
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Овој текст е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia во кој профилираме по еден .мк стартап кој е на пат кон успехот. .мк стартап на месецот [септември, 2023]: Influencers Club е платформа која ги поврзува брендовите со инфлуенсерите. Стартапот собира и агрегира јавни информации за инфлуенсери од над 40 платформи и истите ги филтрира и организира по повеќе од 100 податочни точки. Компанијата основана во 2016-та ...
Во случај да сте корисник на Android телефон, тогаш самиот систем се одликува за можност за користење дополнителни кодови кои извршуваат одредени операции, како маскирање на вашиот телефонски број, или прикажување корисни податоци, како листање на IMEI податоците или пак информирање за Wi0Fi сигналот, батеријата, и други податоци за користење. Надополнување: првите два кода се универзални! 3 корисни кодови #31# – Непознат број Пред да завртите ...
Основан во 2000 година во Калифорнија, Keiretsu Forum е глобална мрежа на бизнис ангели и VC инвестиции во повеќе од 60 оддели нa четири континенти. Во соработка со Keiretsu Capital, членовите се најголеми инвеститори во САД. Неодамна, Форумот се прошири и во Југоисточна Европа. Одделот за Југоисточна Европа – KFSEE е непрофитна организација која ја реинвестира целата заработка и ги поврзува глобалните инвеститори со регионалните старт-апи. ...
Во денешно време, нема за што не постои веб сајт. Придружувајќи се до принципот: кратко, но слатко, одбравме 5 корисни сајтови кои ќе ви помогнат во извршување на 5 различни работи. Почнуваме со сајт за автоматизирање постови, се движиме преку сајтови за најразлични курсеви, а завршуваме со сајтови кои ќе ви помогнат да бидете попродуктивни или пак подобро да пишувате. 1. Автоматизација Buffer.com ви дозволува да постирате и да закажувате кога ...
Во мај, девелоперите SenAm Games го исфрлија прологот за нивната мрачна детективска игра – Hauma. Оние фанови на визуелни новели кои бесплатно го проверија прологот беа одушевени од чистиот графички стил, впечатливата приказна и одличната глума. Неколку месеци подоцна, целата игра конечно излезе, но дали успева да ги заитригира гејмерите или пак се дави во морето од слични игри? Како и повеќето визуелни новели, најсилната страна во Hauma – A ...
Веб девелоперот Никола Стојков неодамна во Facebook групата „Сојузен Комитет на Програмери на Република Македонија“ го објави својот хоби проект наречен „Мое Здравство“, кој има за цел на едно место да ги обедини сите медицински податоци достапни од повеќе извори и отворени датабази во Македонија. Проектот е достапен на доменот infomed.mk. Благодарение на ентузијазмот на Никола времето кое е потребно да се пронајдат различни медицински податоци ...
Во далечната 2005, F.E.A.R. го револуционизира FPS жанрот со тоа што искомбинира хорор елементи со адреналинска акција. До ден-денес играта е за многумина вистински акционен спектакл. Чедото на Monolith се истакнува со впечатливи пукачки секвенци и со задоволителен систем за успорување на времето каде куршуми, искри и искршено стакло ползи на сите страни. Дали Trepang2 успева да ја модернизира препознатливата акција и да воведе нова свежина во ...
Популарната пејачка Тејлор Свифт во соработка со Google на супер интересен начин го промовира својот старо-нов албум „1989 (Taylor’s Version)“. Промоцијата ја скокотка креативноста на обожавателите и ги држи ангажирани. Секогаш кога некој во пребарувачот ќе го внесе името на популарната пејачка, во долниот-десен агол може да забележи „син сеф“. Сефот крие загатки во кои корисниците требаа да пронајдат скриени зборови. Заедно со Google креираа 89 ...
OpenAI, компанија за која несомнено ќе се зборува многу повеќе во блиска иднина, својот главен продукт на компанијата – ChatGPT, веќе добро познат со своите извонредни можности, го надогради со нова функционалност. Оваа недела компанијата најави интеграција својот надограден модел за графика и фотографии, DALL-E 3 ќе го интегрира во ChatGPT. Овој модел е наследник на моделот DALL-E 2. Што е DALL-E, на кој начин се користи и дали е бесплатен? ...
Chants of Sennaar имплементира уникатни механики во секој аспект од играта, почнувајќи со дизајнот и графичкиот приказ, движејќи се преку механиките за решавање загатки, и завршувајќи со суптилната музичка подлога која одлично го доловува мистериозниот свет околу нас. Како резултат, оставени сте со една од најоригиналните инди игри која би била особено ценета од љубители на загатки, а особено од лингвисти. Вавилонскиот плач Светот во Chants of ...
