„Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО, го објавија конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2023 за најдобра дебитантска книга од млад автор (до 35 години). Конкурсот трае до 21 февруари 2023 година, до кога сите книги и пријави треба да пристигнат на поштенската адреса на Струшките вечери на поезијата, или во електронска форма, според условите наведени подолу. Услови за учество на ...

Почнувајќи од 12 јануари (четврток), со по три филмски проекции дневно во попладневните и вечерните часови, Кинотеката и оваа година останува верна на традиционалното КИНО УТРО. Годинава во Кинотеката доаѓаат најпознатите негативци од филмското платно Џек Скилингтон и Гру засилени со помалку познатите, но полни со потенцијал – крокодилот Лил, вечно младиот Кашеј, малиот Финик и Макс и неговата бесна дружина. На овие ликови Тони Монтана, Норман ...

Актерот Сашо Ристовски, актер во НУ Театар Комедија Скопје, секојдневно присутен на телевизија како еден од носителите на серијалот “Народни приказни”, во ексклузивно празнично интервју. *Би сакале да Ви ги честитаме новогодишните и божиќните празници. Како за почеток на ова наше прво интервју, како ја оценувате измината 2022 година? – Ви благодарам. Ви ги честитам од срце и јас. Ви посакувам сѐ што сте замислиле да Ви се оствари. За мене 2022 ...

Концертот што секоја година се одржува по повод празникот „Василица“ во Националната опера и балет, ќе биде на 12 и 13 јануари 2023 (четврток и петок) со почеток во 20 часот. Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ е традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, а оваа година верната публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите ...

Денеска (28 декември, 2022 година), во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19 часот, најмалата возрасна група од Детското драмско студио при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија премиерно ќе ја изведe претставата „Претпремиера“. -Претставата е спој од една Дедомразовска едночинка, стихотворби од „Зајче без опавче“, детски забавни едночинки и познати песнички, во која малите актери ќе ве поведат на незаборавно патување низ детските ...

Скопје, 3 јануари 2023 година Хуманистот и уметник Живко Поповски Цветин денеска додели “Цветинова награда за мир” на шпанскиот поет Хустон Хорхе Падрон. Во амбиентот на градската кафана “Пелистер”, наградата ја прими неговата сопруга Клеопатра, која потекнува од Скопје. Големо пријателство и почитување постоеше меѓу славниот поет и голем пријател на Македонија и надалеку прочуениот уметник и деец за мир, кој се посети и дека : “Многу голема ...

Сите картотеки кои постојат во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, се дигитализирани и сочувани за наредните генерации. „Срцето на македонскиот идентитет – дијалектите, во дигитална форма стигнаа во 14 водоотпорни и огноотпорни куфери од Архивскиот дата-центар „Инбокс“ (Inbox) до Институтот за македонски јазик. Тие се зачувани и се на безбедно место во наредните 500 години“ а “дигитализацијата на сите картотеки е целосно завршена – ...

Скопје, 29.12.2022 година Вчера, ученици членови на литературната и ликовната секција од Ученичкиот дом при СМУГС “Д-р. Панче Караѓозов”,заедно со професорките Катерина Митковска и Вера Чорниј Мешкова присуствуваа на ликовната изложба “Мироносно цвеќе на пријателството” на ликовниот уметник и хуманист Живко Поповски – Цветин на улица Македонија пред Спомен куќата на Мајка Тереза. Присутни беа и учениците од ПСУ “Јахја Кемал” и нивната менторка ...

Ѓоле Максимовски подготвува соло албум, информација која многумина ќе ја дочекаат со огромно задоволство и констатација дека редно е, по долгото искуство на сцената, еден од најдобрите бас гитаристи да стави траен печат на својата плодна кариера. А, во неа се впишани “Влатко Стефановски трио”, Гарабет Тавијтан и “Парамециум”, многу други групи, како и последно “Кабадајас”, која е на концертна пауза последнава година, но паралелно е во студио, ...

Ѓоле Максимовски подготвува соло албум, информација која многумина ќе ја дочекаат со огромно задоволство и констатација дека редно е, по долгото искуство на сцената, еден од најдобрите бас гитаристи да стави траен печат на својата плодна кариера. А, во неа се впишани “Влатко Стефановски трио”, Гарабет Тавијтан и “Парамециум”, многу други групи, како и последно “Кабадајас”, која е на концертна пауза последнава година, но паралелно е во студио, ...

Ѓоле Максимовски подготвува соло албум, информација која многумина ќе ја дочекаат со огромно задоволство и констатација дека редно е, по долгото искуство на сцената, еден од најдобрите бас гитаристи да стави траен печат на својата плодна кариера. А, во неа се впишани “Влатко Сефановски трио”, Гарабет Тавијтан и “Парамециум”, многу други групи, како и последно “Кабадајас”, која е на концертна пауза последнава година, но паралелно е во студио, ...

