Фудбалската федерација на Македонија веќе три месеци не успева да ја преземе контролата над својата официјална Фејсбук страница. Откако за првпат пред три месеци хакери ја преземаа Фејсбук страната на ФФМ, изгледаше неодамна дека страницата е вратена бидејќи се објавуваа содржина за македонската Фудбалска репрезентација, но сепак очигледно не било така. Набрзо одново започнаа да се објавуваат најразлични глупости кои немаат допирна точка со ...

Прославениот италијански голман Џанлуиџи Буфон доби нова функција. Тој ќе биде на чело на делегацијата на италијанската репрезентација. Четириесет и петгодишниот Буфон пред три дена најави дека се пензионира како играч. Се враќам во репрезентацијата затоа што детето кое првпат ги мина портите на Коверчиано пред 30 години, сè уште сака да сонува и да го живее овој сон со италијанските навивачи, напиша Буфон на социјалните мрежи. Пред Буфон на шеф ...

Утре претпладне ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје претпладне променливо облачно, а попладне ...

Радарска снимка од невремето над Скопје и Македонија. Издаден е портокалов аларм од европскиот Метео институт. Во овој момент Скопје е зафатено od големо невреме. Во некој делови од главниот град постои и опасност од излевање на реките, а нема и струја во некој скоопски општини. Ништо подобро не е и во другите градови. Прилеп, Битола, Куманово се зафатени од големо невреме… УХМР веќе неколку денови предупредува за ова невреме. Во текот на денот ...

Утре стартува Првата македонска фудбалска лига, а еден од натпреварите кои ќе се играат е помеѓу Брера Струмица и Вардар. Вардар најави мобилизација за навивачите во Струмица се најавуваше и поставување на дополнителна гостински трибина, но за жал „Комитите“ нема да можат да присуствуваат на овој натпревар. На денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар, Горан Пандев се извини во свое име и во име на клубот до „Комитите“ за ситуацијата. ...

Одбојкарската федерација на Македонија информира дека пуштени се во продажба билетите за Европското првенство, чии кодомаќин е нашата земја, заедно со Бугарија, Италија и со Израел. Европското првенство почнува на 28 август, но во групата Ц, која единствено се одржува во Скопје, натпреварите ќе почнат на 30 август. Од денеска се продаваат физичките билети, во продажната мрежа на „МК Тикетс“, додека онлајн-пакетите и понатаму можат да се купат на ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека невремето со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град, најавено за попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад, можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на водите, кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како на крајбрежјето, така и на патната ...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а ...

Времето утре претпладне ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал ...

Во Софија, Левски и Шкупи го играат реванш мечот од 2.квалификациско коло во Лигата на конференции. На полувреме е без голови, а и немаше што да се одбележи по првите 45 минути од овој дуел на исполнетата „Герена“. Навивачите на Левски со провоцирачка кореографија со 1903 година и парола дека „Илинден за Бугарите е како Велигден“. Ништо поразлично не се очекуваше од нив, а во текот на дуелот има и скандирања против Македонците и Албанците. ...

Лина Ѓорческа дојде на еден меч до освојување на вториот пехар во 2023 година. Во конкуренција на двојки, на турнирот од W60 категоријата (60.000 долари награден фонд) во Хехинген ќе играат финале со партнерката Аљона Сергеевна Фомина-Клоц. Со оглед на тоа дека се трети носителки, во денешниот полуфинален меч имаа јасна улога на фаворитки против Германките Карилона Кил и Ела Зајдел, сепак победата дојде исклучително тешко. Првиот сет го добија ...

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, јули 2023 година беше многу топол и просечно влажен месец во споредба со многугодишните просечни вредности, со исклучок на Маврово и Струмица. Според УХМР, средномесечната температура се движеше од 18,2 степени во Лазарополе до 28,2 во Гевгелија. Споредено со просечните јулски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната температура беше ...

