На 23.12.2025 година во 13:30 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – село Градец, на подрачјето на село Врапчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Ауди“ со чешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Р. (50) од село Врапчиште, и патничко возило „Шкода“ со хрватски регистарски ознаки, управувано од А.И. (30), исто така од село Врапчиште. По инерција, возилата удриле во двајца пешаци – ...

Намалена видливост поради магла до 40 метри има на планинските премини Стража, до 30 метри на Плетвар, Пресека, Ѓавато и Маврово и до 50 метри во Крушево. Како што информираат од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ ...

Малолетно девојче од Тетово, на 15-годишна возраст, било доведено во заблуда дека ќе започне љубовна врска, а потоа со закани и уцени било принудено на употреба на опојни дроги и сексуална експлоатација, утврдила истрагата на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, кој денеска поднесе кривична пријава против пет лица од Тетово. Како што соопшти МВР, првопријавениот Ф.М. во временскиот период од мај 2023 година до ...

Големи дози на витамин Ц значително можат да го намалат штетното дејство на ситните честички во воздухот врз белите дробови, покажува ново истражување на Универзитетот за технологија во Сиднеј (УТС). Научниците спровеле експерименти направени врз глувци и лабораториски одгледувани човечки ткива и откриле дека витамин Ц го намалува губењето на митохондриите, ги ублажува воспаленијата и го спречува оштетувањето предизвикано од оксидативен ...

На македонскиот пазар моментно работат 29 правни лица за поштенски услуги од кои 28 со општо овластување за поштенски услуги и АД Пошта на Македонија како државна компанија со индивидуална дозвола за обезбедување универзална услуга. Од 28-те даватели на услуги 12 работат со меѓународни услуги, три се со лиценци за домашни услуги, а 12 се локални даватели на поштенски услуги. Според анализата на пазарот на поштенски услуги во првата половина ...

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж и исчекување. Тие претставуваат мала пауза од рутината – простор за сонување во кој луѓето си ги проектираат сопствените желби. Во тие мигови очекувањето станува дел од доживувањето, а играта добива посебна вредност. За многумина од играчите, игрите на среќа се поврзани со мали лични ритуали и верувања што ...

Римокатоличката црква, протестантските и англиканските цркви, како и дел од православните цркви кои го прифатиле новото сметање на времето, денеска го одбележуваат Бадник и Бадниковата вечер, во пресрет на утрешниот Божиќ – празникот на раѓањето на Исус Христос. Папата Лав XIV синоќа повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет, не споменувајќи никаков конкретен конфликт. „Ја повторувам оваа молба до сите луѓе со добра волја да ...

Вчера (22.12.2025) во 10:00 часот во Добридол, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја лишија од слобода М.С.(45) од Калиште. „Таа се сомничи дека претходно истиот ден извршила кражба во куќа во Градец, сопственост на Х.А.(49) од Градец, при што одзела златен накит во вредност од околу 9.000 евра. одземеното е пронaјдено и вратено на сопственичката, а М.С. е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против ...

Неколку млади луѓе од белгиската провинција Антверпен биле хоспитализирани во изминативе неколку недели, откако пушеле електронски цигари полнети со течност од „домашно производство“, јавија белгиските медиуми, повикувајќи се на болнички извори. Според овие информации, дел од хоспитализираните се во „многу загрижувачка“ здравствена состојба, а еден е сè уште во кома. Првичните анализи на крвта на хоспитализираните укажуваат дека е можно ...

Големото име на македонскиот фудбал и легенда на Вардар, Васил Рингов, почина денеска на 70-годишна возраст по кратко боледување. Роден во Струмица, кариерата на Рингов почна во младинските категории на Беласица, а своите најблескави моменти ги доживеа во дресот на Вардар за кој настапуваше од 1977 до 1983 и од 1984 до 1986 година. За најтрофејниот македонски клуб одигра повеќе од 200 натпревари во поранешната прва и втора југословенска лига, ...

Кратката содржина (reels), прилагодена на алгоритмот на корисникот, привлекува стотици милиони лица под 18 години, а нивниот интерактивен и едноставен дизајн ги охрабрува децата да поминуваат часови на овие платформи. За некои тинејџери, кратките видеа можат да помогнат во развојот на интереси, идентитет и одржување на пријателства. Сепак, за други, оваа содржина го нарушува сонот и одзема време што би можело да се помине на попродуктивни и ...

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. „Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на ...

Судиите и јавните обвинители во последен обид да добијат поголеми плати во 2025 година. Тие преку Уставниот суд по втор пат се обидуваат да го вратат барем повисокиот коефициент според кој се пресметува нивниот личен доход и со тоа да добијат дополнителни 250 евра месечно. Имено, Уставниот суд во среда по две иницијативи, поднесени од судии и обвинители, ќе одлучува за тоа дали намалувањето на коефициентите што го направи Собранието во ...

Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто. -Наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН ХОМЕ го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 проценти. Во втор блок цената ќе ...

Маглата ја намалува видливоста на патиштата низ Македонија, поради што се препорачува внимателно возење. Во магла утрово се разбуди и Гостивар. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните ...

