Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Претседателот на САД, Доналд Трамп пристигна во главниот град на Кина, Пекинг. За утре наутро по локално време е предвидена средба со кинескиот претседател Си Џинпинг, на која ќе се разговара за трговијата, за билатералните односи и за безбедносните прашања. Трамп на аеродромот беше пречекан со воени почести и воен оркестар и од кинеска делегација предводена од потпретседателот Хан Женг. На пистата беа и 300 млади Кинези облечени во сино-бели ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, не дал оставка, туку од здравствени причини е на боледување. Додека се врати од боледување, нагласува Мицкоски, во Општината има законски избран заменик, кој ќе го заменува во извршувањето на обврските и надлежностите. – Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, нема дадено оставка. Тој е на боледување. Во моментот во Општината има законски ...
Руската армија денеска презеде долготраен и комбиниран напад врз критичната и цивилната инфраструктура во Украина – јавија украинските медиуми. Според првичните информации, во нападите се лансирани повеќе од 200 дрона камикаѕе „Шахед“, а регистрирани се експлозии и дејствување на противвоздушната одбрана во централниот, западниот и во јужниот дел на Украина. При руските напади има повредени луѓе во Одеса, Хмељницк и во Киев. Главната ...
Можете да го чувате една недела на собна температура. Ќе ви треба: 500 г кикирики 5 лажици масло 3 лажици шеќер во прав 2 лажички мед прстофат сол Подготовка: Печете ги кикириките околу 20 до 25 минути во рерна загреана на 170 степени, мешајќи повремено. Потоа изладете ги и сомелете ги во блендер или процесор за храна. Потоа додадете го медот, солта, шеќерот во прав и маслото. Повторно сомелете додека смесата не стане хомогена и не формира ...
Мај 2026 година ќе биде обоен со енергијата на Венера — планетата на љубовта, убавината и хармонијата. Како што наведува познатата руска астрологинка Тамара Глоба, мај 2026 година е идеален за решавање на долготрајни дилеми, склучување договори и започнување промени, особено кога станува збор за работа или преселба. Хороскопот најавува дека клучните моменти се очекуваат во третата декада од месецот. Сепак, два хороскопски знаци во текот на ...
Нашата одбрана е главното средство за одвраќање на Русија и во овој поглед сметаме на заем од 90 милијарди евра од ЕУ, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски на самитот „Букурештка деветка“ (Б9) во Букурешт. Тој додаде дека задачата на Украина е да обезбеди никогаш повеќе Русија да не може да поставува ултиматуми, да доминира над своите соседи или да започнува војни без последици. – Веќе направивме многу за да ја запреме војната ...
На 12.05.2026 во 16:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.Љ.(43), Х.Л.(39) и малолетник, сите од Скопје, затоа што физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени дејствија на подрачјето на Бит Пазар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 12.05.2026 во 16:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.Љ.(43), Х.Л.(39) и ...
На 12.05.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Д.(47) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при пад во шахта на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, соопшти МВР. Извршен е увид. На 12.05.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје е пријавено ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, заедно со претседателот на Владата и претставници на релевантните институции, одржаа онлајн состанок со високи претставници на Европската комисија во врска со спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан. На состанокот учествуваше генералниот директор за проширување и источно соседство во Европската комисија, Герт Јан Копман, како и ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ја посетија Градската општа болница „8 Септември“ по повод завршени градежните работи за реновирање седум операциони сали со вкупна површина од 2 илјади квадратни метри. Операционите сали се наменети за повеќе различни специјалности, како што се: абдоменална хирургија, урологија, ОРЛ и очна хирургија. – Денес зборуваме за проект кој претставува ...
Иако кафето има многу докажани здравствени придобивки, некои вообичаени грешки при пиење кафе можат да влијаат на вашите нивоа на енергија, сон, хидратација и целокупно здравје. Всушност, неколку мали промени во вашата редовна рутина за пиење кафе можат да ви помогнат да ги искористите максималните здравствени придобивки. Пиење кафе предоцна во денот Пиењето кафе предоцна во денот може да влијае на вашиот сон со нарушување на способноста на ...
