Вградените сензори за отпечатоци од прсти станаа стандард во речиси сите Android паметни телефони, и сега, по пет години чекање, конечно гледаме дека ултразвучните сензори стануваат широко користени на повеќе уреди. Сензорите за отпечаток од прст постојат во три основни форми. Постојат физички капацитивни сензори кои долго се користат, на пример, на задната страна на уредите на Samsung и Google Pixel, и се уште се користат во многу флексибилни ...

Новинарот на Bloomberg потврди дека MacBook Pro веројатно ќе добие целосен редизјан во 2026 година. Според новинарот Марк Гурман од Bloomberg, Apple ќе објави „целосно редизајниран“ MacBook Pro во 2026 година. Apple традиционално користи четиригодишен циклус на дизајн за MacBook Pro, но изгледа дека ажурирањето со M5 ќе биде само надградба со нови чипови – и ќе треба да почекаме уште една година за комплетно редизајнирање. Во викенд-изданието на ...

Apple планира да го објави iOS 18.2 за iPhone во првата недела од декември, според Марк Гурман од Bloomberg во најновото издание на неговиот билтен Power On. Apple веќе потврди дека ажурирањето ќе биде објавено во текот на декември, а сега имаме малку поконкретен временски период. Ажурирањето на софтверот вклучува дополнителни функции на Apple Intelligence за моделите iPhone 15 Pro и сите модели на iPhone 16, вклучувајќи Genmoji за создавање на ...

Samsung сè уште не се откажа од концептот наменет за оние кои ја сакаат флегшип Galaxy S серијата, а не сакаат да платат премногу, поради што направи нова поволна варијанта на смартфон. Galaxy S24 FE веќе пристигна кај нас и веднаш го испробавме, споредувајќи го со минатогодишниот модел, но и со премиум Galaxy S24 уредите. Јужнокорејската компанија направи неколку помали измени со Galaxy S24 FE, кои во комбинација претставуваат значително ...

PS5 Pro ќе има 16,7 TFLOPS GPU со 16 GB наменска GDDR6 VRAM меморија и дополнителни 2 GB DDR5 системски RAM. Конзолата PlayStation 5 Pro треба да биде лансирана на 7 ноември оваа година, по цена од 699 американски долари, односно околу 642 евра. Sony ја оправдува оваа цена со подобрената резолуција преку AI upscaling и PlayStation Spectral Super Resolution (PSSR) и стабилно играње на 60 fps, но многу корисници сметаат дека овие подобрувања не се ...

Мозаикот со висока резолуција и подобрени бои, објавен од американската вселенска агенција NASA, претставува неверојатен поглед на кратерот Језеро на Марс. Овие фотографии се направени од роверот Perseverance со помош на инструментот Mastcam-Z за време на искачувањето на западниот ѕид на кратерот. Мозаикот покажува многу места кои роверот ги посетил за време на својата трииполгодишна мисија во кратерот именуван по општината во Република Српска. ...

Најновите податоци на IDC покажуваат дека таблет уредите и понатаму се атрактивни за купувачите. Во третиот квартал оваа година забележан е раст од над 20 проценти во бројот на нивните глобални испораки. Според извештајот на Меѓународната организација за податоци (IDC), во третото тримесечје на 2024 година забележан е раст од 20,4 проценти во бројот на испорачани таблети низ целиот свет, со вкупно 39,6 милиони испорачани уреди. Apple и натаму ...

Наредната година изгледа дека не очекува мала, но значајна промена за смартфоните на Apple. Според аналитичарот Минг-Чи Куо, барем еден од моделите на iPhone 17 ќе биде опремен со Wi-Fi 7 чип, развиен од Apple. Сите актуелни модели на iPhone користат комбиниран Wi-Fi и Bluetooth чип, испорачан од Broadcom, но Куо очекува Apple да користи сопствен Wi-Fi чип за речиси сите свои производи во наредните три години. Аналитичарот истакнува дека овој ...

Мистериозен Google чипсет се појави во листата на GeekBench резултати со моќни спецификации – дали ова е новиот Tensor G5? Има многу интересни факти поврзани со потенцијалниот развој на идните Google Tensor процесори. Недавно се појавија многу прелиминарни информации за Tensor G5 и G6 чиповите, според кои TSMC ќе ја преземе производството на чиповите од Samsung. Tensor G5, конкретно, ќе го носи кодното име „лагуна“, ќе биде произведен на 3nm N3E ...

Новите информации покажуваат дека компанијата Meta се стреми да ја намали зависноста од Google и Microsoft и дека развива сопствен веб-пребарувач за својот чатбот. Meta работи на индексирање на веб-просторот веќе најмалку осум месеци. Се тврди дека целта на компанијата е да ги интегрира индексите во Meta AI, што ќе му даде на чатботот алтернатива на Google Search и Microsoft Bing. Meta јавно ја откри својата технологија за пребарување на веб ...

