
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



На вчерашната седница во Собранието, пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска поставувајќи прашања се осврна на неодамнешните изјави на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за цените на храната, како грашокот од конзерва и количината на млеко што треба да ја консумира едно семејство. Министерката место да одговори ја нападна Петровска на лична основа за нејзината семејна состојба. По повод дискриминаторските навреди се огласи со ...
Седумдесет и пет годишна жена од Гостивар со престој во Струга била однесена почината во Медицинскиот центар во Струга, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, вчера во 19 часот и 6 минути во полициската станица Струга било пријавено дека во Медицинскиот центар била однесена почината Д.И. (75) од Гостивар. Жената, како што е појаснето, престојувала во приватен сместувачки капацитет во Струга. – Увид на местото извршила екипа од ...
Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, на денешената прес-конференција пред Министерството за финансии, побараа оставка од министреката за финасии после вчерашните дискриминаторски навреди упатени кон пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска. На прес-конференцијата, пратеничката Јована Тренчевска, нагласи дека министерка која понижува граѓанки не заслужува да води министерство. „Министерка која понижува ...
Екс-амбасадорот и екс-заменик министер за надворешни работи, Андреј Жерновски смета дека доколку министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска не поднесе оставка за навредите искажани кон пратеничката Славјанка Петровска, тогаш треба да реагира Владата и да ја разреши. Како што истакнува во својата објава Жерновски, „во целосна немоќ да се даде контрааргумент, а во желба да му се допадне на шефот кој, ете прилика, седи пред неа и ја ...
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети синоќа од Чаир ја повикал владината коалиција ВЛЕН да се откаже од владините институции и да ги напушти. Ахмети, истовремено, уверил дека по ова нема да станат дел од владата, бидејќи според него е прифатливо само ДУИ да оди на предвремени парламентарни избори. Оттаму, Ахмети предложил предвремените избори да се одржат во октомври, заедно со локалните. Според ДУИ, Ахмети во својот ...
Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023, е намален за 4.2 % и изнесува 3 968. Бројот на умрените лица, пак, за истиот период бележи намалување од 1.0 % и изнесува 5 174 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Природниот прираст е негативен и изнесува -1 206, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од ...
Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека денеска во парламентот упати прашање, зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа законот за намалување на патните трошоци, на кое не доби одговор. Јас добив навреда, но не ја примив навредата, дали беше намерата да бидам навредена и омаловажена затоа што немам деца и немам семејство, апсолутно да. Реакциите кои следуваа на јавноста не само на ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати две прашање до министерот за култура, Зоран Љутков, кои се однесуваа на македонскиот јазик. Односно, кога ќе почнат да ги исполнуваат обврските од Законот за македонски јазик, бидејќи не е исполнета ниту една обврска и дали не се срамат затоа што досега ништо немаат направено за македонскиот јазик? Во продолжение, интегрален текст од ...
Повеќе пати укажувам на опасноста што ВМРО-ДПМНЕ демонстрира забегана моќ, која ја влече веројатно од спотовите со моторни пили на бина. Со невидена леснотија навредуваат, псујат, па и се закануваат на гласачи. А, денешниот настап на т.н. министерка за финансии е најдолниот настап што некогаш бил во нашиот Парламент. Јас не знам дали пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ ќе реагираат во рамки на клубот на пратенички, но знам во минатото опозициската ...
Ако некој мисли дека режимот на Путин ќе застане на ова и рече, тоа е тоа, Луганска ја контролираме, Донјецка, Запорошка и Херсонска се наши, се лаже. Русите сметаат дека се сила, не како Американската супер сила, ама сепак сила. И сметаат дека 1991. година тој примат на супер сила Американците им го одзедоа, па сега ќе следува втора рунда. Тамо кајшто на сила се влегува, силата не се повлекува. Украина има проблем со еден опасен и авторитарен ...
