Ако по нешто ја паметиме далечната 2002 година, тоа е по Stronghold Crusader. Оваа феноменалнна стратегија остави неизбришлива трага и се истакна како напредна и крајно комплексна стратегија во реално време. Уникатната комбинација од симулација на градење замок и опсадни битки, сместена во периодот на крстоносните војни, собра легија од фанови и се наметна како освежителен продолжеток на оригиналната игра. Stronghold Crusader: Definitive ...

Светските трендови покажуваат сѐ поголем интерес за аудио книги и поткасти. Во регионот еден од предводниците на ова поле е платформата Boksy. Со над 50 000 наслови, кои вклучуваат аудио, е-книги и подкасти за сите возрасти, Boksy успешно соработува со над 230 издавачи и автори од целиот свет, нудејќи богата и разновидна содржина. Boksy нуди наслови на македонски, англиски, шведски и албански јазик, а понудата континуирано се збогатува со ...

Во првата половина на јули, Берлин стана неприкосновена престолнина на кодирањето, преку одржувањето на светскиот конгрес на WeAreDevelopers 2025 кој собра речиси 15.000 програмери од цела Европа и пошироко. Во текот на тридневната конференција, на главната сцена и на единаесет специјализирани сцени, говорници од технолошки гиганти како NVIDIA, GitHub, Amazon, Atlassian и OpenAI ги споделија своите сознанија, заедно со легенди во гејмингот од ...

Mirthwood, развиена од Bad Ridge Games и објавена од V Publishing, е RPG симулација која ве носи во извонредно детален средновековен свет. Бегајќи од континент зафатен од војна, вие пристигнувате во нова, непозната земја, каде што ви се нуди можност за сосема нов почеток. Во овој вошебен свет се поставува прашањето дали да изградите мирен дом, да се посветите на земјоделство и трговија, или пак ќе ги откопате ратните секири и ќе се фрлате од ...

Gaucho and the Grassland е авантуристичка симулација која ве става во чизмите на Гаучо, латиноамерикански каубој. Чедото на Epopeia Games e замислено да ви дозволи да го истражите светот околу вас и да создадете похармонично место за живеење. За разлика од традиционалните игри во овој жанр, овде земјоделството е во втор план. Примарниот фокус е ставен на грижата за животните. Вашата задача е да изградите совршени засолништа за нив, да се ...

Wonder Boy: Asha in Monster World е игра која, всушност, претставува целосна и модерна преработка на култниот класик Monster World IV од 90-тите години. Играта, која е направена од страна на оригиналниот креативен тим, ве вовлекува во авантурата преку која ја следите Аша, млада и храбра воинка која, заедно со нејзиниот верен придружник, тргнува на епско патување за да го спаси својот свет од мистериозната темнина што му се заканува. Иако ...

Доколку сте фанови на metroidvania жанрот, тогаш не би требало да ја заобиколите играта на норвешкото студио Rock Pocket Games. Нивниот наслов Somber Echoes успева да внесе свежина преку една неочекувана, но импресивна фузија: грчко-римска митологија и научно-фантастичен хорор. Играта нè носи на вселенскиот брод „Атромитос“, некогаш горд симбол на грчко-римската естетика, а сега мрачно легло на ужаси од непозната димензија. Во овој хаос, ...

Како освежителен хибрид, Nova Hearts е замислена да понуди уникатно искуство кое е исполнето со мистерија, романса и космички битки. Развиена од студиото Sonderlust, оваа игра амбициозно спојува симулатор за состаноци со елементи на визуелен роман и стратешка борба заснована на потези. Како резултат, добивате забавен продукт исполнет со уникатен визуелен стил, суптилни, но преубави анимации и впечатлив наратив кој целосно ќе ве преземе во ...

Уште една недела и уште неколку интересни игри кои би можеле да проверите. Независно од вашиот вкус, барем една од овие три игри би можеле да ви помогне полесно да се справите со летните горештини! Music Drive: Chase the Beat: Потера по ритамот Во Music Drive: Chase the Beat, една банда има украдено хард дискови со сè уште необјавени хитови, со намера да доминира на музичките топ листи. Вие сте во центарот на возбудлива трка со времето за да ...

Додека светот се натпреварува кој побрзо ќе ја искористи вештачката интелигенција (ВИ), преку големи јазични модели кои им помагаат на милиони корисници, до стартапи што преку ВИ развиваат терапии за ретки болести или целосно автоматизираат деловни процеси – трката за талент и иновации не сопира, и се чини дека во последната година истата постојано руши нови рекорди. Големите компании ги откупуваат најдобрите тимови и инжинери, трошејќи ...

