Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Исто така упати апел до сите македонски државјани да се воздржат од какви било патувања кон земјите од овој ...

Во април годинава се издадени 357 одобренија за градење, што е за 38,9 проценти повеќе во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Во извештајниот период е предвидена изградба на 729 станови со вкупна корисна површина од 60 833 метри квадратни. Од вкупниот број станови, 266 се во Скопскиот регион, 232 во Југозападниот, 125 во Полошкиот регион, 63 во Источниот регион, 16 во Вардарскиот регион, 14 во Југоисточниот ...

Во почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа загинаа 55.104 луѓе, а повеќе од половина се жени и деца, додека повредени се 127.394 лица, соопшти палестинското Министерство за здравство. Израел тврди дека цел на нападите се само милитантните од Хамас. При израелските напади уништена е огромна површина од Појасот Газа, а околу 90 проценти од населението е раселено. Израел повеќе од два месеца ја блокира хуманитарната помош за ...

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, од Полициска станица од општа надлежност при ОВР Гостивар и од Полициско одделение за безбедност на патен сообраќај, денеска на неколку локации низ градското подрачје во Гостивар спроведоа превентивна активност под мотото – „Сите сме пешаци“. „На пешаците, како учесници во сообраќајот им беа делени летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП, а со пораки за ...

Дали навистина мора секогаш да ја предзагреваме рерната пред да ставиме храна внатре? За многумина, ова изгледа како застарено правило што само одзема време. Но всушност, оваа едноставна навика често го прави клучниот пресврт од просечно јадење до совршено подготвен оброк. Иако денес многу модерни рецепти и уреди можеби изгледаат попростени, термичките принципи не се смениле. Кога ја вклучуваме рерната, таа не е веднаш подготвена за печење, ...

На 12 јуни 2025 година, околу 01:40 часот по полноќ, во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на локален пат во село Горна Бањица се случила сообраќајна несреќа. Мопед управуван од малолетник од истото село излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач, а неговиот сопатник Д.М. (23) од с.Горна Бањица се здобил со телесни повреди. Повредите им биле констатирани во Општата болница Гостивар. ...

На денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) беше избран за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Епархијата која остана без Владика минатата година во ноември, кога на 73 годишна возраст почина тогашниот митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј. Игуменот Георгиј е роден 1968 година во Скопје. Средно образование завршил во ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Ј.(23) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, соопшти МВР. „На 19.08.2024, преку социјална мрежа, пријавената контактирала со 42-годишна жена од Гостивар и лажно се претставила како агент за издавање на апартмани за летување во Република Грција, при што ѝ побарала износ од 17.250 денари за седум ноќевања, ...

Министерството за економија и труд објави четири јавни повици за финансиска поддршка на деловните субјекти, со цел поттикнување на претприемништвото, зголемување на конкурентноста и унапредување на стандардите за квалитет кај микро, малите и средните претпријатија, како и кај занаетчиите. Повиците се дел од реализацијата на Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средните претпријатија за 2025 година, како и од ...

Во 2024 година имало повеќе вооружени конфликти отколку во која било година по Втората светска војна, објавија денеска истражувачите од организацијата Програма за податоци за конфликти (UCDP) со седиште на Универзитетот во Упсала во Шведска. Тие нагласуваат дека лани биле регистрирани 61 меѓудржавен конфликт, вклучувајќи 11 војни во кои цивилите биле особено изложени на ризик. Цивили не биле само колатерална штета, туку и жртви на намерно ...

Со мурал од балкански рис на објектото на театар Комедија во Скопје, Македонското еколошко друштво денеска го прослави Светскиот ден на рисот, 11 јуни. „Конечно најдовме дом за муралот, најдовме и артист кој го нацрта, и најдовме човек кој има визија и кој е отворен за соработка, а тоа е директорот на Театар Комедија – Дарко Спасов. Целта ни е со овој мурал да ја подигнеме јавната свест, не само на рурално туку и на урбано ниво. Кога работите ...

Министерството за образование и наука и Педагошката служба, која е во негов состав, имаат издвоено средства за замена на сите оштетени учебници. Министерката Весна Јаневска денеска апелираше училиштата да се обратат доколку имаат потреба за нов тираж учебници за учениците да бидат мотивирани да учат од неоштетени учебници. На прес-конференција таа рече дека деновиве прима многу поплаки од родители кои се пожалиле дека на нивните деца им биле ...

Неколку лица загинаа во пукање во училиште во австрискиот град Грац, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесе Би-Би-Си. Меѓу жртвите има ученици и наставници, а се верува дека напаѓачот се самоубил во училишниот тоалет. Локалните медиуми известуваат за осум загинати, но овие информации сè уште не се официјално потврдени. Според јавниот сервис ОРФ, речиси еден час по пријавеното пукање, во тек е голема полициска операција. ...

Постојат неколку причини зошто некои луѓе се неодоливи и „вкусни“ за комарците. Еден од главните фактори е крвната група – комарците имаат многу поголема веројатност да слетаат на луѓе со крвна група 0 отколку на оние со група А, како што покажуваат бројни студии. Ова има врска со супстанциите што ги лачи телото, кои откриваат информации за крвната група на комарците, па затоа тие знаат кого да таргетираат. Количината на јаглерод диоксид што ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска се објавени три јавни повици за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, со цел модернизација на земјоделските стопанства во Македонија. -Јавниот повик бр: 05/2025 ги покрива инвестициите за набавка на машини за разбивање на мраз, за набавка на системи против замрзнување, за заштитни ...

