Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во јуни 2026 година се зголемиле за 0,9% во споредба со мај и 7,1% во споредба со јуни минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. На месечно ниво, најголем раст е забележан во секторот Рударство и вадење камен, каде што продажните цени се повисоки за 3,9%, додека во Преработувачката индустрија е регистрирано зголемување од ...
Индустријата за производство на преработки од овошје и зеленчук, една од најуспешните извозно ориентирани гранки во македонската прехранбена индустрија, продолжува да бележи стабилен раст на производството, извозот и продажбата на странските пазари. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година од Македонија биле извезени преработки од овошје и зеленчук во вредност од 102,1 милиони евра, што претставува раст од 3,1% во ...
Царинската управа започнува со реализација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура, вреден два милиони евра, обезбедени како грант од Европската Унија. Целта е воведување паметни системи за автоматизација на царинските терминали, што треба да придонесе за побрз проток на стоки и поефикасни царински постапки. По спроведената јавна набавка, потпишан е договор со избраниот изведувач за набавка на ...
Германската компанија BMZ Battery Solutions Group, еден од водечките светски производители на системи за батерии, ќе го затвори својот производствен погон во Илинден, а производството ќе го префрли во својата фабрика во Полска. Според соопштението од компанијата, производството ќе се префрла по фази во периодот од август до декември 2026 година, при што сите производствени активности ќе бидат преземени од BMZ Полска, која веќе работи според ...
Вкупното бруто-производство на електрична енергија во Македонија во мај 2026 година изнесувало 462.653 MWh, што е за 3,8% повеќе во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во структурата на домашното производство, термоцентралите учествувале со 31,7%, соларните електроцентрали со 31%, а хидроцентралите со 29,8%. Ветерните електроцентрали обезбедиле 6,8% од вкупното производство, ...
*Дигитализацијата и прецизното земјоделство носат поголема продуктивност, пониски трошоци и поефикасно користење на ресурсите. Oколу 43% од фармите во ЕУ имаат пристап до интернет во 2023 година. Некои северни и централни европски земји, како што се Данска, Германија, Словачка, Латвија, Чешка и Австрија, имале стапки над 90%, покажуваат информациите објавени од Евростат. Информациските системи за управување со фарми – дигитални платформи за ...
* *Производителот на автомобили ја намали својата прогноза за приходите за тековната година. Германскиот производител на автомобили Volkswagen денеска објави дека во вториот квартал годинава работел со нето добивка од 1,54 милијарди евра, што е за 32,9% пониско во однос на истиот период минатата година. Во вториот квартал од 2025 година, нето добивката на VW изнесуваше 2,29 милијарди евра. Тоа е веќе за 36 % пониско од претходната година. ...
По Канада и Бразил, околу 60 други земји се цел на нови американски царини почнувајќи од петок, токму кога истекоа привремените царини воведени од претседателот Доналд Трамп во февруари. Почнувајќи од 00:01 часот (4:01 GMT), 60 земји ќе бидат редмет на царина од 10% или 12,5% за голем број нивни производи што влегуваат во САД. Производите што веќе се на пат кон најголемата економија во светот нема да бидат засегнати ако пристигнат на нивната ...
Грчката индустрија за храна и пијалоци бележи силен извозен раст, при што вредноста на извозот во последната деценија е речиси двојно зголемена. Во 2025 година извозот достигнал рекордни 7,4 милијарди евра и учествувал со 15% во вкупниот грчки извоз. Според ново истражување на IOBE за Федерацијата на грчките прехранбени индустрии, храната и пијалоците се најголемиот сектор во грчкото производство, со годишен приход од 26,2 милијарди евра. ...
Управниот совет на Европската централна банка ги задржа каматните стапки непроменети, објави банката во соопштение по денешниот состанок. Банката соопшти дека целосното влијание на енергетскиот шок врз инфлацијата сè уште не е очигледно. Одлуката е во согласност со очекувањата на анкетираните од Блумберг. На претходниот состанок, ЕЦБ ги зголеми каматните стапки за прв пат од 2023 година. ЕЦБ останува претпазлива поради неизвесноста и ...
