Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Астронаутите на кинеската вселенска станица Тјангон ја направија првата скара во вселената, со што се одбележа пристигнувањето на екипажот на мисијата Shénzhōu-21 и се подготвија за заминувањето на членовите на мисијата Shénzhōu-20. Новата печка на топол воздух инсталирана на станицата им овозможи на астронаутите да подготвуваат свежи оброци во орбитата. Првата група уживаше во пилешки батаци, печени 28 минути на 180 степени, додека втората ...
Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок на својот пат кон ЕУ во изминатата година, додека другите земји-кандидатки ќе мора да инвестираат повеќе, изјави денеска комесарката за проширување Марта Кос. „Значителниот напредок постигнат досега од Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина на нивниот пат кон ЕУ покажува дека реформите се исплаќаат. Ова треба да послужи како силна мотивација за сите земји вклучени во ...
Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам беше прогласен за витез денеска во замокот Виндзор, како признание за неговиот децениски придонес во спортот и добротворните цели. Бекам беше прогласен за витез од кралот Чарлс III, а во таа пригода поранешниот фудбалер носеше одело дизајнирано од неговата сопруга Викторија, моден дизајнер и поранешна членка на Spice Girls. Кралот Чарлс и Бекам разменија топли зборови за време на церемонијата, а ...
Нов скандал со обложување го тресе UFC, а ситуацијата дополнително ескалираше откако двајца борачи јавно признаа дека во минатото им биле понудени пари за местење борби. Овие откритија доаѓаат само еден ден откако познатиот новинар Ариел Хелвани објави дека голем број борачи добиле понуди намерно да ги губат борбите, пишува MMA News. Винс Моралес, борец во категорија пердув, потврди на социјалните мрежи дека му биле понудени 70.000 долари за ...
Родителството фундаментално го менува начинот на кој го гледате светот, особено вашите сопствени родители. Многу работи што некогаш ви изгледаа сурови или неразумни почнуваат да имаат смисла со текот на времето. Возрасните почнуваат да ги гледаат жртвите што ги направиле нивните родители, борбите што ги издржале во тишина и љубовта што постоела дури и кога не била изразена со зборови. Со тоа сфаќање доаѓа подлабоко разбирање, емпатија и ...
Направете најубав и највкусен посен солен ролат со печурки според старински рецепт. Совршено предјадење за слава. Ако подготвувате гозба за вашата посна, веројатно веќе имате испланирано што сѐ ќе има на трпезата, од солено до благо. Она што гостите особено го сакаат се предјадењата. Веруваме дека ќе бидете воодушевени од овој рецепт за декоративно и, пред сè, вкусно предјадење. Посниот ролат направен од разновиден зеленчук претставува ...
Денеска во УЕФА беа извлечени квалификациските групи за пласман на Светското првенство за жени, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година. Квалификациите паралено ќе бидат и Лига на нации сезона 2026/2027. Македонија квалификациите ќе ги започне од Лига Ц, во која има вкупно 6 групи. Натпреварите од оваа фаза ќе се играат во март, април и јуни 2026 година. Победниците од шесте групи во Лига Ц, како и двете најдобро рангирани второпласирани ...
Ако се чудите како некои луѓе во текот на неделата може да направат комбинација од џудо тренинг, часови по јога и одење на балет, треба да знаете дека тајната на успехот се состои во правењето распоред и постепениот почеток на вежбањето. Ако сте почетник, не претерувајте со вежбање во првата фаза. Најоптимално е да почнете со два тренинзи неделно, па после еден месец вежбање, два или три пати зголемете го интензитетот со вежбање дополнителен ...
Иако полскиот јазик се смета за еден од најтешките јазици за луѓето, вештачката интелигенција го разбира изненадувачки добро, постигнувајќи просечна точност од 88% во завршувањето на задачите. Полскиот јазик се покажа како најдобар јазик за „промптување“, давајќи команди на вештачката интелигенција, додека англискиот јазик се најде само на шестото место. Имено, група истражувачи испитувале кој јазик вештачката интелигенција го разбира ...
По три години континуирана поддршка на уролошките оддели низ Македонија, оваа година Прилепска Пиварница одлучи кампањата да добие нов, уште поактивен правец – директна помош и мотивирање на мажите да вршат редовни прегледи за превенција на машкото здравје. Во рамките на кампањата која ќе трае цел ноември, ќе се поделат лимитиран број на ваучери што ќе ги доделуваме секоја недела, за уролошки и превентивни прегледи во две приватни болници – ...