Уште една година на деловен раст е зад Apple, но инвеститорите се донекаде загрижени бидејќи резултатите од Кина не покажуваат исто како оние од остатокот од светот. Од друга страна, најголемите приходи им ги носат iPhone и услугите. Сезоната на објавување финансиски извештаи продолжува со податоците за работењето на Apple во третиот календарски, но четвртиот фискален квартал на 2024 година. За време на последните три месеци, компанијата ...

„Исчезнувањето на мејловите од Gmail во текот на последните неколку години може да биде проблем или благослов, во зависност од тоа дали испраќате или примате пораки. Пред три години, една ИТ компанија се пожали на Gmail subreddit: „Во текот на последните месец-два, имавме три клиенти кои користат домен uk.com и на кои Google или ги блокира или ги означува сите пораки како спам.“ Набргу, во мај 2024 година, корисник на официјалниот Gmail форум ...

Да се поседува НЛБ haPPy картичка овој месец е вистинска привилегија. Сите нови и постоечки корисници на НЛБ haPPy картичките во промотивниот период до крајот на ноември, ќе имаат можност за секоја направена трансакција, да добијат двојно поголем поврат на средства – од 1,2% од вредноста на трансакцијата, па сè до максимални 24%, во зависност од продажното место. Во рамки на промоцијата, корисниците на НЛБ haPPy кредитните картички за секоја ...

Последните генерации на Pixel смартфони може да се пофалат со доста способни камери. Сега, нови информации даваат преглед на идните модели кои ќе воведат бројни подобрувања во оваа насока. Со подобрениот чипсет Tensor G5, кој се очекува со серијата Pixel 10, ќе биде додадена функционалноста Video Generative ML. Преку неа ќе биде можно интуитивно уредување на видеа по снимањето, базирано на генеративна вештачка интелигенција. Google исто така ...

Samsung најави дека фокусот на S25 серијата ќе биде на подобрување на целокупното Galaxy AI искуство, а не на нов, унапреден хардвер. Додека S24 серијата добро се продава ширум светот, јавноста има големи очекувања во однос на лансирањето и промените во дизајнот на следната Galaxy S25 генерација на флегшип уреди на Samsung. Samsung даде релевантни најави во својот најнов јавен финансиски извештај за третиот квартал од 2024 година. Компанијата ...

Нови траги од вулканска активност и древни реки на Марс: истражувањата на NASA откриваат сложено геолошко минато на Црвената планета Во текот на историјата на истражување на планетите, Марс секогаш бил високо на листата на приоритети, но најновите откритија на роверот Perseverance на NASA го предизвикаа досегашното геолошко разбирање за Црвената планета во античкото речно корито Језеро. Овие откритија, како необичната карпа наречена Atoko Point, ...

Спортска еуфорија во општина Аеродром: љубителите на фудбалот и спортската рекреација добија нов дом Фудбалскиот клуб Аеродром денеска официјално го реотвори новото фудбалско игралиште, кое е лоцирано во непосредна близина на основното училиште „Александар Македонски“ во Ново Лисиче. По девет месеци напорна работа, овој современ фудбалски терен конечно е подготвен да ги прими сите љубители на фудбалот и спортската рекреација. Покрај новото ...

Apple постигна договор за аквизиција на Pixelmator, компанијата која стои зад популарните апликации за уредување фотографии, Pixelmator Pro, Pixelmator за iOS и Photomator. Аквизицијата е предмет на регулаторно одобрување, се вели во соопштението на тимот на Pixelmator објавено вчера. Со седиште во Вилнус, Литванија, Pixelmator има развиено серија на креативни алатки кои добија голема почит и кои конкурираат на понудите на Adobe, додека ...

Новооткриениот град се наоѓа веднаш до единствениот автопат во областа, во близина на градот во кој луѓето со години активно се занимаваат со земјоделство меѓу урнатините Научниците кои прегледуваа низ античките шумски истражувања од југоисточно Мексико неодамна открија одамна изгубен град на Маите, сега наречен Валеријана, кој лежи скриен меѓу модерните фарми и автопатишта во мексиканската сојузна држава Кампече. Некогаш просперитетниот град ...

Microsoft PC Manager за Windows 11 сега донесува опција за контрола на брзината на интернетот, напредно чистење на дисковите и оптимизација на перформансите. Microsoft PC Manager е алатка популарна меѓу одредени корисници, особено во Азија. Сега доби големо ажурирање (верзија 3.14) по подолго време. PC Manager за Windows 11 (и Windows 10) овозможува следење на брзината на интернетот директно на десктопот, преку алатник, и има нов алгоритам за ...

