
Скопје
39ᴼ /
39ᴼ



Со години, при уписите на факултети најголем интерес матурантите пројавуваат за изучување на Медицинските науки. Факт е дека Медицината е најобемна и најтешка наука која бара неизмерна дисциплина и посветеност. Па така, знаејќи ги уште од самиот старт предизвиците кои ги очекуваат, прашавме неколку студенти од втора година на Факултетот за Медицински науки при УГД-Штип на насоката Општа медицина, како е да се биде студент на Медицина и дали ...
Холандскиот визуелен уметник Јонас Стаал и рускиот колектив од уметници, критичари, филозофи и писатели „Что делат“ (Што да се прави?) подарија уметнички дела на Музејот на современата уметност – Скопје, така што, уметничката колекција на музејот е збогатена со уште неколку значајни дела. Уметникот Јонас Стаал ја подари својата инсталација „Нови Сојузи“ (New Unions 2016 – 2019), која е дел од изложбата ...
Photo by William Hook on Unsplash Во текот на 2021 година, милијарди долари беа потрошени на апликации, каде предност имаат TikTok, YouTube и Netflix. Луѓето поминуваат просечно 4,8 часа дневно на мобилни телефони, според Ep Annie, компанија која ги следи апликациите. Британското регулаторно тело Офком доби слични податоци за потрошувачката на време во 2020 година, иако нивното истражување вклучуваше гледање телевизија. Извештајот на Ep Annie ...
Photo by Vincenzo Landino on Unsplash Италијанските власти најавија дека ќе воведат ограничувања на бројот на дозволенo присуство на луѓе во Венеција, во обид да го намалат масовниот туризам во градот. Досега податоците покажуваат дека досега околу 100.000 туристи секојдневно можеле да се шетаат низ градските плоштади. Сепак, за неколку недели веќе нема да можат слободно да го обиколуваат градот. Кои земји се најдобри за работа за странци Имено, ...
Проектот „Поддршка за изборните реформи“ ги следи и мониторира ветувањата на владата и министерствата. Едно од тие ветувања е и стипендии за дефицитарни струки во државата. Целта на проектот е да ги стимулира граѓаните да ги следат изборните мерки, кои ги ветува државата и од истите да бараат отчет. Овој проект се спроведува втора година по ред, досега се вклучени 24 мобилизатори, кои мониторираат различни ветени мерки, вели Рената ...
Хуманата дилема околу евтаназијата постои отсекогаш, и во различни средини различно се гледа на оваа постапка. Дека навистина прашањето е актуелно, и покрај својата комплицираност и деликатност, потврдува примерот со некои земји кои дозволуваат евтаназија. Во нив, се развива тн „туризам на смртта“. Фото: You tube Економијата на искуство ја диктира иднината на туризмот Во Швајцарија е легализиран апарат за самоевтаназија, кој би ...
Photo by Sarah Kilian on Unsplash Во дел од европските држави започнуваат да „дуваат“ поинакви ветришта кога е во прашање борбата со Ковид 19. Дали тоа се позитивни сигнали кои најавуваат крај на пандемијата и конечно олеснување за сите нас, навистина не може да се тврди со сигурност, но дава некоја надеж. Шпанија е една од државите кои го издигнуваат прашањето за третман на заразата на поинаков начин. Пекинг се подготвува за ...
Space photo created by freepik – www.freepik.com Оскарите годинава се враќаат во театарот Долби, како што е традиција, објави американската телевизиска мрежа NBC. Церемонијата на доделување на најзначајните филмски награди, Оскар, повторно ќе има домакин, првпат од 2018 година. Don’t look up: „Комета ќе удри во Земјата и никому не му е гајле за тоа“ Иако многу традиционални доделувања на награди беа одложени поради ...
Photo by Ivan Aleksic on Unsplash Комисијата за заразни болести одлуките поврзани со продолжувањето на учебната година во второто полугодие ги остави за периодот непосредно пред завршувањето на зимскиот распуст. Овде пред се се мисли на можноста распустот да биде продолжен, додека за барањето на дел од родителите наставата да се одвива онлајн не се разговарало. Одлуката за евентуално продолжување на зимскиот распуст на учениците ќе биде донесена ...
Недостатокот на органи за трансплантација е сериозен проблем во медицината. Затоа научниците се обидуваат да најдат алтернативен метод за да ја намалат стапката на смртност поради неможноста за трансплантација. Со пресадувањето на срце од генетски модифицирана свиња на педесет и седумгодишниот Американец Дејвид Бенет, хирурзите сметаат дека се чекор поблиску до својата цел. Операција, изведена од тим од Медицинскиот универзитет во Мериленд, е ...