Логичен расплет за убедливо најлошиот тренер сезонава во Серија А: Стефано Пиоли повеќе не е тренер на Фиорентина. По катастрофалните резултати сезонава, раководството на клубот од Фиренца одлучи да го разреши искусниот италијански стручњак од неговите должности. Во текот на воведните 10 кола од Серија А, Фиорентина е закована на последното место на табелата, што сигурно не беше во плановите на раководството кога Пиоли летоска беше претставен ...
Ракот на панкреас е еден од најсмртоносните облици на рак. Експертите го опишуваат како исклучително тешка болест за лекување со многу лоша прогноза. Додека медицината напредува во лекувањето на многу видови рак, напредокот со ракот на панкреас е сè уште ограничен. Британската национална здравствена служба (NHS) нагласува дека е „тежок за лекување“, првенствено поради доцното откривање. Според податоците од организацијата Cancer Research UK, ...
Реал Ваљадолид ја победи Гранада со 2:1 во натпревар од втората шпанска лига. Во сезоната на враќање кон Ла Лига, оваа победа носи важни три бода, а клучниот детаљ се случи во седмата минута од судиското продолжение. Во финалето на стадионот „Хозе Зориља“, додека Ваљадолид го бранеше водството, дефанзивецот на домашниот тим, Иван Алехо, направи необичен потег. Надвор од главниот фокус на играта, го зграпчи најблискиот противник за главата и ...
Полната супермесечина во Бик која ќе се случи на 5 ноември 2025 година претставува моќен астролошки феномен, кога Месечината ќе биде најблиску до Земјата во својата елиптична орбита, што ја прави појавата особено интензивна во енергијата и влијанието. Оваа супермесечина е во знакот Бик, кој е познат по својата поврзаност со стабилноста, материјалната безбедност, чувството на мир и удобност, но и по истрајноста и упорноста. Во овој период ќе ...
Според експертите, ова се некои работи што не ги паметиме од детството, односно што сме ги потиснале ако сме имале токсични родители. Сеќавањата од детството често се нејасни, но за луѓето кои пораснале со токсични родители, одредени моменти можат да бидат целосно потиснати. Ова не се нужно трауматски настани во класична смисла, туку мали, повторувачки ситуации кои го обликувале начинот на кој се перцепираме себеси и другите. Кога родителите ...
Google започна со објавување на нова верзија на својата апликација Translate со функција што овозможува креирање поточни преводи со помош на вештачката интелигенција Gemini, објави 9to5Google. Функцијата се појавува како селектор на модел со вештачка интелигенција на врвот од апликацијата, дозволувајќи им на корисниците да избираат помеѓу Fast (брз) и Advanced (напреден) превод. Досега, оваа функција се појави за некои корисници на iOS, но не ...
Есента носи изобилство од сезонска храна што може да помогне во намалувањето на воспалението во телото и подобрување на вашето здравје. Иако воспалението е природен одговор на телото на повреда или инфекција, долготрајното воспаление може да биде поврзано со голем број хронични болести. Добрата вест е дека исхраната може да има моќен ефект врз ублажувањето на овие процеси. Подолу, ви донесуваме преглед на есенските намирници кои се богати со ...
Милан ја победи Рома со 1:0 во дербито на десеттото коло од Серија А. Лука Модриќ ги одигра сите 90 минути во одличен натпревар на Сан Сиро. Дербито понуди многу шанси за двете страни. Рома доминираше во првото полувреме, но Милан беше многу подобар на почетокот на второто полувреме. Модриќ го заврши натпреварот со една одлична создадена шанса, две клучни додавања, 1/2 успешни дриблинзи, 2/4 добиени дуели, две расчистени опасности, едно ...
Внимателно ги планираме нашите оброци во текот на денот, но честопати занемаруваме што јадеме непосредно пред спиење. Паметно избраната ноќна ужина може да направи многу повеќе од задоволување на гладот, се согласуваат експертите; овој оброк може да помогне во заштитата и хранењето на мозокот додека спиеме. Регистрираните диететичари открија изненадувачки едноставна, но исклучително ефикасна комбинација: тврдо варено јајце и бадеми. Ова дуо ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: од 8 до 14 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште) од 8:30 до 11:30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец) од 8:30 до 11:30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште) од 08:30 до 11:30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец) од 9 до 12 часот, корисниците од ул. Вера ...