Издавачката куќа ININ се враќа по трети пат со нивниот ретро серијал. Овојпат IREM Collection Volume 3 e колекција која ќе ве одведе на патување низ три уникатни и фантастични светови кои, на времето, го дефинираа златнoто доба на аркадните игри. Пакетот нуди експлозивна мешавина од хаотични, едноставни, но крајно предизвикувачки механики. Но, во поглед на техничкиот дел, игрите се збогатени со модерни подобрувања кои го олеснуваат искуството ...

Што е саботна симс средба? Претходните саботи разгледувавме: Повик на природата Game Pack-от The Sims 4 Outdoor Retreat претставува интересна нова дестинација за франшизат. Имено, ова не е е експанзија; експанзиите знаат да бидат подарежливи во поглед на содржините. Game Pack-овите воведуваат нов формат на содржина кои се, грубо кажано, поскромни од експанзиите, но посадржајни од stuff pack-овите. Како прв ваков пакет, The Sims™ 4 Outdoor ...

Вчера видовме детенце како дојде до вирче, почна да се врти во круг околу него, па потоа да турка со нозете мали каменчиња, завршувајќи со епско шлапкање во бистрата вода. Bambas! е игра која сака да ве потсети на деновите кога улиците беа вашето игралиште и кога секој тротоар, пешачки премин или вирче стануваше дел од епска мисија создадена од вашата имагинација. Чедото на DevilishGames се залага да го врати токму тоа магично чувство, ...

Chained Echoes произлегува од независно студио и претставува маестрален спој на минатото и сегашноста. Иако е изградена врз темелите на златната ера на 16-битните јапонски RPG игри од 90-тите, оваа игра не се задоволува со носталгија, туку со своите иновативни механики храбро го турка жанрот напред. Резултатот е ретко видено ремек-дело кое успева да ги воодушеви гејмерите со речиси секој свој аспект. Фасцинантно е што зад целиот проект стои ...

Warhammer 40,000: Rogue Trader се прослави како значаен наслов во cRPG жанрот, нудејќи им на играчите длабоко и автентично искуство во мрачниот универзум на Warhammer 40,000. Во 2023-та година, ја имавте ексклузивната можност да навлезете во чевлите на моќен истражувач со речиси неограничена власт, што носи со себе не само привилегии, туку и тешки морални дилеми. Година дена подоцна, првото садржајно проширување, насловено како Void Shadows, ...

Израелскиот програмер Маор Шломо успеа за само шест месеци да го продаде својот стартап Base44 на Wix за 80 милиони долари во кеш. Основан на почетокот на 2025 година како самофинансирана (bootstrapped) компанија без надворешни инвеститори, Base44 стана симбол на новата генерација на производи базирана на вештачка интелигенција (ВИ) кои ветуваат целосна трансформација во начинот на градење апликации. Стартапот Base44 развива vibe-coding ...

Најновата експанзија за популарниот симулатор за лов, Hunter: Call of the Wild ве носи во срцето на Канада, во живописниот, но суров предел на Алберта. Иако на прв поглед изгледа како замрзната и пуста територија, овој нов резерват нуди богат и динамичен екосистем кој чека да биде откриен. Подгответе се за лов во екстремни услови, каде што секој чекор низ длабокиот снег може да ве одведе до незаборавна авантура. Резерватот Аски Риџ во Алберта ...

Јакуб Шмалек е име кое има огромна тежина во гејминг индустријата. Како визионерски наративен директор зад некои од најамбициозните игри на нашето време, вклучувајќи ги епските светови на The Witcher 3 и неонските улици на Cyberpunk 2077, неговата кариера е дефинирана со создавање на огромни, интерактивни приказни. Сепак, Шмалек сега го насочува својот талент кон еден поинаков медиум, истражувајќи ги границите на линеарната нарација со ...

За инвеститорите во ризичен капитал и ангел-инвеститорите кои го набљудуваат Балканот, Македонија претставува класичен парадокс на пазар во подем: изобилство од надежни основачи и подобрување на протокот на зделки, истовремено попречени од структурни пречки. Вкупното VC-финансирање во последните пет години значително заостанува зад регионалните конкуренти, принудувајќи ги инвеститорите да го искалкулираат долгорочниот потенцијал наспроти ...

ELEX е мобилна апликација (достапна за iOS и Android) и веб-платформа со целосни податоци за пазарот на електрична енергија низ цела Европа. Заборавете на пребарувањето низ повеќе извори – ELEX ги обединува сите потребни информации на едно место, правејќи ги лесно достапни и разбирливи. Доколку работите во енергетскиот сектор, тргувате со електрична енергија или едноставно сакате да бидете информирани, ELEX ви обезбедува прецизни и навремени ...

Tiny Aquarium e социјална симулациска игра која нуди мирен и релаксирачки амбиент, сместен директно на вашиот десктоп. Таа претставува еден вид жив аквариум кој продолжува да се развива дури и кога не сте активно вклучени, нудејќи уникатно искуство секој пат кога ќе ја вклучите играта. Свет што живее и без вас Tiny Aquarium може да се пофали со интересна пасивна природа каде вашиот подводен свет и неговите жители – рибите – продолжуваат да ...