Некои возачи може да бидат агресивни, па затоа внимавајте кога поминувате улица. Ваков е одговорот на вештачката интелигенција („Чат ГПТ“) на прашањето дали е Македонија безбедна дестинација за патување. Oценката е дека земјата е генерално безбедна за туристите, со ниска стапка на криминал, а насилството е ретко. Сепак, „Чат ГПТ“ препорачува, како и за секоја друга дестинација, да бидете внимателни. Покрај сообраќајот, апликацијата ги ...
АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 308,9 милиони евра, извоз од 210,5 милиони евра и со инвестиции од 23,3 милиони евра во периодот јануари – декември 2024 г. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2024 година продажбите достигнуваат 13.433.299.470 денари, што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 19.005.696.029 ...
Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицковски, кое се однесуваше на негласањето, односно недавањето поддршка на резолуцијата за мир во Украина, поддржана од ЕУ во Обединетите Нации. Во продолжение, интегрален текст од прашањето: Премиере, ако на новинарско прашање да го објасните негласањето или недавањето на поддршка на резолуцијата за ...
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка. Вели дека на ваков чекор се решил бидејќи Град Скопје станал заложник на ДУИ. Александар Трајановски пред советот на градот рече дека со соочувал со мобинг и невиден притисок од градоначалничката која според него работела исклучиво во интерес на Сарај. „Не сакам да бидам заменик градоначалник само на Сарај“ – рече Трајановски. Тој на позицијата во Град Скопје дојде од листата на ВМРО-ДПМНЕ но ...
Од 17 до 23 месецов се пријавени 3 035 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, за 11,3 проценти повеќе во споредба со претходната недела, информираат утрово од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Пријавен бил еден смртен случај асоциран со грип во овој период. – Се работи за лице на возраст од 78 години од Скопје, кое било хоспитализирано во УК за пулмоалергологија. Кај починатото лице е утврдено присуство на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на седницата на американската влада, дека Украина „може да заборави“ на влезот во НАТО. Одговарајќи на новинарски прашања за руската агресивна војна и пристапувањето на Украина во НАТО, Трамп рече дека дискусијата за влез во алијансата веројатно е причината поради која започнала целата работа, веројатно мислејќи на војната во Украина. Украина, која веќе три години се брани од целосна руска ...
Гласините кои изминативе денови кружеа низ српските медиуми сега се потврдија – Александра Пријовиќ чека девојче. Веста за Курир.рс ја потврдила нејзината пријателка Андреана. „Среќна сум за Александра, апсолутно. Зборувавме пред некој ден, таа одеше кај мајка и. Многу сум среќна. Нејзината желба да има ќерка по синот ќи се исполни и тоа е најубавото нешто. Нека и се остварат сите желби. Таа и Филип се прекрасни и им посакувам се најдобро“, ...
Зголемениот внес на витамин Б3 (ниацин) може да го намали ризикот од појава на камења во бубрезите, покажува најновото истражување, кое отвора можности за нова превентивна стратегија против оваа болна состојба. Истражувачите анализирале податоци од Националната анкета за здравје и исхрана (NHANES), спроведена во периодот од 2007 до 2018 година, опфаќајќи 28.508 испитаници со просечна возраст од 47 години. Преку детална 24-часовна анализа на ...
Седумдесет и пет годишен жител на прилепското село Беровци е жртвата на тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Прилеп – Битола, во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“ на излезот од Прилеп. Од тешките повреди загинал на лице место на коловозот откако бил удрен од товарно моторно возило со скопски регистарски таблички. Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, кој направи увид на местото на несреќата, тешката сообраќајна ...
„Додека животниот стандард на граѓаните е на дното во Европа и регионот, висината на патарините се уште еден грабеж врз грбот на граѓаните“, велат од партијата Левица. „Компаративните анализи покажуваат дека во Бугарија се вози цел месец за 16,55 евра на автопат; во Словенија една недела чини 16 евра; во Унгарија околу 17 евра за десет дена. Во Македонија, на делницата Скопје-Демир Капија-Скопје со 12 евра (колку што е неделна вињета во ...
