Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека на шест месеци го суспендира влезот на странски студенти на Харвард, повикувајќи се на националната безбедност и оценувајќи дека дозволувањето такво запишување е „штетно за интересите на САД“. Одлуката на Трамп доаѓа по повеќемесечниот конфликт меѓу Белата куќа и еден од најпрестижните американски универзитети. Харвард претходно одби да ги исполни барањата на администрацијата во врска со ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение дека како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничените, од кои двајца браќа и нивен познаник, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице и го довеле во опасност животот на уште двајца. ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, денес и утре (четврток и петок 5 и 6 јуни) особено во попладневните и во вечерните часови на повеќе места кај нас ќе се формираат фронтални влажни бранови кои значително ќе ја дестабилизираат атмосферата. Во ваква ситуација, на повеќе места кај нас ќе се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра од кои ...
Еден милион и неколку стотини илјади граѓани на нашата држава, живеат во две Македонии. ПРВАТА МАКЕДОНИЈА, виртуелната, е онаа на мицковци: нејзината економија е четврта во Европа, во неа за 10 дена се градат 50 км автопат и 40 км пруга, таму градоначалниците на ДПМНЕ скандинавски управуваат со општините, во таа Македонија живеат среќни и задоволни граѓани. ВТОРАТА МАКЕДОНИЈА, реалната, е онаа во која живеат нечипирани, слободоумни и мислечки ...
Под влијание на значајни планетарни транзити, како преминот на Венера во Бик и Јупитер во Рак, јуни е месец во кој се отвораат нови можности за финансиски раст, инвестиции и стабилизација на буџетот. Некои знаци ќе бидат поттикнати да преземат храбри чекори и да ги реализираат своите идеи, додека други ќе мора да бидат претпазливи и да ги ревидираат своите трошоци. Овој месец, според астролозите, е особено поволен за развој на нови стратегии, ...
Тепачка се случи денеска во Парламентот на Бугарија околу одлуката за приклучување на земјата кон Еврозоната, а некои од парламентарците ги повикаа поддржувачите на зачувувањето на националната валута левот да го блокираат Народното собрание. За време на парламентарната седница, пратениците на проруската Обнова, на повик на лидерот Костадин Костадинов, го блокираа пристапот до говорницата, а потоа Костадинов се качи на неа. „Денеска е црн ден ...
Основното јавно обвинителство Битола отвори предистражна постапка против две физички и две правни лица по кривична пријава поднесена од СВР Битола. Според пријавата, осомничените со лажни ветувања за исплата успеале да измамат вкупно 27 лица, од кои 25 земјоделци и две превозни фирми, при што се стекнале со противправна имотна корист од 141.650 евра. „Постапката е во почетна фаза и се преземаат сите потребни дејствија за обезбедување докази. ...
Оваа година во јуни се распишува тендер за универзалниот снабдувач ЕВН хоум. Тоа е отворен тендер, но вообичаено секогаш се јавува ЕСМ кој, факт е дека има далеку пониска цена од пазарната. Од најавите кои ги слушам најверојатно ќе се оди со истата цена од 62 евра за мегават/час, информира претседателот на Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски. Тој појаснува дека од ...
Во својство на една од пионерските компании во имплементацијата на принципите на еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG), „Алкалоид“ зеде активно учество на Третата регионална ESG-конференција, организирана од македонската подружница на Американската стопанска комора, во соработка со AmCham Србија, AmCham Албанија и AmCham Косово. Настанот собра претставници од деловниот сектор, институциите и граѓанското општество, ...
На 03.06.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив е донесено починато тригодишно дете од Кавадарци, кое од претходно имало здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт, а во службен разговор, неговата мајка Т.Ѓ.С.(36) од Кавадарци изјавила дека околу 03.00 часот го однела во Општа болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести при Комплекс клиники „Мајка ...
Автоматска пушка и муниција се пронајдени во стан во Центар во кој престојуваат турски државјани. Според информациите на МВР, вчера околу 21.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на подрачје на Центар во кој престојуваат турски државјани, при што во помошна просторија се пронајдени и одземени автоматска пушка и две рамки со муниција за пушката. По целосно ...