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ почна со програмата „Зимски МакеДокс“, со која онлајн се прикажуваат победниците на фестивалите на четири основачи на документарната мрежа „Doc Around Europe“. Како нова иницијатива, програмата „Зимски МакеДокс“ се лансира со цел да го зголеми интересот за онлајн гледање креативни документарни филмови. Наградените документарни филмови на четири европски фестивали од мрежата „Doc Around Europe“ ...

Колаборативниот проект “Штампање заеднички простор”, во кој учествува визуелниот уметник Филип Јовановски од Република Северна Македонија во соработка со студенти од ФДУ и Архитектонски факултет од Скопје, како и Факултети од Нови Сад и Ријека, ја доби престижната меѓународна награда „Ранко Радовиќ”, во категоријата за најдобра мултимедијална поставка/изложба, што ја доделува Здружението на ликовни, применети уметници и дизајнери на Србија за ...

Македонскиот народен театар, синоќа, 27 декември 2022 година, премиерно ја одигра претставата „Бакхи: Агава”, сопоред Еврипид и Тамара Барачков. Агава е ликот за кој се зборува, а нејзиното однесување е предмет на толкување и прераскажување на останатите машки ликови. По чедоморството, Агава прозборува само во последниот чин. Но, злочинот го прави во состојба на занес и транс, таа сопствените постапки не е во состојба рационално да ги процесира ...

Културен и информативен центар Битола во копродукциска соработка на две претстави со Народен театар Битола. И тоа: *** Една од најгледаните новогодишни и божиќни приказни, која раскажува за скржавецот Скруџ и неговиот вработен Боб Крачит, под наслов „Божиќна песна”, деновиве ја полни салата во Народниот театар во Битола. По одиграната премиера, претставата ќе може да се погледне утре и задутре, во 5 следни проекции во Народниот театар, со ...

Националната галерија на Република Северна Македонија на 16 декември 2022 , в во објектот Чифте амам организираше изложба на проектот „Креативен код“. Во рамките на својата Годишна програма, едукативното одделение на Националната галерија со години наназад организира голем број едукативни проекти посветени на ранливите категории. Проектите имаат за цел социјализација на лицата со хендикеп и подигнување на јавната свест. Ваквите креативни ...

На редовното Изборното Собрание на Здружението МНК ИКОМ, одржано на ден 26.12.2022 година во НУ Музеј на Република Северна Македонија, за претседател на МНК ИКОМ е избран Благоја Варошанец (НУ Музеј на современата уметност-Скопје, за секретар Ана Вишинова (НУ Музеј на македонската борба за самостојност-Скопје), и за членови на Извршниот одбор Страхил Петровски (НУ Национален конзерваторски центар Скопје), Наде Геневска Брачиќ (НУ Завод и Музеј ...

Од 15 декември е отворена изложба на уметничката група XXL. Националната галерија на Република Северна Македонија (Мултимедијален центар „Мала станица“) ја претставува групата XXL, создадена во 1994 година, во Софија. По децениско меѓусебно непознавање (или делумно познавање) на тековните процеси во уметноста на двете земји, оваа изложба ја гледаме како уште еден чекор кон трајна соработка во областа на културата. Во 1994 година, основачи на ...

“ПЕСНИ ЗА ЉУБОВ И КОПНЕЖ” 3.и 4. ЈАНУАРИ, МОБ 20 часот За финале на скопскиот маратон, овој пат на уште поинтимна локација – Македонската опера и балет! -Да не должиме многу. Поминаа концертите. Беа пет во три дена. Кој беше, виде и почувствува, вели организаторот и додава : -Поради навистина неверојатен интерес и притисок за влезници изминативе денови, како и фактот што Дуке и Исмаил остануваат во Македонија и во првата недела од јануари, се ...

Тројцата македонски великани денеска беа славени со цветна изложба и со македонски мироцветни патеки на кои беа испишани стихови од овие славни, ненадминати книжевници. Се славеа годишниците од нивните раѓања, оти тие се бесмртни- 120 годишнина од Васил Иљоски (20 декември 1902, Крушево ), 114 години од раѓањето на Кочо Рацин (22 декември 1908, Велес), 101 година од раѓањето на Блаже Конески (19 декември 1921, Небрегово). Во кафулето “Еспресо ...

Продуцентот Симе Младеновски оваа година ја завршува успешно, со многу признанија за своите дела, а за следната има уште поголеми планови, и очекувања, за кои поразговаравме на самата завршница на 2022 година. *Годинава што истекува ќе остане да ја паметите по низа промени на професионален план. Една од тие промени е нова водителка на емисијата “Лица и дела”, зад чија комплетна резлизација стоите вие како продуцент и сценарист. Како сте ...

