Николас Кејџ повторно се соединува со режисерот Сајмон Вест во неговиот најнов филм, играјќи го српскиот двоен агент Душко Попов, кој го инспирираше ликот на Џејмс Бонд. Филмот „Fortitude “ се снима во Лутон, Велика Британија. И е трилер од Втората светска војна за вистинска британска операција за убедување на нацистите дека сојузничките сили ќе се истоварат во Кале, а не во Нормандија. Попов, заедно со разузнавачките службеници Дадли Кларк и ...

По низа распродадени концерти, илјадници аплаузи и безброј песни, Влатко Миладиноски ја заокружува оваа 2025 година со голем музички спектакл и тоа на 28 декември во арената „Борис Трајковски“, во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски. Овој концерт ќе биде круна на една година исполнета со успеси, патувања и средби со публиката низ целата земја, но и надвор од неа. Ноќ кога ќе се слави македонската песна, но и трудот, љубовта и ...

Престижната манифестација „Денови на Зоран Радмиловиќ“ се одржа во Заечар од 16 до 23 октомври по 34-ти пат, со респектабилна натпреварувачка селекција и богата придружна програма. Салата беше преполна од вечер до вечер, а жирито (Мирослав Радоњиќ, претседател, Душко Љуштина и Ирфан Менсур) донесе едногласна одлука Наградата за најдобар актер на Фестивалот да му ја додели на Никола Ристановски за улогата на Мишел Бабиќ во претставата „Уна“ ...

Во Кристалната сала на Собранието на Македонија, се одржа свеченоста по повод доделувањето на државната награда „23 Октомври“ – признание со кое се оддава почит на поединци што со своето творештво и дело дале исклучителен придонес во развојот на македонската наука, култура, образование и во заштитата и унапредувањето на државните интереси и вредности. Оваа година, државната награда „23 Октомври“ за остварувања во областа на културата и ...

На 24 октомври, во главната натпреварувачка програма, ова сценско остварување ќе биде изведено на сцената на театарот „Бора Станковиќ“ во Врање, Србија, како дел од 45. издание на реномираниот театарски фестивал „Борини позоришни дани“. Со ова дело, Бранислав Нушиќ уште еднаш потсетува дека смеењето е најсилното оружје против глупоста и корупцијата. Неговата извонредна сатира за човековата суета, лицемерието и алчноста, преку ироничен хумор ...

На синоќешниот прием за учесниците на самитот на Берлинскиот процес во Лондон, Влатко Стефановски му го подарил својот албум „London Sessions“ на кралот Чарлс III. На приемот во палатата St.James покрај политичките лидери беа поканети и Стефановски, режисерот Манчевски и Раде Шербеџија. Стефановски е сега единствениот музичар од регионот кој имал лична средба со британскиот монарх и му ја претставил својата музика. А Манчевски ја искористил ...

Три македонски театри ќе гостуваат во Кочани во периодот од 25 до 29 октомври. Организатор е Europe House – Кочани како дел од есенската културна и едукативна програма а во соработка со Центарот за култура „Бели Мугри“ и SupportKochani. На 25 октомври во 20 часот ќе биде изведена претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. На 27 октомври во 13 часот ќе ...

По повод јубилејот 40 години кариера, поранешниот фронтмен на легендарниот македонски бенд „Мизар“ објави нова песна „Девојка од бронза“, со која воедно најавува голем концерт закажан за 20 декември 2025 година (сабота) во МКЦ (Младински културен центар) – Скопјe. „Кога соработувате со прекрасни луѓе, резултатот не може да биде ништо друго освен — прекрасна песна“, рече Таневски по повод објавувањето на синглот. Покрај Горан Таневски (музика, ...

Со монодрамата „Кармен“, Драмски театар Скопје на 24 октомври ќе учествувa на 17. Меѓународен театарски фестивал ЕТХОС Анкара 2025. Фестивалот се одржува од 16 до 26 октомври во главниот град на Турција. Годинава под мотото „Градот и театарот“ на фестивалот ќе учествуваат театарски уметници, амбасадори на културата, претставници на центри за култура и членови на граѓанските и невладини организаци од над 20 земји. Публиката ќе може да ги следи ...

„Утре наутро“ е политичка драма во кој ги опсервирам луѓето кои ги носат одлуките со чии последици се соочуваме ние. Мене живо ме интересира кои се луѓето кои ги носат одлуките со кои ние се носиме, оној висок општествен круг луѓе. Ова е приказна инспирирана од вистински настани кои се случиле меѓи 2014 и 2017 година. Плотот на приказната е фаталниот 27 април 2017 година и се занимава со прашањето што после тоа. Зборува за две семејства кои ...

Ансамблот „Консонанс“ на 22.10.2025 г. во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола, со почеток во 20.00 часот ќе одржи свој концерт. Ансамблот „Консонанс“ е основан во 2007 година, е истакнат ансамбл кој на почетокот беше составен исклучиво од дрвени дувачки инструменти, но денеска во својот состав вбројува и други инструменталисти кои го збогатуваат звукот на овој ансамбл. Консонанс е посветен на изведбата на камерната музика ...

