Речиси тричасовната лидерска средба во Клубот на пратениците, иницирана од премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, ја оцени како „изненадувачки првпат конструктивна“ посочувајќи дека било начелно договорено до крајот на пролетта, јуни, да се донесе нов Изборен законик иако за економските теми, како минималната плата, рече дека не наишле на разбирање. – Се дискутира за модалитетите. Една ...

Гренланд, најголемиот остров на Земјата, има повеќе природни ресурси од кое било друго место на светот. Во овој миг сите активности за рударство и вадење ресурси се строго регулирани од гренландската влада преку сеопфатна правна рамка, што датира од 70-тите. Како што пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert), Гренланд е посебно место на Земјата, кое од неодамна повторно е во средиштето на вниманието поради геополитичките превирања. Без разлика ...

Поранешен кандидат за амбасадор на САД во Србија, чија кандидатура беше повлечена, Марк Брновиќ, почина на 59-годишна возраст, соопшти семејството. Поранешниот државен обвинител на Аризона, Марк Брновиќ, почина на 59-годишна возраст, соопшти семејството. Брновиќ, кој има српско потекло, е поранешен државен обвинител на Аризона. Брновиќ починал како последица на срцев удар, соопшти претставникот на семејството Кејти Конер на 13 јануари, објави ...

Обвинителството при шпанскиот Врховен суд соопшти дека отворило истрага по медиумските објави дека познатиот пејач Хулио Иглесијас сексуално злоупотребувал две поранешни вработени. Според шпанските и американските медиуми, станува збор за две жени кои во 2021 година околу десет месеци работеле во карипските резиденции на Иглесијас во Доминиканската Република и на Бахамите. Жените пријавиле дека за време на нивниот ангажман биле изложени на ...

Атина е високо интелигентна, со силен инстинкт, супер концентрација и физичка издржливост, се грижи за безбедноста. Нејзина специјалност е заштита од експлозивни средства и направи. Гордо го носи елечето на кое е испишано, „полиција“. Атина е прекрасна, мила, насмеана, позитивна. Нејзината кроткост ги освојува симпатиите на сите што ќе ја запознаат. МИА ја фотографираше на крајот од јуни, ни го привлече вниманието на пуштањето во употреба на ...

На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар христијанските верници празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година. Именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка… Според еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од раѓањето се носело во храмот каде што било обрежувано, а притоа му било давано и име. Овој чин се сметал за ...

Мелезот Танк, комбинација од пит бул и чивини (чивава + дачунд) стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи откога неговата сопственичка, Кендал Кларк од Портланд, Орегон, ја сподели неговата приказна на „Редит“ на почетокот на јануари. Неговата глава потсетува на пит бул, а телото, долго и ниско, личи на дачунд, што веднаш ги освои корисниците на интернет. Кларк откри дека Танк дошол од случајно легло. Таткото е чивини, мешавина од ...

Ана Бекута синоќа настапила на градскиот плоштад во Чачак, а за нејзиниот концерт биле издвоени 4.500.000 динари или околу 40.000 евра, во екот на големите проблеми низ цела Србија поради обилните снежни врнежи. Револтирани граѓани дошле на плоштадот за да го изразат своето незадоволство од трошењето пари од градскиот буџет за новогодишен концерт, наместо да им се помогне на луѓето, пишува Нова.рс. Bekutanerka traži miliciju da je štiti od ...

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип, кој до 6:00 часот утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, 4 км пред патарината „Преод“, информира АМСМ. Сообраќајот и на останатите државни патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и ...

Дино Мерлин, Петар Грашо, Северина, но и Роџер Санчез се само неколкуте звучни имиња на странски изведувачи кои на покана на градоначалниците на неколку македонски општини со општински буџет се платени за да настапат на културно забавните манифестации. Штипска Пастрмалијада, Самун ем Татлија во Радовиш, Питијада во Велес, Тиквешки гроздобер во Кавадарци, Пиво фест во Прилеп, културно лето во Кисела Вода и многу други македонски забавни ...

