
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Мерил Стрип ја враќа на филмското платно Миранда Присли. Славната Оскаровка започна со снимањето на продолжението на „The Devil Wears Prada“. На фановите најмногу им го привлече вниманието снимањето на сцени инспирирани од МЕТ балот, за кои Стрип носеше гламурозна црвена креација. Многумина се согласија дека Стрип не изгледала подобро во улогата на строгата модна уредничка Миранда. 76-годишната актерка глумеше до Стенли Тучи, кој ќе ја репризира ...
Лорен Санчез и Џеф Безос организираа вечера за Леонардо Дикаприо и неговата девојка Виторија Черети на нивната суперјахта од 485 милиони долари. На Ибица, 55-годишната поранешна новинарка носеше екстра високи потпетици на кои едвај се движеше по камењата покрај основачот на Amazon. Веднаш по нив одеа 50-годишниот актер и неговата двојно помлада девојка, која е модел. И двајцата беа облечени во црно, додека Лорен и Џеф беа тотална спротивност од ...
Ева Заева јавно се прости од поранешниот љубовен партнер Душко Чифлиганец по неговата прерана трагична смрт. На Instagram Story, младата девојка објави црно-бела фотографија на која со Душко се држат за рака, а во позадина тече песната „Always“ од Џон Бон Џови во која се пее: „And I'll love you, always“ (И ќе те сакам засекогаш). Љубовната врска на Душко и Ева неколку години беше во центарот на вниманието на македонските медиуми, иако двајцата ...
Ентони Хопкинс несомнено знае да се забавува. 87-годишниот актер докажа дека не ја изгубил смислата за хумор, исмејувајќи ја новата маска за обликување и подигнување на лицето на Ким Кардашијан. Легендарниот американски глумец пресоздаде сцена со неговиот лик Ханибал Лектор од „The Silence of the Lambs“ од 1991 година. „Здраво Ким. Веќе се чувствувам 10 години помладо. Збогум“ – рече тој. „Ти благодарам Ким. Не се плаши да наминеш на вечера“ – ...
Новак и Јелена Ѓоковиќ се препуштија на уживање и нежности на Миконос. Српскиот пар, кој е на летување на грчкиот остров со децата Стефан и Тара, ги искористи моментите насамо за да си размени бакнежи и прегратки на плажа. Папараците ги уловија 38-годишниот тенисер и неговата избраничка додека се бакнуваа како заљубени тинејџери. Новак и Јелена се еден од омилените српски парови, па јасно е зошто фотографиите од нив привлекоа големо внимание. ...
Мери Акиевска му кажа „Да“ на својот партнер. Македонската бодибилдерка, која е и трикратна светска шампионка, го прифати романтичниот предлог за брак на својот сакан. Запросувањето се случи во Охрид, а Мери сподели фотографии од среќниот момент. На една од нив, Акиевска го покажува свршеничкиот прстен. Мери е најуспешната бодибилдерка кај нас и покрај тешкото детство кое го имала. Нејзиниот татко бил алкохоличар, а таа не крие дека израснала во ...
Љубовта не доаѓа секогаш лесно, а понекогаш се потребни дури 43 запросувања пред да стигне судбоносното „ДА“. Таква е несекојдневната приказна на Лук Винтрип и Сара, која конечно го прифатила предлогот за брак по многубројни неуспешни обиди. Верувале или не, упорниот дечко 43 пати во текот на 7 години ѝ предлагал брак, но и покрај екстравагантните предлози, таа упорно велела „Не“. Првиот предлог бил само шест месеци откако започнале да се ...
Август ќе биде како симфонија, а секој знак ќе ја почувствува музиката на универзумот на свој, посебен начин. Ни претстојат астролошки пресврти што ја менуваат динамиката на срцето, умот и амбицијата. Марс од 7 август ќе нè поттикне да бараме рамнотежа меѓу нашите лични желби и потребите на другите. На 11 август Меркур ќе го прекине ретроградното движење, расчистувајќи комуникациски недоразбирања, технички застои и ментални блокади. Откако ...
Бурак Озчивит ги изненади фановите со нов имиџ. 40-годишниот турски шармер, познат по улогата на Бали-бег од „Величествениот“, си ги избричи препознатливите мустаќи и брадата. На најновите фотографии објавени на Instagram, Бурак изгледа сосема поразлично од претходно. Озчивит е во брак со турската актерка Фахрие Евџен, позната по улогата на Неџла во „Кога лисјата паѓаат“. Парот заедно уживаше во Монако. Фахрие и Бурак се запознаа во 2013 година, ...
На вчерашната премиера по повод втората сезона на „Wednesday“, Кетрин Зета-Џонс и Џена Ортега го претворија пурпурниот тепих во моден театар каде гламурот, готиката и сензуалната елеганција се спојуваат во совршен баланс. На свеченоста во Лондон, 55-годишната актерка, која во серијата ја толкува незаборавната Мортиша Адамс, зачекори во црна креација од францускиот дизајнер Стефан Ролан. Славната сопруга на Мајкл Даглас беше придружувана од ...
