Нордискиот стил на уредување има многу сличности со познатиот скандинавски стил. И двата го застапуваат минимализмот, но нордискиот стил зрачи со повеќе топлина. Она што го карактериза се чистите линии, практичниот мебел и неутралните бои, слично како и кај сканди стилот. Исто така, изобилува со уметнички детали и совршено ги комбинира функционалноста и декорот. На Инстаграм наидовме на профилот @homagine којшто одлично го отсликува минимализмот ...

Балон здолништата за прв се појавија на модната сцена помеѓу 1954-та and 1957-ма. Зад нивниот дизајн стојат генијалните Пјер Кардин и Кристијан Диор, чијашто идеја стана безвременска. Во 80-те Кристијан Лакроа му даде нова димензија на балон здолништето, а истото доживеа бум во модниот свет, тренд којшто продолжи и во 90-те. Мадона, Принцезата Дијана, Џејн Сејмур и Кристи Тарлингтон, се само неколкуте дами кои го вклучија ова парче во својот ...

Неприкосновената дама на стилот, Синди Крафорд, постојано ни приредува воодушевувања со својот стајлинг. Супермоделот е прилично активна на Инстаграм, а нејзините следбеници овојпат ги остави без зборови позирајќи во прекрасен бел фустан. Таа беше дел од Конвенција за убавина во Лос Анџелес, каде зборуваше за стилот. Едноставно кажано, 56 годишната Крафорд ја дефинира елеганцијата. Таа е истовремено секси, забавна и олицетворение на убавината. ...

Пролетта и летото едноставно се скроени за експериментирање со облеката. Сакаме да изгледаме убаво, интересно и допадливо и да го истакнеме својот стил на најдобар можен начин. Знаеме дека дезените и боите ќе доминираат, а тука некаде ќе биде и розовата, која што и сезонава е прилично актуелна. Розовата боја е малку специфична, но тоа не значи дека стилизирањето ќе биде проблем. Може да одбереме само едно парче, во пастелна или повпечатлива ...

Новиот поп-ап Прада ресторан во Хародс, Лондон, е совршена комбинација на италијанска естетика и британска префинетост. Како што велат од модната куќа, овој шик ресторан, планирано е да работи до крајот на годинава. Ентериерот на Prada Caffè е инспириран од познатите бутици на брендот низ целиот свет, вклучувајќи го и првиот бутик во Милано, којшто беше отворен во 1913-та. Внатре преовладува препознатливата минт нијанса на Прада, којашто ...

Ако сакате да внесете забавна нота и доза на необичност во вашиот секојдневен стил, актуелната хит „униформа" во уличната мода: кошула + корсет е комбинацијата која ви е во прилог. Од поп културата во 90-те, оваа тенденција ни се враќа модернизирана и впечатлива, доволно флексибилна да се прилагоди во различни стилски варијации од свечени и коктел изгледи до деловни аутфити. Тенденциите во модата секогаш се одраз на актуелностите во сите слоеви ...

Патиките и фустаните се една од омилените комбинации, особено за пролет. Оваа популарна спојка честопати ја гледаме и на социјалните мрежи. Од макси фустани со цветен дизајн до монохроматски црни и бели решенија, секој од нив одлично оди со патики. Додека балетанките се секогаш опција, патиките се тие кои го нудат максималниот комфорт додека изгледаме супер женствено во фустанот што сме го одбрале. Токму тој спој на спортски дух и женствена ...

Марго Роби ја стартуваше својата холивудска слава пред 10 години, кога глумеше заедно со Леонардо Ди Каприо во филмот The Wolf of Wall Street на Мартин Скорсезе. Потоа се нижеа улоги, секоја различна од другата, што ѝ овозможија да го покаже својот талент. Една од незаборавните улоги на Роби е портретирањето на Харли Квин во Suicide Squad. Потоа ја видовме во Bombshell, за кој што имаше наминација за Златен глобус и Оскар. Марго беше одлична и ...

Ако сте веќе заситени од неутралните бои во деловниот аутфит, време е за малку повеќе колорит. Најлесен начин за да додадете впечатлива боја во стајлингот е да започнете со едно обоено парче. Тоа може да биде блејзер, кошула или пак панталони. Панталоните во боја можете да ги стилизирате со бела, црна или беж нијанса што веќе ја имате дома. На овој начин ќе додадете малку повеќе енергија и разиграност на деловната облека. Ако сакате да споите ...

Архитекти од интернационалното студио MASK дизајнираа еко ресорт којшто може да создаде вода од воздух, за свои потреби и за околината. Станува збор за Сафари ресорт, којшто би бил од големо значење за туризмот, но и за снабдувањето со вода на околните села во Африка. Секоја од куќичките е опремена со технологија која што овозможува производство на чиста питка вода. Филтрите за воздух се поставени во внатрешноста на алуминиумски столбови ...

