Лазаров: Швајцарија е фаворит, но ние ќе дадеме сè од себе!

t

„Швајцарија покажа дека е квалитетна репрезентација и одигра реми против олимпискиот шампион Франција. Тие кажаа и пред мечот против Германија дека очекуваат победа, имаат големи амбиции и очекувања од турнирот. Нас нè очекува тежок натпревар со квалитетен противник. Сепак, ако имаме некакви шанси против некого, тогаш тоа е Швајцарија. Свесни сме и им ја препуштаме фаворитската улога, но ние ќе дадеме сè од себе. Имаме многу работи за корегирање. Ако во нешто сме први, тогаш тоа е бројот на технички грешки, но ќе се обидеме да ги намалиме. Колку помалку грешки направиме на поставена одбрана, мислам дека ќе имаме поголеми шанси за подобар резултат. Швајцарците беа воодушевени од нашата игра против Франција, но секој ден е нов предизвик. Важно е како ќе се фокусираме на мечот, дали ќе имаме индивидуални или колективни проблеми. Се надевам дека ќе го дочекаме мечот со чисти глави и се надевам дека ќе одиграме поквалитетно и да победиме“, вели Лазаров.

Македонија ги загуби првите два меча во групата, од Франција и Германија, па против Швајцарија од 18 часот ќе ја брка првата победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…