Сончевото време и високите температури ги мамат змиите надвор, со што се зголемува ризикот од каснувања во шумите, излетничките места, на нивите…Според досегашните искуства на поширокото гостиварско подрачје сезонски 4 до 5 лица се обраќаат за медицинска помош поради каснување од змија. Сезонава, првиот случај е регистриран пред неколку дена. „Пред неколку дена донесено е лице каснато од змија, некаде од планинските села. На инфективното ...

Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи на улиците во Скопје и на улиците низ македонските автопатишта, односно безобѕирно ќе управуваат моторно возило, трајно ќе се одзема возилото и од утредента ќе биде ставено во функција на Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјала, детска градинка Цветче итн., изјави министерот за внатрешни работи Панче ...

Матурантите денеска ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е по нивни избор. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), најголем број пријавени има за тестот по англиски јазик (13 457 ученици). За тестот по математика се пријавиле 1246 ученици, 73 ќе полагаат германски јазик, 24 – француски јазик, 62 – естетика. За тестот по филозофија има седум кандидати, четворица за руски јазик и тројца за италијански ...

Инспекциските контроли на храната од почетокот на годинава ја надминаа бројката од 12 000 само во внатрешниот промет. Како небезбедни, досега се уништени околу 56 тони храна од животинско и неживотинско потекло. За утврдените недоследности се изречени 1 325 мерки од кои 260 парични казни и други казни како времени забрани за вршење дејност, а поднесени се и прекршочни пријави, рече денеска директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) ...

Бесплатни летни интензивни курсеви по англиски јазик и информатика ќе се одржуваат во текот на јули и август, наменети за ученици од ранливи социјални категории, кои ќе бидат организирани во групи според нивото на знаење – од почетно до напредно. Како што соопшти Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, курсевите ќе се одржуваат во рамки на иницијативата „Направи чекор“ и ќе се реализираат преку eTвининг-мрежата ...

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2024/2025 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. „На основците и средношколците што денес ја завршуваат учебната година им честитам на напорната работа и заслужениот успех. Пред вас е летниот распуст, добро одморете се, но не заборавајте дека има време и за игра и за читање книга, и за забава и за совладување нови вештини, за дружење и за користење на ...

Со затоплувањето на времето луѓето почесто престојуваат во природа кадешто се изложени на ризици од каснување и убоди од инсекти. Колкава е при тоа сериозноста покажува и последниот случај со смртен исход во гостиварско. Во неделата навечер беше пријавено дека во болницата во Гостивар било донесено лице за укажување медицинска помош кое починало, по убод од пчели поради алергиска реакција. Лекарите појаснуваат кои се симптомите и каков е ...

Унијата за Медитеранот (UFM), организација што ги обединува 43 земји, предупреди дека за 25 години може да има повеќе пластика отколку риби во Средоземното Море доколку управувањето со отпадот не се подобри радикално. „Средоземното Море е една од областите најзагадени со пластика во светот“, предупреди организацијата од своето седиште во Барселона по повод Светскиот ден на животната средина. Медитеранот претставува помалку од 1 процент од ...

Германија изработува планови за брзо проширување на мрежата на отпорни засолништа и бункери, предупредувајќи дека земјата мора да биде подготвена за можен напад од Русија во следните четири години, изјави Ралф Тислер, директор на Федералната канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи (BBK). Тислер за весникот „Зиддојче Цајтунг“ рече дека Германија, како најголема европска економија, е недоволно подготвена за потенцијален конфликт. ...

Од ноќеска за 1 денар поскапуваат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), како и мазутот М-1 НС за 0,624 денари, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат исти. Цената на мазутот ќе биде 38,486 денари за килограм. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС ќе чини 95 74,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 76,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66 денари, Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,50 и мазутот ...

Иако насмевката на прв поглед изгледа како едноставен израз на расположение, научните истражувања укажуваат дека постојат суштински разлики меѓу вистинската и лажната насмевка – разлики кои нашиот мозок умее да ги препознае со изненадувачка прецизност. Вистинската насмевка е резултат на искрена емоција и ги вклучува и аглите на усните и мускулите околу очите. Токму orbicularis oculi – мускулот околу очите – е оној што најчесто не може да се ...

Општина Гостивар информира дека каналот за наводнување во 6-та Зона, поради чие затворање имаше протести на земјоделци, ќе се врати во првобитна состојба, а по сезоната ќе биде покриен со бетонски плочки. „Каналот ќе биде вратен во првобитна, функционална состојба со целосен капацитет на проток. По завршувањето на сезоната за наводнување, каналот ќе биде покриен со бетонски плочи, согласно следните проектни спецификации: Набавка, транспорт и ...

Со 65 гласа „за“, 15 „против“ и ниту еден воздржан, Собранието попладнево го изгласа гостиварецот Азир Алиу за нов министер за здравство на местото на Арберн Таравари кој неодамна даде оставка од министерската функција. Премиерот Христијан Мицкоски претходно во образложението на предлогот за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето со здравствениот систем. -Доктор Алиу е доктор по ...

Агенцијата за вработување ги објави огласите од Програмата „Поддршка за самовработување“ за доделување грантови на невработени лица за отворање на сопствен бизнис. Младите до 29 години може да добијат неповратни средства во износ до 615.000 денари, додека поддршката за граѓани над 29 години изнесува 430.500 денари. За мерките може да аплицираат корисници на минимална гарантирана помош, лица со попречености, жени жртви на насилство и други ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за три до пет степени. Попладне во делови од земјава ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Максималната дневна температура во гостиварскиот регион ќе достигне 28 степени. УХМР информира дека од денеска до среда во попладневните ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
62%
1016
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
59%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1012
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.79
74%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.51
96%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
2.06
63%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
66%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
82%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
75%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9719

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Паладиум

48883.97

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Калај

50.03

Платина

64172.89

Рутениум

51376.89

Родиум

319899.93

Цинк

3.35

Бакар

12.06

Алуминиум

3.57