Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Треба да е јасно дека модата никогаш не е само прашање на облека. Таа е социјален јазик, форма на комуникација и начин на кој луѓето испраќаат пораки за себе уште пред да прозборат. Психолозите одамна докажаа дека првиот впечаток се формира за само неколку секунди, а облеката е меѓу најмоќните фактори што влијаат врз него. Но, кога зборуваме за Македонија, модните правила не можат да се копираат директно од Париз, Милано или Копенхаген. Тие ...
Секоја свадбена сезона ја носи истата дилема, што да се облече за да изгледате впечатливо, елегантно и софистицирано, а притоа да останете верни на сопствениот стил? Одговорот често се крие во креациите кои не се само облека, туку вистински модни ремек-дела. Токму таков е светот на ELENA LUKA, бренд кој со години поставува стандарди кога станува збор за луксуз, префинетост и беспрекорна изработка. Создадени од најфините материјали, со ...
Кога станува збор за слабеење многу поважни од диетите се неколку едноставни навики кои, ако се применуваат доследно, можат да донесат видливи резултати за релативно кратко време. Направете план и почнете веднаш Една од најчестите грешки е постојаното одложување. „Ќе почнам од понеделник“, „по роденденот“, „следниот месец“ – ваквите изговори најчесто нè држат во место. Не чекајте совршен момент, започнете уште денес. Создадете калориски ...
Ѕидовите одамна престанаа да бидат само рамни површини обоени во бело. Денес тие стануваат централна декоративна точка во просторот, а токму украсните панели се еден од најголемите трендови што последниве години доживуваат вистински бум во домовите, хотелите, канцелариите и луксузните резиденции. Архитектите и дизајнерите сè почесто ги користат како средство со кое на просторот му даваат карактер, длабочина и уникатност без потреба од големи ...
Во историјата на славните личности постојат многу актери кои станале легенди на филмското платно и многу кралски личности кои оставиле траен белег во историјата. Но, речиси никој не успеал да го направи и едното и другото. Токму затоа приказната на Грејс Кели и денес останува единствена. Малкумина можат да се пофалат дека го достигнале врвот на една професија, а потоа целосно да ја напуштат за да станат икона во сосема поинаков свет. Грејс ...
Мишел Обама ја одржува жива меморијата на својата покојна мајка преку облеката. Поранешната прва дама вчера му се придружи на својот сопруг, поранешниот американски претседател Барак Обама, на обраќање пред поддржувачите и соработниците на Претседателскиот центар „Барак Обама“ во Чикаго, Илиноис. Центарот официјално ќе биде отворен за јавноста на 19 јуни. За оваа пригода, Мишел Обама избра модна комбинација со длабока лична симболика, ...
Погледнете внимателно некој стар европски град. Не мора да биде Париз, Виена или Прага. Доволно е да прошетате низ било кој историски центар изграден пред еден век. Ќе забележите нешто необично, дури и најобичните предмети изгледаат како мали уметнички дела. Уличните часовници имаат раскошни метални орнаменти. Фонтаните се украсени со скулптури. Одводните цевки завршуваат во форма на фантастични животни. Железните огради се обликувани како ...
Марамата е еден од ретките модни додатоци што успеал да преживее илјадници години, без никогаш навистина да излезе од мода. Низ историјата таа била симбол на статус, практичност, бунт, елеганција и женственост. Денес повторно е во центарот на вниманието, а модните аналитичари се согласуваат дека летото 2026 година ќе остане запаметено како сезона во која марамите направија едно од најголемите враќања на светската сцена. Од париските булевари ...
Во политиката, секој збор има тежина. Но, исто толку внимателно се анализира и она што политичарите го носат. Особено кога станува збор за жените. Нивниот изглед со децении е предмет на јавни дебати, медиумски анализи и понекогаш неправедни споредби кои ретко им се случуваат на нивните машки колеги. Додека мажите најчесто се појавуваат во костум и вратоврска без притоа некој да обрне особено внимание на деталите, кај политичарките секоја ...
Постојат колекции кои едноставно се појавуваат на пазарот, а постојат и оние што создаваат вистинска возбуда уште од првиот ден. Токму таков е случајот со најновата колекција LA DOLCE ESTATE SS26 на ELENA LUKA, бренд кој со години го поставува стандардот за современа македонска мода. Новата летна приказна на брендот предизвика огромен интерес кај љубителите на модата, а голем дел од моделите се продаваат со исклучителна брзина. Причината не ...