Долго немаше жешки кадри од Емили Ратајковски, па сите веќе беа загрижени дали со провокативната манекенка сè е во ред… Една од најсексапилните манекенки, Емили Ратајковски, извесно време се „смири“ кога станува збор за социјалните мрежи, а многумина мислеа дека на тоа влијаел нејзиниот нов партнер Роман Гаврас. View this post on Instagram A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) Меѓутоа, Емили набрзо ги демантираше сите и објави повеќе ...
Фискалната политика во 2026 година продолжува по зацртана среднорочна рамка. Фокусот останува заштита на животниот стандард на граѓаните, поддршка на економијата и фискална консолидација, која ја темелиме на фискалната одговорност и дисциплина во планирањето и користењето на јавните средства, а во рамки на реални и одржливи фискални можности. Ова го истакнува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА. „Во пракса ...
Според Националната годишна програма за јавно здравје за 2026 година, Институтот за јавно здравје започна кампања на тема: „Пубертетот и менстуалниот циклус кај девојчињата“. Денес се одржани едукативни предавања од страна на експерти од Институтот за јавно здравје, каде беа опфатени ученичките од 5-то одделение во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода, Скопје. Предавањата беа посветена на темата пубертет и што опфаќа тој период, со посебен ...
Неговото семејство има струмичко потекло, но тој е роден во Загреб, престолнината на Република Хрватска, а штом ќе влезе во своето полнолетство, решава да дојде да живее во татковината на своите предци – Македонија! Фамилијата му има богата патриотска историја уште од турско време, па се до втората светска војна и по неа, за што и самиот отворено ќе зборува. Во Скопје никого не познава, па за да преживее работи разни работи, но откако ...
На 12.05.2026 во 20:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Л.А.М.Б.(46), постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар во Скопје физички ја нападнал неговата 45-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 12.05.2026 во 20:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Л.А.М.Б.(46), ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска одржа редовен медиумски брифинг со новинарите, на кој беа презентирани актуелните активности на Министерството во делот на законодавството, заштитата на природата, дигитализацијата и решавањето на долгогодишните еколошки проблеми. Министерот Хоџа информираше дека Законот за природа веќе е поставен на ЕНЕР и е отворен за коментирање, по што ќе следуваат и јавни расправи. ...
Дали предмалку, македонската јавност посведочи нов, крунски доказ за прекумерната употреба на прихотропни супстанци на Бихаќка? „Ако коза лаже, рог не лаже“ вели северниот сосед на од СДС северизираната држава. Доколку се’ уште се сомневате во она што се случува со Шмрчко&company писанието кое следува и во кое во некаков делириум самите театрално и халициногено си поставуваат крајно мизерни реторички прашања и уште поинфантилно си ...
Со читање сведоштва на две девојки продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“. Една од нив, која ја преживеала трагедијата, вели дека објектот редовно работел без контрола на лични документи и без обележани противпожарни излези. Според неа, критичната вечер влегле без проверка, а дискотеката немала јасни патеки за евакуација. Девојката навела дека за време на настапот на групата ДНК биле користени пиротехнички ефекти, какви што, ...
На пет ирачки репрезентативци им се одбиени визи за САД за учество на Светското првенство во 2026 година, објави Галеб ал-Замели, претставник на Ирачката фудбалска федерација. Во интервју за „Шафак њуз“, Ал-Замели изјави дека на Ибрахим Бајеш, Моханад Али, Зеид Тахсин, Хајдар Абдул-Карим и Али Ал-Хамади им е одбиен влез во САД од непознати причини. Членот на федерацијата истакна дека организацијата има намера да апелира до Светската фудбалска ...