ОХО продукција објави повик за кастинг за својот актуелен проект тв-серијата „Авантурите на една турбо-фолк принцеза“ Серијата во развој ги собра наградите на сите фестивали на кои се појави а сега е време да се најдат актери и актерки кои ќе ги оживеаат ликовите напишани од Андреј Волкашин и Петар Влчев. Се бараат актерка за главна женска улога на возраст од 20 до 35 години и актери за машки улоги на возраст од 25 до 50 години. Повикот е ...

Синоќа, Македонскиот народен театар, настапи со претставата „Народен пратеник“ на 42. Интернационални театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина. Салата беше исполнета до последното место – повеќе од 400 гледачи уживаа во изведбата со очигледно воодушевување, наградувајќи ја тимската актерска игра со неколкуминутен стоечки аплауз и овации, кои создадоа силна емотивна врска меѓу сцената и публиката. Селектор на годинашните средби ...

По незаборавната летна премиера во античката Хераклеја, каде повеќе од 3.000 посетители беа сведоци на спектакл под ѕвездено небо, Flowers Symphony оваа доцна есен пристигнува за првпат во Скопје. На 30 ноември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, Македонската филхармонија ќе ја пречека симфонијата која ја слави убавината, љубовта и животот во изведба на Битолски Камерен Оркестар IWConnect во симфониски состав, под диригентската палка на ...

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп објавува отворен повик за учество на второто издание на пичинг-форумот „Драмолетање“, кое ќе се одржи за време на 60. издание на фестивалот во јуни 2026. По успешното прво издание на форумот „Драмолетање“, кое овозможи простор за афирмација на нови автори и современи драмски текстови, продолжуваме со нов циклус посветен на развивање на македонската современа драма и поврзување на ...

Најгласното, најмоќното и најочекуваното електронско доживување на годината ќе се случи на 13 декември 2025 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. ARGY, едно од најистакнатите имиња на современата електронска сцена, доаѓа со спектакл каков што досега не сме виделе. Шоу што ги руши сите граници на звукот, продукцијата и енергијата. Во време кога светот живее во пулсот на електронската култура, Скопје ќе го почувствува врвот на тој ...

На 21 октомври (вторник), во фоајето на Националната опера и балет во 19 часот, ќе се одржи долгоочекуваниот мултимедијален настан „Дон Кихот во Скопје“. Концерт, премиера на македонско дело, изложба на уметнички слики и скулптури, како и промоција на книга, го чинат овој разновиден проект инспириран од култната приказна за славниот витез Дон Кихот на Мигел де Сервантес. Светска премиера ќе доживее Концертот за пијано, гитара, наратор и ...

Џим Кери е во преговори да глуми во филм „Џетсонс“ за „Warner Bros. Pictures“, а Колин Тревороу е во преговори да го режира истиот, потврди „Варајати“. Тревороу, кој неодамна го режираше „Jurassic World Dominion“, и Џо Епштајн се во преговори да го напишат и сценариото. Последниот игран филм „Џетсонс“ беше анимираниот филм од 1990 година „Џетсонс: Филмот“. Верзија во живо на популарната анимирана семејна приказна, која првпат се емитуваше во ...

Во сабота на 18 октомври во Драмски ќе се одржи премиерата на претставата „Куршуми над Бродвеј“ на режисерот Ненад Витанов. Претставата е четврта премиера во Драмски театар Скопје што се реализира од Годишната програма за драмска дејност за 2025 година. „Куршуми над Бродвеј“ е работена по текст на Вуди Ален и Даглас Мекграт. Режијата и драматизација се на Ненад Витанов, сценографијата на Валентин Светозарев. Костимите се изработени по ...

Со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, Македонскиот народен театар ќе настапи на претстојните 42. Интернационални театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина. Фестивалската програма се одржува од 16 до 24 октомври, а МНТ ќе настапи на втората фестивалска вечер, утревечер, на 17 октомври. Фестивалот „Брчко Дистрикт“, со речиси половина век традиција, важи за еден од најрелевантните во ...

По одличниот прием и распродадениот концерт одржан на 15 март годинава, популарниот женски бенд Фрајле повторно доаѓа во Скопје со два концерта во Македонската филхармонија – на 16 и 18 октомври 2025 година, со почеток во 21 часот. Концертите се во организација на Прагма продукција. Публиката веќе има можност да се увери во емоцијата и уникатниот музички израз на Фрајле – уште од минатогодишниот настап во Центарот за култура во Битола, кога ...

