После ремито 1-1 со Италија пред два дена, македонската фудбалска репрезентација ја очекува утревечер нов предизвик, против аутсајдерот во грипата Малта, која во март во Скопје ја победивме со 2-1, но жилав отпор дадоа малтежаните, па затоа селекторот Благоја Милевски побара максимална концентрација и без опуштање, иако квалитетот јасно е на наша страна. За Милевски мечот со Малтежаните е најважниот во овие квалификации, зашто повторно ќе нѐ ...

Италија денеска ја очекува клучна пресметка со Украина во нашата „група на смртта“, но на Апенините сѐ уште тема е новиот кикс против Македонија, која станува вистински кошмар за „аѕурите“, па три дена по ремито, македонската легенда Горан Пандев посочи дека црвено-жолтите одиграле голем меч на „ораницата“ на Националната Арена. Македонија вечерва ѝ гостува на Малта после големото реми 1-1, кое го покажа карактерот на националниот тим, да се ...

Тони Надал беше составен дел од огромен дел од успесите кои ги оствари неговиот внук Рафаел Надал, но тој беше првиот кој ја „намириса“ опасноста и кој уште во далечната 2007-ма година најави дека Новак Ѓоковиќ ќе биде ривалот кој ќе треба да се победи. 15 години подоцна, српскиот тенисер е рекордер по бројот на освоени грен слем титули и во неделата во Њујорк стигна до 24-от трофеј, по што чичкото на Рафа призна дека се оди во прилог на Ноле ...

Огромната заедница на Македонци во Малта се организира за да ја обои трибината на националниот стадион „Та Али“ во Ла Валета. Се предвидува дека „Фалангата“ вечерва нема да биде инфериорна на фановите на репрезентацијата на Малта. Билети има и може да се купат и на денот на натпреварот, па, како на ниту едно друго гостување, нашата селекција ќе има громогласна поддршка. Кога игравме во Лихтенштајн и соседните земји нашата поддршка беше огромна, ...

Кошаркарската репрезентација на САД следното лето на олимпискиот турнир во Париз би можела да претставува вистински „дрим-тим“ полн со најголемите американски ѕвезди од НБА-лигата. Легендата Леброн Џејмс, кој следното лето ќе има 39 години и 11 години не играл за репрезентацијата, најави дека сака да игра на ЛОИ во Париз и ги повика и другите суперѕвезди да му се приклучат и да освојат злато. Џејмс во 2004 година освои бронза, а во 2008 и 2012 ...

Големи проблеми за францсукиот фудбалер Пол Погба. Играчот на Јувентус бил подлежен на допинг-тест, а се покажал како позитивен по натпревар во Серија А. 30-годишниот Французин имаше големи проблеми со повреди и никако да заигра за „бјанконерите“. На Погба му бил направен тест по натпреварот меѓу Удинезе и Јувентус, а тој се покажал како позитивен. Во примерокот на Погба имало траги од тестостерон. Погба нема да биде дел од тимот на Јувентус ...

Новак Ѓоковиќ и официјално е најдобриот тенисер на сите времиња откако успеа да стигне до рекордната 24-та гранд-слем титула. Тој во финалето на последниот гранд-слем турнир во сезоната славеше над Русинот, Данил Медведев со максимални 3-0, во сетови 6-3, 7-6 и 6-3. Novak hits 24 and pays tribute to the late Kobe Bryant 💙 pic.twitter.com/rDXVUvYe1Z — US Open Tennis (@usopen) September 10, 2023 По мечот најдобриот тенисер на сите времиња ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по освојувањето на УС Опен и подигнувањето на 24. грен слем трофеј во кариерата изјави дека одамна би бил издигнат на небо на спортски план да не бил од Србија. Ѓоковиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали сега важи за еден од најдобрите спортисти на сите времиња, рече дека тоа треба да го проценат луѓето. „Тоа оставам на вас и на сите други, без разлика дали сум бил или не сум заслужил да бидам дел од таа ...

Дебатата дефинитивно е завршена, Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, пишува денеска шпанскиот спортски весник „Марка“, откако триумфира на Ју-Ес опен дојде до 24. гренслем-титула во кариерата. Србинот сега има два трофеи повеќе од Рафаел Надал и дури четири од Роџер Федерер, па неговата доминација ја препознаа и од медиумите од земјата од каде што доаѓаат Надал и Карлос Алкараз, а кои некако најтешко ја прифаќаа доминацијата на ...

По освојувањето на УС Опен, Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, им се заблагодари на своите луѓе кои му помогнаа на патот уште еднаш да испише историја и го потсети на трнливиот пат по кој тргнал. Совладувајќи го Данил Медведев со 6:3, 7:6 (7:5), 6:3, Ѓоковиќ ја освои својата четврта титула на УС Опен и 24. Грен слем титула во севкупно. – „Не знам од каде да почнам, ова ми значи се“. Се повторувам, но морам да кажам дека го живеам ...

