и една заедничка цел, да се зачува богатството на македонската музика и да му се даде нов живот ...
За уште еднаш да ги истакнат нивните барања за бесплатно и јавно образование, за трошоците за живот за кои велат дека се особено големи за еден студент, за поголеми средства за училиштата и факултетите, студентите и учениците во Грција одржаа нов протест во центарот на Атина, но и во низа други грчки градови, јави дописничката на МИА од Атина. Протестите, што завршија мирно, беа под слоганот „Од Грција до Франција се бориме за бесплатно, ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека резултатите од меѓуизборите во САД ќе имаат позитивни последици за американскиот народ и за поширокиот регион околу Турција, а истовремено изрази подготвеност во блиска иднина да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, објави Си-Ен-Ен Турк. – Се надевам дека резултатите од изборите ќе бидат од корист за американскиот народ. Исто така, се надевам дека тие ќе имаат позитивни ...
Турската полиција трага по маж кој денеска уби осум луѓе во три села во западниот дел од земјата. Според турските медиуми полицијата трага по маж кој возел црвен автомобил, кој бил забележан како бега од местото на инцидентот. Afyonkarahisar’da İhsaniye ilçesinde yaşanan olay da 8 kişiyi katleden caninin görüntüsü ortaya çıktı. Görüntüler ortaya çıktı! Şüphelinin hafif ticari araçtan elinde tüfekle indiği ve rahat tavırlar sergilediği ...
Папата Лав Четиринаесетти утрово отпатува во посета на Јужна Америка која, според медиумските извештаи, за Светиот отец претставува емотивно враќање на континентот што одиграл важна улога во неговиот духовен развој. Лав Четиринаесетти ја започна 12-дневната турнеја во Јужна Америка, што е негово најдолго патување во странство откако беше избран за папа минатата година. Првата дестинација е уругвајската престолнина Монтевидео, каде што ...
Унгарија денеска трипати ги крена борбените авиони за да следи патнички летови во унгарскиот воздушен простор по дојави за бомби, додека два авиона кои летаа кон Софија безбедно слетаа, соопштија локалните власти. Унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Сенди изјави дека борбените авиони првпат полетале по дојавата за закана на летот на компанијата „Визер“ од Брисел за Софија, а потоа уште двапати поради летови од Прага кон Кипар и ...
Папата Лав XIV го пофали Уругвај за повеќе од четирите децении непрекината демократија, на почетокот на 12-дневната турнеја низ Јужна Америка, само неколку недели по операцијата на рак на белите дробови. Претседателот Јаманду Орси синоќа му посака добредојде на поглаварот на 1,4 милијарди католици во светот на аеродромот во главниот град Монтевидео. – 2025 година одбележа четири децении непрекината демократија во Уругвај, во кои со волја на ...
Владата на Хрватска денеска усвои Уредба со која ја одреди висината на минималната плата за следната година. – Одлучивме минималната плата да биде 1.130 евра – изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на отворениот дел од седницата на Владата. Тој додаде дека минималната заработка денес во Хрватска изнесува 1.050 евра, така што следната година минималната плата ќе биде повисока за 80 евра. Пленковиќ потсети дека минималната плата од 2016 ...
Спроти вториот круг од изборите за седмиот претседател на Бугарија каде избирачите треба да се определат помеѓу двете кандидатски двојки Илијана Јотова и Кирил Валчев и Андреј Ѓуров и Георги Кандев, бугарските медиуми анализираат кој има повеќе шанси да биде новиот станар на „Дондуков“ број 2, адресата на претседателската палата. Јотова е веќе претседател, а Валчев е досегашен директор на БТА. Таа ја презеде претседателската функција од Румен ...
Во Нови Сад денеска се одбележува втората годишнина од смртта на 16 лица при падот на настрешницата на реновираната железничка станица, трагедија што предизвика бран антивладини протести против корупцијата, предвремените избори и пад на српската влада, додека сè уште се чека одговорните да седнат на обвинителната клупа. Настрешницата се урна на 1 ноември 2024 година во 11 часот и 52 минути, под тежина на бетонот, стаклото и лошо изведените ...
