
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Британската влада објави проширување на финансиската поддршка за извозниците за 20 милијарди фунти (26 милијарди долари), вклучително и за компаниите погодени од царините наметнати од САД, во обид да им обезбеди стабилност и безбедност во „новата ера на глобалната трговија“, објави Ројтерс. Царините, воведени од американскиот претседател Доналд Трамп, ја зголемија неизвесноста за британските компании во врска со нивната изложеност на новиот ...
Кредитната линија Дигитализација на Западен Балкан има за цел да ја поттикне иновативноста и растот на приватниот сектор Малите и средни претпријатија (МСП) во регионот на Западен Балкан ќе имаат пристап до нови можности за финансирање преку програмата Дигитализација на Западен Балкан (Go Digital in the Western Balkans) коja комбинира кредити, грантови и техничка помош за инвестиции во дигитализација, автоматизација и зелени технологии. ...
cargo-partner, член на групацијата на NIPPON EXPRESS HOLDINGS, INC., доби признание за посветеноста на одржливоста со Сребрениот медал EcoVadis, подобрувајќи го својот вкупен резултат од 58 на 72 поени. Ова достигнување ја става компанијата меѓу првите 8% од сите бизниси оценети од EcoVadis и во првите 3% од секторот „Други активности за поддршка на транспортот“. „ESG е составен дел од нашата стратегија, а ова признание од EcoVadis ја потврдува ...
Данскиот логистички гигант доби одобрение од Европската Унија да го преземе германскиот оператор DB Schenker. Трансакцијата е вредна 14,3 милијарди евра. Европската комисија вчера објави дека ја одобрила трансакцијата, наведувајќи дека таа не претставува никакви проблеми со конкуренцијата. “Трансакцијата не предизвикува загриженост со оглед на фрагментираната природа на овие пазари и постоењето на многу алтернативни добавувачи на кои клиентите ...
Заработката на „Volkswagen“ во првиот квартал беше далеку под пазарните очекувања, паѓајќи за околу 40%. Причините за падот на оперативниот профит на најголемиот европски производител на автомобили се лоцираат во трошоците за казни за неисполнување на целите на ЕУ за емисии на јаглерод диоксид и за последиците од американските царини. Акциите на „Volkswagen“ пораснаа за 8,2%, бидејќи олеснувањето се прошири на пазарите по веста на американската ...
„Од октомври 2025 година, деловните банки од земјава ќе можат да се приклучат кон платните системи на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), со што се отвора патот за побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра. Народната банка активно го следи процесот на подготовка на банките за пристап кон СЕПА, којшто опфаќа правна, техничка и оперативна усогласеност со европските стандарди“, посочува вицегувернерката на Народната ...
Од приближно 900.000 возила што европската автомобилска индустрија ги извезе во САД во 2024 година, само 75% до 77% би можеле да останат годинава, доколку царините што ги воведе американскиот претседател се задржат до крајот на годината. Европа, преку производителите од ЕУ и Велика Британија, извезе над 900.000 возила во САД во 2024 година, при што VW, Mercedes, BMW и Audi се најголемите брендови што се продаваат на американскиот пазар. Првата ...
Пауза во меѓународниот трговски конфликт: Доналд Трамп се повлече и суспендира одредени царини на 90 дена. Сепак, ова не важи за Кина – се очекува Народна Република да плаќа уште повисоки царини во иднина. На соопштението веднаш реагираа берзите. Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави 90-дневна пауза во спорот за царините со повеќето погодени земји. Повеќе од 75 земји стапиле во контакт со американски официјални лица и побарале од нив да ...
Меѓу главните цели на претседателот Доналд Трамп и неговата администрација да ги погодат трговските партнери со големи царини е враќањето на производственитe капацитети во САД. Но, во Камбоџа, азиската земја која е погодена со највисока царинска стапка од дури 49%, таа цел е многу неверојатна. „Апсолутно производството нема да се врати во САД “, смета Кејси Барнет, претседател на Американската стопанска комора во Камбоџа, трговско здружение што ...
Кина уште еднаш ги отфрли царинските политики на американскиот претседател Доналд Трамп, зголемувајќи ги своите давачки за увозот од САД на повеќе од 80%. Кинеската канцеларија на Царинската комисија на Државниот совет соопшти дека царините за американските стоки ќе се зголемат на 84% од 34% почнувајќи од утре, 10 април. Ова доаѓа откако денеска, 9 април стапи на сила најновото американско зголемување на царините – кое ги носи давачките за ...
