
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Државниот врв активен на сите канали, 21 од вкупно 24 членови на владиниот кабинет користат најмалку една социјална мрежа, а кај веб страните сеуште истите предизвици и очекувања од граѓаните Новиот државен врв е присутен на Фејсбук, Инстаграм и на Твитер. Дополнително, и претседателката на Републиката, претседателот на Собранието, како и претседателот на Владата имаат и свои Тик Ток кориснички сметки, додека, пак, премиерот и претседателот на ...
Најдобрите меѓу најдобрите средношколци, победници на националните натпревари за Microsoft Office Specialist (MOS) и Adobe Certified Professional (ACP) ќе имаат уникатна можност да ја претставуваат Македонија на светските натпревари кои ќе се одржат од 28 до 31 јули во Анахејм, Калифорнија. Сердар Цветков, Леонид Петковски, Илина Арсовска и Огнен Бабунски ќе се натпреваруваат во категоријата MOS во конкуренција од над 130 натпреварувачи од ...
Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија произведена во државата. Во споредба, сите урбани домаќинства вкупно потрошиле 18 отсто од струјата во државата. Ова е првата година податочните центрите во Ирска да искористат повеќе струја од домаќинствата – претходната ...
Некои научници веруваат дека 2024 година ќе ја надмине 2023 година како најтопла година досега. Светот ја достигна највисоката температура досега забележана во недела, на 21 јули, според прелиминарните податоци од Коперник, програма на Европската унија за набљудување на Земјата. Просечната температура на површината во неделата достигна 17,09 степени, што е малку повисоко од претходниот рекорд, забележан во јули минатата година – 17,08 степени. ...
Крај живописниот брег на најголемиот езерски бисер во земјава, на 12 јули беше отворено 64-тото издание на уметничкиот спектакл „Охридско лето 2024“. Фестивалот и оваа година е поддржан од македонската компанија за здрава храна Виталиа, која е верен пријател и постојан поддржувач на домашната култура и уметност. Во текот на фестивалските денови оперските пејачи, музичарите и сите кои се претставија на сцената на Охридско лето уживаа во вкусот на ...
Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, вели дека производителот на електрични автомобили ќе започне со производство и употреба на хуманоидни роботи од следната година. Во објава на социјалните мрежи, Илон Маск рече дека роботите прво ќе ги користи Tesla, која ќе почне да ги продава во 2026 година. Технолошкиот милијардер претходно рече дека очекува роботот, наречен Optimus, да биде подготвен за употреба во фабриките на Tesla до крајот на оваа ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредит во износ од 26,4 милиони евра за Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО). Поконкретно, проектот ќе добие инвестициски грант од 7,6 милиони евра од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан и грант во вредност од 500.000 евра Климатскиот инвестициски фонд за забрзување на транзицијата од јаглен. Вкупната вредност на проектот изнесува 34,5 милиони евра. Целта на проектот е МЕПСО да ...
Во Владата денеска е потпишан договор за заем од 26,4 милиони евра помеѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и македонскиот електропреносен систем оператор АД МЕПСО, наменети за зајакнување на преносната мрежа. Потпис на договорот ставија претседателката на ЕБОР Одил Рене Басо, и генералниот директор на АД МЕПСО, Зухди Енуз. На потпишувањето во Владата присуствуваа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања ...
ОКТА АД – Скопје и оваа година најавува неколку донации во фотоволтаични централи, со што директно ја поттикнува зелената транзиција во земјава. До крајот на годината компанијата ќе инсталира фотонапонски централи во спортскиот центар „Марко Божиновски“ во општина Аеродром во Скопје, во градинката „Детска радост“ во општина Гевгелија и во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во општина Велес. Со реализација на овие донаторски проекти, ОКТА ...
Без разлика дали станува збор за мала или голема компанија, сопствениците и ХР директорите секогаш сакаат да имаат квалитетни вработени кои покрај знаењето и искуството имаат и добри вештини и персонални карактеристики. Често токму сопствениците, или во некои случаеви управните одбори и менаџерите, не можат (или едноставно немаат време) да ги најдат работниците што им требаат, па се решаваат слободните места да ги пополнат со помош на хедхантинг ...
Научници од NTU Сингапур развија ткаенина што може да се носи, која се стврднува по потреба. Се вели дека новиот тип ткаенина е погоден за медицински помагала и мека роботика, како што се екстремитетите од дронови. Истражувачите ја развија ткаенината преку комбинација на геометриски дизајн, 3Д печатење и роботска контрола. Користејќи го овој нов материјал, наречен RoboFabric, истражувачкиот тим на NTU создаде потпирач за лактот дизајниран да им ...
