Ќе се снима серија за легендарната филмска ѕвезда Брижит Бардо

28 март 2023

Животот на француската актерка Брижит Бардо, позната како една од најубавите жени во светот, ќе биде преточен во мини серија од шест епизоди.

Брижит, која денес има 88 години, остави траен печат на уметноста, модата и стилот. Со нејзината безвременска убавина, препознатливата руса коса и продорниот поглед таа беше олицетворение на сексапилот.

Иако се пензионираше на само 39 години, она што го остави зад себе говори многу и денес. Според продуцентот на серијата Паскал Бретон Бардо беше душата на Франција во 50-те и 60-те години од минатиот век.

Чекореше заедно со големите промени што се случија во тие декади на општествено, политичко и културно ниво.

Таа беше симболот на промената и токму делови од сето тоа ќе бидат прикажани и во серијата наречена според неа – Бардо.

Зад проектот стојат Даниел и Кристофер Томпсон, а засега ќе се прикажува во Франција, Германија, Турција, Шведска, Финска, Норвешка, Швајцарија, Португалија Чешка и Канада.

Серијата ќе го следи животот на Бардо од 1949 до 1960, односно нејзиното детство во конзервативен и богат кварт во Париз, големиот пробив во шоубизнисот и златното време на францускиот филм.

Улогата на младата Брижит ќе ја игра актерката Јулија Де Нуњез, а нејзината сличност со Бардо е неверојатна.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ELLE (@ellefr)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@ellefr)

Фото :Pinterest, Instagram

Објавено:
28 март 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.056 пати