До 11 часот, одѕивот на вториот круг од претседателските избори во Бугарија изнесува 6,11 проценти или на гласање излегле 405.270 гласачи, соопшти портпаролката на Централната изборна комисија, Стојанка Балова. Најголем одѕив, како што јави екипата на МИА од Софија, е регистриран во Видин, 8,07 проценти, а најнизок од 3,56 отсто во Крџали. На првиот круг од изборите за претседател излезноста изнесуваше 5,8 проценти. До ЦИК до моментов ...
Црна Гора денеска воведе визи за граѓаните на Русија, Белорусија, Кина, Турција и Саудиска Арабија, со цел да ја усогласи својата визна политика со правилата на Европската Унија и да исполни една од обврските во преговорите за пристапување. Одлуката на црногорската влада, донесена во јули, почна да се спроведува на 1 ноември. Новиот режим предвидува исклучоци за лица со одредени важечки европски визи или дозволи за престој. Русија и ...
Кандидидтската двојка Илијана Јотова и Кирил Влчев победија на изборите за претседател и потпретседател на Бугарија со 57,58 отсто од гласовите, додека Андреј Ѓуров и Георги Кандев добија 39,47 проценти. Ова го покажуваат податоците на Централната изборна комисија (ЦИК) при обработени 99,95 отсто од записниците, што беа објавени на нејзината веб страница во 7:30 часот, по локално време. За Јотова и Валчев гласале 1.093.564 избирачи, а за ...
Противпожарната служба на Грција интервенирала за пренесување на безбедна локација на шест ученици од училиштен автобус заглавен во свлечилиште предизвикано од невремето на островот Родос, како и за спасување на четири лица заглавени во автомобил во поплава на островот Самос, јави дописничката на МИА од Атина. Во областа Маратокампос во југозападниот дел на Самос, пет пожарникари со две противпожарни возила интервенирале за спасување на ...
Невообичаената видеообјава на министерката за образование и наука на Федерацијата Босна и Херцеговина, Јасна Дураковиќ, на „ТикТок“ – во којашто наведува дека, поради астролошки верувања поврзани со „ретрограден Меркур“, ќе намали со своите активности до средината на ноември, предизвика стотици коментари – од иронични и саркастични до критички, па некои дури и прашуваа, дали станува збор за вештачка интелигенција. Во видеото, министерката ...
Во пратка од Тајланд, декларирана како облека, на аеродромот „Елефтериос Венизелос“ во Атина биле откриени и запленети 207 килограми и 466 грама суров канабис, во вредност од околу 1 милион евра, што пристигнале во август годинава, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката полиција, Дирекцијата за борба против дрога во соработка со Одделението за сузбивање на шверц при царинската управа на аеродромот, спречиле обид за влез на дрогата ...
Германската влада, и покрај острите критики, усвои уредба со која од почетокот на 2027 година за половина ќе ја намали, од 50.000 на 25.000, годишната квота за работници од Западен Балкан кои имаат олеснет пристап до германскиот пазар на труд. Уредбата, усвоена на вчерашната владина седница, треба да добие одобрение и од мнозинството во Горниот дом на германскиот парламент, во кој се застапени германските сојузни покраини. Покрај неколку ...
Грчката полиција разби криминална организација која нелегално пренесувала мигранти во Грција, при што расчистен е 41 случај со криумчарење на над 500 мигранти и уапсени се десет лица, кои нелегално се стекнале со над 750.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во акцијата спроведена во Солун и областа Теспротија во северозападниот дел на Грција, биле уапсени тројца странски и седум грчки државјанки, кои ...
Од почетокот на вирусната сезона, заклучно со вчера напладне во Грција биле потврдени 462 случаи на Западен Нил, а починаа 53 лица, што воедно се рекордни бројки и во однос на заразените и во однос на смртните случаи од 2010 година, кога почна да се следи вирусот во земјата, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Вирусот Западен Нил, што го ...
