Фудбалскиот натпревар помеѓу Тиквеш 1930 и Брера Струмица во 26. коло од Првата машка фудбалска лига имал и трето полувреме во кое физички силите си ги одмериле фудбалери на домашниот и гостинскиот тим. МВР информира дека вчера попладне во 17.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ѓ.И. (28) од Република Србија кој по завршување на натпреварот на Градскиот стадион во Кавадарци физички го нападнал Д.К. (32) од Прилеп – играч на ...

Вардар освои три важни бодови во борбата за опстанок откако со гол на Ѓуриќ славеше над актуелниот шампион Струга со 1-0, со истиот резултат Брегалница го совлада Шкупи, киксна и Шкендија која одигра 1-1 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. Вардар не само што ја победи Струга на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, туку ѝ ја надигра. Црвено-црните создадоа повеќе идеални шанси за гол, а од нив влезе една, која се покажа како доволна за ...

Двократниот европски шампион Вардар во изминатите години се соочуваше со сериозни финансиски проблеми поради кои клубот доживеа многу промени, но сега се најавуваат подобри времиња за „црвено-црните“ и враќање на шампионскиот сјај на клубот. Вардар закажа прес-конференција на 9 април во 11 часот во СЦ „Јане Сандански“ на која ќе биде промовиран новиот клупски спонзор, односно познат светски бренд кој реши долгорочно да го поддржи скопскиот ...

Манчестер јунајтед синоќа на наверојатен начин ја испушти победата на Стемфорд Бриџ, момците на Тен Хаг не само што не триумфираа, туку го загубија натпреварот на досега невиден начин. Манчестер јунајтед водеше до 99:17 минута, а потоа прими голови во 100. и 101. минута и загуби со 4-3. Првпат се случува некој тим во Премиерлигата да води до 100. минута и на крајот да го загуби мечот. 99:17 – Manchester United were leading in this game at 99:17, ...

Американскиот производител на електрични возила „Тесла“ планира на 8 август да го претстави долго ветениот „Роботаксис“ за самоуправување, објави шефот на компанијата Илон Маск. Маск не даде други детали во многу кратка објава на X, социјалната мрежа што ја поседува. Според претходните изјави, автономното возило ќе се заснова на нова техничка платформа која ќе го направи производството поефикасно и попрофитабилно, пренесува Index.hr. Маск со ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Како што соопштија од УХМР, во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а ...

Најдобриот македонски судија, Александар Ставрев ќе го суди натпреварот од грчкото првенство меѓу Арис и Панатенаикос кој во недела се игра во Солун. Поради зголемување на регуларноста во грчкото фудбалско првенство, често натпреварите ги судат судии од странство. Овојпат Грчката фудбалска федерација реши да испрати покана до нашиот интернациоланен судија, Александар Ставрев. Македонецот ќе го суди дербито од плејофот во најдобрата грчка лига ...

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, тешко наоѓаше зборови откако неговиот тим синоќа загуби со 3:4 од Челси. „Црвените ѓаволи“ водеа со 3:2 до последните секунди, но примија два гола длабоко во судиското продолжение и заминаа поразени од „Стемфорд Бриџ“. -Почнавме лошо и не се браневме како што треба. Но, видовте дека после тоа почнавме да доминираме. Нашата игра беше блескава и заслуживме да победиме. Не можеме да дозволиме туку така ...

Според прогнозата на познатиот метеолог Славчо Поповски викендот кој доаѓа, територијата на Македонија ќе биде под влијание на нов топол бран од Африка кој ќе услови нов значителен пораст на температурите и истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и претежно сончево, со појава на мала локална облачност. Сепак во недела, особено Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе ...

Големото хрватско дерби повторно донесе големи проблеми, овојпат по завршувањето на натпреварот. Непосредно по последниот свиреж на главниот судија, припадниците на навивачката група „Торцида“ влетаа на теренот и се стрчаа кон навивачите на Динамо, „Бед Блу Бојс“ кои беа сместени на спротивната страна од стадионот. На теренот фрлија неколку факели, а фудбалерите на двете екипи во паника се разбегаа и заминаа во соблекувалната. За да се спречи ...

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 23 степени. Во следните денови ќе се задржи ...

