Светската премиера на филмот „Преекспонирано” ќе се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро ( Cairo International Film Festival), кој се одржува од 13 до 22 ноември. -Денеска најавуваме дека мојот прв долгометражен филм „Преекспонирано” ќе има светска премиера на 44. Меѓународен филмски фестивал во Каиро, кој што е еден од петнаесетте акредитирани А фестивали во светот и за мене е голема чест и ...

Јавен повик до сите уметници, театарџии, музичари, продуценти, културни работници и културни институции: На 14 октомври со почеток во 17.30 часот во просториите на Europe House ќе се одржи информативна сесија која има за цел да ја подигне свеста за различните европски и национални финансиски фондови кои финансираат проекти поврзани со културата во Северна Македонија. Настанот ќе го промовира и Балканскиот водич за финансирање на проекти во ...

ЛОКОМОТИВА – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата ве кани на втората КУЛТРЕНИНГ/Работилница за кореографија „Sensitive Body“ со Тереза Лазарев во Младински културен центар. Работилницата е отворена за учесници со или без танцувачко искуство. Пријавете се на [email protected] најдоцна до 17.10.2022, бројот на учесницни е ограничен. Работилницата „Sensitive Body“ водена од Тереза Лазарев е составена од три танцови сегменти: 1) ...

Методологијата на професорката по психолошки науки, д-р Ванѓа Радевска е сосема различна од онаа што сме научени да ја следиме- таа се темели на научни основи, но приспособена на конкретните потреби на една единка. Зашто, теоријата без примена останува непрактична и “заглавена” на хартија. Професорката восприма и анализира она што се случува наоколу, и потоа дава препораки како да ја подобриме реалноста. Најмногу, и првенствено, со креативна ...

(Интервју, објавено во списанието ” Шило,” април 2011) *** -По секоја завршена манифестација „Глуците пеат“, се начукувавме од задоволство од преполнетата сала. Бевме среќни и горди, бевме ѕвезди на вечерта со денови потоа весниците пишуваа за тој настан. Сакавме да биде сѐ гламурозно и затоа концертот скапо чинеше, вели Марин Бабиќ, таткото на манифестацијата. -Мојот дедо прилепско- мариовски војвода Крсто Гермов- Чакир беше една маркантна ...

Охрид, 6 октомври 2022 Вчера на Светскиот ден на учителот библиотекарите од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја започнаа промоцијата на библиотечните услуги во основните и средни училишта што ќе се одвива во текот на цел октомври кој е и Месец на книгата. Првата презентација беше во двете смени меѓу ученици од ЕМУЦ Св. Наум Охридски. Денеска нашите библиотекари се во ООУ „Христо Узунов“ а утре – петок во СОСУ „Кирил и Методиј“ Охрид. ...