Денес малите беспилотни летала се широко користени во армијата, полицијата, спасувачките служби, земјоделството, метеорологијата, но заедничко на сите им е тоа што стануваат неефикасни бидејќи се намалуваат во големина, бидејќи не можат да летаат повеќе од десет минути на батерии. Сега тим од научници од кинескиот универзитет Беиханг во Пекинг развија микро-дрон што лета користејќи директна сончева светлина и може да лета еден час без никакви ...
Првата од неколкуте мисии на НАСА насочени кон симулирање на живот на Марс заврши во саботата во Хјустон, Тексас, откако четворица волонтери го напуштија живеалиштето на НАСА на Марс по повеќе од една година. Тие четворица поминале 378 дена во Mars Dune Alpha, изолирана структура од 160 квадратни метри во вселенскиот центар Џонсон во Хјустон, која ги имитира условите на Црвената планета. Оваа мисија беше првата во серијалот Crew Health and ...
Кина гради речиси двојно повеќе капацитети за соларна и ветерна енергија од сите други земји во светот заедно, покажуваат резултатите од истражувањето на Global Energy Monitor, американска невладина организација. Втората најсилна економија во светот испушта најмногу стакленички гасови кои ги забрзуваат климатските промени, но Кина вети дека ќе го достигне врвот на емисиите на јаглерод до 2030 година и дека ќе ги намали на нето нула во следните ...
Британски научници открија изгубен прото-микроконтинент под aрктичкиот Дејвис премин, нудејќи нови сознанија за тектонските мистерии на Земјата. Досега непознатиот континент е откриен под јужниот крак на Арктичкиот Океан, формиран пред приближно 60 милиони години. Таа копнена маса долга 400 километри, која се наоѓа под преминот Дејвис меѓу Канада и Гренланд, ја пронашле научници од британскиот Универзитет Дерби додека го проучувале движењето на ...
Повеќе од 40% од јапонските компании не планираат да воведат вештачка интелигенција (AI) во своето работење, покажа истражувањето на Рeuters, кое го потврди воздржаното прифаќање на новата технологија во третата по големина светска економија. Истражувањето за Reuters го спроведе Nikkei Research и постави серија прашања до 506 јапонски компании. Речиси половина од нив одговориле, под услов нивните имиња да не бидат спомнати. Речиси 24% од ...
Како продолжеток на ефектите од одржувањето на НТЦ семинарот што го организираше Битолска млекара, локалните едукативни институции и центри веќе ги применуваат техниките и методите за поттикнување на развојот на децата во својата секојдневна практика. На овој семинар претставници од образованите институции во Битола, воспитувачи, педагози, психолози и дефектолози, директно од д-р Ранко Рајовиќ учеа како различни активности и игри за деца, кои се ...
Денеска FCA Србија официјално ќе ја одбележи успешната реализација на проектот во фабриката Stelantis во Крагуевац – воведување на нови линии за производство на електричниот модел Fiat Grande Panda. На свеченоста во Крагуевац, по повод почетокот на производството на електрични возила, се очекува присуство на највисоките државни функционери и претставници на Стелантис. Новиот модел е изработен во две верзии – електрична и хибридна, а од Крагуевац ...
Скоро сите Швајцарци го наследиле своето богатство, а само мал дел од нив се збогатиле самостојно, покажува најновата студија. Само 8% од 300 најбогати Швајцарци го стекнале своето богатство сами, покажуваат податоците од студијата објавена денеска од Швајцарскиот институт за економски истражувања. Осум од десет богати Швајцарци го наследиле своето богатство, според истражувањето објавено од весникот Zontagskeitung. Меѓу најбогатите 90% се мажи, ...
Македонскиот малопродажен пазар наскоро ќе стане побогат за уште еден сериозен играч. Како што пишува порталот Retail Serbia Conad, еден од најголемите италијански синџири супермаркети, најавува влез на македонскиот и на црногорскиот пазар. Конад моментално управува со 40 модерни супермаркети опремени според највисоките меѓународни стандарди и бележи позитивен раст на бизнисот во последните години. Конад Албанија е дел од групата Конад ...