Британското кралско семејство во последно време се бори со многу неволји. Имено, и кралот Чарлс и принцезата Кејт Мидлтон водат тешка битка со опасна болест. Како што претходно соопштија од палатата, кралот и принцезата привремено се повлекоа од должноста поради нивната здравствена состојба. Беше кажано дека Кејт ќе го направи своето прво појавување на Велигден, утре, но тоа нема да се случи. Кралот Чарлс и сопругата Камила ќе присуствуваат на ...

Виетнамскиот произведувач на електрични возила „VinFast“ извести речиси го дуплирал својот приход во 2023-та година и најавил дека планира за три пати да ја зголеми продажбата оваа година и да се прошири на индискиот и индонезискиот пазар. Приходот на „VinFast“ минатата година скокна за 91 процент, на 28.6 билиони виетнамски донги (1,2 милијарди долари). Компанијата ја заклучила годината со бруто загуба од 13,2 билиони донги, 7,3 проценти ...

Дали сте милијардер во потрага по следниот скап автомобил? Или само неактивен патник во „земјата на соништата“? Како и да е, можеби ќе сакате да знаете кој е најскапиот автомобил на светот. Огромното мнозинство на луѓе може само да сонуваат да поседуваат скапи суперавтомобили или луксузни модели. Ова се првите седум најскапи автомобили во светот 7. Aston Martin Valkyrie AMR Pro – 4 милиони евра 6. Pagani Huayra Roadster BC – 4,2 милиони евра 5. ...

Велика Британија оваа недела претстави ново ласерско оружје за кое нејзината војска вели дека може да испорача смртоносен истрел за околу 13 долари, што потенцијално ќе заштеди десетици милиони долари од цената на ракетните пресретнувачи кои сега ја вршат оваа работата, пишува „Си Ен Ен“. Новообјавеното видео од тестот на она што Министерството за одбрана на Обединетото Кралство го нарекува „DragonFire“, систем за ласерско насочено оружје, ја ...

Рано утрово, во 02.31 часот, во СВР Охрид било пријавено опожарено возило. – На 02.04.2024 во 02.31 часот во СВР Охрид било пријавено дека во 02.25 часот на ул.„Елпида Караманди” во Струга било опожарено патничко возило „фолксваген голф” со струшки регистарски ознаки, сопственост на А.Ш.(43) од с.Делогожда, струшко. Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на ОВР Струга и се преземаат мерки за расчистување ...

76-годишна жена од село од Македонски Брод со убодни рани била донесена во болница. Според пријавата, убодите ги добила од нејзината ќерка. Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот. „На 01.04.2024 во 19.40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод. Според пријавеното, таа била ...

На 01.04.2024 во атар на с. Танушевци од страна на полициски службеници од Одделот за специјални операции при Бирото за јавна безбедност, од полициски хеликоптер, било забележано лице како се движи со крос мотор од с. Арачиново кон Косово. Полициски службеници од СВР Скопје му дале знак за запирање, но лицето не запрело, по што се преземени дополнителни мерки и активности и лицето е запрено и лишено од слобода. Утврдено е дека станува збор за ...

Матичниот лекар Ацо Трповски не бил убиен во неговиот автомобил туку на друго место коешто треба допрва да го утврдиме, изјави дополнителниот заменик министер на МВР – Митко Бојмацалиев за „Слободен печат“. „Во месец дена на територија на СВР Скопје има два немили настани, убиството на лекарот Ацо Трповски и пукањето во Арачиново. Имавме приведено три лица, но лицата се пуштени на слобода поради недоволни докази. Според наши сознанија лицето не ...

Две лица се приведени под сомнение за помагање во вчерашниот обид за атентат врз градоначалникот на Арачиново. Извори од МВР велат дека полицијата се уште е на терен и се прават напори да се идентификува и приведе напаѓачот кој вчера со автоматска пушка отвори оган врз Ридван Ибраими, кој доаѓа од редовите на ДУИ. Тој својот мандат нема да го памети по добро бидејќи откако стана градоначалник ова е трет пат полицијата да добие пријава дека бил ...

