Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец, од 17:55 часот е во целосен прекин за сите видови возила. Прекинот, како што информира ЈП „Македонијапат“, е поради превртено товарно моторно возило и истурен песок на коловозот, што го оневозможува одвивањето на сообраќајот. Заглавените граѓани, за Курир велат дека колоната на автомобили се протега се до тунелите во близина на Дреново. Сообраќајот на патниот правец ...

-Бил Али Ахмети во Бутел и на јавен говор ги повикал Албанците во општина Бутел да се обединат. Но, за што? Ако Ахмети бара обединување, тоа, според мене, пред сè е заради криминал, поточно за негово лично богатење и за богатењето на неколкумина негови послушници. Тоа е првото. Второ, за градење згради и создавање урбан хаос, кој нему лично и на неколкумина други им носи финансиски бенефит. Секоја чистинка во Бутел, секој парк, тие го гледаат ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук информираше дека денеска во Влада имало значајна средба со амбасадори од УНЕСКО за заштита на нашето природно и културно наследство. – Денеска во Владата остваривме значајна средба со амбасадори од УНЕСКО, на која разговаравме за приоритетите на Македонија во делот на заштитата и одржливиот развој на нашето природно и културно наследство. Потребна е силна меѓугранична ...

Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ подготвува нови мерки за намалување на трошоците, додека „Фолксваген“ потврди дека работи на радикални планови за реструктуирање, кои според медиумските извештаи би можеле да донесат масовен бран отпуштања, пренесува агенцијата ДПА со увид во интерните одлуки на компаниите. „Мерцедес“ во јули требаше да им исплати посебен додаток на работниците, но исплатата е одложена за следната година, ...

Војната „никогаш не е благословена од Бога“, истакна денеска папата Лав Четиринаесетти на отворањето на состанокот на кардинали од целиот свет, нагласувајќи дека Католичката црква носи пророчка порака за мир во светот опустошен од конфликти. Папата ги повика кардиналите на дводневниот состанок како одговор на нивното барање да бидат консултирани почесто отколку за време на 12-годишниот понтификат на папата Франциск, кој имаше наклонетост да ...

Обожавателите на серијалот филмови за Џејмс Бонд наскоро ќе го дознаат наследникот на Даниел Крејг во улогата на култниот шпион. Продуцентите и режисерот Денис Вилнев почнаа да ги известуваат глумците кои се пласирале во следната рунда аудиции, којашто ќе се одржи подоцна ова лето. Иако имињата сè уште не се потврдени, аудициите се закажани за август, потврди „Дедлајн (Deadline)“. Изворите говорат дека Вилнев лично ги контактира кандидатите ...

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека е завршено асфалтирањето на улицата „Фан С. Ноли“, инвестиција која ја подобрува патната инфраструктура и ја зголемува безбедноста во сообраќајот за жителите. „Секоја завршена улица е чекор кон пофункционален и побезбеден Чаир за граѓаните. Со вакви инвестиции продолжуваме да го подобруваме квалитетот на животот во секое маало“, истакна Меџити. Општина Чаир останува посветена на ...

Воспоставен е комуникациски канал меѓу Иран и САД за да се спречат воени инциденти во Ормуската Теснинац, објави денеска иранската државна телевизија Прес ТВ, повикувајќи се на извор запознаен со преговорите. „Според конечното соопштение издадено од двајцата медијатори по минатонеделните разговори во Цирих, каналот е создаден за да се избегнат инциденти на стратешкиот воден пат што би можеле да доведат до воен конфликт и да се спроведат ...

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти денеска дека е завршена поправката на клучниот далновод што ја поврзува нуклеарната централа Запорожје во Украина со надворешната електроенергетска мрежа, но предупреди дека објектот и натаму се соочува со сериозни ризици за нуклеарната безбедност. Агенцијата на ОН наведе дека технички сложените работи биле изведени во услови на локален прекин на огнот, постигнат со посредство на МААЕ, ...

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) ќе спроведе присилно административно отстранување на бесправен објект во старото градско јадро на Охрид, откако при вонреден инспекциски надзор било утврдено дека не е постапено по претходно донесеното решение за негово уривање. -По информации добиени од јавноста, денеска државен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, излезе на терен и направи вонреден контролен ...

