По триумфот над Бокељ Котор пред три дена, Вардар денеска победа и на пријателскиот меч против Смедерево, црвено-црните славеа со 1-0 Стрелец на единствениот гол на мечот беше Дарко Мицевски во 58. минута. За Вардар ова беше трета и последна контрола во Златибор, црвено-црните остварија две победи и едно реми. На патот до Скопје имаат уште еден натпревар. На 28. јули играат против Дубичица во Лесковац на отворањето на новиот стадион во овој ...

Холандскиот возач, Макс Ферстапен, ја продолжи големата доминација во Формула 1-шампионатот, откако славеше и на денешната трка на Хунгароринг во Будимпешта, за седма победа по ред сезонава, а вкупно 44-та во досегашната извонредна кариера. Предводникот на Ред бул извозе уште една рутинска трка, во која главната работа ја заврши на самиот старт, минувајќи го Луис Хамилтон, кој изненадувачки ја имаше пол-позицијата. Ферстапен веднаш изби на чело ...

Поранешниот македонски шампион Вардар ќе игра квалификациски двобој со германскиот Рајн Некар Левен за пласман во Лигата на Европа. Откако германскиот тим во текот на вчерашниот ден го потврди терминот за реванш двобојот, денеска тоа го направија и „црвено-црните“. Навивачите на Вардар ќе можат да го видат реновираниот тим за првпат на дело на 26 август во СЦ „Јане Сандански“. Терминот е 19:00 часот, а дополнително ќе бидат соопштени детали ...

Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер кој во западните делови ќе е западен, а вдолж Повардарието северозападен. Во североисточните делови од средината на денот ќе има услови за изолирана краткотрајна нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи. UV=10 Во Скопје сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. ...

Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. UV=10 Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени. До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло ...

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури. -Особено топло ќе биде утре и кон средината на следната седмица и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР, дневните температури во земјава ќе бидат највисоки утре и во среда, со максимални 43 степени и УВ-индекс 10. Во недела и вторник максималната дневна ...

Бившиот македонски првак Шкендија, пред низа години стандарден учесник во плејоф фазата во Лига Европа, доживеа тежок дебакл вечерва во Велс и испадна од аматерскиот Хаверфордвест Каунти по пенал рулетот, со 2-3 (0-1 по 120 минути игра). Не е првпат Шкендија да се избламира на европска сцена, последен пат кога губеше од луксембуршки Дуделанж и естонски Номе Каљу, ама вечерва ептен се посрамотија против велшките аматери, зашто бea апсолутни ...

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. UV=10 Утринските температури ќе се движат од 14 до 23 степени, а дневните до 41 степен. Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот во поголем дел од ...

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума и неговата партнерка станаа плен на грабеж во нивниот стан во Париз. Европскиот шампион со тимот на Италија и неговата придружничка биле врзани од разбојниците, кои потоа зеле 500.000 евра. Француските медиуми известуваат дека биле приморани од разбојниците да се соблечат голи. Голманот на Пари Сен Жермен и неговата девојка потоа успеале да се ослободат, среде ноќ и се упатиле во луксузен хотел недалеку од ...

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е на пат после четири години повторно да игра во Италија, најавија медиуми од Чизмата, зашто повратникот во Серија А, Џенова е засега најблизу да го ангажира. Според „Туто Меркато Веб“, Џенова е во моментов фаворит да го добие потписот на Трајковски пред Лече и Фросиноне, кои исто така се заинтересирани за екс-фудбалерот на Палермо, кој во 2019 година си замина од Италија после банкротот на ...

Поранешниот голман на милански Интер, Андре Онана, потпиша денеска договор на пет години со премиерлигашот Манчестер јунајтед. Според дел од британските медиуми, трансферот е вреден 55 милиони евра. Се очекува Онана веднаш да им с приклучи на новите соиграчи кои се во Њујорк на подготовки за пријателски натпревар против Арсенал. Камерунскиот 27-годишен голман седум и пол години бранеше за холандски Ајакс пред минатиот јули без обесштетување да ...