Царински инспектори од мобилен тим на Секторот за контрола и истраги спречија обид на двајца сопружници нелегално да изнесат од државата девизи во вредност од 16 илјади долари. Сопружниците, инаку македонски државјани, на излез од државата на граничен премин Богородица на прашање од страна на мобилни инспектори дали имаат нешто да пријават одговориле дека немаат ништо. При извршена детална контрола на возилото во предната касета биле пронајдени ...

Еден од најголемите режисери во Југославија Вељко Булајиќ почина во Загреб на 97-годишна возраст, потврдија за Телеграм семејството и пријателите. Роден во Црна Гора, од тригодишна возраст со семејството се преселил во Сараево, каде што завршил гимназија. Во 1943 година се приклучил на партизаните, а една година подоцна бил тешко ранет. Од 1946 година живее во Загреб, каде се школувал во вечерни училишта и работел во Одделението за култура на ...

Словенечката полиција соопшти дека на подрачјето на планината Триглав на Јулиските Алпи пронашла тела на двајца мажи кои се државјани на Србија. Нивните тела се пронајдени при претрес на теренот со полициски хеликоптери, по исчезнувањето на планинарите во саботата, пишува словенечки Дело. Како што јави словенечката агенција СТА, станува збор за 33-годишен и 42-годишен маж кои во саботата наутро тргнале на планинарење, но паднале на надморска ...

Данската ракометна ѕвезда, Микел Хансен ги игра последните месеци од својата играчка кариера, неговиот последен настап ќе бидат Олимписките игри во Париз. Микел Хансен денеска на прес-конференција ѝ се обрати на ракометната јавност и ги потврди најавите за пензионирање по крајот на оваа сезона. „Веќе речиси 20 години имам привилегија да живеам од спортот кој го сакам. Ги претставував некои од најголемите клубови во светот. Секогаш велев дека ...

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 23 степени. Следува период на сончево време со мала до умерена облачност. До петок утринските ...

Како што се ближи најважниот дел од сезоната, така и Никола Јокиќ ја крева својата форма и игра фантастично. Ноќеска Денвер го победи Сан Антонио со 110-105, а српската суперѕвезда постигна 42 поена, 16 скока и 6 асистенции. Со тоа, Јокиќ стигна до 13.978 поени во НБА кариерата и стана трет стрелец во историјата на Нагетс, надминувајќи го легендарниот Кармело Ентони кој во деветте сезони во Колорадо постигна 13.970. Пред него се само Ден Ајсел ...

Турскиот фудбалски гигант, Фенербахче сепак одлучи да не ја исполни својата закана за напуштање на турската лига која како опција претходно ја најави претседателот Али Коч. По големиот инцидент во Трабзон кога фудбалерите на Фенербахче беа нападнати од домашните навивачи кои влегоа во теренот, беше најавено можно излегување од лигата. Вчера се одржа клупскиот состанок на кој Фенербахче одлучуваше дали ќе остане во лигата или ќе излезе. Одлуката ...

Најдобриот македонски кошаркарски тренер во моментов, Емил Рајковиќ, влезе во историјата на регионалната ВТБ-лига, откако вчерашниот триумф на ЦСКА Москва во пресметката со Локомотив Кубан (86-73) беше негов стоти во натпреварувањето кое важи за едно од најсилните во Европа. Македонецот е само шестиот стратег од постоењето на оваа лига што успеал да оствари троцифрен број успеси, со што неговото остварување добива уште поголема димензија. ...

Времето денес претпладне ќе биде променливо облачно, во северозападните делови со услови за краткотраен локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен правец. Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. До крајот на неделава времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ...

Илон Маск најави нови промени на платформата X кои ќе овозможат одредени сметки да отклучуваат бесплатни премиум функции. „Во иднина, сите X профили со повеќе од 2.500 верифицирани следбеници ќе добиваат Premium функции бесплатно, а профилите со над 5.000 ќе добиваат Premium+ бесплатно“, рече Маск, според Time. Претходно, X Premium функциите ги чинеа корисниците осум долари месечно и вклучуваа можност за споделување подолги објави и прикачување ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
38%
1022
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
58%
1022
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
0.0
64%
1022
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
63%
1024
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.09
49%
1022
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
6.17
38%
1018
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
49%
1019
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
29%
1020
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
52%
1020
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.34
47%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
7.72
46%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62