Новак Ѓоковиќ супериорно го освои својот 24. гранд слем во кариерата, откако во финалето во Њујорк во три сета, беше убедлив против Русинот Медведев со 6-3, 7-6 (7-5) и 6-3. Само во вториот сет најдобриот тенисер на сите времиња имаше (по)голема мака да го потчини Медведев, откако се играше гем за гем, со неверојатни пресврти и долги поени. Вториот период траеше речиси неверојатни 90 минути. Иако во тајбрејкот двапати беше во негатива, Ноле ја ...

Летото оваа година беше најжешкото досега регистрирано, бидејќи климатската криза и феноменот Ел Нињо ги зголемија температурите и предизвикаа екстремни временски услови ширум светот, пишува денеска Гардијан. Во јуни, јули и август, просечната глобална температура достигна 16,77 степени Целзиусови, што било 0,66 степени над просекот од 1991 до 2020 година. Податоците од Службата за климатски промени на ЕУ, Коперникус (C3S), покажаа дека август ...

Српските кошаркари беа поразени од Германија во финалето на Мундобаскетот со резултат 83:77. Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ зборуваше на прес-конференција по поразот во финалето „Кога некој тим води од почеток до крај и игра на високо ниво, мораме да им честитаме. Ни требаше подобра ротација. Нашиот лекарски тим направи се за да ги опорави играчите. Го загубивме Добриќ на почетокот на натпреварот, Богдановиќ играше болен. Пред финалето, ...

Србија не успеа да го освои Светското првенство откако во финалето со 83-77 беше поразена од Германија, српските медиуми виновникот за поразот го бараат во судиите. „Србија е брутално ограбена во моментите кога се кршеше финалето“, пишува српски „Телеграф“. „Србија мораше да игра против Германците и против судиите. При резултат 55-53 на средна од третата четвртина се случи крајно сомнителна ситуација. Аврамовиќ без фаул го запре Денис Шредер, му ...

Научници од институт во кинескиот град Гуангжу успеаја да развијат бубрежно ткиво со претежно човечки клетки од ембрион на свиња, што го отвори патот за производство на органи за донација. Тимот предводен од Лиангсуе Лаи од Институтот за биомедицина и здравје ја објави студијата во научното списание Матични клетки. Нивната работа зависела од исклучување на дел од гените во ембрионите со помош на алатка која се опишува како генетски ножици. Тоа ...

Репрезентацијата на Германија е нов светски шампион во кошарка. „Панцерите“ славеа во големото финале против Србија со резултат 83-77 и дојдоа до првото историско злато за својата земја. Првото полувреме донесе многу изедначена игра. Србија имаше минимално водство во текот на првите дваесет минути, но Германците успеаја да го израмнат резултатот и тимовите замина на паузата со егал ситуација, 47-47. „Орлите“ на Светислав Пешиќ многу полошо го ...

Кошаркарската репрезентација на Србија од 14 часот и 40 минути ќе го игра финалето на Светското првенство. Србите се во конкуренција за светскиот трон со селекцијата на Германија. Манила пак, е претворена во Белград! Српски знамиња, музика, јазик… Навивачите на Србија направија се за да покажат како навиваат за „орлите“ и како го чекаат тоа светско злато. Парче од атмосферата од Манила погледнете во галеријата на Бојан Винуловиќ од Спортал.рс: ...

Кошаркарската репрезентација на Србија, предводена од селекторот Светислав Пешиќ, денеска во финалето на Светското првенство во Манила (14.40 часот) против Германија ќе се обиде да го освои историскиот златен медал – првиот под името Србија. Српскиот тим под името СРЈ последен пат беше светски шампион во Индијанаполис во 2002 година, а уште тогаш Пешиќ како селектор го водеше тимот од клупата. И покрај отсуството на Никола Јокиќ, Василиј Мициќ, ...

Македонија е вистински кошмар за Италија, па уште еднаш ги расплакавме „аѕурите“, овојпат со реми 1-1 во евроквалификацискиот меч вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“, за трет меч по ред без пораз од четирикратниот светски првак и актуелен европски владател, за и да му го расипеме дебито на новиот селектор Лучијано Спалети. Енис Барди со мајсторија од слободен удар од 20 метри десет минути пред крајот го обезбеди новото реми, второ во ...