Стефан Филиповски ужива во летото и минува квалитетно време со малата внука од брат. Пејачот од Next Time, кој пред неколку дена стапи во брак со својата сакана Тинеа, сподели фотографии со малата Лиана. На нив, неодоливото дуо позира покрај базен. 9-месечното девојче слатко се смее во прегратката на својот чичко. Стефан често споделува фотографии со Лиана. Мартин и Андреа Белеска ја добија Лиана во октомври 2024 година. Нема слични статии. ...
Џесика Алба е пресреќна со Дени Рамирез. Популарните актери беа затекнати од папараците по ручек во ресторан, а на фотографиите изгледаат како неразделни заљубени тинејџери. 44-годишната ѕвезда и 32-годишниот актер се бакнуваа и слатко се кикотеа, уживајќи во новата романса. Алба на почетокот на годината објави дека се разведува од Кеш Ворен по 16 години брачен живот. Ворен не избегнал коментар за новата врска на Алба и пред камерите на TMZ ...
Роберт Спасенцовски – Џокер ја промовира новата песна, насловена „Млада“. Македонскиот музичар објави дел од песната и спотот, кој е компилација од видеа од летување со сопругата Антониа Гиговска. Во видеозаписот, популарниот македонски пар се бакнува, ужива на плажа, се забавува на вода и танцува на вечерно излегување. Антониа изгледа одлично во бикини и по раѓањето на нивното прво дете, синчето Киан. „Мала слатка песничка и уште послатко ...
Илина Арсова има специјален повод за славење. Познатата македонска планинарка и авантуристка денес го слави својот 43. роденден. По тој повод, Илина сподели фотографии на кои го покажа своето фит тело, силната енергија, спортските вештини, достигнувањата и авантурите кои ги има поминато. „Кога ќе пораснам, сакам да бидам јас. Со сите маани и со нескротливиот дух, се прифаќам таква каква што сум. Емотивна, бунтовна, емпатична, а сепак храбра, ...
Доктори од Русија се нарекувани херои откако ни за секунда не се оддалечија од пациентот што го оперираа за време на ужасниот земјотрес кој ја потресе Камчатка. Додека сè околу нив се тресеше од потресот од 8,8 степени по Рихтеровата скала, тие останаа во операционата сала и го држеа пациентот, а видеото го обиколува светот. Видео Министерот за здравство Олег Мелников изјавил: „Им се восхитувам и им благодарам на нашите специјалисти за нивниот ...
Кети Пери и Џастин Трудо разгореа гласини за врска откако беа забележани заедно во Монтреал. Поп-ѕвездата и поранешниот канадски премиер вечераа сами во ресторанот „Le Violon“, па ја поттикнаа љубопитноста на нивните фанови. Пери престојува во Канада во рамките на нејзината музичка турнеја. 40-годишната пејачка пред само еден месец потврди дека се разделува од Орландо Блум со кого беше верена 6 години и со кого ја има ќеркичката Дејзи. ...
Синот на Сара Мејс и Димитар Атанасовски наполни 3 години. 34-годишната пејачка и 37-годишниот водител со широки насмевки позираа со двете деца, слатката Илина и славеникот Кирил. Пред нив стоеше тортата со голем диносаурус. Сара напиша специјална порака за синот и ги постави хаштаговите: „Пред три години си го родив ова дете“, „Уште не ми е јасно како ми успеа да сум мајка на магично суштество“ и „Фала на честа Универзуме“. Ова детенце, оваа ...
Ирина Шајк и Микеле Мороне со страсни бакнежи ги изненадија нивните фанови, но не станува збор за реална романса, туку за професионален ангажман. Атрактивниот модел и згодниот актер се бакнуваа во Неапол за снимањето на новата кампања на Долче и Габана. Во краткото видео, 39-годишната Русинка трча во прегратката на 34-годишниот Италијанец и се бакнуваат додека режисерот не означи крај на сцената, па потоа пријателски се смеат. @tmz #IrinaShayk ...
Поминаа девет години од ненадејната смрт на сопругот на Сузана Турунџиева, Марјан Јовановиќ. Македонската пејачка со огромни емоции се потсетува на тој трагичен ден кога го изгуби својот животен сопатник. Турунџиева напиша трогателен статус и сподели црнобела семејна фотографија. 28 јули 2016 9 години подоцна... Денот кој посакувам да можам да го прескокнам или да го избришам од календарот, ми е болен и освестувачки потсетник за минливоста на ...
Саша Ковачевиќ зачекори во петтата деценија од животот. Српскиот пејач го дочека 40-тиот роденден на плажа во Турција, а си доби изненадување од хотелот во кој престојува во Лара. Вработените со шампањ го прскаа мускулестиот музичар кој носеше само костим за капење. „Добредојдовте 40-ти. Ви благодарам драги луѓе на преубавите желби и честитки. Ве сакам сите. Специјално благодарам за прекрасното изненадување, неверојатниот персонал и роденден кој ...