Лорен Санчез повторно привлече внимание на фотографите. Сопругата на основачот на Amazon, Џеф Безос, се појави на вечера во Париз во впечатлив син фустан кој ја нагласи нејзината витка фигура и беспрекорниот моден стил. Лорен Санчез беше забележана при излегување од хотел во Париз, каде што се упати на вечера во француската престолнина. Поранешната телевизиска новинарка и пилотка блесна во светлосин плетен фустан со прилепен крој. Моделот ...
Во современата архитектура постојат решенија кои на почетокот се сметале за луксуз, а денес стануваат стандард. Едно од нив е вентилираната фасада – систем што сè почесто се применува кај станбени згради, деловни објекти, хотели, трговски центри и ексклузивни резиденции. Пред само две децении ваквите фасади беа резервирани за престижни објекти и скапи архитектонски проекти. Денес, кога енергетската ефикасност, долговечноста и одржливоста се ...
Постојат модни правила кои со децении се повторуваат како апсолутни вистини. Едно од најпознатите гласи „Ниските жени не треба да носат макси фустани.“ Но, дали навистина е така? Современата мода одамна престана да биде збир на строги забрани. Денес, најголемите светски стилисти, модни уредници и дизајнери се согласуваат дека висината сама по себе речиси никогаш не е пресудна. Многу поважни се кројот, пропорциите, материјалот и начинот на ...
Современите градови се проектираат за да траат неколку децении, а најамбициозните инфраструктурни проекти ретко размислуваат подалеку од следниот век… Сепак, постои едно место на планетата чија временска рамка го надминува речиси секој човечки концепт за иднината. Длабоко под гранитната карпа на еден мал фински остров се гради објект што треба да остане безбеден не сто, не илјада, туку неверојатни 100.000 години. Неговото име е Онкало. Она ...
Дали постои едно парче облека што секоја жена треба да го поседува? Според модните аналитичари, психолозите на облекувањето и експертите за личен имиџ, одговорот е- да. И тоа не е ниту мал црн фустан, ниту скап капут, туку добро скроен костим. Она што некогаш било симбол исклучиво на деловниот свет, денес претставува еден од најмоќните модни инструменти што една жена може да ги има. Не затоа што следи тренд, туку затоа што испраќа порака. ...
Во македонската јавност има личности чие присуство не се мери само преку функциите што ги извршувале, туку и преку впечатокот што го оставиле зад себе. Една од нив несомнено е Мери Младеновска-Ѓорѓиевска – правник, адвокат и поранешен министер за правда, жена која со години претставуваше синоним за професионализам, достоинство и префинет личен стил. Во период кога политичката сцена во Македонија ретко нудеше личности кои подеднакво ...
Квалитетот се чита во начинот на кој паѓа ткаенината, во прецизноста на кројот, во чистината на изработката и во чувството што едно парче го остава уште на прв поглед. Доброто модно парче се гледа од далеку. Неговата вредност се препознава од далеку. Токму затоа најрелевантните брендови денес не се обидуваат да ги следат трендовите по секоја цена, туку создаваат сопствена естетика, сопствен јазик и препознатлив идентитет. ELENA LUKA останува ...
Често автоматски посегнуваме по додатоци во истата палета што традиционално се поврзува со одредена боја на облека. Иако тоа е сигурен избор, понекогаш токму неочекуваната комбинација создава поинтересен, пософистициран и помодерен впечаток. Црн фустан и темнозелени додатоци Црниот фустан и златните додатоци се безвременска класика која ретко може да погреши. Но, доколку сакате пооригинален и полуксузен изглед, пробајте темнозелени детали. ...
Амал Клуни денес е едно од најпрепознатливите имиња во светот. Но, многу пред да стане сопруга на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни, таа веќе беше респектирана меѓународна адвокатка, експерт за човекови права и личност чија кариера остави трага во глобалната правна историја. Родена како Амал Аламудин во 1978 година во Бејрут, Либан, таа имала само две години кога избувнала граѓанската војна во земјата. Нејзиното семејство било принудено да се ...
Ретко кој материјал предизвикал толку голема револуција како синтеруваниот камен. Додека со децении природниот мермер, гранитот и керамичките плочки беа неприкосновени во луксузната градба, денес сѐ повеќе архитекти, инвеститори и дизајнери се свртуваат кон нова генерација високотехнолошки површини како Dekton и Neolith. *Dekton *Neolith Овие материјали не се обични замени за природниот камен. Тие претставуваат производ на напредна ...