ЗАПАДЕН БАЛКАН – RYCO со задоволство објавува дека 100 средни училишта од Западен Балкан се избрани да учествуваат во Програмата за училишна размена на RYCO Superschools Western Balkans во нејзината втора година на имплементација. Избраните училишта од регионот ќе спроведуваат регионални размени со повеќе од 1500 ученици, додека RYCO ќе понуди различни можности за градење капацитети на повеќе од 100 наставници. Од овие 100 училишта: 18 доаѓаат ...

Станува збор за „Ретроспективна изложба – 30 години творештво“ на ликовниот уметник и универзитетски професор Нехат Беќири. Изложбата ќе биде поставена во објектот Чифте амам а на отворањето закажано за 22 декември 2022 (четврток), во 19 ч ќе се обрати директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими. Звучното и динамично сликарство на Нехат Беќири Следејќи ја сопствената развојна ликовна насока, Нехат Беќири се вбројува во ...

„Кајмак“ на Милчо Манчевски, најгледаниот филм на годината во македонските кина, од 23 до 29 декември ќе игра во Кинотека. На 23 декември во 20 ч. на проекцијата ќе присуствува и режисерот Манчевски со кого потоа за филмот ќе зборува филмологот д-р Атанас Чупоски, а и публиката ќе има можност да постави прашања. По светската премиера на фестивалот во Токио, каде „Кајмак“ доби големо медиумско внимание, деновиве за филмот се пишува и во Италија. ...

Денешен наш соговорник е личност која одлично работи и делува во повеќе области и тоа како одделенски наставник, лиценциран директор, претседател на невладино здружение и иновативна бизнисменка. АЛЕКСАНДРА Кажете ни нешто повеќе за Вашето здружение? АЛЕКСАНДРА Кои се Ваши препораки во однос на едукација на ученицвите за животната средина? ЛЕКСАНДРА Вашето портфолио е доста обемно. Што се е фокус на вашата работа? АЛЕКСАНДРА Што мислите ...

Сашо Поповски, и неговото трио, за 2022 година слободно можеме да ги прогласиме за најуспешни музичари, со исклучителе н силен европски пробив и успеси кои ги следеа во текот на целата година. Причини за средба многу, поводи и теми уште повеќе .Мора уште веднаш, на почеток, да прашам, како се преживува во музиката денес? Пандемијата помина, горе долу се стабилизира ситуацијата, но сепак ништо не е исто. -Па како и секоја друга професија така и ...

Доделени награди за набавка на опрема за развој на македонски и српски социјални претпријатија Минатиот викенд (17-ти и 18-ти декември), во Ниш-Србија, беа прогласени победниците од Академијата за социјално претприемништво која се спроведе во рамки на прекуграничниот проект „Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија“. Вкупниот фонд од 15 000 евра за награди во опрема и услуги се додели на 6 македонски и српски социјални ...

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија ја објави збирката „Метрички карван 9: Гевгелија – Куманово“ ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија ја објави збирката „Метрички карван 9 Гевгелија – Куманово“.docx (~642 KB) ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ Гевгелија.jpg (~81 KB) Метрички карван – Гевгелија – Куманово – ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ Гевгелија.png (~371 KB) Промоција на Метрички карван Гевгелија – Куманово.jpg (~353 KB) ЈОУ Библиотека „Гоце ...

Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот новогодишен гала концерт насловен „Исток” (арх.-извор). Диригент е Миријан Кукунаишвили (Грузија), а како солисти ќе настапат сопранистката Милена Арсовска (Македонија/Австрија) и баритонот Иван Наумовски (Македонија/Австрија). На програмата се дела кои имаат типично „новогодишен” концепт, а валцерот како музичка форма ќе биде составен дел од овој ...

Од Виена, Валентина Ѓоргиевска Парго Оваа недела во Виена (14.12.2022) под претседателство на Украина, заседаваше советот на министри на Енергетската заедница, кој објави амбициозни цели и ги усвои целите на ЕУ од 2030 година за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и гасови, за намалување на потрошувачката енергија, за обновливи извори на енергија, заедно со пакетот за пазарот на електрична енергија. Министрите за енергетика на земјите од ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1026
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
46%
1026
weather icon

Загреб

27ᴼ / 24ᴼ
0.51
54%
1025
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
38%
1028
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.85
34%
1026
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 24ᴼ
0.62
55%
1025
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
7.2
42%
1021
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
28%
1022
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
42%
1024
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
45%
1026
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
1.54
52%
1026
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
43%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.59409