Фото: Прв до врв Најмасовниот планински настан во регионот „Прв до врв“ Водно 2022 ќе се оддржи на 15 мај оваа година, а пријавите се започнати уште денес. Имено станува збор за настан кој е поделен во пет области и натреварувачите ќе може да изберат помеѓу категориите: Планинско трчање (Старт: ОУ Кочо Рацин Должина на патека: 4,2 км (ова е најкратката и најстрмната патека) Планински велосипедизам и E-Bike или трка со електрични ...
Новата концепција за полагање матура што ја подготвува и ја најавуваше Државниот испитен центар (ДИЦ) ќе почне да се применува од учебната 2022/23 година. Ова значи дека и годинава, матурантите ќе полагаат државна матура исто како ланската генерација, која полагаше два наместо три изборни предмети, а се избори и за скратени испитни програми. Сево ова беше последица на многуте проблеми со кои се соочи образовниот систем поради пандемијата. ...
Владата на Народна Република Кина за учебната 2022/2023 година доделува 4 стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации (1 стипендија доделена од Владата на НР Кина и 3 унилатерални стипендии). Конкурсот е објавен на сајтот на Министерството за образование и наука, а ви го пренесуваме во целост. Кандидатите потребно е да се пријават онлајн и да ги прикачат следните документи: – Пријавен лист ...
Според Институтот за јавно здравје во период од една седмица за 51 отсто е зголемен бројот на позитивни на Ковид19. Има зголемен број и на оние кои се заразиле иако претходно го имале прележано вирусот. „Во период од една недела, односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од седум пати во однос на претходната недела“, наведуваат од Министерството за здравство. Во период од една недела односно од 3 до 9 ...
Photo by Engin Yapici on Unsplash Пандемијата принуди многумина од нас да направат големи промени во животот – без разлика дали станува збор за преселба , менување на навики, прилагодување на нови начини на работа или нешто друго. Но, дали некогаш сте размислувале да се преселите во друга земја? Со многте отворени можности за работа онлајн, на интернет, работата од друга земја никогаш не била полесна. Во последно време, терминот ...
Христијан Митев е млад човек од Штип. Дипломира новинарство на Универзитетот во Штип, неколку години работи како новинар, но подоцна се одлучува да патува низ светот. Има пропатувано во многу држави, но едно од неговите нај невообичаени искуства е она со Ајахуаска. Ова е традиционален ритуал на пиење на пијалакот Ајахуаска за кој се зборува дека е едно од најверојатните човекови искуства. Многу ретко луѓе ја имаат таа шанса да го пробаат ова ...
Второто полугодие од учебната 2021/22 година да започне онлајн, побара денеска на прес конференција движењето „Поддршка за онлајн настава” произлезено од Фејсбук група која брои 15 илјади членови. – Ние не сме способни да имаме ниту комбинирана, не сме способни да имаме ниту настава со физичко присуство, затоа што децата во една училница со 30-40 метри квадратни го пренесуваат вирусот многу брзо. Шансата за заразување е многу ...
Новак Ѓоковиќ ја доби правната битка во Австралија. Судот ја поништил одлуката на федералната влада во врска со укинувањето на неговата виза и депортација на најдобриот тенисер на светот. Судијата Ентони Кели пресудил во корист на Ѓоковиќ по разгледувањето на целокупната документација која тој ја поднел и по жалбата која неговите адвокати ја поднеле до судот. Новак Ѓоковиќ имал позитивен ПЦР тест на 16-ти декември, а на 17-ти постирал на ...
Фото: FB Валхала фин Езерото „Калиманци“ кај Македонска Каменица најчесто е тема на интерес кога се коментира колку е празно (или поретко полно), но деновиве стана актуелно и по еколошкиот удар кој го трпи, а на кој алармира НВО „Валхала Фин“ од Македонска Каменица. Според нив, на езерото му се заканува голема еколошката катастрофа што се случува на водите и бреговите на езерото Калиманци, предизвикана од надоаѓање на ...
Photo by Avel Chuklanov on Unsplash Европските авиокомпании се принудени да летаат со празни или речиси празни авиони. Причината е што тие не би ги изгубиле правата за слотови, пристанишни места на хабови и големи терминални аеродроми, каде сообраќајот зависи од слотот. И тие го губат правото на слот доколку не се договорат доволен број пати, определено со договорот. Правилото едноставно се нарекува: „употреби го или изгуби го“( ...