Денеска, бројот на продавници на видео игри е исклучително голем. Steam и понатаму седи на тронот непредизвикан, но под планината неуморно се борат Epic, EA, Ubisoft, GreenManGaming, GoG и ред други продавници. Сите од нив, меѓутоа, само ви продаваат клучеви односно лиценци за играње игри. Откако ќе завршите со играта, не можете истата да ја продадете, како во ситуација со физички копии на игри. Robot Cache е единствената продавница која ви ...
На PlayStation, ASTRO BOT успеја да ги фасцинира гејмерите со шареноликата графика, симпатичните анимации и предизвикувачките платформски левели. Играта беше (и сеуште е) совршенство во најчиста форма и е задолжителна лектира за сите PS гејмери. Boti: Byteland Overclocked е игра која се труди да го долови духот на таа игра. Дали успева во мисијата или пак трапаво се сопнува и паѓа на дното како сосема просечна имитација? Дебитантска игра Како ...
Без сомневање најголемата вест од хардвер светот минатата недела беше настанот на кој Apple претстави куп нови производи. Од остатокот на вестите баш немаше нешто премногу, иако Meta најави интересно партнерство со LG, а и Huawei споделија детали за новиот телефон и процесор. Google и iFixit го проширија партнерството за делови Google и iFixit го продлабочија своето партнерство за поголема достапност на резервните делови за поправка. Досега ...
Франција му забрани на Apple да продолжи со продажбата на iPhone 12. Причина за сопирањето на продажбите е емитирањето на преголемо електро-магнетно зрачење. Покрај забраната Apple треба и да ги поправи своите постоечки уреди. Зрачењето кај овие телефони не е во согласност со европските закони, вели Француската национална агенција за фреквенции. „Што се однесува до веќе продадените телефони, Apple мора во најкраток рок да преземе корективни ...
Trackle.mk е нова Android и iOS апликација која овозможува следење на поштенски пратки. Последниве неколку години видовме неколку слични апликации. Најпрво тука беше ПТТ Тракер, па „Мои Пратки“, а сега е достапна и Trackle.mk. Trackle е дело на Никола Ѓоргиев кој пред неколку години објавуваше C# и JavaScript туторијали на Youtube. Новата апликација е бесплатна, а Никола вели дека е подарок од него, сопругата и неговиот син Мартин, за сите ...
Да се направи добра RPG игра знае да биде огромен предизвик, особено кога се работи за имплементирање забавни механики. Но, она што е забавно за едни, може да е крајно здодевно за други. Age of Reforging: The Freelands е cRPG игра која би била интересна на фанови на класични RPG игри, како Baldur’s Gate, но и на игри како Mount and Blade серијалот или пак Kenshi. Age of Reforging: The Freelands не е игра која се заснова на срамотно копирање ...
Индустријата за вештачка интелигенција во Хрватска забележува огромен раст во последните години, нешто што станува видливо и преку скорешните примери како што е неодамнешната аквизиција на хрватскиот стартап PhotoMath од страна на Google. Токму овој пример со PhotoMath, едукативна апликација која им овозможува на корисниците да решаваат математички задачи, претставува и нов поттик за развојот на оваа индустрија во земјата, која што расте со ...
Од крајот на минатата недела започна да функционира новиот проект Worldcoin на Tools for Humanity. Ко-основачи на компанијата Worldcoin се Сем Алтман од OpenAI и Алекс Бланиа, а поддршка дојде и од еден од најпознатите инвеститори, како Андерсен Хоровиц. Седиштето на компанијата е лоцирано во Сан Франциско и Берлин, иако САД не се една од државите во кои се започнати јавни тестови. Идејата зад проектов е да се креира платформа за идентификација ...
Телефонот бил пресуден за спас на тешко повредениот возач при сообраќајната несреќа на автопатот Велес-Штип. Прв ваков случај во Македонија, но не и во светот. Единствениот европски број за итни случаи 112 во Центарот за Управување со Кризи (ЦУК) добил говорна порака на англиски јазик од телефонската секретарка, предупредувајќи за несреќата. Користејќи ја технологијата Crash Detection, телефонот (iPhone 14) автоматски го известил Единствениот ...
Замислете одите во продавница да си купите чоколадо и гледате дека има ново пакување на вашиот омилен бренд, со подобар вкус, екстра лешници, сменет изглед, и помалку калории? На кратко и најилустративно, вака би се опишала промената на Ethereum во Ethereum 2.0. Ethereum $1,629.84 ETH 0.61% Зошто се менува Ethereum (ETH)? Има три работи зошто се направи надоградба на втората најголема криптовалута во светот. Подобрување на сигурноста, ...