Словенија го освои седмото место на Светското првенство откако ја совлада Италија со 89:85. До победата кошаркарите на Словенија и во овој натпревар беа предводени од Лука Дончиќ кој се најде во центарот на вниманието и поради еден инцидент.Словенечкиот кошаркар ги загуби нервите и пцуеше по судиите, поради што доби тенхичка грешка. Luka Doncic, hakemlerle sıkıntı yaşamaya devam ediyor. Yine bir teknik faul 🥶 pic.twitter.com/LYrPcUHHGf — Clutch ...

Македонија и Италија вечерва ќе се судрат во евроквалификацискиот меч на Националната Арена „Тодор Проески“, која за жал нема да им понуди идеални услови на двата тима за супер-пресметка, зашто теренот е ужасен, но ако е за утеха не е така мизерен како пред нешто повеќе од еден месец, кога играше Шкупи со Левски и беше цел со песок. Чиро Имобиле вчера се пожали на теренот, најавувајќи дека мечот со незгодната Македонија ќе биде уште потежок, ...

Селекцијата на Србија ќе игра за златниот медал на Светското првенство (СП) во Јапонија, Филипини и Индонезија, откако во денешното прво полуфинале во Манила им одржа лекција на ѕвездите од Канада (95-86), со фантастична игра што ја постави „старецот“ Светислав Пешиќ, особено во одбраната. Нашиот северен сосед апсолутно заслужено дојде до финалето, покажувајќи дека без разлика на многуте отсустни кошаркари, сепак, на располагање има адекватни ...

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ индексот ќе има вредност 6. Во Скопје Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а ...

По поразот од 7-0 од Англија, Милевски требаше да поднесе оставка, смета Горан Пандев, кој во разговор за италијанскиот медиум „Кориере дело Спорт“ пред мечот Македонија – Италија уште еднаш јасно го изрази своето мислење за актуелниот селектор, но уште повеќе за раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Федерацијата застана во негова одбрана, но не сме мирни, репрезентацијата минува низ еден комплициран момент. Не знам како ...

Вардар 1961 испрати порака до сите противници пред стартот на сезоната, а се чини најдобро ја почувствува Пелистер. Вечниот ривал доби предупредување, битолчани во Супер-Купот беа совладани со убедливи 26-30. На клупата на Вардар 1961 го немаше Владо Недановски, кој доби суспензија од четири меча на крајот на минатата сезона. Неговото место покрај теренот му припадна на Стојанче Стоилов. Легендата на Вардар 1961 имаше деби од соништата, под ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, наместа краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени, а максималната ќе достигне 29 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Од УХМР најавуваат дека од утре следува период ...

Јапонија успешно лансираше ракета со модул создаден за работа на Месечината. Леталото треба да слета на нашиот пироден сателит за неколку месеци – со голема прецизност, на радиус од максимални 100 метри од целта. По три одложувања од крајот на август поради неповолните временски услови, ракетата „Х-ИИА“ на Јапонската вселенска агенција ЈАКСА полета денеска од космодромот во Танегашима на брегот на Тихиот Океан. Месечевата лабраторија наречена ...

По голема и неизвесна борба во салата „Парк“ во Струмица, Вардар го победи Пелистер со 30-26 и го освои трофејот од Супер купот на Македонија по четврти пат. Во денешниот меч кој е увертира за новата ракометна сезона, Пелистер влезе како бранител на суперкуп трофејот, но битолчани беа немоќни пред разиграниот Вардар кој покажа дека ќе биде конкурентен за највисоките позиции во новата сезона. Мечот во Струмица беше исклучително изедначен, ниту ...

Македонската фудбалска репрезентација в сабота ќе ја пречека Италија на арената „Тодор Проески“ во меч од квалификациите за ЕП 2024, кој предизвикува голем интерес во јавноста, делумно и поради историската победа на жолто-црвените лани во Палермо во баражот за пласман на СП 2022. Херој на таа средба беше Александар Трајковски, кој го постигна победничкиот гол во историската победа, која, за жал, не ни обезбеди мундијалска виза бидејќи потоа ...

Еден од помалите апостоли, родум од Севастопол. Ученик и подражавател на светите апостоли Јован Богослов и Павле. Иако не е вброен помеѓу седумдесетте апостоли, сепак се нарекува апостол затоа што им беше ученик на големите апостоли и затоа што во евангелската служба покажа вистинска апостолска ревност. Посветен за епископ-мисионер, Евтихиј многу патуваше, имајќи за сопатник Ангел Божји. Во затворот примаше небесен леб од Ангелот. Кога му го ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
22%
1017
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.57
33%
1016
weather icon

Загреб

32ᴼ / 31ᴼ
2.57
40%
1014
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
24%
1018
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
1.14
19%
1015
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
4.02
42%
1015
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
5.81
27%
1015
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
39%
1017
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
29%
1017
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
5.14
27%
1015
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
6.17
27%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
57%
1016
Currency

61.535

Currency

53.4215

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62