Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Македонскиот извоз во септември забележа значителен раст од 26,2% во споредба со истиот месец минатата година, достигнувајќи вредност од 884 милиони евра. Истовремено, увозот порасна за 7,3 %, на една милијарда евра, со што покриеноста на увозот со извоз достигна високи 85,9 %. Значително побрзиот раст на извозот во однос на увозот придонел за подобрување на трговскиот биланс и зголемување на покриеноста на увозот со извоз. Трговскиот дефицит ...
Глобалната транзиција кон производство на челик со пониски јаглеродни емисии ја зголемува вредноста на челичниот отпад, кој од класичен материјал за рециклирање сè повеќе се претвора во стратешка индустриска суровина. Се проценува дека глобалниот пазар за рециклирање метали ќе порасне од 301,84 милијарди долари во 2025 година на 585,94 милијарди долари до 2033 година. Ваквиот раст покажува дека рециклираните метали стануваат сè позначаен ...
Во последните три децении светската автомобилска индустрија минува низ длабока трансформација. Тоа го покажуваат и податоците за производство на автомобили кои покажуваат колку драматично се променил распоредот на најголемите светски производители на автомобили за само 25 години. Пред 25 години Јапонија, САД и Германија беа трите најголеми производители на автомобили во светот. Кина од земја надвор од светската автомобилска елита, стигна до ...
И покрај притисоците од геополитичките конфликти и повисоките цени на енергијата, германската економија во вториот квартал од годинава пораснала повеќе од првично очекуваното. Бруто домашниот производ (БДП) на најголемата европска економија се зголемил за 0,3% во однос на претходниот квартал, поттикнат пред сè од подобрите извозни резултати, покажуваат податоците на германскиот Федерален завод за статистика. Првичната проценка предвидуваше ...
Македонската градежна компанија Гранит го потпиша договорот за изградба на автопатот кон Косово, во вредност од 221,5 милиони евра (13,6 милијарди денари). Компанијата ќе го предводи конзорциумот од четири фирми кои ќе работат на реализацијата на проектот. Договорот со Јавното претпријатие за државни патишта предвидува изградба на автопат од мрежата TEN-T, на делницата од Скопје до границата со Косово. Рокот за изведба е 1.460 дена, односно ...
Во првата половина од годинава, македонските винарници на странските пазари продале 22,6 милиони литри вино во вредност од 33 милиони евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Анализата на податоците од страна на специјализираниот портал „ИзвозМК“ покажува дека, во споредба со истиот период минатата година, приходите од извоз на македонско вино пораснале за 11,4%, додека количината на извезено вино е зголемена за 9,5%. На ...
Македонските превозници на 31 август ќе излезат на протест пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје, поради ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната на 90 дена во рамки на 180 дена. Како што соопшти „Макам-транс“, протестот во Македонија ќе се одржи пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, од 12 до 14 часот. Најавено е учество на најмалку 20 возила, како и на сопственици на транспортни ...
Европската комисија објави нови упатства специфични за секторот за железо и челик во рамките на Механизмот за прилагодување на јаглеродната граница (CBAM), во кои се утврдува како производителите надвор од ЕУ треба да ги одредат вградените емисии за време на дефинитивниот период што започна во 2026 година. Упатството ги опфаќа главните категории на CBAM во вредносниот синџир на челик, вклучувајќи синтерувана руда, феролегури, сурово железо, ...
Полската влада планира привремено зголемување на корпоративниот данок за големите добавувачи на енергија и компаниите за гориво. Приходите ќе се користат за финансирање на помош за енергетски интензивните индустрии. Даночната стапка е предвидено да се зголеми од сегашните 19 % на 30 % во 2027 година, според нацрт-законот објавен во четврток. Компаниите во секторите за нафта, гас и електрична енергија со годишни приходи над 50 милиони евра ќе ...
Веднаш по летната пауза, Volkswagen се соочува со турбулентни времиња. Се вели дека десетици илјади работни места се во опасност, а дури и цели производствени погони може да бидат загрозени. Дали ќе има некаква јасност во наредните денови? Извршниот директор на Volkswagen, Оливер Блуме, ја опиша напнатата ситуација за најголемиот европски производител на автомобили кратко пред серија состаноци со вработените. „Ситуацијата е повеќе од ...