Неверојатно брзиот развој на вештачката интелигенција во последните неколку месеци ги изненади сите. Во моментов најчесто се зборува за поместувањата кои вештачката интелигенција ќе ги направи на пазарот на трудот, но веќе постојат и актуелни предизвици. Користењето на вештачка интелигенција за генерирање на есеи и пишување домашна задача е еден од предизвиците за дел од образовните установи. ChatGPT е вештачка интелигенција развиена од OpenAI. ...
Скопје (skopjegame) е македонска видеоигра развиена од студиото Dark-1. Веста дека креаторите на Odium to the Core планираат нова игра за првпат се појави во 2019. Неколку години подоцна играта не е завршена, но како што велат од Dark-1 „се гледа крајот“. Оваа недела официјално беше објавен и издавачот на играта PM Studios. „Скопје“ е First Person Shooter, open-world survival видеоигра со гејмплеј кој се заснова на нелинеарно истражување на ...
Низ времето, пишувавме за најразлични клиенти за споделување торенти. Во морето од клиенти, особено се за пофалба Deluge или BiglyBT, како и Transmition, но доколку не сте задоволни од нив и барате некоја друга алтернатива, тогаш би можеле да ги проверите потенцијалите на qBittorrent. qBittorrent е еден од ретки клиенти кои се осмислени првенствено да му служат на корисникот. Имено, се работи за целосно бесплатна алатка, без р од реклами. ...
WordCamp е конференција која се фокусира на сè што е WordPress. WordCamp се неформални настани организирани од заедницата на WordPress корисници која опстојува 20 години. На конференциите присуствуваат сите поврзани или ентузијастички настроени кон WP еко-системот. Овие настани имаат голем придонес за целата WordPress заедница и се одлично место за добивање нови искуства, познанства и знаење. Во Македонија, по трет пат, WordCamp Скопје ќе се ...
Оние што постојано жонлираат различни фајлови, линкови и бројни други документи знаат колку хаотична знае да биде целата таква процедура, особено кога ќе се дојде до скокање од една преку друга, па на трета локација, само за да го најдете тоа што го барате. Dropshelf е алатка која се труди да ви помогне при справување со бројни фајлови така што преку влечи-пушти можете да поставите секакви фајлови, линкови, слики, или текст на ново-создадена ...
ПР текст од Здружение на информатичарите на Македонија пренесен интегрално. Во Унгарија, земјата на изумителот на компјутерската архитектура Џон Фон Нојман, во градот Сегедин, од 28-ми август до 4-ти септември се одржува 35-тата по ред Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2023). И на оваа олимпијада, македонските ученици ја продолжуваат традицијата на одлично претставување од последниве десетина години, постигнувајќи нов голем успех. ...
Овој текст е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia во кој профилираме по еден .мк стартап кој е на пат кон успехот. .мк стартап на месецот [август, 2023]: UpShift е американскo-македонски стартап основан во 2016-та година чија примарна цел е да поврзува човечки ресурси со бизниси во САД. Практично, Upshift преку својата платформа и дефинираните критериуми им овозможува на компаниите да огласат флексибилни, ...
Денеска, FPS игрите се вистински графички и механички спектакл. Модерниот гејмер може целосно да биде размазен со eye-candy и веродостојни анимации, визуелни ефекти, како и бројни начини за уништување на непријателите. Gastro Force е сосема спротивното од ова и е замислена за сите носталгичари кои сакаат да се присетат како FPS игрите изледаа на самиот почеток, кога првата DOOM и Wolfenstein го доминираа светот со лоша пикселизација, несмасно ...
Безбедносните експерти на Citizen Lab открија нов ланец напади кој може да се користи за заобиколување на заштитата на iPhone. Веќе се пронајдени телефони кај кој пропустот е искористен за инсталирање на малициозен софтвер од NSO Group. „Минатата недела, додека проверувавме уред на вработен во граѓанска организација со седиште во Вашингтон и со меѓународни канцеларии, Citizen Lab откри активно искористен zero-day пропуст кој се користел за ...
ETR носи искуство и експертиза од 20 години работа со клиенти како Reuters, Citibank, ESPN, Business Insider и Honda, како и директен пристап до најголемиот светски пазар за дигитални услуги Една од најголемите хрватски ИТ компании, Инфинум, ја презема ExpandTheRoom (ETR), креативна дигитална агенција со седиште во Њујорк. Присутен на македонскиот пазар со свои канцеларии од 2022 година, овој наградуван технолошки колектив, чии клиенти се ...