Општина Ѓорче Петров продолжува со силна градежна офанзива и реализација на капитални инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните. Во моментов активно се работи на изградба на седум приклучни улици, со вкупна должина од 1.700 метри, со што значително се подобрува локалната патна мрежа, безбедноста и пристапноста во повеќе населени места на територијата на општината. Меѓу улиците кои се опфатени со оваа ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е вообичаено во овој период да почне процедурата за ребаланс на Буџетот, а оценува и дека Владата успешно се справува со кризата бидејќи инфлацијата е двојно пониска во однос на периодот на претходната влада. -Вообичаено е во јуни да почнат процедурите за ребаланс на Буџетот и во јули да се донесе. Така беше и во 2024 и 2025, а до крајот на годината ќе имаме уште една конечна распредеделба на средствата ...
Финансиски успех и кариерен раст ги очекуваат осум хороскопски знаци до крајот на 2026 година. Откријте што ѕвездите имаат подготвено за вас. Додека некои хороскопски знаци ќе сонуваат за одмори во 2026 година, за други ѕвездите подготвуваат вистински кариерен подем. Видете дали сте на листата на најсреќни! БИК Награда за трпение Втората половина од 2026 година ќе ви ја отвори вратата кон стабилност, но не онаа здодевната, туку онаа што ...
Формула 1 викендот во Мајами не му донесе многу среќа на Ленс Строл на самата патека, но надвор од неа канадскиот возач дефинитивно однесе победа. View this post on Instagram A post shared by Yael Shelbia (@yaelshelbia) Гласините кои со месеци кружат на социјалните мрежи конечно се потврдени – возачот на „Aston Martin“ е во врска со една од најубавите жени на денешницата, Израелката Јаел Шелбија. View this post on Instagram A post shared by ...
Серија од девет мали земјотреси ја погодија областа Пардис источно од Техеран во текот на ноќта, пренесува новинската агенција „Мехр“, поттикнувајќи стравувања кај експертите и жителите дека иранскиот главен град би можел да се соочи со голема сеизмичка катастрофа. Повторената активност ги оживеа загриженостите дека акумулираниот тектонски притисок под и околу главниот град, кој се наоѓа во близина на неколку активни раседни линии, би можел ...
Со инвестиција од 12 милиони евра, целосно се реконструираше и се надгради болницата “8-ми Септември”. Инвестицијата се реализираше во соработка меѓу Владата и ТАВ. Со реализација на овој проект се направи целосна реконструкција и опремување на оперативниот блок, потоа реконструкција на одделот за интензивна нега, административниот дел, реконструкција на одделот патологија и клиничка лабораторија и комплетна реконструкција на кровот. Исто ...
За да им се олесни изборот на деветтоодделенците при уписите во средно образование, Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование со поддршка од Швајцарската амбасада подготвија онлајн водич за квалификации – kvalifikacii.crso.gov.mk, кој ќе им овозможи да донесат информирана и правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат и понатаму да работат. На денешната промоција на водичот, од ...
„Се сеќавам, пред многу години, бев пациент токму во оваа болница и добив исклучителна грижа од персоналот и докторите. Иако мојата состојба не беше сериозна, навистина чувствував дека сум во сигурни раце, изјава од Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. „За мене претставува голема чест што денес сум дел од овој настан, кој за нас претставува значаен чекор напред во подобрувањето на јавното здравство во земјата. Како финансиски ...
Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков учествува на 29иот Евроазиски економски самит во Истанбул, кој годинава се одржува под мотото „Глобална одговорност“ на кој учествуваат високи државни претставници, дипломати, универзитетски професори, претставници на меѓународни организации и експерти од повеќе земји. На самитот се дискутираше за глобалните предизвици, мирот, демократијата, улогата на жените во општеството ...
Вчера најпрвин со неверување ја слушнав таа вест, второ бев шокиран од тоа што го слушнав. Добро е што АД ЕСМ, пшоранешно ЕЛЕМ кога ќе ја добие одлуката ќе вложи жалба и очекувам дека случајот повторно ќе биде вратен на преразгледување и повторна анализа затоа што ако тоа не се случи тогаш обвинителството дефинитивно го губи својот кредибилитет, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќина новинарско прашање во однос на тоа што ...