Во рамки на учеството на Дубровник форумот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Словенија, Тоне Кајзер, прва по неговото назначување на оваа функција. На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка и традиционалното пријателство меѓу двете земји. Соговорниците се согласија дека во периодот што следи ќе се работи на ...

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла. Овие четири екипи се во групата Б. 24 екипи кои се поделени во шест групи со по четири екипи. А група: Веспрем, Берлин, Порто, Партизан. Б група: Нант, Мелсунген, Висла, Вардар. Ц група: Алборг, ПСЖ, Загреб, Цеље. Д група: ...

Оваа година, „Мерцедес-Бенц“ слави 100 години од основањето на брендот. Можеби еден од најпрепознатливите автомобилски симболи во светот е создаден по основањето на „Дајмлер-Бенц АГ (Daimler-Benz AG)“ на 28. и 29 јуни 1926 година. Важен миг во создавањето на идентитетот на брендот се случи и на 21 август 1926, кога беше регистриран заштитен знак што ги спои двете компании. Овој амблем сè уште се користи на возилата на „Мерцедес-Бенц“ денес и ...

Легендарната рок група Ролинг стоунс се подготвува за објавување на својот 25-ти албум „Странски јазици“ („Foreign Tongues“). – Мик Џегер никогаш нема да престане да создава нова музика, изјави Кит Ричардс, посочувајќи дека токму неговата креативна енергија и извонредна продуктивност се главните причини поради кои новиот албум бил завршен за толку кратко време. На новиот албум ќе гостуваат голем број познати музичари, меѓу кои Пол Макартни, ...

Во двата разорни земјотреси во Венецуела загинаа 589 луѓе, а повредени се 2.980, соопшти денеска вршителот на должноста претседател Делси Родригез. Taa ja даде изјавата опкружена со официјални лица и воен персонал, поздравувајќи го пристигнувањето на спасувачките екипи од целиот свет во Венецуела. „Ќе ги спасиме луѓето што се заробени. Неуморно работиме на оваа задача“, рече Родригез. Таа истакна дека венецуелската држава Ла Гваира е најтешко ...

Тони Наумовски е овогодинешниот добитник на престижната награда „Мето Јовановски“ за високо уметничко достигнување во уметноста на филмот за 2026 година, на петтото јубилејно издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ во Дојран. -Секое признание значи, исполнува, мотивира, обрзува и е привилегија посебно кога тоа признание доаѓа од дома. Мето Јовановски е голем мајстор кој што играше во лига на светски шампиони. За ...

Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ) денеска упати итен апел за обезбедување помош за Венецуела по двата силни земјотреси што во средата погодија делови од земјата. Со апелот се бараат 50 милиони швајцарски франци (околу 61,8 милиони американски долари) за помош на 300.000 луѓе, при што првичните активности ќе бидат насочени кон најтешко погодените подрачја Ла Гваира и Голем Каракас. Според ...

Министерството за правда информира дека Собранието денеска ги донесе Законот за судска служба, еден од најзначајните реформски законски решенија во областа на правосудството усогласен со Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028, како и Законот за јавнообвинителска служба со што се прави значаен исчекор кон зајакнување на самостојноста, професионалноста и ефикасноста на јавното обвинителство. Со ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски присуствуваше на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици, организиран во рамките на проектот „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје“, што се одржа во Кампот за обука во Лазарополе. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека ...

Либанското движење Хезболах денеска ги отфрли тековните преговори меѓу Либан и Израел што со посредство на САД се водат во Вашингтон, истакнувајќи дека Израел мора безусловно да се повлече од либанската територија. – Израел мора да си замине без услови и нема да помине ниту една обврска што го нарушува суверенитетот на Либан. Никој нема право да потпише такво нешто – изјави генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, во телевизиско ...

Војната „никогаш не е благословена од Бога“, истакна денеска папата Лав Четиринаесетти на отворањето на состанокот на кардинали од целиот свет, нагласувајќи дека Католичката црква носи пророчка порака за мир во светот опустошен од конфликти. Папата ги повика кардиналите на дводневниот состанок како одговор на нивното барање да бидат консултирани почесто отколку за време на 12-годишниот понтификат на папата Франциск, кој имаше наклонетост да ...