Учениците ќе следат настава до крајот на месецов и потоа заминуваат на зимски распуст. Ќе нема порано распуштање поради загадувањето. Прашана дали поради загадениот воздух МОН размислува за предвремено завршување на првото полугодие од учебната 2025/2026, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека остануваат уште малку денови до распустот. Како што рече, во овој момент немаат информации дека нивното здравје е загрозено и дека не е ...

Најниската температура утрово е измерена во Берово -2 степени, а највисока во Гевгелија, Претор, Прилеп и Битола со 4 степени. Во Скопје на Зајчев Рид се измерени 2 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР, 0 степени измерени се во Крива Паланка, Тетово, Струмица, Mаврови Анови, 1 степен во Куманово, Виница, 2 степени во Штип, Велес, Кавадарци, Kрушево и 3 степени во Охрид и Демир Капија. Според прогнозите денеска ...

Националната алијанса за интеграција со централен настан синоќа официјално во Гостивар ја започна изборната кампања за повторените избори за градоначалник кои ќе се одржат на 11 јануарина. Кандидатот за градоначалник Ваљбон Лимани во своето обраќање се заблагодари за поддршката на гласањето во октомври, нагласувајќи дека победата тогаш била извојувана, но била одземена поради цензус за малку гласови. Лимани порача дека кампањата треба да се ...

Согласно Роковникот за повторените избори за градоначалници во четири општини, од денеска (22 декември) почнува предизбрната кампања. Претходно поминаа роковите за увид во Избирачкиот список кој беше заклучен на 20 декември. Кампањата ќе трае 20 дена, односно до 9 јануари 2026 година на полноќ, кога почнува 24 часовниот молк. Повторените избори ќе се одржат на 11 јануари во општините Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше кадешто ...

Соработник на тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на град Скопје, маскиран во Дедо Мраз и волонтери маскирани во костуми на омилените супер херои од цртаните филмови денеска се спуштија по јаже од хеликоптер и им поделија пакетчиња на децата хоспитализирани на Универзитетската клиника за детски болести. Станува збор за показна вежба насловена „Да подариме насмевка” во која учествуваше тимот за спасување на планина, како дел од ...

Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар вчеравечер беше отворена изложба на ретро предмети и телефонија на гостиварецот Александар Радически. Изложбата насловена „Поглед кон минатото“ содржи монети, часовници, ножици, лулиња и други различни антиквитети, како и стари фиксни телефони. Ретро предметите датираат од 1717 година до втора половина на 20-тиот век, додека телефоните од Првата светска војна, сѐ до 1986 година. „Со оваа прекрасна ...

Во новата работна седмица нѐ очекува промена на временските прилики. Денеска (понеделник) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 0 до 7 степени. УХМР најавува дека утре (вторник) преку денот ќе се задржи стабилно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Кон крајот ...

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави денеска списокот на ракометари кои ќе им укаже шанса во подготовките за Европското првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Лазаров повика вкупно 21 ракометари, меѓу кои членот на Еурофарм Пелистер, Самоил Ристевски, е единствениот дебитант, додека голманот на германски Битигхајм, Мартин Томовски, е единствениот кој ...

Регулаторната комисија донесе одлука за намалување на цената на бензините. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит. Со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 70,00 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 по 72,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува 64,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ...

Економско-социјалниот совет денеска не донесе одлука за зголемување на минималната плата. Од Владата велат дека не се против зголемување на минималната плата, но дека тоа треба да е економски оправдано. Економските параметри во моментот, како што велат од Владата, покажуваат дека нема потреба од такво нешто. Од Сојузот на синдикати остануваат на ставот за зголемување на минималната плата со оглед на тоа што секојдневно растат животните ...

Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри има на патниот правец Дебар – Струга, од 25 до 30 метри на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и од 100 до 150 метри на патниот правец Тетово – Гостивар. Како што информираат од АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од ...

Новогодишниот период носи посебна атмосфера – време кога сме поблиску едни до други, славиме нови почетоци, истовремено осврнувајќи се на годината што изминува. Во овие празнични денови секогаш го бараме идеалниот подарок што ќе ги израдува нашите најблиски. Вистинската вредност на подарокот се мери со насмевките и среќата што ја носи, па токму затоа овој период е совршен за подарување шанса за среќа. Шареноликата понуда на инстант лозови на ...

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите Истанбул, Измир, Венеција и Љубљана, како и повеќето полетувања. Бидејќи временските услови се менуваат постојано, од ТАВ Македонија апелираат до сите патници да ги следат информациите и насоките за ...

Кандидатите за градоначалник на повторените избори во Општина Гостивар неколку дена пред почетокот на изборната кампања, потпишаа Кодекс за фер и демократски изборен процес. Потпис на документот ставија, Ваљбон Лимани како кандидат од Националната алијанса за интеграција и Невзат Бејта, зад чија кандидатура стои коалицијата Вреди. Пред почетокот на официјалниот чин, кој го организираше Општинската изборна комисија во салата на гостиварскиот ...

Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри има на патните правци Тетово – Гостивар и Куманово – Страцин, а кај Сарамзалино – Штип до 100 метри, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
79%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
100%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
0.0
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58