Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Намалена видливост поради магла до 50 метри има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2025 година, изнесува 6 706.2 милиони евра и бележи раст од 2.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, е 9 563.4 милиони евра, што е за 4.1 % повеќе во споредба лани, соопшти Државниот завод за статистика. Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 3,64 отсто го намали надоместокот за дистрибуција на електрична енергија, односно за користење на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција од 1 јануари 2026 година. За истиот период за 2,67 отсто е намален надоместокот за пренос на електрична енергија, односно за користење на преносниот систем од МЕПСО, а за 3,4 отсто е намалена цената на операторот на пазарот на електрична енергија ...
Поради реконструкција на пругата на делницата Скопје – Зелениково, од 11 декември 2025 до 10 јуни 2026 година нема да сообраќат повеќе возови. – Нема да сообраќаат следниве возови: возот број 601 на релација Скопје – Велес, со време на тргнување во 8:00 часот, возот број 2081 на релација Скопје – Велес со време на тргнување во 13:20 часот, возот број 643 на релација Скопје – Битола, со време на тргнување во 14:30 часот, возот број 2080 на ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е завршена постапката за обработка, евалуација и верификација на сите пристигнати пријави за финансиска поддршка преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. По деталните проверки спроведени од комисиите и вкрстувањето на податоците со надлежните институции, јавно e објавен списокот на сите лица и домаќинства кои се стекнаа со право ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска им врачи благодарница на волонтери од Црвениот крст на Република Северна Македонија, во знак на признание за севкупниот придонес и поддршка во надминување на последиците и предизвикани од катастрофалниот пожар во Кочани што се случи годинава на 16 март. Благодарницата беше врачена во рамки на настанот во Собранието по повод 5 декември – Светскиот ден на волонтерството. Иле Матеничарски од Црвен ...
САД планираат да го прошират бројот на земји опфатени со забраната за патување на повеќе од 30, изјави американската министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем. – Нема да бидам прецизна за точниот број, но тој е поголем од 30, а претседателот продолжува да ги проценува земјите, рече Ноем во интервју за Фокс Њуз, одговарајќи на прашањето дали администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, планира да го зголеми бројот на земји ...
Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го објави почетокот на втората фаза од неговиот мировен план за Газа до 25 декември, објави американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на извори од американската администрација. Според порталот, американскиот лидер има намера да „го објави влегувањето на мировниот процес во Газа во втората фаза пред Божиќ и да претстави нова структура што ќе управува со енклавата“. Се очекува Трамп да се ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска изјави дека неговата земја ќе ја тужи Европската комисија, доколку го занемари ветото на Унгарија за планираните санкции за купување руски гас и нафта. – Брисел си играше со погрешни коцки кога одлучи за забраната за купување руска нафта и гас, од што е изземен ставот на Унгарија и Словачка, како и трговската политика на ЕУ која зависи од гласање, рече тој за Радио Кошут, пренесе МТИ. Според него, ...
Потпретседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, процени дека користењето на руските замрзнати средства од страна на Европската Унија ќе се смета за „casus belli“ (причина за војна), објави парискиот весник „Монд“. Европската комисија во средата презентираше двегодишен план за финансирање на Украина, а една опција е користење на руските средства замрзнати во Европа. Меѓутоа, мерката сè уште се соочува со отфрлање од Белгија, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, соопштуваат од ЈП „Македонија пат“. Оттаму додаваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената ...
Семејствата и блиските на загинатите од катастрофалниот пожар во дискотеката Пулс ги повикаа граѓаните да им се приклучат на утрешниот 32-ри Марш за ангелите во Кочани: „Паралелно со судскиот процес, ги повикуваме сите граѓани кои веруваат во човечноста и правдата да ни се придружат на 6 декември 2025, сабота, со почеток од 14:05 часот од Паркот на револуцијата во Кочани. Да чекориме со љубов, со болка и со достоинство. Во име на оние што ...
Бојан Стојаноски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата „Анализа“ на 24 телевизија, каде се осврна на темата за Анкетна комисија која како што вели, е формирана да ги разгледа сите трагедии. Тој истакна дека комисијата ќе трае 45 дена и дополнителни 30 за изготвување извештај, при што секое релевантно лице ќе може да биде предложено и сослушано. „Сметавме дека треба да се даде шанса при таква една Анкетна ...
По повод 5 декември – Светскиот ден на волонтерството, пратеници заедно со волонтери на Црвен крст на Република Северна Македонија, утрово излегоа на терен за да помогнат таму каде што е потребно. Како што беше појаснето, активностите опфаќаат пакување и дистрибуција на хуманитарна помош, поддршка за бездомници, помош на стари и изнемоштени лица во домашни услови, социјални активности за поддршка на лица од третата доба, поддршка за лица со ...
Последниот месец од годината е секогаш исполнет со желби, еуфорија и споделени моменти кои сплотуваат. Овој декември, празничната сезона и музичката сцена ќе трепкаат од новогодишни звуци. Една од најпрепознатливите македонски уметници, Сара Мејс, заедно со својот вокален квартет, познат во јавноста како Sarah Mace & The Girlzz, во декември ќе ѝ ја донесат на публиката својата новогодишна магија, преку серија од четири концерти во ...
Царински службеници од ЦИ Тетово спречија обид за криумчарње стока која била натоварена во Турција и наменета за увозник од Скопје. Станува збор за 2000 кг, или 200 вреќи од по 10 кг прашак за перење алишта со трговска марка Ариел која ги повредува правата од интелектуална сопственост. -Преку одделението за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост при Царинската управа известен е правниот застапник на носителот на ...