За инвеститорите во швајцарските брендови на часовници – и за сите часовници од високата класа – новите податоци покажуваат дека падот на цените на пазарот на часовници со претходна сопственост ќе продолжи. И тоа е особено добра вест за купувачите на Rolex часовници, кои се познати по екстремниот недостиг и долгите листи на чекање. Неодамна „Морган Стенли“ објави дека вкупниот пазарен индекс WatchCharts – кој следи кошница од 60 луксузни ...
Главниот град на Данска, Копенхаген, покрена нова иницијатива за промовирање на природниот туризам на поеколошки начини на транспорт низ градот, вклучувајќи велосипеди и јавен превоз. Иницијативата наречена CopenPay предвидува награди за туристите кои користат одржливи форми на транспорт. Туристите кои ќе одлучат да патуваат со јавен превоз или со велосипед, наместо со автомобил или такси, ќе бидат наградени со различни погодности: од попусти, ...
На 25 јули, ден кој според Мајанскиот календар е „Ден надвор од времето“, ден кој не припаѓа на ниту еден од 13-те месечеви циклуси во годината. Токму на тој во организација на „Центарот за Биоинформaтика“ – Ревит кој ги интегрира науката, литературата и музиката, организира настан во „Куршумли Ан“, Скопје привлекувајќи ги да присуствуваат заедно научните умови, книжевните ентузијасти и љубителите на музиката. Името на настанот „Ден надвор од ...
Одредени квоти мора да се редуцираат, на пример на Македонија не и требаат толку многу правници, а и требаат наставници по математика, физика, хемија и ние ќе ги стимулираме младите со стипендии да ги одбираат дефицитарни занимања, потенцираше Јаневска Од следната година квотите на високообразовните установи ќе се дефинираат врз основа на анализа на пазарот на трудот и податоци кои ќе ги добиеме од Агенцијата за вработување и други институции, ...
Светскиот математички натпревар, 65. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2024), годинава се одржува во Бат, Велика Британија, во периодот 11-22 јули, каде македонската екипа се закити со еден златен медал, два бронзени медала и три пофалници. Сојузот на математичари на Македонија (СММ) информира дека на Олимпијадата се натпреварувале вкупно 609 млади умови од целиот свет во текот на два натпреварувачки денови, а СММ претходно организирал ...
Зголемен е бројот на супер богати луѓе во Германија, кои сега поседуваат 23% од вкупното богатство во земјата, покажуваат резултатите од најновата студија. Во Германија моментално живеат околу 3.300 супер богати луѓе, а тоа се луѓе кои поседуваат имот во вредност од над 100 милиони долари, според студијата на Global Wealth Report на Boston Consulting Group. Така, бројот на супер богати во однос на лани е зголемен за 1%. Во исто време, бројот на ...
Двајца студенти на Универзитетот Вашингтон освоија 10.000 долари за изградба на ракавица наполнета со гаџети што ги преведува гестовите на знаковниот јазик во звуци, односно на англиски говорен јазик. Ракавицата SignAloud им ја донесе студентската награда Lemelson-MIT од 10.000 американски долари и меѓународно внимание. Сега тие смислуваат како да го усовршат својот гаџет за општествено добро и да се погрижат да ги положат испитите на факултет. ...
Иднината на патувањето во вселената зависи од нашата способност побрзо и поефикасно да стигнеме до небесните тела. Така, НАСА работи со компанија за развој на технологија на нов погонски систем што би можел да ги однесе луѓето на Марс за релативно брзо време од два месеци, наместо тековното патување од девет месеци кое е потребно за да се стигне до Црвената планета. Програмата на НАСА за иновативни напредни концепти (NIAC) неодамна избра шест ...
Технолошките гиганти Google и Microsoft потрошиле по 24 TWh електрична енергија во текот на 2023 година, надминувајќи ја потрошувачката на повеќе од 100 земји, тврди едно ново истражување. Анализата на Мајкл Томас, споделена на X, тврди дека и Google и Microsoft трошеле иста количина на енергија како Азербејџан, кој има проценет БДП од 78,7 милијарди долари. Приходите на Google во 2023 година изнесувале 307,4 милијарди долари, а на Microsoft ...
Истражувачи од универзитет во Јапонија објавија дека развиваат систем способен да ја обнови циркулацијата на крвта во повреденото срце во рок од три минути. Според тимот од Универзитетот Тохоку во Јапонија, инспирацијата за создавање на системот дошла од фаталното пукање во јули 2022 година на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе. Истражувачите велат дека системот е дизајниран да помага во итни ситуации како терористички напади и други јавни ...