Побарувачката за електрични автомобили го поддржа пазарот на автомобили во Европската Унија во првата половина од оваа година, при што регистрациите на сите видови автомобили се зголемија за 5,7% на годишно ниво на 5,89 милиони возила, соопшти денеска Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). Здружението, кое ги претставува 16-те најголеми производители на автомобили во Европа, соопшти дека регистрациите на целосно ...
Цената на нафтата се приближи до 100 долари за барел во Лондон, откако јеменските Хути, поддржани од Иран, нападнаа два саудиски танкери во Црвеното Море. Новата ескалација на конфликтот на Блискиот Исток ги зголеми стравувањата од дополнителни нарушувања во глобалното снабдување со нафта. Хутите соопштија дека испукале ракети и беспилотни летала кон бродовите во рамките на најавената блокада на саудиските пристаништа. Новонастанатата ...
Квалитетното и вкусно свежо овошје и зеленчук се меѓу најпрепознатливите македонски земјоделски производи, а овој сектор со години има значајна улога во развојот на домашното земјоделство и економија. Поволната клима, големиот број сончеви денови, плодното земјиште и долгата традиција во производството ѝ даваат на Македонија природна предност за производство на овошје и зеленчук со врвен квалитет и препознатлив вкус. Но, во последните години ...
Производителите на генерички лекови мора да го преместат производството во САД или да се соочат со 100% царина за увоз од август 2028 година, изјави претседателот Доналд Трамп, заканувајќи се на снабдувањето со лекови со ниска цена од кои зависат милиони Американци. Овој потег има за цел „повторно враќање“ на производството на генерички фармацевтски производи во САД, а компаниите што нема да изградат фабрики ќе се соочат со царини што би се ...
Рекордните јунски температури се очекува да ја намалат жетвата на жито за 9 милиони тони на најниско ниво од 2018 година Се проценува дека топлотниот бран што ја зафати Европа во јуни ги чинел производителите на жито на континентот 2 милијарди евра изгубени приходи и уништил 9 милиони тони земјоделски култури, предизвикувајќи загриженост за влијанието врз цената на храната. Coceral, европското здружение за трговија со житарки и маслодајни ...
Компанијата Нелкоски Органик Фуд свечено го отвори SMART Nursery – првиот паметен расадник и аналитичко-истражувачки центар од ваков вид во Република Северна Македонија, претставувајќи значаен чекор кон дигитализација, модернизација и научно заснован развој на домашното земјоделство. Проектот е реализиран со поддршка на Increasing Market Employability (IME), финансирана од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, во партнерство со ...
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески со своите соработници оствари работна средба со Ваутер ван Хилк, потпретседател на Eurochambres и генерален менаџер на Федерацијата на белгиски комори, и со генералниот секретар на EUROCHAMBRES Бен Бутерс. Средбата се одржа во седиштето на Асоцијацијата на европски комори Eurochambres во Брисел. На средбата беше разговарано за натамошното унапредување на соработката меѓу ...
Во мојата долгогодишна кариера речиси секогаш сум имал контакт со дипломатијата. Неколку констатации за Министерството за надворешни работи ми беа неспорни: Но, исто така, воочив и определени слабости: Минатата недела во Брисел нешто ми се измести од просечноста и, види чудо, во позитивна насока. Сето тоа ги мотивираше домаќините, Европската комисија и Економско-социјалниот комитет, и тие беспрекорно и професионално да се вклучат во ...
Компанијата за бизнис и технолошки истражувања Gartner предвидува дека побарувачката за електрична енергија за дата центри ширум светот ќе се удвои до 2030 година. Аналитичарите на Gartner проценуваат дека потрошувачката на електрична енергија во центрите за податоци во светот ќе се зголеми од 448 терават часови (TWh) во 2025 година на 980 TWh до 2030 година. „Додека конвенционалните сервери и поддршката на инфраструктурата придонесуваат за ...
Германската индустрија продолжува да се соочува со сериозни предизвици, при што во изминатите 12 месеци се изгубени 177.000 работни места, покажуваат најновите податоци на Федералната агенција за вработување во Нирнберг. Најголем удар претрпе автомобилската индустрија и нејзината мрежа на добавувачи, каде што се укинати околу 52.000 работни места. Значителни намалувања се регистрирани и во машинската индустрија, која останала без 28.000 ...