Ситуацијата во германската автомобилска индустрија се влошува – има најмалку работни места од 2005 година Германската индустрија продолжува да ги намалува работните места, а автомобилскиот сектор е меѓу најтешко погодените. Во првата половина од 2026 година, бројот на вработени во германскиот производствен сектор се намалил за 144.100, односно за 2,7% на годишно ниво. Според податоците на Федералниот завод за статистика, на крајот на јуни во ...
Приватните марки продолжија да ги надминуваат брендовите во Европа со раст на продажбата од 4,1% во вредност во текот на 2025 година, во споредба со раст од 2,7% за брендовите на производителите, покажа ново истражување од IGD. Европските купувачи сè повеќе избираат производи во сопственост на трговците на мало поради квалитетот, а не поради цената, покажува студијата. Близу половина од купувачите (47%) рекле дека цената повеќе не е главната ...
Со години, категоријата безалкохолни пијалоци се држеше до своето место во малопродажната индустрија за храна и пијалоци, стабилна и модерирана од неколку глобални брендови. Но, категоријата каква што ја знаеме се менува. Новите податоци од аналитичарите и учесниците на пазарот покажуваат тивка, но дефинитивна трансформација во секторот за безалкохолни пијалоци. Две студии на пазарот за 2026 година го доловуваат поместувањето од различни ...
Новите правила на Регулативата за пакување и отпад од пакување важат од 12 август во ЕУ Европската комисија во вторник објави дека новите правила според Регулативата за пакување и отпад од пакување ќе важат од 12 август, се вели во соопштението на Комисијата. „Сега ќе има строги ограничувања за присуството на перфлуороалкилни и полифлуороалкилни супстанции (PFAS, познати како „хемикалии засекогаш“) во пакувањето што доаѓа во контакт со храна, ...
Здруженијата на превозници од Западен Балкан на вчерашниот состанок во Скопје одлучија да почекаат со евентуални протести до 1 септември, за кога е закажан состанок со претставници на Европската комисија во Брисел. На состанокот на транспортерите од регионот, присуствуваа претставници на здруженија од Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои на прес-конференцијата изјавија дека не сакаат да протестираат, но дека, ...
Со денешното потпишување на договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и на договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), почнува третата фаза од финансирањето на изградбата на железничката делница Крива Паланка-Деве Баир од Коридорот 8. Договорите се потпишаа во Владата, а присуствуваа премиерот ...
Во првите шест месеци од 2026 година македонските компании извезле 3,5 илјади тони сладолед во вредност од 13,4 милиони евра. Во споредба со истиот период минатата година, вредноста на извозот е зголемена за 20%, додека извезените количини пораснале за 15%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Македонскиот сладолед во периодот јануари–јуни бил пласиран на 24 странски пазари, а на само четири од нив е реализиран извоз вреден ...
Храната и водата се прашање на национална сигурност. Држава што не може да обезбеди доволно сопствена храна станува економски поранлива и директно зависна од цените, флуктуациите и кризите на меѓународните пазари. Во намерата за остварување на нашата развојна визија – поголемо, сигурно и современо земјоделско производство што ќе ги задоволи домашните потреби, најголемиот предизвик е да го напуштиме застарениот, конзервативен модел во кој ...
Светот е на работ на нов бран на инфлација на цените на храната, со војните во Иран и Украина, заедно со феноменот Ел Нињо, кои создаваат совршена бура од повисоки трошоци и пониски приноси на земјоделски култури, изјави главниот економист на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Растечките цени на храната беа главен фактор за глобалната инфлација во 2022 година, но досега беа релативно бенигни оваа година, па ...
Македонските компании во јуни 2026 година извезле стоки во вредност од 827 милиони евра, што претставува раст од 18,9% во споредба со истиот месец минатата година. Истовремено, обемот на извезените стоки е зголемен за 16,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во истиот месец биле увезени стоки во вредност од 1,14 милијарди евра, што е 15,9% повеќе во споредба со јуни 2025 година. Трговскиот дефицит во јуни изнесувал 315 ...
