Милан имаше идеален почеток на сезоната со три победи од три натпревари, но изгледаше очајно во дербито против Интер од кој прими дури пет гола. Иако многумина по таков дебакл ќе испратат извинување до навивачите, Пиоли нема намера да го направи тоа. „Немам намера да им се извинувам на навивачите. Дали мислите дека намерно примивме пет гола и намерно го загубивме дербито? Жал ни е, но се извинува само тој што прави нешто намерно“, вели Пиоли. ...

Игор Стефановски-Иџе со победа на трката во Бузет, Хрватска ја задржа предноста која ја имаше во генералниот пласман и по третпат во кариерата стана европски шампион на ридски патеки. Летечкиот Македонец имаше фантастична сезона во европскиот шампионат на ридски патеки, денеска во Бузет дојде до седмата победа од вкупно десет трки колку што се возеа, на три беше втор. Иџе на убедлив начин ја освои титулата. За него ова е трета титула европски ...

Српската тенисерка Наталија Стевановиќ неодамна загуби во квалификациите за турнирот во Гвадалахара од Марија Матеас со 2:0 во сетови (3:6, 5:7), а по мечот откри дека добила застрашувачки закани на социјалните мрежи. Стевановиќ беше фаворит според обложувалници, па многу обложувачи типувале на нејзина победа, а откако изгубила се појавиле многу револтирани. Што да кажам после ова? Дали да бидам загрижена за мојот живот, само што загубив по ...

Полските одбојкари ја совладаа Италија со 3:0 (25:20, 25:21, 25:23) во големото финале во Рим. Бидејќи Италија неочекувано лесно ја совлада Франција, сега Полска во Рим ги исчисти Италијанците и со тоа ја освои втората европска шампионска титула. Полјаците имаа предност во првиот сет, од првиот до последниот поен, се движеа на растојание до максимални осум поени разлика 14:22, а сетот заврши со резултат 25:20 за гостите. Во вториот сет ...

Контролната пресметка меѓу двете селекции е закажана за 17 октомври (вторник) на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со почеток во 15:00 часот. За овој натпревар се зборуваше дека ќе се игра уште преед некој емсец, но дури сега е потврден. Македонија претходно, на 14 октомври игра на гости против Украина во ЕУРО 2024 квалификациите, додека Ерменија на 12-ти игра против Латвија на гости. Двете репрезентации се слободни во вториот ...

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Од пладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени, а максималната ќе достигне 33 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ...

Во недела Вардар му гостува на Тиквеш во Кавадарци, а како „загревање“ за мечот се случи сериозен инцидент во салата Јасмин каде Комити нападнале Лозари. Додека Лозари во салата Јасмин ги подготвувале своите транспаренти за дербито против Вардар, Комити влегле со факели, ги нападнале навивачите од Кавадарци и им ги земале материјалите кои ги имале спремено. Инцидентот е снимен со безбедносните камери од СЦ „Јасмин“, видеата можете да ги ...

Голем секс скандал ја стресе Шпанија откако фудбалери на кралскиот клуб Реал Мадрид беа уапсени поради споделување на сексуално видео со малолетничка. Првично беше објавено дека се тројца, но се покажа дека се четворица, а нивниот идентитет медиумите успеаја да го откријат. Тоа се Раул Асенсио (20), Алекс Алеман (18), Андреас Кампос (21) и Борха Алонсо (19). Тие се дел од Б и Ц тимот на Реал Мадрид. Во моментов се зад решетки, а полицијата ја ...

Бренд амбасадорот на Видеолотарија Касинос Австрија, Игор Стефановски Иџе е во Хрватска, каде викендов ќе има финалeн настап во оваа сезона на последната трка од Европскиот шампионат на ридски патеки (ЕHC), во Бузет, Хрватска. Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе викендов ќе го заокружи својот поход во рамки на Европскиот шампионат на ридски патеки. Во неговата група, слободно може да се каже дека шампионската позиција е веќе извесна. ...

Новак Ѓоковиќ се појави на балконот на градското собрание на Белград, каде заедно со српските кошаркари ги прослави неодамнешните успеси. Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ пукна во солзи откако излезе на балкон! Ѓоковиќ го извади трофејот од УС Опен, а кога десетици илјади навивачи почнаа да скандираат за него, тој не можеше да ги задржи солзите. – Добро вечер Србија, Белград, те сакам! Ретки се моментите кога некој останува без ...