Најмалку 55 лица се удавија во Франција додека се обидуваа да се разладат од рекордните горештини – изјави министерката за спорт Марина Ферари за радиодифузерот Франсинфо. Властите стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми во наредните денови бидејќи 61 департман е под црвена тревога поради екстремните температури, а уште 25 се под портокалова тревога. Според Метео-Франс, температурите денеска во различни делови на земјата ќе се ...

Во Гостивар денес се одржа Инфо ден посветен на LIFE програмата -главниот финансиски инструмент на Европската Унија за поддршка на проекти во областа на животната средина, климатските промени, заштитата на природата и чистата енергија. Настанот беше организиран од Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Општина Гостивар, а присуствуваа министерот за животна ...

Окружниот суд во Сеул денеска ја осуди на седум години затвор поранешната прва дама на Јужна Кореја, Ким Кјунг-хи поради примање на мито. Таа примала скапи подароци во замена за именување на функции и за деловни услуги. Според Обвинителството, Ким повеќе пати ја искористила својата службена позиција за склучување зделки за лична корист. Ким е сопруга на разрешениот јужнокорејски претседател Јун Сук-јол, кој е осуден на пет години затвор ...

71-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом физички била нападната и ѝ била скршена влезната врата од нејзиниот дом. На 25.06.2026 во 18:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.Н.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 71-годишна велешанка дека пред и во нејзиниот дом физички ја нападнал и ја скршил влезната врата од нејзиниот дом. Според пријавеното, тој дошол пред нејзиниот дом, ја побарал ...

Летните денови можат да бидат многу заморни, особено за стапалата. Чувството на тежина, оток и непријатност се честа појава по многу часови поминати во движење или на високи температури. Во такви моменти, добро е да имате производ за нега кој делува како брзо ресетирање за уморна кожа. Релаксирачката сол за стапала ги комбинира ефектите на минералните и билни состојки кои заедно го враќаат чувството на леснотија. Ќе биде многу корисна за ...

Европската комисија работи на план што би им овозможил на земјите-кандидатки за членство во ЕУ пристап до одредени економски придобивки и пред формалниот влез во Унијата, изјавија неколку официјални претставници, објави денеска бриселскиот Политико. Предлогот се заснова на концептот на „постепена интеграција“, според кој, земјите-кандидатки би добиле поголем пристап до програмите на ЕУ, финансирањето, трговските олеснувања и делови од ...

Изминатите четири дена плажите во Сиднеј, меѓу кои светски познатата плажа Бондаи, беа затворени откако во близина на брегот на најголемиот австралиски град беа забележани ајкули. Денеска беа затворени плажите Тамарама и Бронте во источните предградија на Сиднеј откако утрово беа забележани ајкули. Бондаи, исто така, беше затворена откако на снимките од апликацијата „ДронШарк“ (Drone Shark) беше забележана голема бела ајкула во близина на ...

Европската комисија предложи заострување на правилата за влез во Европската Унија на украински државјани на воена возраст кои ја напуштаат земјата без дозвола за излез. – Нашиот предлог предвидува привремената заштита да не им се доделува на новопристигнатите лица на кои, според украинското законодавство, не им е дозволено да ја напуштат Украина поради воените обврски – изјави денеска еврокомесарот за миграција Магнус Брунер. Тој рече дека ...

Собранието денеска во рамки на 108. седница ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба. Пратениците од опозицијата не дадоа поддршка бидејќи според нив двете законски решенија не се реформски и со нив само декларативно се следат целите од Реформската агенда. Пратениците од владеачкото мнозинство, пак посочија дека законските решенија, се донесени низ демократска процедура и во нив се инкорпорирани и двете крупни барања ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.3
59%
1020
weather icon

Белград

23ᴼ / 20ᴼ
3.13
69%
1018
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.55
71%
1018
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.34
72%
1022
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
0.48
63%
1019
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
0.68
89%
1019
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
2.24
53%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.37
48%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.32
49%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
0.89
79%
1019
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 25ᴼ
1.34
53%
1019
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
100%
1017
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Кобалт

56.29

Иридиум

233896.68

Паладиум

38195.09

Родиум

249168.29

Бакар

12.33

Сребро

1902.84

Рутениум

49029.89

Калај

50.56

Цинк

0.00

Алуминиум

3.20

Злато

131072.82

Платина

51923.46