Во Чациленд просторот пред српското Собрание, каде што се собираат поддржувачи на режимот на Александар Вучиќ, таканаречените „чаци“, имаше инциденти поради кои беше потребна интервенција на полицијата, објавува N1 Србија. Според видео објавено на социјалните мрежи, наводно избувнала тепачка во Чациленд, по што полицијата во опрема за разбивање немири брзо реагирала. На видеото се гледаат полицајци како трчаат кон шаторите поставени пред ...
Англискиот фудбалер Трент Александер-Арнолд зборуваше за своето враќање на „Енфилд“ пред натпреварот од четвртото коло од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Десниот бек го замени својот роден град со Мадрид ова лето. Навивачите на Ливерпул не му го простија предавството. Најмногу поради начинот на кој го направи тоа, претходно не го обнови договорот, поради што си замина без обештетување. Реал на крајот плати околу 10 милиони ...
Посните замени за павлака се идеални ако сте нетолерантни на млечни производи, постите или имате посебна диета. Посните замени за павлака се добар избор, без разлика дали имате алергија на млечни производи или претпочитате млеко од растително потекло. За среќа, постојат безброј опции со слична конзистенција, текстура и вкус. Интересно е што многу популарни млека од растително потекло можат да се трансформираат во совршена замена за павлака, ...
Пирс Морган го најави најличното и најискрено интервју во кариерата на Кристијано Роналдо, кое ќе се емитува во вторник, 4 ноември, а интересни делови веќе се појавија на Х. Во краток клип кој веќе стана вирален на социјалните мрежи, Морган го прашува Роналдо за мислењето на Вејн Руни, кој рече дека Лионел Меси е подобар од Роналдо. „Меси е подобар од мене? Не се согласувам. Не сакам да бидам скромен“, рече Роналдо. Роналдо уште еднаш јасно ...
Државната изборна комисија попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори. Гласањето како што информираше претседателот на ДИК, Борис Кондарко, било спроведено во 32 општини и во градот Скопје, со вкупно 1.013.357 избирачи. „Бројот на избирачки места беше 1.777, сите избирачки места се обработени со оригинални записници, вкупниот број на избирачи кои гласале е 424.923 лица, вкупниот процент на ...
Орце Ѓорѓиевски победи во сите скопски општини против Амар Мециновиќ, освен во Центар, додека во Карпош разликата е само 17 гласови. Според официјалните резултати од Државната изборна комисија по пребројани 100% од гласовите, на ниво на Град Скопје победникот Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 95.572 гласа (или 57,03%), додека Амар Мециновиќ од Левица освои 61.475 гласови (или 36,69%). Ако гласовите ги погледнеме според десетте општини кои ...
Маслиновото масло е меѓу најбараните производи во домаќинствата, но и меѓу оние чие потекло и квалитет најчесто се доведуваат во прашање. Иако многу производители тврдат дека нудат вистинско домашно или екстра девствено масло, експертите предупредуваат дека на пазарот често може да се најдат мешавини со поевтини растителни масла. Ако вкусот е премногу благ или наликува на сончогледово масло, веројатно станува збор за разреден или индустриски ...
И во текот на летото беше познато дека Бруклин Нетс нема да биде кандидат за титулата, но ваков необичен почеток не се очекуваше. Нетс моментално имаат скор од 0-6 и се на дното од Источната конференција, а се „колат“ со Њу Орлеанс за статусот на најлош тим во НБА. Сепак, поинтересна е нивната статистика за асистенции - која речиси и да не постои. Обично, целта на тимовите е да играат што е можно покохезивно, како тим - додека во „Барклејс ...
Големиот египетски музеј во Гиза беше официјално отворен овој викенд, настан на кој се собраа бројни познати личности. Меѓу нив беа Салма Абу Деиф, Худа Ел Муфти и Фарида Осман. Со своите настапи и модни комбинации, тие потсетија на легендарни личности од египетската историја. Салма Абу Деиф, египетска актерка и модел, позната по своите улоги во телевизиски драми и меѓународни модни соработки, и Худа Ел Муфти, исто така актерка и модел која е ...
Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К. (37) од Скопје. Тој околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило Volkswagen Passat со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ. (78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото Volkswagen Passat го оставил возилото и заминал од местото на ...