По одличниот прием и распродадениот концерт одржан на 15 март годинава, популарниот женски бенд Фрајле повторно доаѓа во Скопје со два концерта во Македонската филхармонија – на 16 и 18 октомври 2025 година, со почеток во 21 часот. Концертите се во организација на Прагма продукција. Публиката веќе има можност да се увери во емоцијата и уникатниот музички израз на Фрајле – уште од минатогодишниот настап во Центарот за култура во Битола, кога ...

Со официјалниот плакат и програмата на 11. издание на „Битола Шекспир Фестивалот“, Народен театар – Битола го најави овогодинешното издание кое ќе започне на 14 ноември и ќе трае до 21 ноември 2025 година. На 14 ноември, 81. роденден на НУ Народен театар Битола ќе се прослави со свечено отворање на „Битола Шекспир Фестивалот“ и премиера на едно од најизведуваните дела на Шекспир „Макбет“ во режија на Сабо К. Иштван од Унгарија. На 15 ноември ...

Легендарната песна „Дан љубезни“ од југословенскиот бенд „Пепел ин кри“ е овековечена со нова верзија на песната и видео запис, најавувајќи го регионалниот хит „Бело се пере на деветдесет“ со актерката Аница Добра во една од главните улоги. Оваа нова носталгична филмска верзија на песната, поставена во ритам на валцер, е снимена по повод големата годишнина – 50 години од објавувањето на песната. Бендот „Пепел ин кри“, во тоа време ...

Со особена чест го најавуваме првиот фестивал за рана музика во Македонија – „Dulcia Sonant“, посветен на истражување и оживување на музиката од византиската, средновековната и раноренесансната традиција. Во два последователни концерти ќе оживее звукот на едно одамна замолчено време – преку ретки инструменти, древни напеви и извонредни интерпретации. На 16 октомври во 20:00 ч. во кино „Мис Стон“ ќе се одржи концертот „Помеѓу Кукузел и ...

Добитници на годинашната дрѓавна наградата во областа на културата и уметноста за 2025 година се: актерот Гоце Тодоровски, писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, поетот, романсиер, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и писателот академик Божин Павловски, соопштија денеска од одборот за доделување н наградата. „Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на ...

ГРЧКИОТ РЕЖИСЕР ЕМАНУЕЛ КОНТАНТИНИДИС ВО УМЕТНИЧКА РЕЗИДЕНЦИЈА ВО МНТ СО ОТВОРЕН ПОВИК ЗА РАБОТИЛНИЦА – „ЛЕВИЈАТАН“ Неодамна, МНТ стана дел од најпрестижната театарска мрежа – Европската театарска конвенција (ETC), која обединува 63 театри од 31 земја. Со ова членство, МНТ се приклучи кон семејството на најголемите и највлијателни театри во Европа, со отворени врати за копродукции, размена на претстави, резиденции на уметници и нови европски ...

Во фоајето на НУ Центар за култура Битола, на 15 октомври 2025 (среда) во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии „Чоканче“, посветена на една од најзначајните битолски рок групи. Да ја погледнеме рок приказната што ја напишаа членовите на Чоканче! Од првиот настап на 12 март 1983 година на „Рок Парадата“ во салата на кино „Партизан“, па сè до денес — Чоканче останува симбол на битолскиот бунт, енергија и музичка автентичност. ...

Низ градот кружат приказни дека легендарниот витез Дон Кихот и неговиот верен придружник Санчо Панса пристигнале во македонската престолнина. Според сведоштва на граѓани, херојот од Ла Манча и неговиот сојузник биле забележани на неколку познати локации – најпрво на Скопското Кале, потоа во Старата скопска чаршија, пред Националната опера и балет, а подоцна и кај Камениот мост и плоштадот „Македонија“. Од Амбасадата на Шпанија потврдија дека ...

На 22 октомври, во 20 часот, на малата сцена во Македонскиот народен театар ќе биде одиграна јубилејна 50-тата изведба на монодрамата „Торонто експрес“, работена според мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ од Зоран Спасов-Ѕоф и во режија на Јордан Симонов. Во претставата игра Александар Микиќ. По изведбата е предвиден коктел за публиката, заедно со екипата од претставата, музика и дружење. „Торонто експрес“ е агенција за помош при ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
65%
1006
weather icon

Белград

12ᴼ / 9ᴼ
3.09
51%
1002
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
46%
1000
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
55%
1007
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.51
66%
1006
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.45
48%
1001
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
63%
1007
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1008
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
54%
1007
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
60%
1005
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
4.63
48%
1000
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
74%
1008
Currency

61.645

Currency

53.2676

Currency

71.195

Currency

37.0426

Currency

38.6385

Currency

67.2741

Currency

7.72812

Currency

0.65817

Currency

0.33472

Currency

0.52538

Currency

1.20088

Currency

0.56714

Калај

43.91

Платина

63562.03

Родиум

347228.06

Сребро

2840.84

Бакар

11.12

Алуминиум

3.24

Кобалт

964.52

Иридиум

256711.96

Цинк

3.04

Злато

166450.52

Рутениум

56199.51

Паладиум

46489.98