До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од УХМР. УВ индексот во поголем дел од земјава ќе има многу висока вредност 10. Во земјата утре ремето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во ...

Советот на градот Скопје со 34 гласа „за“ и еден воздржан денеска изгласа финансиска помош за најтрофејниот македонски клуб Вардар. Иницијативата за помош на ФК Вардар ја поднесе докторот Никола Пановски, но ја подржаа безмалку сите советници и со 34 гласа ја изгласаа иницијативата, со усвоен заклучок со кој се овластува градоначалничката за издвојување на сума на пари за помош и изнаоѓање на најповолниот начин како да се реализира оваа помош. ...

Со два порази од летонска Рига освојувачот на македонскиот куп, Македонија Ѓорче Петров, го заврши денеска настапот на европската сцена во првото квалификациско коло во Конференциската лига. По минатонеделниот пораз во Скопје од 0-1, Македонија Ѓорче Петров попладнево на гостувањето во Рига претрпе уште еден пораз од 1-4 и со вкупни 1-5 е елиминирана од третото по ранг европско клупско натпреварување. Победата на домаќините им ја донесоа ...

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона го промовира новиот свој играч, Илкај Гундоган. Тој на презентацијата зборуваше за амбициите во новата средина. – Сакам да ја вратам Барса на врвот во Европа. Можноста да се приклучите на овој тим е извор на гордост и чест. Лигата на шампионите е магичен, многу посебен турнир. Има многу тенка линија помеѓу испаѓање и напредување, но нашиот тим е способен да се бори и да се обиде да стигне што подалеку. Се ...

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се засили со бразилскиот интернационалец Матеус Лемос, кој има 26 години и доаѓа од екипата на Македонија Ѓорче Петров. Бразилецот е второ големо засилување за „црвено-црните“, а веќе има искуство во македонскиот фудбал затоа што за екипата од Ѓорче Петров настапуваше две сезони и двапати беше победник во Купот на Македонија. „Му посакуваме добредојде, а до сите навивачи упатуваме апел, да се ...

Земјава и натаму е зафатена од топлотен бран и високи температури. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека и во следните денови ќе биде многу топло. Утринските температури ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10. Владата и Министерството за труд и социјална работа во овој период ...

Еден од најпопуларните борци во УФЦ, Конор Мекгрегор направи хаос по погребот на неговата тетка Памела, која почина пред два дена. Американските медиуми пишуваат дека Мекгрегор се скарал со едно лице, по што се случила масовна тепачка, а видеото се појави на социјалните мрежи. Во пабот каде што ѝ оддавале почит на починатата жена се случи хаос, а засега нема коментар од Ирецот. Rumours flying around that conor mcgregor just broke someone up in ...

Дел од „рестартот“ на РК Вардар и од новата раководна структура ќе биде и Стојанче Стоилов. Иконата на клубот ја завршува играчката кариера, но ќе се посвети целосно на заедничкиот поход за враќање на црвено-црниот клуб на трофејни височини. На денешната прес-конференција, Стоилов потврди дека ќе продолжи како помошник на Владо Недановски во првиот тим, но и како координатор на младинските категории на Вардар. Во неговиот тим ќе бидат Даниела ...

Вардар испрати отворен повик до скопските општини и им предложи конкретен начин како да му помогнат на клубот во овој тежок период. Навивачката група на Вардар, Комити кои го преземаа водењето на клубот, бараат начини како да дојдат до буџет за достоинствено да се игра во следната сезона откако тимот се врати во Првата лига. Овојпат од Вардар јавно ги повикаа скопските општини да купат по 1.000 билети кои чинат по 1.000 денари и така да му ...

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Кон крајот на денот и во вечерните часови во посеверните делови ќе има услови за краткотрајно поинтензивна изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=10 Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец, во делови од регионот кон крајот на денот ќе има услови за краткотрајно ...

Интер му испратил на Атлетико Мадрид понуда за купување на напаѓачот Алваро Мората, објави „Football Italia“. Според италијанскиот медиум „нероаѕурите“ се во потрага по нов напаѓач откако решиле да го отфрлат Ромелу Лукаку. Интер понуди 15 милиони евра за 30-годишниот Шпанец. Мората минатата сезона забележа 45 настапи за Атлетико во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 гола и три асистенции. Неговиот важечки договор е до летото 2024 година. ...

