Вистинска „вестерн“ приказна денеска се одвиваше во Крива Паланка. Кравите што со месеци слободно шетаат низ кривопаланечкиот регион сè уште не можат да бидат скротени. Екипите на Телма од терен ја пренесоа драматичната атмосфера – инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) се обидуваа да ги приберат животните, додека нивните сопственици ги бркаа по планината за да спречат тие да бидат ...

Пејачката Зејна Муркиќ настапи во првото полуфинале на српскиот избор за песна на Евровизија со композицијата „Југославија“, а нејзиниот настап предизвика бројни реакции и дебати на социјалните мрежи и во јавноста. Контроверзиите околу песната започнаа уште пред полуфиналната вечер, најмногу поради самиот наслов. Официјалниот профил „Евровизија Косово“ ја обвини Србија дека „не може да ја одвои политиката од Евровизија“, наведувајќи дека ...

„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед“ – напиша меѓу другото на Фејсбук поранешниот премиер, Зоран Заев. Екс лидерот на СДСМ во пораката споделена на социјалните мрежи ги покажа тужбите и напиша: „Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата. Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“. Фејсбук статус на поранешниот ...

Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Ќерамидница настанал пожар во куќа, сопственост на 71-годишната Т.П. од Скопје, која имала здравствени проблеми. Од Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а на местото е пронајдена почината сопственичката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, информираа од ...

Министерот за правда Игор Филков јавно ги повика сите инволвирани институции и лица во постапката поврзана со поранешниот вицепремиер Артан Груби да дадат детално и транспарентно образложение за донесените одлуки, нагласувајќи дека одговорноста треба да биде јасно утврдена „со име и презиме“. По оваа изјава, адвокатот Војо Димоски преку објава на социјалните мрежи упати остри критики кон министерот, оценувајќи дека неговите ставови во врска ...

• Предизборно ветуваа дека ќе го поништат Преспанскиот договор – излажаа; • Ветија и дека ќе го вратат уставното име на Македонија – и тоа го излажаа; • Прават непријатели на сите страни, само да ја држат Македонија што подалеку од ЕУ; • Во кочанската шупа изгореа 63 деца – прават се’ да ја забошотат трагедијата, да го одолговлекуваат судскиот процес со цел вистинските виновници да не ги стигне казната; • Водеа силна кампања со тезата дека ...

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2025 година продажбите достигнуваат 13.837.976.447 денари, што е за 3 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 20.899.116.085 денари, што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 20 % во ...

Националната земјоделска мрежа јавно побара детално појаснување од Министерството за земјоделство околу новата програма за директни плаќања за 2026 година, оценувајќи дека критериумите се нејасни и, како што велат, уценувачки. Според новата методологија, право на субвенции ќе имаат само оние што ќе исполнат одредени услови за предадено производство, што отвори сериозни дилеми кај овоштари и лозари. Од Мрежата прашуваат како ќе се исполнува ...

„Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка. Таа е директна последица на политички дил и целосно контролирано судство и обвинителство од страна на ВМРО-ОКГ. Со месеци СДСМ предупредува дека судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ“, велат од СДСМ. „Се менува јавен обвинител за да се стави обвинител под контрола на власта, се елиминираа независни кандидати, се инсталираа партиски ...

Окружното јавно обвинителство во Осиек, по спроведена детална истрага, поднесе обвинение против 53-годишен хрватски државјанин поради убиство на неговата сопруга. Случајот, кој ја потресе јавноста, се случил минатата година во населбата Тења, во Осиек, а обвинението е доставено до Окружниот суд во Осиек, објави DORH. Според наводите во обвинителниот акт, мажот во периодот од 2 август до 2 септември 2025 година, во семејната куќа во Тења, со ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ, до крајот на неделава времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и со многу сонце. Денес и утре (четврток 26 февруари 2026) особено во Повардарието и во источните предели повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец. И во Скопје и околината до крајот на неделава ќе имаме ...

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер вечерва во 20:06 часот е регистриран во соседна Албанија. Според информациите, епицентарот е 7 километри северозападно од Лушња и 31 километар југозападно од Елбасан, на длабочина од 13 километри, објави 4news.mk Истиот е почувствуван и на територија на Македонија односно во Дебар, Струга и Охрид. Засега нема информации за причинета материјална штета. Земјотрес со јачина од 4,3 степени според ...

Четиринаесетгодишно дете управувало патничко возило „опел“ и удрило во бетонски столб во селото Дебреште, општина Долнени, при што едно дете е тешко повредено, а уште двајца завршиле со повреди. Во несреќата, 14-годишен сопатник се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и уште еден сопатник на возраст од 16 години се полесно повредени. Повредените биле пренесени и згрижени во Градската општа болница во Прилеп. На местото на настанот ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во обид, „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 18.02.2026 во семејниот дом во Битола каде живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети ги нападнал неговиот 21-годишен син и неговата 16-годишна ќерка. Додека, на 19.02.2026 во Полициската станица Битола, ...

-Зголемувањето на минималната плата на 600 евра не е никаков каприц, туку барање за социјална нормалност, а без оваа законска интервенција, оваа нормалност може да биде само политичка привилегија. Кога велиме 600 евра минимална плата, ние не велиме државата да продолжи да биде пасивен набљудувач и работите во економијата да се движат по инерција. Бараме платата да се зголеми, а Владата да си ја преземе одговорноста, рече пратеникот на СДСМ, ...

