Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација наскоро би можела да има добри вести за своите напори за завршување на речиси четиригодишната војна во Украина. „Мислам дека се справуваме многу добро со Украина и Русија. Ова е прв пат да го кажам тоа. Мислам дека можеби имаме добри вести“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба на Белата куќа. Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф ќе присуствува ...

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се согласи да сведочи пред американскиот Конгрес во истрагата предводена од републиканците за починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин, јавија американските медиуми. Телевизијата Си-Ен-Ен и весникот „Њујорк Тајмс“ објавија дека Клинтон попуштил за да ја избегне заканата од постапка за непочитување на Конгресот, пренесе ДПА. Клинтон претходно одбиваше да сведочи. Поранешниот ...

Киев и вториот по големина град во Украина, Харков, повторно беа цел на руски ракети и борбени дронови, пренесе ДПА. Тимур Ткаченко, шеф на воената администрација на Киев, рано утрово на Телеграм предупреди за руски напади кои вклучуваат балистички ракети. Украинската новинска агенција Укринформ јави за неколку експлозии во Киев. Според непотврдени медиумски извештаи, погодени се две термоцентрали. Харков, во источна Украина, беше погоден од ...

Украина се договори со западните партнери дека секое руско кршење на идниот договор за прекин на огнот ќе предизвика координиран воен одговор од Европа и САД, јави денеска „Фајненшл Тајмс“ (Financial Times), повикувајќи се на информирани извори. Украински, европски и американски функционери во декември и јануари неколку пати разговарале за планот, а тој би вклучувал одговор во повеќе фази на секое руско кршење на договореното примирје, се ...

Европската народна партија (ЕПП) усвои стратегија која има за цел да го отстрани правото на вето од земјите-членки на ЕУ и да ја претвори Унијата во воен сојуз, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Ова е стратегијата што ја усвои ЕПП, чиј член е опозициската Тиса. Ова е нивната цел. Секој што е член на ЕПП се согласува со оваа програма. Не треба да има сомнение: Тиса не може да се откаже, дури и да сака“, напиша тој доцна синоќа на ...

Никој не е сигурен нити имун од тоа приватните снимки со еротска или порнографска содржина да му завршат на интернет. Излегува дека нелегално поставени камери се кријат зад секој агол – кај фризер, козметичар или масер. Ова е заклучокот на бугарските медиуми, кои веќе една недела известуваат за случаи на протекување на интимни снимки на девојки, кои посетиле салони за ласерска депилација. Честопати, технички проблем или злонамерен вработен ...

Полициската станица во Кочани доби нов командир. Драганче Даневски доаѓа на местото на досегашниот Горан Миленковски. Покрај нов командир на полициската станица, Кочани доби и нов началник на надворешната канцеларија за криминалистички работи (НККР), Тоше Стојанов. Миленковски на позицијата остана помалку од една година. Беше именуван на позицијата на 26 март, десет дена по трагедијата во Пулс, откако на 18 март министерот за внатрешни работи ...

Системот „Безбеден град“ констатирал 24 прекршоци за минување на црвено светло во Куманово, а 31 прекршок за возење со брзина поголема од дозволената, соопшти денеска МВР. – Во текот на вчерашниот ден системот „Безбеден град“ за минување на црвено светло-констатирани се 64 прекршоци, од кои на територија на Скопје 35, Тетово пет, Куманово 24. За возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 582 прекршоци, од кои 445 во ...

Наместо до 10 април, земјиште дел од Шенген зоната ќе можат до септември годинава да го применат Европскиот систем за влез/излез (EES). Со одлука на ЕУ, земјите-членки ќе можат делумно да го суспендираат системот за влез/излез од ЕУ за време на летото, кога има зголемен број на патници. Одлуките се донесени поради повремените проблеми што се јавуваат на границите поради застоите од потребата патниците да ги внесат биометриските податоци, како ...

„Втор ден по ред власта молчи за картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија. Молкот е потврда дека власта се обидува да го заташка скандалот и да ги заштити виновниците. Како тоа поминале 5 тони дрога преку македонската граница а нема одговорност од никој“, прашува Петар Огњеновиќ, член Извршниот одбор на СДСМ. „Нели има „сејф сити“ камери, скенери и контроли на граничните премини. И никој ништо не видел, ...

