Скопје, 16 февруари 2024 Вчера, на денот кога е роден, 15 февруари, во ресторанот “Малешевски мерак” беше промовирана книгата “Јанко Узунов- ТОЈ!…сиот беше музика!”, од авторката Валентина Ѓоргиевска Парго. Содржината на оваа парче слово посветено на легендарниот македонски композитор, музичар, пејач, педагог беше претставено пред претставници од десеттина медиуми од Скопје и од Прилеп, соработници на Узунов, меѓу кои Благоја Маротов, ...

(Фото: ООУ “Гоце Делчев”) Скопје, 14.02.2024 По повод празникот Свети Трифун, кога според македонската традиција се закројуваа лојзе за да даде богат род, и по повод празникот на вљубените кој се прославува како нов тренд, најмногу меѓу помладите, и годинава се одржаа традиционалните “Дебармаалски средби и серенади”, во организација на неуморниот уметник Живко Поповски Цветин. Претпладнето, учениците од ООУ “Гоце Делчев”, беа дел од програмата ...

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, во рамките на европскиот филмски маркет на Берлинскиот филмски фестивал, на 18 февруари ќе ја промовира новата ВОД-платформа – https://www.doc-around-europe.net/. Платформата ќе има за цел на европската публика во наредните две години да ѝ понуди можност да погледне повеќе од 70 документарни филмови од автори во подем. Платформата претставува една од активностите на мрежата на фестивали „Doc ...

Охрид, 15.02.2024 Во рамките на проектот „Полска полица- книги од полски автори на полиците од македонските библиотеки“ денеска во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид беше амбасадорот на Република Полска во Скопје Кшиштоф Гжелчик кој беше примен од директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски. Во таа пригода амбасадорот Гжелчик придружуван од сопругата Јоланта Гжелчик која воедно е и координатор на проектот на охридската ...

На 17.2.2023 година (сабота), во 10 часот, на плоштадот во Долни Дисан, Неготино, ќе се одржи втората Треил трка за вино и љубов, а единствена од ваков тип. Последниот зимски, а првиот пролетен празник Св. Трифун е идејата од која произлезе оваа трка чија крајна цел е промоција на винскиот Дисански крај и на Неготино. Инспирацијата, пак, за Треил трката за вино и љубов е по примерот на винските трки во Франција и Италија, замислата е да биде ...

Францускиот институт во Скопје и издавачките куќи „Или-Или“ и „Бункер“ организираат книжевна промоција на македонските преводи на француските дела:„Идис“ од Робер Бадентер, во превод на Гзиме Старова, издание на „Или-или“, и„Везење“ од Марџан Сатрапи, во превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска, издание на „Бункер“. Промоцијата ќе се одржи в четврток, 15 февруари 2023, во 18 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје. Настанот ќе се ...

Утре, 14 февруари, по повод православниот верски празник Свети Трифун, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите и католичкиот празник Свети Валентин, кој веќе се смета и за меѓународниот ден на вљубените ќе се одржат традиционалните Дебармаалски серенади. Оваа манифестација ја организира уметникот и хуманист Живко Поповски Цветин и има традиција долга 20 години. Почнува со традиционално закројување на лоза кај познатата кафана “Кај ...

Десет години без маестро Јанко Узунов, отсуство кое се пополнува со неговите безвременски песни. Во негов спомен а со пораката “Јанко во срца те носиме” ќе се одржи концерт на 11-ти Февруари во салата на “Даре Џамбаз” во Скопје со почеток во 16 часот, во организација на Музичкото училиште “Узун” а во соработка со Црвен крст на град Скопје. Концертот е од хуман карактер и средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за домот за деца без ...

Охрид, 13 февруари 2024 Утре ќе ги празнуваме заедно виното и љубовта Со промоција на книга, музички перформанс и вино утре напладне (12 часот). НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе ги одбележи свети Трифун, празникот на виното и лозјето и свети Валентин празникот на вљубените. Православната црква го слави и Свети Валентин, но не на 14 февруари, туку на 19 јули и на 12 август. Според теолозите, и двајцата светители се дел од ...