Во дворот на Црквата „Св. Теодор Тирон“ во село Конопница, во недела на 1 март 2026 година со почеток во 13 часот, ќе се одржи 16-тото издание на културната манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон“. Настанот го организира Општина Крива Паланка во соработка со Здружението за рурален развој РЗР „Патник“. Манифестацијата е посветена на негување на македонските автентични носии, традиционалните обичаи и локалниот културен ...

На 23.02.2026 во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид. Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција. На 23.02.2026 во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од ...

Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата. Дефокус не го полни фрижидерот, вели СДСМ. „Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари… Повеќе не можете така да поминувате. На сите им е сè јасно. План за ребаланс на буџетот и кратење на луксузот ви дадовме. Прифатете го ...

Ако барате промена на пејзажот и сакате да уживате во зеленилото, постои можност да се преселите во живописен град во Швајцарија за 70.000 евра. Доколку сакате промена на околината и живот опкружен со недопрена швајцарска природа, постои можност да се преселите во живописното планинско гратче Албинен и да добиете дури 70.000 евра за тоа. Јутјуб каналот „Yes Theory“ се обиде да го разјасни тоа што ги интересира многумина, во што е поентата во ...

Оризовите галети често се претставуваат како лесна, здрава алтернатива на грицките, но и на лебот. Ги наоѓаме на полиците со здрава храна, безглутенски производи и диетални намирници, а многумина ги избираат затоа што делуваат едноставно и безопасно. Но, што се тие всушност? Основната состојка на оризовите галети – логично е оризот. Најчесто се користи бел ориз, иако постојат и варијанти од интегрален. Процесот на производство обично вклучува ...

Во време на пости или кога сакате лесен и здрав оброк, овие посни ќофтиња без масло се вистински избор. Рецептот потекнува од кујната на Бигорски Манастир, каде традиционално се подготвуваат едноставни, но хранливи јадења од природни состојки. Состојки 3 моркови средна големина 1 компир средна големина 1 тиквица (зелена, Zucchini) 3 кромидчиња млади 1 чешне лук 300 гр. брашно од овес брашно од хељда сусам сол црн бибер Начин на подготовка Се ...

Екс советничката во град Скопје, Софија Куновска со критики за новиот закон за пушење. Вели дека власта си удира со свој камен по глава. „Нема да помине многу време кога на властите ќе им стане јасно дека со свој камен по своја глава удираат. На веќе објавен ригорозен закон за заштита од пушењето цвикаат и попуштаат на првиот мал притисок. Епа кога ќе ве научат дека цвикате и цивкате да знаете дека тоа е вовед во фаза дека никој нема да ве ...

Осумдесет и тригодишната Слободанка Арсовска од Куманово, благодарение на својата присебност и храброст, пред шест месеци успеала да преживее напад од 25-годишниот Т.Б. од селото Драгоманце, општина Старо Нагоричане, кој сега е осомничен како сериски убиец, пишува kumanovonews.mk. Нападот се случил на 22 јули минатата година, околу еден часот по полноќ, додека Слободанка престојувала во својата викендичка. Напаѓачот влегол преку прозорецот од ...

Полицијата во Краљево, во соработка со Безбедносно-информативна агенција, ги уапси Д.Р. (51) и М.Р. (43), двајцата од Краљево, под сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија, во врска со кривичното дело напад врз уставниот поредок, објави N1. Според информациите, станува збор за двајца ветерани од 63-та падобранска бригада, кои во изминатата година ги придружувале ...

Осумдесет и тригодишната Слободанка Арсовска од Куманово, благодарение на својата присебност и храброст, пред шест месеци успеала да преживее напад од 25-годишниот Т.Б. од селото Драгоманце, општина Старо Нагоричане, кој сега е осомничен како сериски убиец, пишува kumanovonews.mk. Нападот се случил на 22 јули минатата година, околу еден часот по полноќ, додека Слободанка престојувала во својата викендичка. Напаѓачот влегол преку прозорецот од ...

Карамбол на патот Штип-Скопје. Вчера рано утрово осум возила се судрија едно по друго. Повредени се вкупно девет лица. Со возила на Итната медицинска помош се пренесени ви штипската болница. Двајца се посериозно повредени, останатите поминале со полесни повреди. Искршени шофершајни, парчосани браници и делови расфрлани по автопатот – ваква слика ги пречека екипите на терен. Неофицијално, според првичните информации, причината за карамболот е ...

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар, а на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за еден денар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува за 0,637 ден./кг и сега ќе изнесува 34,520 ден./кг. Од поноќ бензинот ...

Роб Јетен денес стана најмладиот премиер и првиот геј премиер во историјата на Холандија, откако кралот Вилем-Александар официјално ја прогласи малцинската влада. Јетен, 38, ја предводеше својата прогресивна, проевропска партија Д66 до изненадувачка изборна победа минатиот октомври, по кампањата на оптимизам со ветувања за крај на поделбената политика што ја сметаше за водена од претходната влада, поддржана од крајнодесничарот Герт Вилдерс. ...

Германија е сè уште трета најголема економија во светот и покрај бавниот економски раст, според податоците објавени денес од Институтот за германска економија (IW) од Келн. Според проценките, бруто домашниот производ (БДП) на Германија во 2025 година изнесувал околу 5,052 трилиони долари, надминувајќи го јапонскиот 4,431 трилион долари и паѓајќи на четвртото место во споредба со претходната година. На прво место се Соединетите Американски ...

На 23.02.2026 во 00:50 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.У.(41) од Република Турција. При гранична контрола и проверки било констатирано дека на увид приложил фалсификувани меѓународни зелени карти за товарно возило „даф“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка и по целосно ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Цинк

3.76