
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Фудбалска Македонија ја потресе соопштението на капитенот на репрезентацијата, Стефан Ристовски, кој најави повлекување од националниот дрес. Иако не зборува за репрезентативна пензија, асот на Динамо Загреб го најави повлекувањето како привремено. Ристовски, каков што е без влакна на јазикот отворено зборуваше за ситуацијата во репрезентативниот табор. Тој како главна причина за својата одлука нагласи дека се нарушените односи со селекторот ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој наместа во западните и североисточните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=8 Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ...
Македонскиот репрезентативен центарфор Илија Несторовски најверојатно ќе се врати во Серија Б, откако пропадна опцијата да замине во Венеција, која се споменуваше како опција во минатиот месец, па сега Тернана и Козенца се две потенцијални дестинации, најавуваат италијански новинари. Еден од најпознатите новинари Џанлука Ди Марцио објави дека во моментов Тернана е најблизу до потписот на прилепчанецот, кој од 2016 година е на Апенините, а во ...
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер, но од вторник нè очекува дожд. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во североисточните делови каде на места ќе засилува. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од ...
Лина Ѓорческа оствари уште една сигурна победа на фјучрсот во Осијек и утре ќе се бори за нов трофеј во 2023 година. Најдобрата македонска тенисерка денескa остана подолго на теренот, но го доби дуелот со ривалката од Романија, Далина Амареи со 2:0 во сетови. Ѓорческа го доби првиот сет со 7:5, во вториот беше подобра со 6:4, па по 104 минути на теренот си обезбеди место во утрешното финале пред хрватската публика. Противничка ќе и биде друга ...
Минатиот викенд Брера во Струмица го пречека најтрофејниот Вардар. Пред преполна трибина и со многу луѓе зад головите кои немаа билети и со ,,Комитите”, мина одличното отварање на шампионатот. По натпреварот, економот на ФК Вардар му подари дрес на македонскиот фудбалски великан, сега Претседател на ФК Брера од Струмица, Горан Пандев. „Сакам Вардар да го видам оној стариот, на врвот на мак фудбалот. Онаму каде што му е местото“ – рече Гранде ...
Македонскиот голман и неговиот Рајо Ваљекано одлично ја почнаа сезоната, Димитриевски не прими гол, тргнаа со победа од 2-0 кај Алмерија. Димитриевски имаше одлична партија, беше еден од најзаслужните за одличниот старт на сезоната во Ла Лига. „Многу сум среќен што стартувавме вака. Ги искористивме нашите шанси и работевме многу добро како тим. Бевме многу компактни. Многу сум среќен за навивачите кои дојдоа тука. Оваа победа е за нив“, изјави ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжи да доминира на турнирот во Осиек, па така денеска ја декласира Викторија Кан со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-2 за пласман во полуфинале. Кан немаше решение за расположената Ѓорческа, која во првиот сет загуби само два гема (6-2), додека во вториот сет на идентичен начин стигна до 6-2. Ѓорческа за финале ќе се бори против 21-годишната Илинка Далина Амариеи, која денеска беше подобра со 2-0 ...
Ливерпул постигна договор со Брајтон за трансфер на Моисес Каиседо вреден 127 милиони евра, но еквадорскиот репрезентативец не сака да игра за екипата на Јирген Клоп, туку сака да потпише за Челси. Новинарот Фабрицио Романо објави дека Каиседо ги известил Ливерпул и Клоп дека приоритет му е Челси, иако веќе биле закажани медицинските прегледи за потпис со „црвените“ од „Енфилд“. Каиседо во следните часови не планира да замине и да помине ...
ФК Вардар излезе со официјално соопштение во пресрет на натпреварот од второто коло на ПМФЛ, кој „црвено-црните“ ќе го одиграат против екипата на Шкупи. Дуелот помеѓу поранешните шампиони ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а по состанокот со претставниците на МВР, беа изнесени неколку важни одлуки. 1. На паркингот пред стадионот ќе биде забрането паркирање возила, пред и по завршувањето на мечот. 2. На стадионот ќе биде ...
Во наредните денови следува период на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник и во среда ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст, а во четврток ќе достигне до 37 стпени Целзиусови – најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). За викендов, метереолозите најавуваат сончево време со мача до умерена облачност. Ќе дува ...
Хрватската полиција се уште трага по исчезнатите 10 граѓани на Бурунди во Хрватска. Станува збор за млади ракометари учесници на Светското кадетско ракометно првенство, што меѓу другите градови се игра и во Риека. Станува збор за десет млади момчиња, родени 2006 година, кои вчера на 9 август околу 15 часот и 30 минути се оддалечиле во непознат правец од кругот на студентскиот центар Риека, каде што биле сместени за време на првенството и не ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. ...
Уште една голема победа оствари Македонија на Светското првенство за ракометари до 19 години, со 22-20 против Унгарија. Со овој триумф, го обезбедивме најмалку 10. место, а ќе се бориме за деветто на конечниот поредок, против репрезентацијата на Чешка. И по досегашните резултати и по силите на теренот Унгарците, дефинитивно, се покажаа едни од најтешките противници на Македонија, по Данска и Норвешка (од кои единствено загубивме), но тоа беше ...
Грчките медиуми информираат дека лоциран е еден од главните осомничени за убиството на Микалис Кацурис, 29-годишниот навивач на АЕК, кој го загуби животот во понеделникот, во навивачка пресметка во Неа Филаделфија, во Атина. Станува збор за грчки државјанин, навивач на Панатинаикос, добро познат на тамошните власти, затоа што веќе имал кривично досие и бил во затвор. Впрочем, тој бил пуштен на условна слобода пред шест месеци, а сега бил меѓу ...
– Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон проговори за борбата со лидерот на Ред бул, Макс Верстапен. – Секогаш се трудам да се потпрам на моите тркачки вештини за да ги надоместам недостатоците на болидот, но на крајот тоа не е доволно. Сеќавајќи се на „Силверстон“, можеби не сте го виделе, но јас и Макс бевме рамноправни во времето до 13-от свиок во текот на квалификацискиот круг. Тогаш изгубивме ефикасност и брзина, изјави за „CRASH“ британскиот ...
Вардар официјално го потврди бразилското засилување Луис Фигередо Педрињо. Станува збор за 22-годишен фудбалер кој настапува на позицијата офанзивен играч за врска, но настапувал и на крилна позиција. Бразилецот дојде во црвено-црното семејство уште на почетокот на јули и беше со тимот на подготовките на Златибор, а по пробниот период, стручниот штаб на чело со Бобан Грнчаров донесе одлука да го задржат. Педрињо ја мина последната полусезона во ...
Сликите направени од телескопот „Џејмс Веб“ ги прикажуваат последните фази од животот на ѕвезда, таканареченото бело џуџе, оддалечена околу 2.600 светлосни години од Земјата. Сликите објавени од меѓународен тим на астрономи покажуваат кружна структура со дупка во средината, наречена прстенолика небула. Небула е термин кој се користи за ѕвезда која го исфрла својот материјал во вселената во моментите на умирање, кога произведува прстени со ...
Вест Хем постигна договор за ангажирање на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, објави „The Athletic“. „Чеканите“ за 30-годишниот играч ќе платат 30 милиони фунти (34,8 милиони евра). Се очекува личните услови на договорот да бидат лесно договорени меѓу страните. Мегваер е во Манчестер јунајтед од 2019 година и е под договор до летото 2025 година. Дефанзивецот минатата сезона одигра 31 натпревар за Јунајтед без да постигне гол. Во ...
Главна вест во регионот е убиството на грчкиот навивач пред неколку дена од страна на хрватските хулигани, а порталот „Њусит“ објави текст во кој пишува дека навивачите на Динамо Загреб велат дека не се виновни за хоророт во Атина. Хрватите се пожалиле дека биле нападнати од страна на грчки семејства кај стадионот на АЕК, иако не сакале да прават проблеми и сакале да останат на одмор кај нашиот јужен сосед. „Хрватските хулигани тврдат дека ...
Сензацијата од Фарските острови, тимот на Клаксвик ја продолжи својата фудбалска бајка, вечерва го доби првиот меч против Молде во квалификациите за Лигата на шампионите, Галатасарај со победа се враќа од гостувањето кај Олимпија во Љубљана. Клаксвик уште еднаш му се обрати на светот за внимание, овојпат го совладаа норвешкиот Молде со 2-1 и обезбедија предност пред реваншот. Во првиот дел мрежите мируваа, а резултатот го отвори Молде со гол на ...
Времето денеска во утринските часови посвежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје наутро посвежо, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до ...
Хрватскиот фудбалски шампион Динамо денес преку соопштение ги осуди синоќешните инциденти во Атина предизвикани од навивачи на клубот кои самоиницијативно отпатуваа во грчката престолнина. Во нередите на улиците на Атина едно лице го загуби животот. – ФК Динамо најостро ги осудува нередите што се случија синоќа во Атина, во кои, според извештаите на грчката полиција и грчките и хрватските медиуми, во инцидентите со навивачи на грчкиот фудбалски ...
УЕФА денеска официјално објави дека првиот натпревар од 3. Квалификациско коло во Лигата на шампиони меѓу АЕК и Динамо Загреб, кој требаше да се одигра вечерва во Атина е одложен по навивачките немири во кои едно лице загина, осум се повредени, а 98 се уапсени. Според одлуката на УЕФА, Динамо ќе го пречека грчкиот тим на 15 август во Загреб, како што е и предвидено, додека дуелот кој вечерва требаше да се одигра во Атина е одложен за 18 или 19 ...
Работнички на одличен начин ја почна новата сезона во Првата лига, откако на домашен терен славеше против поранешниот македонски шампион Шкупи со 3-1. Екипата од Дебар Маало поведе со голот на Мазари уште во првата минута, по што следеше доминација на Шкупи на теренот, но чаирчани не искористија ниту една шанса до крајот на првите 45 минути. Дарко Илиески го врати Шкупи во игра за победа во 62. минута, кога го матира голманот на Работнички, но ...
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа скок од 30 места на најновата АТП ранг листа објавена денес. Деветнаесетгодишниот Ивановски сега е на 306. место што е негов најдобар рејтинг во кариерата. Од останатите македонски тенисери, Горазд Србљак е на 1.130. место (две места пад), додека Обрад Марковски е на 1.220-ти со напредок од пет позиции. На врвот на АТП листата е Карлос Алкараз, пред Новак Ѓоковиќ, а во топ 10 се уште и Данил ...
Најдобриот светски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, продолжува да ужива во Црна Гора, без разлика што веќе почна да тренира за продолжението на сезоната и турнирот во Синсинати, каде што ќе настапи првпат по поразот во финалето на „Вимблдон“. ...
Сончево со мала до умерена локална облачност, попладне претежно во северните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. UV=8 Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северен ...
Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Најтопло денеска беше во Гевгелија каде се измерени 34 степени, 32 во Велес, Демир Капија, Кавадарци, Петровец и Битола, додека во текот на денот најниска беше температурата на Попова Шапка и Лазарополе, каде се измерени 16 степени. Во Скопје температурата беше 29 ...
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи, а попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен и северозападен правец, информираат од УХМР. Минималната температура ќе се движи од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје претпладне ќе ...