Такси превозот во Штип со децении е повеќе од обична услуга – тој е дел од секојдневието на граѓаните, социјален амортизер во тешки времиња и често единствена алтернатива на јавниот превоз. Но денес, оваа дејност се соочува со сериозни предизвици: нови правила, нови конкуренти, повисоки трошоци и незадоволни корисници. За тоа каде оди такси превозот во Штип и зошто цените се менуваат, разговаравме со Глигор Арсов, еден од најискусните луѓе во ...

Се работи за напреден систем на сообраќајна констрола во рускиот главен град Москва, каде со унапредениот софтвер на сообраќајните камери почнаа да следат запирањата, каде што возилата им пречат на другите учесници во сообраќајот. Се работи, на пример, за возила кои блокираат излез од паркинг или пешаци. Вештачката интелигенција ги анализира податоците од камерите, идентификувајќи возила со знаци на прекршок. Вработен во центарот за контрола ...

Едноличен, бескрајно рамен и хипнотизирачки- така најчесто се опишува патот што важи за најздодевниот на светот. Иако нуди непречен и спектакуларен поглед кон една од најголемите песочни пустини на планетата, за возачите оваа делница претставува вистински тест за концентрација. Станува збор за патен правец долг 256 километри без ниту една кривина, нагорнина или надолнина, кој минува низ пустината Руб ел Кали во Саудиска Арабија, пренесува ...

Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни. Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Богданци за кривично дело Убиство од член 123 став 2 точка 1 и 2 од Кривичниот законик. -Осомничениот, на 11 јануари, при вршење семејно насилство, на свиреп начин ја лишил од живот сопствената мајка. Во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот. Во еден момент ...

Седумдесетгодишен жител на тетовско село во полиција пријавил дека тој и брат му биле измамени за сума од 15.000 евра од Л.Н. од Тетово. Како што денеска информираа од Министерството за внатрешни работи, според вчера пријавеното, во текот на 2024 година лицето им понудило нему и на брат му да им помогне да примаат пензија од странска држава бидејќи двајцата имале остварено работен стаж. Како што е пријавено, тој во неколку наврати им ги барал ...

Турскиот државјавнин Кадир Кара, роден 2003, е осуден на казна затвор од 17 години и протерување од Македонија за убиството на турскиот студент во кафуле на штипскиот плоштад на 8-ми мај годинава. Кадир Кара призна вина за убиството и за неовластеното држење на оружје на рочиштето одржано на 19-ти декември минатата година. Притворот му е продолжен до почетокот на отслужувањето на казната. Судот информира дека по однос на останатите четворица ...

Македонската текстилна индустрија ја изгуби својата конкурентска способност во однос на земјите од Далечниот Исток. Очекуваме потешка година за овој сектор, е оценката на Ангел Димитров од Организација на работодавачите, а воедно и менаџер на текстилна фабрика во Свети Николе. Димитров посочува дека странските партнери, поради ниските трошоци, своето производство го имаат префрлено во Бангладеш и други земји во Далечниот Исток, а во нашата ...

Старт 70 денари, во чија цена на се сметаат поминати два километри како до сега и 25 денари за секој поминат километар, е новата цена за авто-такси превозот што ја донесе Советот на општина Штип на последната седница на 29 декември 2025 година. Тоа значи ако се возите од населбата Сењак до центарот на градот, со новата цена ќе платите 145 денари, наместо сегашните 80 денари. Ноќе стартот ќе се наплаќа 90 денари и 25 денари од километар. Саат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека секоја земја која тргува со Иран ќе биде подложена на царина од 25 проценти за сите трансакции што ги остварува со Соединетите Американски Држави. „Стапува во сила веднаш: секоја земја што прави бизнис со Исламската Република Иран ќе плаќа царина од 25 проценти за сите зделки склучени со Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа „Трут соушал“. Тој ...