„Реципрочните“ царини од најмалку 10%, а за многу други земји многу повисоки, кои стапија на сила денеска, 9 април, означуваат драматична ескалација на трговската политика на САД, надминувајќи ги и најпесимистичките сценарија, како и изборните ветувања. Според проценките на економистите на Coface, ова зголемување на царините би ја зголемило просечната ефективна царинска стапка на 26,2% (од 2,3% во 2024 година), што е највисоко ниво во ...
Во првите два месеци од 2025 година од Македонија во САД биле извезени стоки во вредност од 38,3 милиони долари, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Тоа е за речиси четири пати повеќе или раст од 283% во споредба со извозот кон САД во истиот период лани, кога биле извезени производи вредни 10 милиони долари. Најголем дел од извозот од земјава кон САД во првите два месеци или 74% бил остварен со автобусите кои во ...
Меморандумот се однесува на реализацијата на заеднички проекти за стручноапликативни и научноистражувачки работи, а во фокусот ќе биде имплементацијата на одржливи фармацевтски пакувања, која ќе се спроведува во неколку фази до 2030 година. Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип, Проф. д-р Дејан Мираковски; Деканката на Факултетот за медицински науки при Универзитетот, Проф. д-р Милка Здравковскa, и Генералниот ...
Продажбата на автомобили во САД и Канада може да се намали за 1,8 милиони возила оваа година и да стагнира во следната деценија доколку ескалира глобалната трговска војна, прогнозира американскара автомобилска консултантска компанија Telemetry. Ако сегашните царини останат на сила до 2035 година, продажбата на лесни возила во САД и Канада би била за околу 7 милиони единици помала од 24,6 милиони продажби во сценарио без трговски конфликти и ...
На два дена пред стапување на сила на новите царини кои американскиот претседател Доналд Трмап ги најави, а со кој е опфатена и Македонија, премиерот Христијан Мицкоски очекува наскоро ваква одлука да биде корегирана. Според премиерот Христијан Мицкоски, одлуката на САД за воведување висока царинска стапка за увозот на македонски производи и услуги е резултат на „некаква грешка“. Премиерот посочува на македонската статистика, според која во ...
Огромните реципрочни царини што претседателот Доналд Трамп ги објави во средата оставија многу држави во шок, бидејќи тие се значително повисоки од очекуваните и предвидените. Но, можеби најголема забуна и недоразбирање предизвика начинот на кој тие се пресметуваат, особено нивото на царините што одредени земји наводно ги наплатуваат за американските производи. На пример, за Македонија реципрочната царина е 33%, а нивото на царини што наводно се ...
Со својот драстичен царински пакет, Трамп го шокираше светот. Дали погодените земји можат да преговараат за договор за намалување на царините? Американскиот претседател, исто така, ја остави отворена вратата за можни повторни преговори и рече: „Зависи. Царините ни даваат голема моќ да преговараме. Секоја земја нè повика“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп сигнализирајќи отвореност за преговори, доколку другите нации понудат нешто ...
Додека Трамп пророкува златна иднина за американската економија како резултат на високите царини, американските берзи доживуваат масивни продажби на акции. Во меѓувреме, Кина најави контрамерки. Кинеските власти објавија дека воведуваат дополнителни царини од 34% на стоките од САД, кои стапуваат на сила на 10 април. Покрај тоа, ќе се воведе контрола на извозот на седум ретки метали, објави денеска кинеското Министерство за трговија. Тие ...
Податоците за зелените кредити доставени од банките покажуваат раст во четвртиот квартал од 2024 година. На крајот на декември 2024 година, растот на зелените кредити во однос на истиот период лани изнесува 2,3 милијарди денари, или 8,5%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, зелените кредити се зголемени за 4 пати. Зелените кредити се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат ...
Високите увозни царини кој во средата ги објави американскиот претседател Доналд Трамп претставуваат значителен ризик за глобалната економија во време кога растот е бавен, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. Според Георгиева, важно да се избегнат чекори кои можат дополнително да и наштетат на глобалната економија и апелираше до САД и нивните трговски партнери да работат конструктивно за намалување на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја објави целосната листа на царини воведени за увозна стока, а на листата е и Македонија. Ова е најголем досега удар врз глобалната трговија со кој САД на чело со претседателот Доналд Трамп испраќа јасна порака дека глобализација е готова. Одлуката на Трамп предизвика вистински земјотрес во светот, берзите се во пад, цената на златото расте во очекување на реакциите и контра мерките останатите земји. ...