Дете паднало во кома откако изело бомбони Харибо за кои се покажало дека содржат канабис, потврди болницата “Ziekenhuisgroep Twente” во Холандија. Станува збор за две деца – едно дете од градинка и едно од предучилишна возраст, пишува „НЛ Тајмс“. Портпаролот на болницата изјавил дека поради заштита на приватноста, не можат да откријат повеќе детали, но нагласил дека инцидентот на почетокот не бил сфатен сериозно. -На почетокот се шегувавме за ...
СДСМ денеска обвини дека додека премиерот Христијан Мицкоски зборува за силна економија, Македонија се наоѓа пред историски најсериозната економска и финансиска криза каква што не се памети во земјава од нејзиното осамостојување. Според најголемата опозициска партија, тоа што како „печурки никнуваат разноразни аналитичари кои зборуваат за некаков „економски раст“ е само потврда дека јавноста се подготвува за сериозна криза“. Од партијата ...
Имам Калифa има машки хрмозоми во своето тело и сега се на потег Светската боксерска федерација и Интернационалниот олимписки комитет. Кога на алжирската боксерка Иман Калифa ѝ беше дозволено да учествува на Олимписките игри во Париз минатата година, реакциите на спортската јавност беа крајно негативни, бидејќи се знаеше дека таа има машки „Y“ хромозоми во своето тело. Сепак, Калифa боксуваше во Париз, а епилогот е познат, доминираше во ...
Британската манекенка и актерка Кара Делевињ на впечатлив начин го отвори овогодинешниот месец на гордоста, појавувајќи се на „WeHo Pride Parade“ во Западен Холивуд, Калифорнија. Таа на Инстаграм сподели фотографии и видеа од овој настан, а најголемо внимание привлече фотографијата на која се бакнува со својата девојка Минке, која е музичар. Делевињ возеше во црвен кабриолет, позирајќи со џиновски жолт меч во рака и правејќи знак за мир. Таа ...
Актерката Брук Шилдс го прослави својот 60-ти роденден, а по тој повод на Инстаграм сподели фотографии на кои позира во бикини. Имено, актерката позираше во црни бикини и уште еднаш воодушеви со својот изглед и фит фигура по која е препознатлива со децении. Заедно со фотографиите, Брук напиша: “Се разбудив во рајот и во новата деценија од животот. Ова е 60! Ви благодарам на сите за роденденските желби”. View this post on Instagram A post ...
Дваесетгодишен мотоциклист од кумановско починал, откако удрил во бетонски столб во атар на село Орашац кон патот Куманово-Свети Николе, соопшти денеска полицијата. Вчера околу 21.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат од село Орашац, кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе, М.П.(20) од с. Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „БМВ“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски стол. Од ...
Премиерот вели дека сме четврта брзо растечка економија во светот. Сме биле позади Ирска. Во Ирска просечна плата е приближно 4.000 евра. Со два клика тоа се проверува. Мицкоски може да вети што? Суверенитет, идентитет, евентуално “Македонија на Македонците”, другите приказни од штабо нека ги тера во штабо. И кога се треска глупости би било пожелно да се има малку срам. Малку срам, а срамот е најдоброто нешто кое човек може да го има. Ако е ...
Јавен апел – трагедијата во дискотеката во Кочани Со голема болка и тешко срце ја споделувам трагедијата што не’ снајде. Во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, животот го загуби мојата внука од сестра, заедно со уште 61 млад човек. Вкупно 62 загинати, и 200 повредени. И покрај огромната загуба, немаме добиено никаква помош од државата. До ден-денес, ниеден претставник од владата не не посети, ниту во болниците, ниту во домовите. ...
Собранието пред утврдувањето на дневниот ред на вчерашната 51. седница ја изгласа потребата од носење на повеќе предлог законски измени по скратена постапка, меѓу кои и на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона. Пратеникот Никола Мицески, во образложение на предлогот, рече дека по подолг временски период и консултација со работната група, заедно со сите координатори на пратенички групи консензуално се ...