Италијанската престолнина денеска забележа нова рекордно висока температура од 41,8 степени Целзиусови, додека топлотниот бран опустоши поголем дел од јужна Европа, објави метеоролошката служба на регионот Лацио. Претходниот рекорд од 40,7 степени Целзиусови беше во јуни минатата година. Таа температура денеска беше надмината во различни делови на Рим, а метеоролошката станица во источните предградија забележа нов рекорд. Европа се бори со ...

Младинскиот кошаркарски репрезентативец, Тома Стојаноски, преку ноќ стана хит на социјалните мрежи, откако на доделувањето на медалите по завчерашното финале на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, во Скопје ја покри додавката „Северна“ за да се фотографира само со името Македонија на дресот. Со овој потег, кошаркарот на Гостивар покажа што мисли за промената на името на државата, со што стана херој на сите истомисленици, кои не можат да ја ...

УХМР информира дека и во следните денови времето ќе биде многу топло. Утринските температури на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност. Според прогнозата, во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност, а во понеделник се очекува преодно благо опаѓање на температурата. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10 ...

Најистакнатиот голман на македонската ракометна репрезентација и член на РК Вардар, Борко Ристовски, донел одлука да се збогува со активно играње ракомет, но и понатаму да остане дел од црвено-црното семејство. Ристовски решил официјално да стави крај на долгата и богата кариера, сепак ниту тој ќе остане без ракомет, ниту ракометот ќе остане без него. Спорт1 дознава дека на обострано задоволство, со првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски, ...

Манчестер јунајтед постигна начелен договор со напаѓачот Маркус Рашфорд за продолжување на неговиот договор, објави „Sky Sports“. Според изворот, новиот договор на 25-годишниот Англичанец ќе се пресметува до летото 2028 година. Рашфорд е во Манчестер јунајтед од јануари 2016 година. Неговиот актуелен договор е до 30 јуни 2024 година. Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 80 милиони евра. Во сезоната 2022/23 Рашфорд одигра ...

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, забележа нов највисок ранкинг на АТП-листата, на нејзиното најново обновување, денеска. Ивановски сега се наоѓа на 331. позиција на светот, напредувајќи дури 39 позиции. Ова се должи на новите 24 бода, освоени на челинџер турнирот во Јаши, Романија, каде што стигна до четвртфиналето. Од македонските тенисери, на АТП-листата фигурираат уште Горазд Србљак, кој доживеа пад од 39 позиции и сега е на ...

Не сакам да изгубам натпревар на ова ниво, но морам да бидам многу благодарен бидејќи освоив многу титули и тешки натпревари, на пример против Федерер во финалето во 2019 година, кога спасив две меч топки. Можеби требаше да загубам некои други мечеви, еве сега се врати тоа, изјави српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот во финалето на Вимблдон од Карлос Алкараз (3:2). Ѓоковиќ не успеа да ја освои својата петта последователна, а вкупно осма ...

Пејачката Јелена Карлеуша требаше да настапи во Хрватска, на островот Барбаринац, но надлежните органи и го откажаа концертот. Јелена Карлеуша со денови го најавуваше својот настап за публиката во Хрватска, а сега се огласи преку социјалните мрежи каде ги извести своите обожаватели дека нејзиниот концерт е откажан. – Со жалење ги информирам сите мои фанови во Хрватска дека мојот концерт планиран за утре на островот Барбаринац – е откажан од ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
67%
1023
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.09
73%
1021
weather icon

Загреб

19ᴼ / 14ᴼ
2.06
79%
1020
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
67%
1025
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.7
55%
1023
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
0.51
94%
1021
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.92
57%
1019
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1021
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.0
64%
1021
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
70%
1024
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
2.06
68%
1021
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
77%
1022
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.7872

Currency

7.35718

Currency

0.6268

Currency

0.35386

Currency

0.5246

Currency

1.26457

Currency

0.59409