По повод 25-годишнината од дебито на бестрашните без’рбетници на гејминг сцената, фановите на култната класика Worms Armageddon добија пријатно и, пред се, бесплатно изненадување. Најновото ажурирање за Worms Armageddon: Anniversary Edition, насловено како Backworms Compatible, пристигна за PlayStation 5, PlayStation 4, Xbox Series X|S, Xbox One и Nintendo Switch, носејќи со себе не една, туку три цели ретро игри од серијалот, збогатувајќи го ...

Warhammer 40,000: Darktide е игра која од 2022-та година константно се надградува и менува, се со цел да успее максимално да ве вовлече во бруталната и мрачната иднина на 41-от милениум. Како кооперативна акциона игра од прво лице, таа ве става во тимови од четири играчи против орди од непријатели. Наративната позадина, создадена од реномирани автори од Games Workshop, се фокусира на група отфрлени затвореници регрутирани од инквизицијата за ...

Ruffy and the Riverside претставува значајно освежување во светот на 3D платформерските игри, одликувајќи се со иновативни механики и прекрасна графика. Развиена од германското инди-студио Zockrates Laboratories и објавена од Phiphen Games, оваа игра успешно ги комбинира носталгичните елементи на класичните платформери со модерни и креативни механики. Централниот елемент што ја дефинира играта е уникатната способност SWAP, која ви овозможува ...

Trash Goblin е шармантна, пријатна игра за водење продавница која ве поканува да се релаксираат, да откривате скриени ситници и да ги чистите без никаков временски притисок. Нејзиниот уникатен пристап доживеа огромен успех, градејќи посветена заедница која ја цени нејзината мирна атмосфера. За да дознаеме повеќе за магијата зад овој уникатен наслов, разговаравме со Ендрју Смит, креативниот директор на проектот. Тој со нас ја сподели ...

ANTRO е амбициозна и крајно уникатна игра која е создадена од новото студио Gatera Studio од Барселона. Играта претставува амбициозен спој на повеќе жанрови: 2.5D акција, платформер, загатки и, најважно од сè, ритам. Дејството е сместено во дистописки подземен град под рушевините на Барселона, каде што уметноста и музиката се забранети, а вие ја презема улогата на доставувачот Нитч, кој несвесно станува долго-очекуваната искра на ...

Farmer’s Life е игра која ви дозволува да навлезете во калливите чизми на Казимир – земјоделец кој се бори со алкохолизам, долгови и суровата реалност во едно зафрлено источноевропско село. Секојдневно ќе навлегувате во борба за опстанок и низа предизвици кои се испреплетени со уникатен, црн хумор. Притоа, ќе управувате со ресурси, ќе градите, ловите, готвите, возите или пак правите и продавате алкохол. Животот на фармата знае да биде ...

Што е саботна симс средба? Претходните саботи пишувавме за: The Sims 4: Growing Together – Eкспанзијата што го редефинира семејството Проширувањето The Sims 4: Growing Together беше објавено во март 2023 година. Оваа експанзија е една од ретките кои, на времето, претставуваа позначајна пресвртница во еволуцијата на играта. Имено, Maxis решија да ја адресираат долгогодишната желба на заедницата за подлабока и посложена семејна игра. Имено, ова ...

Уште од годината на нејзиното објавување во 1999 година, System Shock 2 се истакнува како културен феномен кој го дефинираше жанрот immersive sim, поставувајќи темели за бројни идни наслови. На времето, легендарните студија Irrational Games и Looking Glass вродија величенствен хибрид од акционо-RPG и хорор за преживување, истакнувајќи се, првенствено, со длабоката психолошка нарација и иновативен гејмплеј. За жал, и покрај универзалните ...

Net.Attack() е игра која нуди динамичен спој на top-down акционен roguelite жанр со механика што ретко се гледа: визуелно програмирање. Оваа игра ве става во улога на хакер, каде што вашите најсилни оружја не се мечеви, пушки или магии, туку алгоритми и логички јазли што самите ги креирате. Резултатот е уникатно искуство што ги предизвикува и вашите рефлекси и вашата креативност. Програмирање достапно за секого Главниот адут на Net.Attack() е ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.11
37%
1020
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.13
52%
1020
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
2.05
41%
1021
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.28
42%
1022
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.42
46%
1020
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
1.89
74%
1023
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
4.02
40%
1019
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.87
54%
1020
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
0.41
51%
1020
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 28ᴼ
1.34
39%
1020
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
2.68
47%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
4.64
77%
1021
Currency

61.6417

Currency

53.7211

Currency

71.1705

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Бакар

12.73

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Паладиум

39866.93

Алуминиум

3.40

Цинк

0.00

Платина

53498.84

Злато

133769.08

Калај

53.45

Сребро

2087.39

Иридиум

253540.09