Американските борбени авиони ги интензивираа активностите во воздушната база Ал Удеид во Катар, лоцирана на околу 300 километри од границата со Иран, додека американската влада издаде итно предупредување до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран. Според извештаите на медиумите, неколку американски воени авиони, вклучувајќи го танкерот за надополнување гориво КЦ-135 и стратешкиот бомбардер Б-52, полетале од базата Ал Удеид во неделата ...

Жрепката за двете полуфиналиња на „Евросонг 2026“ се одржа во Виена вчера, а Израел е меѓу 15-те земји-учеснички кои ќе се натпреваруваат за место во финалето, и покрај противењето на неколку земји. Претставникот на Израел би требало да настапи во првото полуфинале на 12 мај, заедно со Грција, Белгија, Шведска, Хрватска и други. Данска, Романија, Швајцарија и Норвешка се меѓу оние кои ќе настапат во второто полуфинале. Германија, Франција, ...

И оваа година нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА традиционално кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година. Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – денот на рибарите. И оваа година нуркачите од Нуркачкиот ...

За два случаи на полови дејствија кон малолетници информира Основното јавно обвинителство Кавадарци, кое донесе Наредба за спроведување истражна постапка. Во првиот случај има сомненија за кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 од Кривичниот зaконик, додека вториот случај е за татко, кој во алкохолизирана состојба во повеќе наврти извршил полови дејствија кон сопствената ќерка. Во првиот случај, осомничени се ...

Познатиот охридски фотограф и креативен уметник Кристијан Љушев е младиот охриѓанец кој вчера го загубил животот откако паднал од зграда во Охрид, пишува ohridpress.com.mk. СВР Охрид се уште нема официјална информација за несреќата, но нефоцијално, како што пренесува сајтот, Љушев настрадал кога паднал од петиот кат во окно од лифт во здграда во изградба. По несреќата бил однесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. ...

Синоќа се одржа јавната трибина за идејното решение на семејствата на загинатите од Пулс, во центарот на Кочани да се изгради спомен обележје на жртвите од трагедијата. Предложената локација е местото познато како Стар парк во Кочани, на триаголникот помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на револуцијата“. Во присуство на заинтересирани граѓани, во салата на Мултикултурниот центар за Кочани, службите од Одделението за урбанизам соопштија дека ...

Сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2025 година оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01), потсетува Управата за јавни приходи (УЈП). -Доколку како физичко лице изнајмувате деловен простор во земјата, давате менаџерски, правни, економски, инженерски, занаетчиски ...

Кривична пријава против поранешен заменик градоначалник и вработен во Општина Старо Нагоричане за „злоупотреба на службена положба“ и „противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори“ -СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ц.(55) од Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, поранешен заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, и Д.А.(38) од Старо Нагоричане, вработен како соработник за промена на прописи, ...

Денеска претпладне се запали куќа на улица „АСНОМ“ во Штип. Екипите на територијалната противпожарна едниница и итната медицинска помош се излезени на терен и пожарот е ставен под контрола. Вчера, пак, во 15:50 часот во СВР Штип е пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Вита Поп Јорданова“ во Штип, сопственост на Л.А.(68) од Штип. Од екипа на Територијалната противпожарна единциа Штип е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од ...

МВР распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој на 9 јануари со автомобил „фолскваген пасат“ прегази жена во Капиштец, избега од местото на настанот и ја напушти државата. Како што наведува МВР на официјалната фејсбук страница, се работи за Саит Саитов од Скопје. -Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
43%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
51%
1019
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.53
41%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.08
61%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.49
54%
1016
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
0.89
42%
1020
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
5.36
61%
1012
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
3.56
54%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
4.37
43%
1016
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
4.02
96%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.68
42%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.18
61%
1013
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Злато

131337.93

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Паладиум

39545.42

Алуминиум

3.48

Рутениум

48965.59

Сребро

2072.63

Бакар

12.52

Калај

51.97

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Платина

53756.05