Големата ѕвезда на балканскиот филм и театар, српската актерка Лидија Вукичевиќ периодов е актуелна со новата театарска претстава "Обвинителка", каде ја игра главната улога на сцена со етаблираните македонски актери Магдалена Ризова и Сашо Ристовски. Се работи за проект кој е културен мост меѓу двете земји и кој обработува тема подеднакво актуелна и безвременска, не само на Балканот, туку и генерално. Одличната екипа собрана за оваа комедија ...

Американскиот дизајнер Ралф Лорен никогаш не ја пропушта можноста во своите дизајни на еден или друг начин да ѝ отстапи простор на вестерн естетиката. Во новата колекција за сезоната есен-зима 2023, етаблираниот креатор успеа на мајсторски начин во доминантната елеганција, со функционален пристап да имплементира вестерн секвенци. И тоа веднаш ќе го препознаете по ремените со впечатиливи токи, облеката со реси и каубојските шешири. Настрана од ...

За неколку дена во Градкиот парк, на Школка, ќе биде навистина интересно. Родители и дечиња куп, насмевки на лицата, топлина во срцата и сè со една цел - искрена дружба и прифаќање на различностите. Да се сака, да се помогне, е тоа што го прави човекот човек, а токму такви луѓе ни се потребни за среќно општество и подобро утре. На наше задоволство имавме чест да поразговараме со еден таков човек, Денис Јанкуловски, на јавноста познат како ...

Дали сте слушнале за осамената куќа во реката Дрина? Мала напуштена куќичка изградена на карпа зад која се крие интересна приказна. Оваа мала градба се наоѓа близу градот Бајина Башта во Србија, недалеку од Националниот парк Тара. Куќичката стана популарна благодарение на насловната страна на National Geographic во 2012, на која што се најде откако беше фотографирана од страна на унгарката Ирена Бекер. Сè започнало уште во 1968 година, кога ...

Викендов во Банско, Бугарија, се одржа изборот за убавина за деца и тинејџери „Little Miss&Mister Galaxy" и „Miss&Mister Teen Galaxy 2023". Во конкуренција на тинејџерки од 15 до 18 години нашата држава ја претставуваше 17-годишната Анастасија Павличек од Куманово, која направи голем успех освојувајќи ја титулата во конкуренција на претставнички од целиот свет. Анастасија е членка на Модното студио Црнокрак, кое веќе 10 години ја ...

Ли Александар Меквин е роден на 17 март 1969-та година во Лондон. Потекнува од работничко семејство, татко му бил таксист, а мајка му наставничка. Семејството имало шест деца, а малиот приход дополнително ја отежнувал работата. Кога имал 16 години Меквин го напуштил училиштето и се вработил во продавница за машки костими по нарачка. Ја засакал работата со правење на облека и по некое време започнал да работи на театарска костимографија. ...

Одредени парчиња облека се навистина безвременски и вреди да се имаат во гардероберот. Едно од нив е блејзерот, којшто на некој начин го дефинира пролетниот стајлинг. А кога ќе одбереме убав и природен материјал како лен, добиваме комотно, модно парче за секаква прилика. Ленениот блејзер одоговра на сечиј стил и лесно се вклопува со останатите парчиња од аутфитот. Особено е погоден за дневни комбинации напролет, а кога е лето го носиме и ...

Сè е убаво во април. А уличната мода секако придонесува за таквиот впечаток. Нашиот плакар мириса на цвеќе, а на бои не се штеди. Со април, пролетта процутува и во модна смисла. Па така во нашиот избор на предлог комбинации за секој ден од овој месец, даваме акцент на колоритот, лелеавите кроеви, еклектичните миксови, слободата во стилизирањето... Бидете свои, полетни, не плашете се од експериментирање, април е убав месец за модно уживање... ...

Откако во февруари за прв пат објавија дека ќе соработуваат заедно, H&M и Mugler конечно за заскокоткаа јавноста со првичната објава за сработеното. Шведскиот гигант објави кратко видео на кое што се гледа само мал дел очекувањата за 11-ти мај. Корсети со остри рабови, исечени хеланки и фустани што го гушкаат телото, што се и белег на креативниот директор на Mugler, Кејси Кедволадер. Освен што секси естетиката на Кедволадер е пренеменета за ...

Хит Леџер, еден од непрежалените, прерано згаснати, холивудски актери. Токму кога животот му ги додели вистинските карти, тој си замина од овој свет, на неполни 28 години. Кога ќе се спомене ова име пред очи ни доаѓа неговата последна улога како Џокер во The Dark Knight. Иако не ја доврши својата најголема улога, маестралноста со која го прикажа Џокер на големото платно, му донесе постхумен Оскар. Во салата се аплаудираше долго, колегите се ...