Владата преку мерки за вработување планира годинава да го намали бројот на млади и други невработени лица и да легализира бизниси на лица кои се пријавуваат како невработени. Притоа планира да потроши 40 милиони евра за вработување на 16.057 лица. Ова е предвидено во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2025 година. Преку овие мерки се овозможува директна помош за бизниси на млади и млади ...
Бритни Спирс не престанува да изненадува со разголените видеа кои ги објавува на социјалните мрежи. На последната Инстаграм објава таа танцува во розов фустан, се витка, мавта со главата и тоа на песната „Carry Out“ која заедно ја снимиле Тимбаланд и Џастин Тимберлејк, нејзиното поранешно момче. View this post on Instagram A post shared by XILA MARIA RIVER RED (@britneyspears) Бритни Спирс за нивната врска и односот, пишувала во своите ...
Владата веќе 11 месеци не дава одобрение за издавање на лиценци за негувателки и воспитувачки во градинките под надлежност на Општина Карпош, иако се соочуваат со недостаток на персонал, посочи денеска на прес-конференција градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. Тој истакна дека изминатата година од градинката „Орце Николов“ во пензија се заминати осум негувателки, од градинката „Распеана младост“ – шест, додека од „Пролет“ – пет ...
Зошто Христијан Мицкоски го плаши вистината за трагедијата во Кочани? Дали најголемиот страв на власта е дека ако се соочат со правдата виновниците и актуелните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, истрагата ќе стигне до највисоките струткури во власта на чело со премиерот, праша на денешната прес-конференција Мартин Костовски – организациски секретар на СДСМ. dobivaj vesti na viber Дополнително праша, зошто после речиси три месеци нема ниту еден ...
Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на познатата пејачка Цеца, објави фотографија на Instagram каде нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ, ја бакнува додека лежат заедно во кревет. Интимниот момент ги освои симпатиите на фановите. Парот живее во Севиља и често споделува лични моменти на социјалните мрежи. Со својата љубовна хармонија, тие се едни од омилените јавни личности во регионот. View this post on Instagram A post shared by Anastasija ...
Аранжманите на омилената летна дестинација годинава се поскапи и до 25 отсто, а цените на лежалките во Грција го следат тој тренд. Грчките плажи полека се полнат со туристи, па има новости за овогодинешните цени на лежалките – и во претсезона тие одат и до 60 евра за комплет. Nikana.gr дава ценовници за неколку популарни места и заклучува дека Ситонија моментално е најевтина. Еве ги цените што ги собрале досега… Пефкохори: Комплет 20€ (2 ...
Наша политичка цел е да ги започнеме преговорите со Северна Македонија по Кластерот „Основни вредности“, штом ќе бидат усвоени потребните уставни измени, порача денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос во воведното обраќање на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ, состојбите во Украина и соседската политика на блокот. – Бугарија и Северна Македонија треба да ...
Наша политичка цел е да ги започнеме преговорите со Северна Македонија по Кластерот „Основни вредности“, штом ќе бидат усвоени потребните уставни измени, порача денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос во воведното обраќање на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ, состојбите во Украина и соседската политика на блокот. – Бугарија и Северна Македонија треба да ...
Повеќе од 395.000 посетители минатата година одбрале да ги посетат најпознатите културни знаменитости на Туркије, меѓу кои Ефес во Измир и Хиераполис (Памуккале) во Денизли, во текот на вечерните часови. Големиот интерес е потврда за атрактивноста на проектот „Ноќни музеи“, кој им овозможува на посетителите да ги истражат и посетат историските локалитети, кои се осветлени и отворени до доцна во ноќта. Во рамките на овој проект, кој го ...
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска преку социјалната мрежа „фејсбук“ јавно му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски во врска со акутелните настани поврзани со дивоградбите во општина Чаир. Во објавата, Арсовска истакна дека веќе три години се обидува институционално да спречи легализација на над 150 дивоградби, за кои постојат пријави и доставени документи до надлежните органи уште од 2023 година. Според неа, реакцијата ...