Летната авантура на Катарина Ивановска и Стефан Ханџиски продолжи на Лефкада. Македонскиот модел уживаше во убавините на грчкиот остров и Јонското море заедно со својот сакан. Вљубените партнери споделија фотографии и видеа на кои пловат со едрилица, пливаат во бистрите морски води и се насладуваат на природните убавини. „За првпат едрење“ – напиша Ивановска. И претходно, Катарина имаше споделено фотографија со Стефан со кого е во врска две ...
Две мали сестрички го посетија д-р Таше Трпчевски од битолската болница „Плодност“ кој пред неколку години помогна во нивното зачнување. Веселите девојчиња го бакнаа докторот, кој пресреќен поради средбата сподели фотографии заедно со текст: ЧЕТИРИ ГОДИНИ ПОДОЦНА, ДВЕ НАСМЕВКИ ШТО ВРЕДАТ ПОВЕЌЕ ОД СЕ! Ваквите средби се најубавиот дел од мојата работа. Гледам две весели, здрави и љубопитни девојчиња кои некогаш беа само сон за нивните родители. ...
Џесика Алба пронајде нова љубов. Холивудската убавица е во врска со Дени Рамирез и веќе не го крие тоа од јавноста. 44-годишната ѕвезда и 32-годишниот актер беа уловени од папараците додека заедно си заминуваа по вечерно излегување, а на фотографиите изгледаат како срамежливи тинејџери. Алба, која на почетокот на годинава објави дека се разведува, пред неколку недели беше и на одмор со Рамирез во Мексико. Џесика во јануари стави крај на ...
Бројот на успешни инвитро приказни во болницата „Плодност“ од Битола постојано се зголемува. 47-годишна жена стана мајка со помош на вонтелесно оплодување во „Плодност“ по 14 неуспешни ИВФ обиди во странство. Од битолската болница споделија фотографија од новороденчето и видео од моментот на неговото доаѓање на овој свет: На 47 год. по 14 неуспешни ИВФ обиди во странство и со последна надеж во „Плодност“, денес стана мајка на прекрасно девојче. ...
Оваа година, Скопско започнува нова кампања посветена на она што станува сѐ поретко во денешницата – вистинското опуштање и автентичната поврзаност. Во свет каде живееме под постојан притисок да бидеме совршени и да одржуваме слика што не е секогаш искрена, Скопско ја слави вистината и ни нуди момент да здивнеме. Со својот автентичен вкус – оној што го препознаваме во првата голтка – и со вековната врска со луѓето, Скопско останува симбол на ...
Ханде Ерчел зрачеше со стил и елеганција на свадбените прослави на синот на Ели Сааб, Селио. Турската ѕвезда шармираше во две креации создадени токму од познатиот либански моден дизајнер. На настанот, кој го привлече вниманието на многу ѕвезди и модни ентузијасти ширум светот, Ханде носеше софистицирана златна тоалета која ја истакнуваше нејзината фигура, како и креација со листови од цвет. Фустаните одлично се вклопија во бајковитата атмосфера ...
„Макпетрол“ и оваа година ја реализира исплатата на регрес за годишен одмор, обезбедувајќи нето износ од 48.000 денари за своите вработени. Со оваа практика, која прераснува во континуирана поддршка, компанијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање стабилна, мотивирана и продуктивна работна средина. Дополнително, „Макпетрол“ исплати средства по основ на учество во добивката за деловната 2024 година, односно, секој вработен ...
Охрид и ова лето, повторно пулсира во ритамот на уметноста. Фестивалот Охридско лето го реализира 65-то јубилејно издание, со повеќе од 40 уметнички настани кои ја збогатуваат летната сцена со музика, театар, визуелни уметности и креативни експерименти. Горди сме што Касинос Австрија Интернешанал Македонија оваа година е ексклузивен партнер на фестивалот – манифестација со меѓународно реноме, која над шест децении е симбол на културен ...
Слободан Живојиновиќ вчера наполни 62 години, а си доби романтична објава од сопругата Лепа Брена. Српската пејачка сподели стари и нови фотографии за да го одбележи овој важен ден за поранешниот тенисер. Во албумот, Боба позира во младоста на тениските терени, но и со својата сакана Брена. Лесно се гледа колку многу беше и сè уште е голема нивната љубов. Ретко кој знае дека Живојиновиќ е три години помлад од Брена. И нивниот син Виктор на ...
Тони Зен е на егзотично патување на островот Менорка, Шпанија. 42-годишниот македонски пејач со сопругата Валентина и синот Јасен уживаат во убавините на популарната дестинација на Балеарските Острови. Парот сподели фотографии од прекрасните пејзажи и од игрите и дружбите со 6-годишното синче. Тони ги покажа бројните тетоважи по телото на плажа. View this post on Instagram A post shared by Toni Zen (@tonizentoni) Тони во 2019 година откри дека ...