Модните блогерки на Инстаграм се честа инспирација за вљубениците во модата. Личниот стил на овие дами е нешто што ни ја разигрува имагинацијата и нè поттикнува и самите да создаваме инспиративни стајлинзи. Една таква модна блогерка е и Анастазија Макјаниќ од Хрватска. На инстаграм е позната како @stazisweets, а содржината што ја постира на социјалните мрежи е женствена, разиграна и весела. Кај неа нема да најдете монотона комбинација, сè е ...

Затворете ги очите и замислете се што сакате од својот нов живот. Почувствувајте го смирениот звук на долгите прошетки по кејот, смирениот вардарец, жуборот на реката. Замислете безброј можности, сигурност, удобност, квалитет. Слобода секој Ваш избор да биде одраз на она што Ве прави личност каква што сте. Замислете среќа и исполнетост. Сега отворете ги очите. Не мора повеќе да замислувате. Добредојдовте во DOMINIUM – Вашиот нов живот. Главната ...

Донатела и Версаче и Ен Хатавеј имаат одлична соработка и високо мислење една за друга. Токму затоа Донатела ја одбра Ен да биде заштитното лице на новата кампања под името VersaceIcons. Според познатата дизајнерка Хатавеј ја сака и разбира модата, се има појавено во повеќе креации на познатата модна куќа и едноставно е лицето што одговара на брендот. За потребите на кампањата ја гледаме актерката како заводливо позира во две различни ...

Заедно сме посилни! Кампања против говор на омраза на социјалните мрежи! Александра, Миа и Маја во улога на "Партизанки" Дизајнерката Маја Кикириткова своето 15-годишно творештво го одбележува со нова колекција насловена „Партизанка" зад која како што вели и самата дизајнерка, се крие голема симболика. -Ова не е обична приказна, ова не се обични фотографии, ова е нешто што долго тлее кај мене, кај нас. Кога ги поканив Миа и Александра да бидат ...

Молив здолништата се вратија во мода и оваа пролет се еден од најпопуларните трендови. Ова парче доби зелено светло и од многу модни дизајнери како Прада, Диор, Ботега Венета и други кои ги вклучија во своите најнови колекции. Молив здолништето датира од 40-те години на минатиот век, а за прв пат се појавија во колекциите на Кристијан Диор. Веќе следната декада стануваат составен дел од деловниот стил на жените. Денес ова парче облека најчесто ...

Елизабета Петковска, лице со Даунов синдром, го оствари сонот да реализира сопствена ревија со оригинални модни парчиња, накит и додатоци. Бети преку своите креации покажа дека не постои пречка кога желбата и талентот се големи и доаѓаат од срце. Нејзините ракотворби се нешто од коешто запира здивот - брошеви, ланчиња, шноли со плетени рози, плетени чаршафи со прекрасни орнаменти... Во рамки на модната ревија Јас Бети – Сонот се остварува таа ...

Фустанот е едно од омилените парчиња облека на жените, а уште повеќе сакаме кога комбинираме чевли за него. Топлите денови што следат ќе ни дадат одврзани раце за експериментирање, како за дневни така и за вечерни прилики. Долги, миди, со дезен или монохроматски, гламурозни или минималистички фустаните се верни пријатели на жените. Ни даваат слобода на движењето и комфорт, но и го подигнуваат стилот на едно повисоко ниво. Ова е период кога ...

Технологијата веќе ни овозможи да почувствуаме дожд, ветер и мирис додека гледаме филм во кино. Следно на менито е вкусот, а еден ресторан-кино во Лондон веќе го направи тоа. Taste Film на своите гости им нуди незаборавно искуство, да ги пробаат јадењата што актерите ги јадат во филмот што се прикажува. Она што е навистина неверојатно е тоа што гостите јадат во исто време со актерите на екранот. Храната или пијалокот се послужува во моментот ...

Дали сте слушнале за дигитална или сајбер убавина? Тоа е еден тренд во козметичката индустрија што се фокусира на користење на дигиталната технологија за подобрување на изгледот, а бојата што најдобро го опишува е дигитална лаванда. Станува збор за користење на различни апликации и софтвери при уредување на фотографии и видеа, како и употреба на разни ефекти за подобрување на изгледот на кожата, косата и слично. Боите и материјалите умеат да ...

На априлската насловна на филипинскиот Вог се појавува 106 годишна старица, тату мајстор. Таа е истовремено и најстарата личност што некогаш била фотографирана за ова престижно списание. Венг Од, позната и како Марија Огеј, е првата жена од нејзиното племе Бутбут, која што ја изучила илјадници години старата техника на рачно тетовирање наречена batok. Венг, која од неодамна стана позната благодарение на социјалните медиуми, на 15 години ја ...

Кој бил Лав XIII?

43 минути - 4News
weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
47%
1012
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
87%
1014
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
0.0
85%
1016
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
59%
1011
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
4.12
96%
1010
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
90%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
43%
1011
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1014
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
4.12
91%
1008
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
59%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
72%
1010
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58