Општина Крива Паланка ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2024 година, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура, кој беше објавен на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk. На конкурсот, апликација достави и Општина Велес. По извршената процена на пријавите, а во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата наведени во конкурсот, стручната комисија составена од ...

На 74. издание на фестивалот Сан Ремо победи младата Анџелина Манго со песната Ла ноиа ѝ го ќе ја претставува Италија во Малме, Шведска во мај. Фестивалот траеше пет вечери и имаше неколку фаворити, меѓу кои Анџелина сепак не беше главниот. Околу 30 уметници настапија во текот на петте вечери во познатиот театар „Аристон“ . Се гласаше преку фактор публика, радиото и новинарското жири. Нашата земја како што е познато нема да учествува на ...

Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот, кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура доби 30 милиони денари. Со ваквата финансиска поддршка ќе се реализира квалитетна програма со врвни светски и домашни уметници, велат од „Охридско лето“. „Финансиската поддршка која ја добиваме од Министерството за култура за реализација на 40-те фестивалски денови за нас е ...

Фолк пејачот Горан Симевски дефинитивно е најголемиот фан на Јанко Узунов, ако оценуваме по тоа што неколку децении ги собирал сите негови изданија и постери, а кои денес имаат посебно место во неговиот дом. – Јас уште како средношколец го обожавав Јанко и неговата музика, ги имав касетите и плочите од него и група “Узун”, издадени за “Југодиск” во бивша Југославија. Благодарение на неговата сопруга Жаклина, беровчанка, а и јас сум беровчанец во ...

Во историјата на Македонскиот народен театар, денешниот датум- 31 јануари е мошне значаен ден. Во тогашната 1945 година, со Решението на Президиумот на АСНОМ (бр. 581/45), се заокружи правниот карактер на постоењето на театарот, создаден во текот на војната и револуцијата. Се заокружи она што го започнаа првите драматурзи и учители, патувачките театри и театрите на другите јазици. Потоа продолжи со желбата и силните напори на веќе афирмираните ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска вчера на прес по повод објавувањето на резултатите од Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година рече дека вкупните средства наменети за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година изнесуваат 867 милиони и 600 илјади денари или 14 милиони евра. Од овој финансиски колач НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе ...

На 21 февруари со почеток во 20.00 часот на сцената на НОБ ќе се изведе раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, а раскошната сценографија и ...

На 11 февруари Музејот на современата уметност- Скопје бележи 60 години од основањето. Во пресрет на овој значаен јубилеј, оваа сабота на 10 февруари, со почеток во 12 часот, Музејот организира дневен настан- матине. Ексклузивно по 35 години ќе биде изложено уметничкото дело „Доблест во нужност“ на познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело (1924– 2023). По катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, уметниците од целиот свет во знак ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на јавната расправа за Предлог-законот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион, која се одржа во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“, рече дека се дискутира за значајно законско решение кое ќе има придонес врз зачување на статусот на светското наследство на Охридскиот Регион. “Овој Предлог- закон за управување со природното и ...

Настанот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ во вторник ( 6 февруари ) од 13 часот ќе биде во знакот на одбележувањето на 130 годишнината од објавувањето на неговата „Автобиографија“. „Охридската визита“ ќе започне со изведбата на неповторливата „1762 лето“ во инструментална изведба на КУД „Ѓердан од бисери“ а извадоци од Прличевата „Автобиографија“ ќе чита Даријан Ангелоски. ...

(05.02.2024) 14. февруари е датум кој се поврзува со убави нешта, Денот на љубовта, Денот на виното, а годинава овој датум ќе го одбележи и еден посебен настан, концертот на Националниот џез оркестар со според многумина, еден од најдобрите џез вокали на овие простори, но и пошироко, Џон Илија Апелгрен. Концертот на кој ќе бидат изведени дел од најпознатите хитови на Френк Синатра, во интерпретација на Апелгрен, ќе се одржи во салата на ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во интервју за телевизија „Тера“ рече дека е особено горда што донесувањето на новиот Закон за употребата на македонскиот јазик се одвиваше во атмосфера на широка дебата и голема заинтересираност од сите засегнати страни. „Зборуваме за македонскиот јазик како културно наследство дефинирано со Устав. Навистина сум многу горда што го изработивме Законот за употребата на македонскиот јазик. Од ...