Силното невреме кое ја погоди Словенија патува низ целиот Балкан, а доаѓа и во Македонија. По Словенија предупредувања и црвен метео аларм и во Хрватска и Србија. Прво ќе биде погоден Јадранот, Босна и Херцеговина, Црна Гора, соседна Србија. Во Македонија се очекува од утре попладне па се до вечерните часови студен фронт од север кој ќе предизвика силно невреме. Буквално целиот регион ќе биде погоден од ова силно невреме, повторно постои ...

Откако го предизвика на натпревар во кафез, Илон Маск сега објави нов предизвик за Марк Цукерберг. Поточно, на конкуренцијата во мерење на должината на пенисот. За потсетување, ривалството меѓу двајцата милијардери трае веќе некое време, а откако Цукерберг ја лансираше апликацијата Threads како конкурент на Твитер. Маск очигледно сака да направи нешто за да ја докаже својата моќ над Цукерберг и тоа го направи на најбизарниот можен начин. Пред ...

До сабота ќе се задржи многу топло време со натпросечна температура и со умерен, а во сабота засилен јужен ветер. Под влијание на атмосферски фронт во сабота попладне и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Како што најавуваат од УХМР, на одредени места ќе има невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. Од недела следува ...

Фудбалскиот клуб Шкупи беше казнет од страна на Европската фудбалска куќа (УЕФА), поради однесувањето на навивачите на мечот против Левски во рамките на квалификациите за Конференциската лига. „Чаирчани“ добија пониска казна од Бугарите, но ќе мора да платат сума од 42.000 евра на УЕФА. Тоа ги изреволтира челниците на клубот, кои преку официјално соопштение го изнесоа своето незадоволство. Шкупи се присети и на минатата сезона во која беа ...

Во недела, стартува новата натпреварувачка сезона во ПМФЛ. Во рамките на 1.коло, црвено-црните ќе гостуваат на Брера Струмица. На својата официјална страница, навивачката група Комити излезе со соопштение кое ви го пренесуваме во целост: Го известуваме членството дека управата на ФК Брера во консултација со нашата управа, а поради малиот капацитет на спортскиот комплекс “Горан Пандев”, одлучи пред натпреварот во недела, да биде монтирана посебна ...

Групата фанови на Шкупи, популарните „Шверцери“, денеска се цел на потсмевање во европскиот навивачки свет, откако на еден од најпознатата страница на Фејсбук на ултрасите ширум светот („Hooligans.sz“) беа објавени фотошопирани фотографии на навивачи на македонскиот тим, кои денеска и покрај забраната отпатувале за Бугарија. Но, чаирчани биле откриени дека фалењето дека се среде Софија со приложување фотка од кафуле, всушност била стара слика ...

Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон објави дека се повлекува од фудбалот. Па, тоа е тоа момци! Вие ми дадовте сè. Јас ви возвратив. Го направивме тоа заедно“, напиша Буфон на своите социјални мрежи приложувајќи видеоклип од моменти за паметење. Буфон последните две сезони ги помина во Парма, тим од Втората лига на Италија. Претходно, 45-годишниот голман настапуваше за Јувентус и ПСЖ. Вкупно во кариерата одигра 975 натпревари и прими 825 голови. ...

До петок ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Во следните три дена минималната температура ќе се движи од 12 до 24 степени, а максималната од 25 до 40 степени. Како што соопшти УХМР, в недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе ...

Македонската кошаркарска репрезентација конечно е речиси комплетна, откако по приклучувањето на Ненад Димитријевиќ и Војдан Стојановски, вчера на тренинзите се појави и натурализираниот Американец, Ти-Џеј Шортс, кој беше најдобар во жолто-црвениот табор на последните четири средби од претквалификациите за ЕП 2025. Искусниот плејмејкер е оптимистички расположен во пресрет на претквалификациската фаза за пласман на ЛОИ 2024 во Париз, во која ...

ФК Вардар не е на продажба, а понудата претставува провокација. Ова го порача еден од водачите на навивачката група Комити, Милорад Миленковски, откако вчера на Фејсбук страницата на фудбалскиот клуб се објави информација дека добиле понуда за купување на црвено – црните. Пораката е испратена од претседателот на бугарската Фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов, кој како што пишува, ги контактира во име на компанија за изградба на спортски ...