Битолската гордост Еурофарм Пелистер по пауза од 18 години се враќа во елитното натпреварување. Со натпреварот против Колштад, се крева завесата на новата сезона во Лигата на шампионите. Публиката во Битола по долго чекање повторно ќе гледа врвен ракомет во „Боро Чурлевски“. Александар Јовиќ и Звонко Шундовски добија засилувања по мерка. Против Норвежаните, на битолската публика ќе ѝ се претстават Богдан Радивојевиќ, Калифа Гедбан, Урош ...

Српскиот кошаркарски репрезентативец Бориша Симаниќ откри низ што поминал по натпреварот против Јужан, кога доби незгоден удар и остана без бубрег. Симаниќ бил во критична состојба и можел да го загуби животот, но докторите успеале да го спасат, па сега кошаркарот за српско радио раскажа детали од рамата. „На почетокот беше незгодно, но сега сум подобро. Можам да се движам и да јадам. Претходно имав две операции, пет дена не знаев за себе. ...

Топлото време ќе се задржи и во следните денови. Во петок во попладневните часови ќе има локална појава на краткотрајна нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. За време на викендот ќе преовладува сончево со повремена умерена облачност и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи претежно на југоистокот, соопшти УХМР. Минималната утринска температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а ...

Највлијателните личности во технолошката индустрија поитаа на состанок со законодавците откако Сенатот на САД почна да се спрема за нацрт закони за регулирање на брзорастечката индустрија на вештачката интелегенција. Помеѓу тие што лично ќе пристуствуваат се директорите на Антропик, Гугл, ИБМ, Мета, Мајкрософт, Енвидиа, ОпенАИ, Палантир и Х (претходно попозната како Твитер). Листата на гости ги вклучуваат Бил Гејтс, Ерик Шмит, Илон Маск, Марк ...

Шест загинати во пукотница во атинската населба Артемида. Како што првично објавија грчките медиуми, три лица биле застрелани во автомобил и тројца во куќа во наведеното место. Сепак, последните информации велат дека пресметката се случила во автомобил на улицата Арионос. Пет лица загинаа во автомобил, додека едно е пронајдено покрај возило со германски регистарски таблички. Според тамошните медиуми, станува збор за мафијашка пресметка. ...

Кумановци биле затекнати како од две возила оставени на паркинг, сопственост на јавно претпријатие во кое работеле, со црева одземале гориво од резервоарите. Кај нив биле пронајдени и одземени седум пластични канти со гориво и две црева, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи. – Синоќа околу 21 часот во Маврови Анови, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, ги лишиле од слобода Д.С. и ...

– Кривична пријава е поднесена против тројца полициски службеници во СВР Штип, Г.Ф., И. Х. и Б.Н., осомничени за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Министерството за внатрешни работи соопшти дека пријавените неосновано и прекумерно употребиле физичка сила врз лице кое било лишено од слобода. -Во својство на полициски службеници, на 1 септември 2023 во 21 часот, ги пречекориле границите на своите службени овластувања над ...

Денеска (12.09.2023) во 14:10 часот на бул.„Србија“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Х.(37) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Скопје за доиздржување на осум месеци од казната. Лицето ќе биде ...

Вчера, околу 15.10 часот, на автопатот Велес – Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ и полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С. Е. (24) од с. Студеничани, Скопско, поради сторено кривично дело шверцување мигранти. Со возило „мазда“, со скопски регистарски ознаки, што тој го управувал, не застанал на знакот за запирање даден од ...

Чувар во зоолошка убиен од носорог, а друго лице било сериозно повредено откако биле нападнати од носорог, полицијата во Салцбург соопшти во вторникот. Носорогот ја нападнал 33 годишната чуварка додека го згрижувала животното рано сабајле во живеалиштето во зоолошката Хелбрун во Салцбург, објави полицијата во изјава за медиумите. Жената искусен чувар во зоолошката починала на самото место на трагедијата. Уште еден чувар, 34 годишен Австриец, ...

Легендарниот кошаркар Тони Кукоч смета дека Никола Јокиќ не достигнал ниту половина од својот потенцијал. Кукоч смета дека Јокиќ барем статистички ќе стане најдобриот Европеец кој играл во НБА, но и дека центарот од Сомбор се` уште не ги надминал кариерите на Дино Раџа, Дражен Петровиќ, Владе Дивац или Арвидас Сабонис. Кукоч имаше клучна улога во тимот на Чикаго Булс од 1996 до 1998 година, со кој три пати беше шампион на најсилната лига во ...