Намалување на приходите во државниот буџет и сериозен притисок врз трговијата – вакви последици предвидуваат економските аналитичари доколку се усвои Законот за заштита од пушење во предложената форма. Се поставува прашањето како овие мерки ќе се одразат врз стабилноста на јавните финансии и дали евентуалниот пад на приходите од акцизи може да резултира со нови давачки за граѓаните. Овие предупредувања доаѓаат во период кога буџетскиот ...

Вкупно 508 прекршоци регистрирал системот „Безбеден град“ вчера до 20 часот на вториот ден од неговата официјална примена. Од нив, 454 се за брзо возење, 42 се за црвено светло, 12 се за нерегистрирани возила – изјави министерот за вантрешни работи Панче Тошковски во синоќешно гостување на ТВ „Алфа“. Вчерашната бројка на прекршоци е приближно иста како и во неделата кога „Безбеден град“ почна со регистрација на прекршоци. Тошковски е ...

Од ноќеска на полноќ во Бугарија во продажба е еднодневна винета по цена од 4,09 евра. Овој вид на плаќање е особено погоден за македонските граѓани кои поминуваат низ Бугарија или патуваат на еден ден. Еднодневната винета, меѓу другото, важи за патнички автомобили до 3,5 тони, за приколки и камп-приколки, како и за камп-вагони од категоријата М1, без оглед на нивната технички дозволена максимална маса. Еднодневна винета за патнички ...

Функционирањето на клубот, неговата внатрешност, издавањето карти при влез, па се до моментот кога избувнал пожарот и кога димот и чадот ја зафатиле преполната дискотека, како и последиците што ги трпат до денес, беа дел од исказите на сведоци во судницата во Идризово на денешното продолжение на судењето за случајот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Прв сведочеше гостин во дискотеката „Пулс”, којшто во пожарот се здобил со ...

Српската полиција уапси во Краљево маж (44) од Северна Македонија под сомнение дека ограбил обложувачници и пошта, соопшти денеска локалната полициска управа. Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека влегол во обложувачници и пошти на територијата на Краљево со фантомка на главата и, со закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари. Во станот на осомничениот, полицијата пронашла дел од парите, фантомка и реплика од пиштолот ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на експресниот пат Кочани-Штип во близина на село Тракање. Според првичните информации несреќата се случила меѓу три возила. Како што велат надлежните од СВР-Штип, има и повредени лица, но во моментов не се знае со какви повреди се. Во тек е увидот на местото на несреќата од страна на истражните органи, а патот е затворен за сообраќај. Возилата се пренасочуваат кон регионалниот пат Кочани-Штип. ...

Видеа од млада жена со непристојна содржина, снимени без нејзина согласност од камери во салон за убавина во Бургас, биле дистрибуирани во тајна група на Телеграм. Жената дознала за вознемирувачките снимки од пријателка која била членка на дотичната група. Според менаџерката на објектот, која исто така бил жртва, станува збор за личен напад врз неа, објави бТВ. Во меѓувреме по дојава за протекување видео снимки со клиенти објавени на ...

Градоначалникот на едно романско село со 166 жители, кое нема вода за пиење, ниту канализација, оди на работа со хеликоптер вреден 800.000 долари, објавуваат телевизијата „Диџи 243 и веб-страницата „Хотњуз“. Жителите на селото Бребу Ноу во округот Карас-Северин немаат ниту вода за пиење ниту канализација. Сепак, неговиот градоначалник користи хеликоптер за службени цели, купен за 800.000 долари од Австрија на име на компанија што ја ...

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице обвинето дека сторило кривично дело Давање поткуп и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание, три лица кои сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание и на едно лице му се става на товар кривичното дело Примање поткуп. -Првообвинетиот како управител на кривично ...

Предлог-законот за заштита од пушење предизвикува загриженост дека строгите забрани за одредени никотински производи може да го поттикнат црниот пазар. Со ограничувањето на продажбата на вејпови со ароми, се отвора можност тие да продолжат да се користат, но надвор од каква било институционална контрола. Во ваков сценарио, државата не само што би губела приходи, туку би се соочила и со сериозен јавноздравствен предизвик. Потрошувачите би ...

Потресни детали за кобната ноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани излегоа на виделина за време на денешното рочиште од судската постапка за пожарот во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Преживеаниот Петар Марковски пред судот опиша сцени на целосен хаос, но и сериозни нерегуларности во работењето на локалот, кои, според неговото сведочење, биле познати и практикувани подолго време. Марковски раскажа дека во моментот кога ...