Словенечката металуршка групација SIJ ќе гради фабрика во Саудиска Арабија вредна 1,5 милијарди евра за производство на електричен челик и висококвалитетни топловалани калеми, објави Словенија бизнис. Компанијата потпиша соодветен договор со саудиската влада, а фабриката треба да се гради во индустрискиот град Рас ал-Каир. Се планира фабриката да биде пуштена во употреба до 2029 година. Проектот во голема мера ќе биде финансиран од саудиските ...
Царини од 25% за увоз на автомобили ќе им наштетат на производителите на автомобили ширум светот, но и ќе ги зголемат цените за потрошувачите во САД. Новите царини од 25 % ќе се применуваат за сите увезени патнички автомобили, како и за клучните делови како што се моторите, менувачите и електричните компоненти, покрај сите веќе важечки тарифи. Царините за увоз на автомобили во САД стартуваат на 2 април, а за автомобилски делови еден месец ...
Се очекуваше, но сега работите стануваат сериозни: на 2 април САД воведуваат казнени царини од 25 % за увоз на автомобили. Ова првенствено ги погодува германските компании, иако некои веќе имаат фабрики таму. Но, би биле погодени и американските производители, бидејќи тие често произведуваат во Канада или Мексико. Во Германија, деловните субјекти предупредуваат на тешки последици, а политичарите во Берлин и Брисел повикуваат на тешки ...
Новите заштитни мерки за увозот на челик во ЕУ, што вчера ги најави Европската комисија, нема да важат за земјите чиј удел во увозот е помал од три отсто, за Украина, како и за државите кои се дел од Европскиот економски простор (ЕЕА) – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, изјави за МИА портпарол на ЕК. – Заштитните мерки се однесуваат на сите трети земји, освен на земјите во развој чиј удел во увозот од ЕУ во дадената категорија производи е помал од ...
Глобалната трговија во изминатата 2024 година достигна рекордни 33 трилиони долари, раст од 3,7%, покажува најновиот извештај на UNCTAD. Повеќето региони забележаа позитивен раст, освен Европа и Централна Азија. Услугите го предводеле зголемувањето во 2024 година, растејќи 9% годишно и додавајќи 700 милијарди долари (скоро 60% од вкупниот раст). Трговијата со стоки пораснала со побавно 2%, придонесувајќи 500 милијарди долари. Сепак, растот во ...
Со изрази на висока почит кон покажаната хуманост на македонските државјани од земјава и од странство, како и кон сите пријателски и добронамерни гестови од поединци и организации во земјава и ширум светот, „Алкалоид“ се приклучува кон масовната акција за помош на настраданите во трагичниот пожар во Кочани. Преку нашиот долгогодишен партнер, Црвениот Крст на РСМ, компанијата одлучи да донира 15 милиони денари за поддршка на настраданите граѓани ...
Јужнокорејската компанија Hyundai планира да инвестира вкупно 20 милијарда долари во САД во наредните години, изјави извршниот директор на Hyundai Еуисун Чунг на прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп. Американскиот претседател Доналд Трамп го гледа ова како успех на неговата царинска политика. Од 1986 година досега, неговата компанија веќе има инвестирано 20 милијарди долари во САД. Инвестицискиот пакет вклучува и изградба ...
Европската комисија минататанедела го претстави акциониот план за индустријата за челик и метали. Во секторот обележан со силна меѓународна конкуренција, европската извршна власт планира да ги заостри увозните квоти со цел намалување од 15%. Во време кога секторот се соочува со 25% американски царини, а конкуренцијата од Азија врши притисок врз европските производители, Комисијата во средата објави дека ќе го ограничи увозот на челик за 15% од ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува глобален економски раст од 3,3 % во 2025 и 2026 година, што е под историскиот просек (2000–2019) од 3,7 %. Глобалната вкупна инфлација се очекува да се намали на 4,2 % во 2025 година и на 3,5 % во 2026 година, со што ќе се приближи кон целта. Ова ќе се случи порано во напредните економии отколку кај пазарите и економиите во развој. Најголем дел од најбрзорастечките економии во 2025 година се наоѓаат ...