Животниот стандард на граѓаните е тема за кој треба да зборува власта. Сметките за струја се зголемени за 30 а некаде и за 40%, цените во маркетите се превисоки, а минималната плата не е покачена. СДСМ предложи економски мерки, за помош на граѓаните, но власта не ги прифати, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во дебатната емисија „Анализа“ на 24 ТВ. Таа потенцираше дека покачувањето на струјата за 40% е сериозен удар по џебот на ...
Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе известување, врз основа на кое двајца 14-годишни малолетници од Скопје, ќе бидат пријавени за случајот со праќање лажни закани за бомби во училишта. Имено, пријавените малолетни лица на 19.02.2025, од мобилниот телефон на едниот ...
Пензионерите во април ќе земат повисоки пензии за 2.500 денари. Со законски измени кои се доставени веќе во Собранието се предлага нов раст на пензиите од 1 март 2025 година. – Во Македонија задолжителното пензиско и инвалидското осигурување како област е уредено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој ја уредува методологијата на усогласување на пензијата. Член 18 став (3) ја става вон сила системската одредба од Законот во ...
Пратеникот и ексминистер Љупчо Николовски со сеќавање на загинатиот претседател Борис Трајковски. Поминаа 21 година од загинувањето на претседателот, соработниците и екипажот. Борис беше искрен, европски, стабилен, модерен, државник со јасна визија и одлучност. Претседател што градеше пријателства и мостови за иднината на сите нас. Да имавме повеќе луѓе во политиката со вакви вредности ќе немаше простор за политиканство, навреди, омаловажување и ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Како што и претходно најавив, почетокот на март месец ни носи нов продор на ладен воздух од североисток и од исток, истиот ќе услови појава на умерени до јаки мразеви ширум регионот, но и во нашата Република Македонија. Сето ова ќе биде проследено и со повремено засилен ветер од северен правец. Покрај ладниот бран и северниот ветер, ќе има и врнежи кои поради продорот на ладен воздух ќе бидат од снег и во дел од ...
Македонската економија се движи во погрешна насока, наместо напредок, сведоци сме на продлабочување на кризата, неконтролирано трошење, пад на инвестициите и намалување на животниот стандард, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција. Во однос на економските параметри, Филипче потенцираше дека бројките покажуваат негативни резултати што е последица на погрешните владини ...
Едночасовен предупредувачки штрајк од 11 до 12 часот одржаа денеска матичните лекари поради измените во „Мој термин“. Претседателката на Здружението на приватни матични лекари, доктор Лилија Чолакова Дервишова вели дека штрајкуваат затоа што од „Мој термин“ (Управата за електронско здравство) без најава добиле наредба да верификуваат мобилни телефони на пациентите пред да им биде овозможено да ги прегледаат. Системот „Мој Термин“ утворо не бил ...
Според послендиот годишен извештај на организацијата „Фридом Хаус“, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот, Македонија повторно е делумно слободна земја, и нема поместувања во позицијата во споредба со минатата година. Во заклучокот се забележува дека земјата продолжува да се бори со корупцијата, и додека медиумите и граѓанското општество учествуваат во енергичен јавен дискурс, новинарите и активистите се соочуваат со притисок и ...
Минималната плата најверојатно ќе порасне за 2.000 денари, достигнувајќи 24.500 денари од мартовските плати. Синдикатите неодамна побараа минималецот да се зголеми на 500 евра, повикувајќи се на зголемените животни трошоци. Како алтернативно решение, одредени бизнисмени предложија државата да ја покрива разликата во придонесите помеѓу 22.500 и 30.750 денари, но оваа идеја беше начелно отфрлена. Според законот донесен пред неколку години, ...
Цените растат а власта нема соодветен одговор и ги одбива предлог решенијата на СДСМ. Само во јануари цените во малопродажба се зголемиле за 5,2 отсто. Овој раст на цени нема да се реши со објавување на цените од страна на гранапчињата или на интернет. Потребни се системски решенија за намалување на цените, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, во емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија. Битиќи нагласи дека граѓаните знаат што добија, ...