Photo by Marvin Meyer on Unsplash Празничниот јануари нуди многу неработни денови, но некако се чини дека после Божиќ сепак работите се враќаат во нормала, и повеќето од нас ќе се вратат на своите работни места. Тоа што баш се погоди да биде понеделник, ќе биде повод повеќе за постирање на познатите досетки и мемиња за понеделникот како несакан ден. Овој пат сепак е поверојатно дека многумина со задоволство ќе се вратат во своите канцеларии, со ...
Тајмс Сквер е едно од најпосетените места во светот. Велат дека е центарот на светот и на сите збиднување. Денес, благодарение на интернет сите ние можеме да видиме пренос во живо и барем виртуелно да бидеме дел од актуелните случувања таму. Има многу сервиси кои ја нудат оваа можност и тоа бесплатно, а еден од најпопуларните е EarthCam. Интересен сервис кој има повеќе камери е и https://worldcams.tv/united-states/new-york/times-square Уживајте ...
Омикрон сојот досега најбрзо се рашири низ светот. Помина околу еден месец од неговото откривање, а веќе е доминантен насекаде. Роби Бхатачарја, експерт за заразни болести во Општата болница во Масачусетс, изјавил дека е неверојатно колку брзо се прошири бидејќи ова се нема случено ниту со еден друг вирус до сега. Германија со засилени рестрикции против омикрон Холандскиот виролог Корин Гертсван Кесел од Универзитетот Еразмус во Ротердам во ...
Адвокатите на светската тенисерска ѕвезда Ѓоковиќ изјавиле дека прележал ковид во декември и дека датата на првиот позитивен тест била на 16 – ти декември, па може да добие дозвола за влез во Австралија. Меѓутоа на неговиот Инстаграм профил може да се види како тој утредента после наводниот позитивен ПЦР тест има активности за промоција на поштенска марка. На неговиот профил има поставено фотографија каде тој ја промовира поштенската марка ...
Дополнителната „бустер“ доза која се препорачува за постарите лица е доволна за да ги заштити од омикрон, препорачале британските здраствени стручни лица. Бустер дозата дава висока заштита од ковид, па комисијата донела одлука дека засега не е потребна четврта доза. Омикрон ќе стави крај на пандемијата? Претседателот на поткомитетот за ковид-19 на владиниот Заеднички комитет за вакцинација и имунизација, Веи Шен Лим изјавил: ...
Photo by Executium on Unsplash Криминалните активности на крипто-пазарите достигнаа највисоко ниво од 14 милијарди долари минатата година, објави денеска истражувачот на блокчејн „Chainalisis“. Нивните рекордни показатели ги поддржуваат барањата на националните регулатори за зголемување на нивните надлежности во секторот кој брзо се развива. Косово забрани „копање“ криптовалути Според извештајот, вредноста на ...
Пописот на населението во Македонија беше операција која сите ја очекуваа долги години. Конечно во текот на 2021 година се изврши и изненадувачки мал број на население се попишаа. Попишани беа вкупно 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови. Кога заврши пописот беше најавено дека ќе се покренат постапки за оние кои одбиле да се попишат, и дека за тоа има искази кај попишувачите, но речиси три месеци подоцна нема ништо од тоа. Во ...
Иако веќе чекориме низ 2022 година, сепак да се потсетиме кои се најчитаните содржини на www.goce.mk за минатата година. Со туристичкиот водич Христијан Аџиоски ја прошетавме Македонија и дознавме интересни факти за оваа наша земја. Кај Македонски Брод има наоѓалиште за сол, Кратово лежи на злато, а пештерата Врело е една од најдлабоките во светот – малку познати факти за Македонија Зборувавме на разни дијалекти. Еден ден во Гевгелија на ...
Мехди Али е еден од мигрантите кои се сместени во хотелот за имигранти каде што е сместен и Новак Ѓоковиќ. Мехди на социјалните мрежи напиша дека му е жал за тоа што никого не го интересира нивната судбина, туку сите им се јавуваат да прашуваат како е нивниот сосед, тенисерот Новак. „Тажно е тоа што многу новинари ме контактираа да ме прашаат за Новак Ѓоковиќ. Во овој кафез сум веќе девет години и денеска наполнив 24, а вие божем сакате да ...
Според последните информации, после барањето на адвокатот на Ѓоковиќ, судот во Австралија ја одложува одлуката за понеделник. Светскиот рекет поднесе жалба поради тоа што му ја укинаа визата за влез во Австралија. Образложението од австралиските власти е дека тој не приложил доволно докази кои ќе потврдат дека има некаква здравствена состојба поради која не може да прима вакцина против Ковид 19. „Новак сака да игра, ама нема да барам да го ...