Јужна Европа и Медитеранот, според прогнозите на метеоролозите, во втората половина на август ќе ги зафати нов топлотен бран со рекордно високи температури. Голем дел од континентална Европа се прогнозира да биде влажен и ветровито во август, со температури под просекот. Сепак, според синоптичарите анкетирани од Блумберг, во втората половина на месецот нови топлотни бранови ќе ги погодат Шпанија, јужна Италија и Грција со највисоки температури ...

Навивачката група Шверцери ги повика сите фанови на Шкупи вечерва на тренингот во Чаир да им дадат поддршка на своите фудбалери кога веќе не можат да го направат тоа во Софија. Поради инцидентите во Скопје, забрането е гостување на навивачите на Шкупи во Софија. Шверцерите нема да патуваат на мечот, па вечерва на тренинг ќе им дадат поддршка на фудбалерите. „Со оглед на тоа дека кукавиците од Софија ги затворија вратите од стадионот за нас и нѐ ...

Судот во Каталонија објави денеска дека на бразилскиот фудбалер Дани Алвеш ќе му се суди за сексуален напад, кривична категорија која во Шпанија вклучува силување. Алвеш, кој е во притвор од јануари оваа година, е обвинет за сексуален напад кој, наводно, го извршил во ноќен клуб во Барселона во декември лани. Доколку биде прогласен за виновен се соочува со затворска казна од шест до 12 години. Датумот на судењето сè уште не е прецизиран, соопшти ...

Во Македонија во вторник посвежо утро со пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од 9 до 19 степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево и топло време. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Максималните дневни температури во Македонија утре ќе достигнат до 27 односно до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 8. Во Македонија во среда ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и ...

Македонскиот претставник во Конференциската лига Шкупи објави вечерва дека нема да организира навивачкиот карван на реваншот во Софија против Левски и воедно ги повика своите приврзаници во никој случај да не патуваат самоиницијативно в четврток на дуелот во Бугарија. Одлуката, како што е соопштено доаѓа по денешниот состанок во Скопје меѓу претставници на македонското Министерство за внатрешни работи, УЕФА и клубот Шкупи. „На состанокот беше ...

Фудбалскиот клуб Вардар објави дека до нив пристигнала финансиска понуда од страна на Бугарската Фондација “Македонија”, која што сака да го купи Вардар, а со тоа и да го смени целиот идеолошки наратив, врз кој 76 години, континуирано се развивал клубот, велат од клубот. Loading… -Нашиот став е дека воопшто не постои простор за дискусија со луѓе кои што не го признаваат македонскиот идентитет, па затоа одговорот ќе го објавиме вака јавно, нека ...

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски денеска го освои својот втор турнир со награден фонд од 25.000 долари откако триумфираше во Крамасх, Австрија. Ивановски по освојувањето на турнирот изрази надеж дека следните победи ќе му бидат на уште повисоко ниво, на Челинџер и АТП турнири. „Благодарност до сите за организацијата на турнирот. Секако и до мојот денешен ривал Жерар, против кого се надевам дека ќе играм и во иднина. Особено што ...

Вчерашната титула освоена на фјучерс-турнирот во Австрија на најдобриот македонски тенисер во моментов, Калин Ивановски, му донесе нови 21 ранкинг бодови, кои ќе му бидат доделени на АТП-листата од следниот понеделник, кога нашиот талент ќе го има најдобриот рејтинг во кариерата – ќе биде 303. тенисер на светот. Ова значи прескокнување на дури 33 позиции на ранг-листата најдобрите според Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП), но и правеќе ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
21%
1014
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
3.09
27%
1012
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
4.12
40%
1011
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
19%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.52
31%
1013
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
5.14
44%
1013
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
3.58
27%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
4.12
42%
1016
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
4.12
25%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
3.6
40%
1013
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 33ᴼ
5.14
24%
1010
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
4.12
28%
1015
Currency

61.535

Currency

53.6698

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61