Двократната гренд слем шампионка Симона Халеп доби четиригодишна суспензија поради допинг, објави Интернационалната Тениска Агенција за Интегритет (ИТАИ). Халеп претходно ги негираше обвинувањата и изјави дека ќе ја обжали забраната со зборовите дека никогаш не знаела, ниту пак свесно употребила забранети супстанци. Халеп додаде дека ќе продолжи со тренинзите и ќе стори се` што е во нејзина моќ да ја исчисти оваа дамка на нејзиното име. ...

На 7-мата по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2023), која од 8-ми до 14-ти септември се одржува во Кутаиси, Грузија, младите македонски информатичари го постигнаа досега најголемиот успех: освоен е првиот златен медал за Македонија во историјата на ова натпреварување. Златниот медал на овој најпрестижен интернационален натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години го освои Дамјан Давков од Штип, ученик ...

Србија има многу адути за златни медали на Летните Олимписки игри во Париз идното лето, па богато ќе наградаува за секое освоено најсјајно одличје и тоа со по 200.000 евра за секој носител на највредниот медал во спортот. Првиот човек на северниот сосед, Александар Вучиќ синоќа на приемот на сребрените кошаркари ја најавил богатата награда која Србија планира да им ја даде на сите спортисти кои од француската престолнина ќе се вратат со злато ...

Во недела ќе биде ,,жешко” во Аеродром, доаѓаат ,,Чкембари”. Вардар во првиот меч од новата сезона ќе се соочи со големиот ривал Пелистер на 17 септември од 19.45 часот во СЦ „Јане Сандански“, а од редовите на „црвено-црните“ соопштија дека почнала продажбата на билети. Цените на билетите за ракометното дерби во Скопје се движат од 150 до 250 денари во зависност од позицијата на трибините. Продажбата на билетите се врши онлајн ТУКА и преку ...

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и топло време. Во попладневните часови ќе има мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени, а максималната ќе достигне 34 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во следните денови ќе се задржи топло време. Од петок во попладневните часови ќе има ...

Американското Министерство за одбрана отвори веб-страница со јавно достапни информации за неидентификувани воздушни појави (unidentified anomalous phenomena), попознати како неидентификувани летечки објекти. Предвидено е веб-страницата да функционира како централна база на податоци за информации за решените случаи на НЛО, со објавување на фотографии и видеа веднаш штом ќе бидат декласифицирани. На веб-страницата ќе се објавуваат и различни ...

По средбата, својот став го изнесе нашиот главен напаѓач Бојан Миовски. „Секогаш кога ќе се даде рано гол со ваков противник е одлично. Натпреварот се отвори во петтата минута. Потоа сè беше рутински, заминавме со 2-0 на полувреме. Останавме со ист пристап до крајот на натпреварот, знаејќи дека резултатот е опасен. Имавме неколку шанси во финишот и за трет гол, ама во глобала сме задоволни со резултатот и трите бода. Секогаш е тешко да се ...

Во Македонија утрово ќе биде свежо додека во текот на денот времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15 степени, додека максималната ќе достигне 33 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб јужен ветер и максимална температура до 33 степени. До четврток ќе се задржи стабилно време. Од петок во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд ...

По Столе Димитриевски, Македонија ќе биде хендикепирана и за отсуството на Аријан Адеми, на вечерашниот натпревар со Малта (20/.45 ч.) Фудбалерот на Динамо Загреб инсистираше да се приклучи на репрезентацијата, откако ја пропушти и Италија, во саботата, меѓутоа на синоќешниот тренинг станало јасно дека не може да игра. Уште на загревањето почувствувал болка од истата повреда која беше главна причина за отсуството и во саботата. На тој меч со ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
72%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1012
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
81%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
1.3
74%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
96%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
0.89
64%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
88%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1018
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
77%
1015
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
81%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
77%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9559

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Кобалт

45.39

Платина

64172.89

Рутениум

51376.89

Бакар

12.06

Иридиум

253540.09

Цинк

3.35

Калај

50.03

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Алуминиум

3.57

Родиум

319899.93

Паладиум

48883.97