Поранешниот директор на Институтот за судска медицина, Алексеј Дума, во изјава за „360 степени“ потврдува дека станува збор за проект што се реализирал во периодот меѓу 1990-тите и 2000-тите години. Притоа, вели дека не станувало збор за никаков профит зашто, како што вели, мозокот не може да оди на црниот пазар Кога прифативме, согласност даде и етичкиот комитет на Медицинскиот факултет, вели Дума. Мозок не може да се продаде и тој не може ...

Во врска со денешните јавни настапи и изјави на Трендафилов, како Влада најостро реагираме на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог. -Не знаеме кого Трендафилов чекал, сместувајќи се во празна сала, но едно е кристално јасно, социјалниот дијалог за нас е сериозна и одговорна државна политика, а не средство за политички театар и парадерство пред камери. Јавноста треба да знае дека средбата на Премиерот Мицкоски со ...

Министерството за здравство денеска ги објави имињата на експертите од странската комисија за истражување кардиолошки и кардиохируршки операции. – Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, меѓу кои д-р Уголино Ливи, кардиохирург од Италија, со искуство како редовен професор од областа кардиохирургија на Универзитетот во Удине, а бил ангажиран како ...

6.000 денари секое утро во Утринско шоу со Христина! 🎙️💥 Секое утро во Утринско шоу со Христина, во два посебни термини – 08:10 и 08:30 часот, во етер вклучуваме два пара кои се подготвени за брза и забавна игра. Секој пар добива 30 секунди да одговори на нашите прашања. Парот кој во зададеното време ќе даде повеќе точни одговори, ја освојува дневната награда од 6.000 денари. Играта се игра секој работен ден – од понеделник до петок, а ...

Руски дрон падна во близина на автобус на рудник во областа Павлоград во регионот Дњепропетровск, при што животот го загубија 12 рудари, а седум се повредени, соопшти украинската војска, пренесува Рубрика. „Непријателот со беспилотно летало таргетираше службен автобус на едно од претпријатијата во областа Павлоград. Според прелиминарните информации, 12 лица се убиени, а уште 7 се повредени“, првично напиша раководителот на ОВД Дњепропетровск, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе го тужи водителот на доделувањето на Греми наградите, Тревор Ноа, за кого рече дека изнел невистина дека тој и поранешниот американски претседател Бил Клинтон „поминувале време“ на островот на покојниот осуден сексуален престапник Џефри Епстин. „Ноа неточно рече за мене дека Доналд Трамп и Бил Клинтон поминувале време на островот на Епстин. Погрешно! Не можам да зборувам во името ...

Неколку земји започнаа нов групен предизвик, т.е. целосно бришење на апликациите за социјални мрежи во текот на февруари, со цел намалување на зависноста од паметните телефони и враќање на контролата врз вниманието, пренесува белгискиот медиум РТБФ (RTBF). Иницијативата доаѓа во период на растечко незадоволство од т.н. хиперповрзаност обележана со неконтролирано скролање, анксиозност, замор од алгоритми и загриженост поради брзиот развој на ...

На патниот правец Удово – Валандово утрово од 05:25 часот е воведена забрана за сообраќај поради излевање на Калковска Река. Сообраќајот се пренасочува на патниот правец село Марвинци – Валандово. Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, магла има на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека поради што видливоста е намалена до 100 метри. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови со остатоци на ...

Во вкупно 73 мејла од објавеното досие на Џефри Епстин се споменува Македонија. Меѓутоа, споменувањето е извештаи, официјални информации и понуди за инвестирање до осудениот педофил. Само еден мејл од споделена новинарска сторија од Блумберг открива за македонската јавност неверојатна и до сега непозната информација – мозоци на починат луѓе од Македонија биле испраќани со авион за научно истражување на научници од Универзитетот Колумбија. ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
4.77
42%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.24
51%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.4
38%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.9
58%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.89
41%
1015
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
0.89
47%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
5.81
56%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
4.22
49%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
5.4
39%
1016
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
5.81
94%
1017
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
4.02
38%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.51
62%
1013
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Паладиум

39545.42

Злато

131337.93

Калај

51.97

Сребро

2072.63

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Платина

53756.05

Алуминиум

3.48

Рутениум

48965.59

Бакар

12.52