ProMotion досега беше ограничен само на Pro моделите, откако дебитираше со iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max во 2021 година, поради што голем број корисници очекуваат проширување на оваа функција на iPhone 17 и на наводниот iPhone 17 Air. Според индустриски извор цитиран од јужнокорејскиот ETNews оваа недела, сите четири модели на iPhone 17 што ќе се појават следната година ќе бидат опремени со LTPO дисплеи со ниска потрошувачка на енергија. ...

Радикалната хипотеза, која сугерира дека црните дупки можат да бидат причина за забрзаното ширење на нашиот универзум, предизвика контроверзии меѓу астрономите. Новата студија би можела да содржи први интригантни индикации дека оваа теорија би можела да биде многу точна. Астрономите можеби пронашле привлечни докази дека темната енергија, мистериозна енергија која го поттикнува забрзаното ширење на универзумот, може да биде поврзана со црните ...

Во соопштението за медиуми објавено пред неколку дена, Apple објави дека MacBook Air линијата сега стартува со 16GB RAM, наместо 8GB како претходно. Оваа промена важи за 13-инчните модели со M2 и M3 чипови, како и за 15-инчниот модел со M3 чип. Цената на MacBook Air во САД останува 999 долари, што значи дека зголемувањето на RAM меморијата нема да донесе поскапување. Оваа надградба е дел од поголемото усогласување на Mac линијара, бидејќи Apple ...

Како што се загрева Арктикот, поларните мечки се соочуваат со зголемен ризик од заразување со вируси, бактерии и паразити кои беа многу поретки пред 30 години, покажа новото истражување. Во истражувањето кое обезбеди индиции за тоа како болеста на поларните мечки може да се поврзе со губењето мраз, научниците испитуваа примероци од крв од мечки во Чукотско Море меѓу Алјаска и Русија. Тие ги анализираа податоците собрани помеѓу 1987 и 1994 ...

Корисниците на Android подолг период мораа да ја чекаат новата верзија на Android 15, која конечно пристигна оваа есен, а веќе се познати и термините за следните две надградби на оперативниот систем на Google. Очигледно е дека дојде до промена во темпото на надградбите, бидејќи следната голема надградба за Android е закажана за вториот квартал на 2025 година. Google соопшти дека промената има цел да го синхронизира објавувањето на новиот Android ...

Меѓународниот саем за енергетика и технологија – ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024, во организација на Скопски Саем, успешно заврши по тридневно изложување на најновите технологии и зелени решенија во Арената „Борис Трајковски“. Саемот ги привлече водечките компании од Македонија и регионот, како и бројни професионалци и посетители заинтересирани за иновации и решенија од областа на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и автоматизацијата. ...

Компанијата Google претстави низа нови функции во апликацијата Maps, овозможени благодарение на четботот Gemini AI Сега корисниците можат да побараат од Maps идеи за места кои би можеле да ги посетат, како и активности што би можеле да ги прават. Со користење на Gemini, Maps ќе може да испланира активност за корисникот, но и за група луѓе во одредена околина. Исто така, ќе може да понуди резиме на искуства на оние кои веќе го посетиле одреденото ...

Иако на прв поглед Link Manager може да изгледа непотребен, кога веб-прелистувачите ја интегрираат можноста за управување со фаворити, за оние кои бараат брз начин да зачуваат линкови што подоцна лесно ќе ги пронајдат – оваа апликација може да биде одличен избор. Сè повеќе корисници за прелистување на интернетот користат паметни телефони, но тоа не значи дека задолжително се користат мобилните верзии на веб-прелистувачите, бидејќи постојат многу ...

Надвор од својот основен модел за испорака, Wolt ги диверзифицираше своите услуги за да вклучи други важни производи, како лекови и електроника Wolt, иновативната технолошка компанија и платформа за локална испорака на храна и малопродажба, слави 10 години постоење и го најавува своето претстојно лансирање во Македонија. Со оваа експанзија, Македонија се приклучува на растечката мрежа на Wolt, која покрива 28 земји и вработува над 12.000 луѓе. ...

Google треба да биде многу внимателен – со ChatGPT Search можете да пребарувате на интернет подобро од кога било досега. Веќе некое време кружеа гласини за лансирање на SearchGPT интернет пребарувачот, а сега конечно е официјално пуштен и достапен за корисниците. Наместо целосно нов сајт, ова е само надградба на постоечката ChatGPT платформа, достапна на сите ChatGPT апликации за Windows, Mac и паметни телефоните. ChatGPT сега може да предложи ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
77%
1016
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.54
75%
1014
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
82%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.76
79%
1016
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
74%
1015
weather icon

Атина

27ᴼ / 22ᴼ
1.79
59%
1014
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
60%
1017
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
72%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
5.14
74%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
77%
1015
Currency

61.53

Currency

53.9615

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63