Германија останува најголемиот и најважен извозен пазар за македонската економија, но статистичките податоци покажуваат континуирано намалување на нејзиното учество во вкупниот македонски извоз во последните неколку години. Во 2025 година извозот од Македонија во Германија достигна 2,9 милијарди евра, што претставува 36,2% од вкупниот македонски извоз. Иако Германија и натаму е најголем извозен пазар, нејзиното учество е значително пониско во ...
Најголемата македонска прехранбена компанија „Витаминка“ во првата половина од 2026 година остварила приходи од продажба од 33,7 милиони евра (2 милијарди денари), што претставува раст од 9% во однос на истиот период минатата година, покажува неревидираниот финансиски извештај објавен на Македонската берза. Најголем дел од продажбите, близу 20,2 милиони евра или 60% од вкупните приходи од продажбите, се реализирани на домашниот пазар, каде ...
Искуствата од берзанската котација на „Алкалоид“ АД Скопје и факторите што придонесоа за долгорочниот успех на компанијата ќе бидат тема на ексклузивното интервју на сцена меѓу генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, и главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев, кое ќе се одржи во рамките на 25. Годишната конференција на Македонската берза. Ексклузивниот разговор ќе биде посветен ...
Европската комисија размислува да отвори истрага за увозот на одредени градежни материјали од неколку земји од Западен Балкан, поради сомневања дека преку нив се заобиколуваат антидампинг и антисубвенциските мерки што Европската Унија ги воведе за кинеските стаклени влакна. Според Euronews, истрагата ќе биде насочена кон ткаенини со отворена мрежа, кои се користат во фасадни и топлинско-изолациски системи. Сомневањата се дека овие производи ...
Mакедонските аеродроми со раст од 28% се меѓу најбрзорастечките во Европа, ACI Europe ги рангира меѓу најбрзорастечките Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, го забележа најуспешниот месец јули во својата историја, поставувајќи нов рекорд и во бројот на патници и во бројот на реализирани летови. Во текот на јули, охридскиот аеродром опслужи 52,544 патници, што ...
Производителот на челик и топловалани дебели челични лимови Макстил во првата половина од 2026 година остварил приходи од продажба од 66,8 милиони евра (4,1 милијарда денари), што е 5% помалку во споредба со истиот период минатата година, покажува неревидираниот финансиски извештај на компанијата објавен на Македонската берза. Извозот и натаму останува главен двигател на продажбите, со учество од околу 91% во вкупните приходи. Во периодот ...
Индустриското производство во Македонија во јуни годинава е зголемено за 6,5% во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Растот на индустриското производство во јуни се должи на поголемото производство во преработувачката индустрија, додека производството на електрична енергија и рударството забележаа пад. Во споредба со јуни минатата година, преработувачката индустрија пораснала за ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Ивица Ангеловски денеска ги промовираа двете нови електронски услуги: Уверение за квалитет – сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино Новите услуги се наменети за земјоделските производители, преработувачите, винарниците и извозниците. Станува збор за постапки ...
Најуспешната македонска фармацевтска компанија „Алкалоид“ ја заврши првата половина од 2026 година со раст на клучните финансиски показатели, покажуваат денеска објавените финансиски извештаи на компанијата доставени до Македонската берза. Во периодот јануари – јуни 2026 година, компанијата остварила раст на продажбите, профитабилноста, реализирала значителен инвестициски циклус и го зголемила бројот на вработени, продолжувајќи го трендот на ...
И покрај засилените трговски тензии и неизвесноста на глобалните пазари, компаниите во 2025 година најавија повеќе од 1 трилион долари нови проекти за странски директни инвестиции (СДИ), покажуваат податоците на fDi Report na Financial Times. Најголем интерес од инвеститорите предизвикал секторот на комуникациите, кој привлекол 346 милијарди долари капитални инвестиции. На второ место е обновливата енергија со 200 милијарди долари. Oвие два ...