Измама со лажен несреќен случај, измамена повозрасна битолчанка за сума од 20.000 евра -На 03.12.2025 во 10:19 часот во СВР Битола, 70-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило и ја известило дека нејзината ќерка паднала по скали и ја искршило вилицата и ногата и дека требало да и се стават златни шипки. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на ...
Повеќе неправилности и пропусти во работењето на Општина Свети Николе во текот на 2024 година, констатира Државниот завод за ревизија. Општината има ненаплатени побарувања во од над еден милион евра (1.070.520), кои според ревизорите се резултат на непреземени мерки за редовна наплата. Изградениот клон од детската градинка „Рахилка Гонева“ во село Ерџелија со вредност од 437.154 евра, не е пуштена во употреба, поради тоа што нема пристапен ...
Во момент кога во судницата во Идризово доминираа правни расправии и меѓусебни обвинувања, настана краток прекин исполнет со тишина. Бранителот на обвинетиот Јане Јанчевски – управител на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ – адвокатот Јовица Страшевски, ѝ предложи на судијката да се направи исклучок од вообичаената процедура. „Предлагам да оддадеме почит со едноминутно молчење за жртвите,“ рече тој. Судијката Дијана Груевска Илиевска го ...
Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси во Струмица, напиша на Фејсбук Костадин Костадинов, порнешен градоначалник, по објавата дека полицијата поднела кривична против него и уште пет лица за злоупотреба на постапка за јавна набавка за електрични автобуси. . -Проектот од стратешко значење за општина Струмица од кој, денес во пракса сите жители на општината имаат ...
На денешното рочиште за случајот поврзан со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, одбраната на обвинетите градоначалници истакна дека постапката се води врз основа на нецелосна истрага и без обезбедени факти кои директно ги поврзуваат со катастрофата. Бранителите на Николчо Илијев и Љупчо Папазов нагласија дека нивните клиенти постапувале согласно закон и прописи, дека одговорноста за надзор и регулатива е во надлежност на стручните служби, ...
„Загрижува фактот што обвинетите продолжуваат да добиваат јавен простор за изјави и медиумски настапи иако се соочуваат со сериозни обвиненија поврзани со последиците од настанот во кој беа уништени 63 животи и зацрнети 200 семејства. Тие се однесуваат како тие да се оштетени, како тие да не знаат зошто се обвинети, како првпат да слушаат дека дискотеката Пулс постоела. А постоела и работела цели 13 години. Иако правото на одбрана е ...
На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната оцени дека обвинението против обвинетите од обезбедувањето е неосновано, без конкретни докази и изградено врз хаотични претпоставки. Адвокатите нагласија дека дел од обвинетите имале ограничени задачи и не можеле да спречат внес на пиротехника, а како клучни причини за трагедијата посочија институционални пропусти и недостиг на надзор. Во пожарот што се случи на 16 март годинава ...
ЗГ Медиа плус започнува со објавување на серија текстови и прилози на теми од пристапниот процес и напредокот во Поглавјето 27, од аспект на потребите и истакнатиот интерес на граѓаните во текот на средбите со заедницата. Го анализираме регионалното управување со отпад и ЕУ директивите во областа, како и проблемите и предизвиците што произлегуваат за забавеното спроведување на проектот за регионално управување со отпад финансиран од ...
Иако изградбата на депонијата кај Мечкуевци се наоѓа во најнапредна фаза во споредба со останатите региони, процесот не минува без проблеми. Министерството за животна средина, кое е носител на проектот, се соочува со недоволен број квалификувани компании пријавени на тендерите за изградба, како и со отпор од страна на локалната власт и жителите на Свети Николе. Тие се противат на локацијата во Мечкуевци, стравувајќи дека отпадот нема да биде ...
Во текот на неколкуте средби со заедницата што ги одржа Здружението „Медиа плус“, впечатокот е дека различен е степенот на подготовка на општините во Источниот регин за организирано справување со отпадот и можностите за тоа. Различни се можностите и капацитетите на јавните претпријатија, во чија надлежност е изнесувањето на отпадот, во зависност од големината на општината. На пример, малата општина Зрновци изнесувањето на отпадот го ...
Едни депонии се затвараат, други – диви, ги создаваат граѓаните со својот нееколошки однос. Ваква е констатацијата од институциите и претпртијатијата чија грижа е изнесувањето на отпад во Источниот регион. Граѓаните и граѓанските организации пак, сметаат дека нема доволно организирани напори во подигнувањето на јавната свест за отпадот, поради што ѓубре се фрла насекаде. Во источниот регион бавното темпо на реализација на регионалната ...
Текстилниот отпад станува едно од најбрзо растечките еколошки проблеми во Македонија. Илјадници тони негорливи и тешко разградувачки материјали годишно завршуваат на дивите депонии заедно со другиот отпад, покрај патишта и во коритата на реките, создавајќи сериозен ризик за животната средина и здравјето на граѓаните. Иако земјата е текстилен центар со силна индустриска традиција, системско решение за отпадот речиси и да нема – проблемот ...
Директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за Блискиот Исток, Северна Африка и Персискиот Залив, Стефано Санино, повеќе не ја извршува таа функција, откако Европското јавно обвинителство (ЕППО) го сомничи за корупција, и тој ќе се пензионира на крајот од годината, објави денес портпаролот на Европската комисија. Санино, беше приведен од белгиските власти, па пуштен на слобода е дел од истрага за измама. Потврдата дојде откако ...
Православните христијани денеска го празнуваат Воведение на Пресвета Богородица во храмот или како што го нарекува народот Пречиста. Воведение на Пресвета Богородица – празник на воспитувањето Празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот ни го истакнува за углед односот на праведните Јоаким и Ана, нивното исполнување на ветеното, но и нивната грижа за правилно воспитување на нивното дете. Но овој празник и денес е актуелен со тоа што ...