Куманово планира регионален саем на занаетчии од Балканот и воведување мајсторски испити Регионален саем на занаетчиите со учество од земјите на Балканот, продолжување на општинските субвенции и создавање услови за организирање мајсторски испити во Куманово, се дел од иницијативите за развој на занаетчиството и малата економија. Занаетчиите ги изложија своите производи на саемот кој веќе четврта година се организира во организација на ...
Нови количини рибен подмладок се пуштени во Мавровско Езеро и водотеците на територијата на Националниот парк „Маврово“. Во рамки на Годишниот план за порибување, водите биле збогатени со 200 килограми пастрмка и 200 килограми крап. Од Националниот парк „Маврово“ информираат дека порибувањето е дел од континуираните активности за одржување и унапредување на рибниот фонд, како и за зачувување на природната рамнотежа во водните екосистеми. – ...
Подигнување на свеста кај учениците за значењето на шумите, заштитата на природата и животната средина, како и за опасностите од шумските пожари и начините за нивно спречување беа тема на работилниците што ги реализираше извидничкиот одред „Наум Наумовски – Борче“, Крива Паланка во рамки на проектот „Платформа за млади еко-активисти“. Во текот на изминатите два месеца, во основните и средното општинско училиште во Крива Паланка беа спроведени ...
Општина Илинден продолжува со континуирани инвестиции во модернизација и унапредување на капацитетите на комуналното претпријатие, со цел подобрување на квалитетот и ефикасноста на комуналните услуги за граѓаните. Во насока на подобрување на условите за работа и зголемување на оперативната ефикасност, комуналното претпријатие го збогатува својот возен парк со нови комбинирани товарни возила – патари, кои ќе придонесат за полесно, побрзо и ...
Реконструкцијата на улицата „Ферид Мурати“ во Општина Чаир влезе во завршната фаза, со изведувањето на асфалтерските работи, што претставува значаен чекор кон завршувањето на една од инфраструктурните инвестиции во овој дел од општината. Денес, претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, заедно со заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи-Шаќири, беа на терен за одблиску да го проследат текот на работите и ...
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, најави предлог за целосно ослободување од општинскиот дел од комуналиите за млади брачни парови и самохрани родители кои градат свој прв семеен дом. Под мотото „Првиот дом – ваш сон, наша поддршка“, Стојкоски истакнува дека со оваа мерка ќе се овозможи намалување на финансиските трошоци за семејствата кои сакаат да го решат станбеното прашање и да започнат ново поглавје во ...
Поради верскиот празник Задушница, денеска има посебен режим на сообраќај на улиците кои водат кон гробиштата во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Кон градските гробишта Бутел сообраќајот се одвива еднонасочно, кружно. Возилата се упатуваат по улицата „Бутелска“, лево по „Александар Урдаревски“, потоа лево по „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата. За излез од гробиштата, возилата се движат десно по „Боца Иванова“ ...
Без електрична енергија денеска во периодот од 08:30 до 15:00 часот ќе останат корисниците во селата Вртекица, Рамни Габер, Пагаруша и Долно Маало од село Долно Количани во општина Студеничани, соопшти РЦУК – Скопје по информација добиена од ЕВН Македонија АД. Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, пак ќе бидат без струја и корисниците на ул. Христо Татарчев бр 24 во општина Кисела Вода. Без електрична енергија денеска во периодот од 08:30 до ...
Општина Аеродром во текот на септември и октомври отстрани и дистрибуираше до депонијата „Дрисла“ 400 тони мешан отпад. Екипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно се на терен, отстранувајќи кабаст отпад, градежен шут и отпад од дивите депонии и јавните површини. На располагање на граѓаните е услугата на Јaвното претпријатие на Општина Аеродром, за подигање отпад директно од нивните домови и негов правилен и безбеден ...
Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денеска имаше средба со заменик-претседателката на Владата на Словачката Република и министерка за култура, Мартина Шимковичова, која престојува во официјална посета на земјава, при што беше потпишан нов Договор за соработка во областа на културата, со кој се отвораат нови можности за унапредување на културната размена и зајакнување на партнерството меѓу двете држави. На средбата, како што ...