Европската комисија состави список од стотици производи – од сирење Рокфор до индустриски роботи – кои сака Вашингтон да ги ослободи од царината од 15% според договорот меѓу ЕУ и САД „Тарнбери“, пишува „Еурактив“. Во документот, Комисијата тврди дека ЕУ веќе го исполнила својот дел од царинскиот договор – договорен во „Тарнбери“, Шкотска, минатото лето – со елиминирање на царините за стотици американски индустриски и земјоделско-прехранбени ...
ВДЛ Бус Македонија ја започнува третата фаза од својата инвестиција во земјава, вредна повеќе од 5 милиони евра, која предвидува производство на нов модел на автобус и отворање на 150 нови висококвалификувани работни места во рамките на ТИРЗ Скопје 2. За реализацијата на новиот инвестициски циклус разговараа директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски, и генералниот директор на ВДЛ Бус Македонија, ...
Традиционалниот модел на производство, каде што производството се преместуваше во земјите со ниски плати за да се намалат трошоците, почнува да ја губи својата важност. Вештачката интелигенција, автоматизацијата и дигитализацијата ги менуваат правилата на играта, а конкурентската предност повеќе не се дава исклучиво од цената на трудот, туку од способноста на компаниите да ги трансформираат фабриките во паметни, високопродуктивни единици. ...
До средината на векот, населението на Европската Унија ќе се намали во 80% од нејзините региони. Прогнозите на Евростат покажуваат дека до 2050 година, населението во ЕУ ќе се намали во 836 од 1.165 региони на ЕУ, или 71,8% од регионите. Раст на населението се проектира во преостанатите 329 региони, покажуваат податоците на Еуростат. Депопулацијата ќе биде многу нерамномерна, со сериозни намалувања што ќе ја погодат Источна и Јужна Европа, ...
Работа, посветеност, лојалност кон членките, взаемна доверба, тоа е сликата за Стопанската комора, која денеска одбележува 104 години постоење. 14 јули 1922 година, на овој датум со закон е основана тогашната Трговско-индустриска комора во Скопје, што се смета за историски зачеток, прв официјален облик на коморско организирање на територијата на Македонија. Стопанската комора не е само сведок на економската историја, туку и креатор нејзината ...
Само неколку месеци по лансирањето и брзото распродавање на првите локални тиражи, премиум производите за нега на патики PRODUCTS.™ почнаа да се продаваат и во маркетите INTERSPAR во Хрватска. „INTERSPAR ги препозна квалитетот и приказната зад PRODUCTS и го отвора патот кон извозните пазари за овие производи“, вели уметникот Сатја Грабуловски, сопственик на дизајнерското студио Swithadot, кое заедно со македонската фармацевтска компанија ...
Гасоводниот интерконектор кон Грција влегува во значително поинтензивна фаза на реализација. По интензивната координација меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, НОМАГАС и грчкиот оператор ДЕСФА, динамиката на изградбата е засилена, а проектот веќе бележи видлив напредок на терен. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со претставници на Министерството, ДЕСФА и НОМАГАС ...
Царинските управи на Македонија и Хрватска креираат заедничка платформа за соработка со бизнис заедницата, со што ќе се овозможи олеснување на легалната трговија и зголемување на трговската размена меѓу државите. Ова беше главниот заклучок од денешната средба во Хрватска остварена на високо ниво помеѓу делегации од двете држави, предводени од директорите на Царинските управи, Бобан Николовски и Марио Демировиќ, заедно со претставници од ...
Најголемиот европски производител на автомобили, Volkswagen (Фолксваген) објави дека планира радикална програма за намалување на производството. До 2030 година, бројот на модели ќе биде драстично намален. Работничкиот совет му постави ултиматум на одборот. Најголемиот европски производител на автомобили, Volkswagen (Фолксваген) објави дека планира радикална програма за намалување на производството, во рамки на која се предвидува драстично да ...
Европската унија ги финализира темелните измени во своите правила за јавни набавки што ќе им овозможат на националните влади да ги фаворизираат европските добавувачи во критичните јавни услуги, објавува Bloomberg. Реформата на режимот за јавни набавки на блокот е централен дел од иницијативата на ЕУ „Произведено во Европа“, која има за цел да го зајакне економскиот суверенитет на блокот. Според нацрт-предлогот, Европската комисија, извршната ...