Во очекување на Програмата за 2024 година започнуваме со првиот вон програмски проект и одбележување на педесетгодишното творештво на академскиот скулптор Ангел Димовски– Чауш. Ве информираме дека во Националната галерија, објектот Чифте амам, на 1 февруари 2024 година, во 19.30 часот ќе се отвори ретроспективната изложба на Ангел Димовски– Чауш насловена „50 години творештво“. Македонската јавност ќе има можност да се запознае со богатиот ...

Скопје, 32.01.2024 Викендов, Скопје беше во фокусот на младите и нивната култура преку два музички настани, кои го одбележаа почетокот на активностите на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Едукативниот културен центар „Лабораториум“ во центарот на Скопје беше „окупиран“ со млада и повозрасна публика, заинтересирана за културната содржина креирана од два исклучително млади музички колективи. На сцената во Лаб кафе се претстави младиот и надежен ...

Во четврток, на 1 февруари 2024 со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонска филхармонија ќе го одржи концертот „Чистина“ на кој како солистка ќе настапи перкусионистката Татиана Колева (Холандија/Бугарија), а диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија. На програмата се Концерт за маримба, вибрафон и тапан од Емил Табаков кој ќе биде изведен премиерно и Симфонијата бр.2 во Де-дур од Лудвиг ван Бетовен. Покрај диригентската кариера, Емил ...

Во понеделник, 22 јануари во 20 часот во Галеријата МКЦ ќе биде отворена изложбата “Кризата Игра” на Игор Станоески. Игор Станоески a.k.a ИГИ МАН е мултимедијален автор, музичар, композитор- аранжер, текстописец, академски скулптор и продуцент. Роден е на 02.07.1986 во Скопје, завршува средно училиште за применета уметност отсек применето вајарство Лазар Личеноски– Скопје во 2004, дипломира на Факултетот за Ликовни Уметности– Скопје, на отсекот ...

Новата книга на нашиот најтрофеен режисер Милчо Манчевски, „Манчевски: Пет есеи“ ќе биде претставена како дел од целовечерна мултимедијална презентација (со проекција на филмови и промоција) на 1 февруари (четврток) во 19 часот во новиот Културен центар „Лабораториум“ (старата печатница на „Нова Македонија“, Бул. „Климент Охридски“ 68) во Скопје. Издавач на двојазичната книга (македонски и англиски) е Филозофското друштво на Македонија. ...

Скопје 30.01.2024 Денеска на првата седница на преодната Влада беше усвоена информацијата за Програмата за користење средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2024 година, со која Министерството за култура ги поддржува капиталните проекти од областа на културата во единаесет општини. Министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска вели дека оваа година е обезбеден поголем буџет, 50 ...

Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2024 годинава по втор пат НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распиша Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на нашиот патрон, големиот поет и преродбеник Григор Прличев на тема „Како против пизмата?“ Од пристигнатите беседи на распишаниот Конкурс комисијата оценувајќи ја нивната уметничка, јазична и естетско– етичка содржина за најдобра ја одбра беседата „Како против пизмата?“ под ...

Јужноафриканскиот состав BCUC е првото големо име на музиката на светот што го потврди својот настап на претстојниот Оффест. Возбудата е дотолку поголема што токму оваа седумчлена екипа од Совето, Јоханесбург, е актуелен добитник на специјалната награда за животно дело (Artist Award) на минатиот WOMEX. И последниве години – водечка музичка атракција во светот. Bantu Continua Uhuru Consciousness или скратено BCUC ќе настапат во Скопје на 6 јуни, ...

Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и 50-годишниот јубилеј на Кинотеката на РСМ, во наредните неколку месеци фестивалот, Кинотеката и Центарот за култура Битола ќе организираат ретроспектива на култни филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“. Во Кинотека филмовите од ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ ќе се прикажуваат секоја среда од 20:00, ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
63%
1028
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.68
72%
1027
weather icon

Загреб

18ᴼ / 14ᴼ
1.54
78%
1027
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1029
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.83
48%
1026
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
95%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
2.24
43%
1023
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
77%
1024
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
53%
1026
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
64%
1026
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
63%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941