Евидентно е дека трендовите се менуваат побрзо од годишните времиња, а социјалните мрежи секојдневно произведуваат нови „модни правила“, само што разликата помеѓу помодарството и стилот никогаш не била поважна. Помодарството е моментална возбуда. Стилот е долгорочна вредност. Помодарството е реакција на надворешен притисок. Стилот е израз на внатрешна сигурност. Има разлика! Затоа споредбата дека помодарството е како брза храна, а стилот ...
Постојат објекти кои служат за живеење. Постојат објекти кои стануваат симболи на едно време. Но ретки се оние кои успеваат да ја надминат својата првична функција и да се претворат во архитектонски бисер на една епоха. Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје е токму таков пример. Речиси половина век по неговата изградба, овој монументален комплекс останува едно од најсмелите и најамбициозни архитектонски остварувања на поранешна ...
Модата отсекогаш била многу повеќе од облека. Таа е јазик без зборови, начин на кој личноста го комуницира својот карактер, самодоверба и животна филозофија. Токму затоа, меѓу десетиците јавни појавувања кои ги видовме изминатата недела, три дами успеаја да се издвојат со изгледи кои носат различни пораки, но иста цел, да остават впечаток што не се заборава. На самиот врв на листата се најде Татјана Алексиќ, професорката по македонски јазик, ...
На секое друго креативно поле, критичарите имаат слобода и право да кажат што мислат, без помисла дека ќе им биде забранет влез во кино или галерија. Фактот дека сериозната модна критика денес е претворена во јајце благодарение на кревкото его на многу дизајнери, ја спушти оваа професија на обичен опис на облека со неаргументирано глорифицирање на модните имиња! Принудени или не, многумина ја прифатија таа линија на помал отпор и ги ...
Најдобриот македонски моден бренд ELENA LUKA низ годините изгради препознатлива естетика во која префинетоста никогаш не е наметлива, а луксузот не се мери само преку материјалите, туку и преку начинот на кој едно парче комуницира со жената што го носи. Токму во таа филозофија се родени некои од највпечатливите модели од колекцијата LA DOLCE ESTATE SS26, модна линија што го слави медитеранскиот дух, безвременската елеганција и современата ...
Постојат животи што личат на бајки. Постојат и такви што потсетуваат на трагедии. А потоа постојат ретки животи во кои бајката и трагедијата се толку испреплетени што е невозможно да се разделат. Таков беше животот на принцезата Нилуфер – жената што ја нарекуваа една од најубавите на светот, а која најголемата убавина ја покажа дури кога животот ѝ го одзеде она што најмногу го посакуваше. Родена во 1916 година во Истанбул, Нилуфер дојде на ...
Богатите не можат да ја купат бесмртноста, но сигурно можат да ја одложат смртта за некое време. Целата органска храна, скапата здравствена грижа и личните тренери што можат да си ги дозволат навистина им помагаат, во просек, да живеат подолго од останатите. Но не е самата смрт големиот израмнувач. Тоа е стравот од смртта. Тоа е она од што не можат да ги заштитат ниту најголемите богатства. Залудноста на сите тие педантни обиди за ...
Во современото градежништво, квалитетот не се мери само со конечниот изглед на објектот. Вистинската вредност се создава многу порано, во организацијата, техничката подготвеност, механизацијата, инженерските решенија и способноста секоја фаза од проектот да се реализира прецизно, навремено и според највисоки стандарди. Токму тука се наоѓа силата на TEMEL powered by ELENA LUKA HOME – компанија која претставува еден од најзначајните оперативни ...
Не секогаш ги имаме одговорите, но имаме луѓе кои ги имаат. Експерти објаснуваат дали балсамот за усни навистина е штетен, колку често треба да ја миете косата и многу повеќе… Но има и текстили експерти за материјали. Тема ни е полиестерот. Полиестерот е насекаде. Го има во вашите спортски хеланки, во кошулата што не се гужва, во меката флис јакна, а големи се шансите дека токму сега носите нешто направено од него. Но, како што ...
Во современото домување повеќе не е доволно да се изгради зграда. Потребно е да се создаде целосна урбана приказна, простор во кој архитектурата, функционалноста, квалитетот и животниот стил се спојуваат во една хармонична целина. Токму таква приказна веќе со години создава ELENA LUKA HOME – компанија која со своите проекти успева да постави нови стандарди во македонското градежништво и да покаже дека домот не е само квадратура, туку простор ...