
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Добивај вести на Viber Премиерот Христијан Мицкоски го честита Велигден на верниците. „Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество“, вели тој. Упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, свештенството, монаштвото и сите православни верници. „Воскресението на нашиот Спасител е вечен симбол на победата на животот над смртта, на светлината над темнината. ...
Добивај вести на Viber Mинистерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска на социјалните мрежи објави дека е во Чикаго. Таа упати честитка по повод Велигден. „За Велигден со нашата дијаспора во Чикаго, во црквата Св. Кирил и Методиј. Нека овој наш најголем христијански празник ни донесе мир, радост, надеж и сплотеност. Вербата во Бога нека биде единствена водилка по нашиот животен пат, а нашите мисли нека создаваат само добри дела“, пишуваа ...
Добивај вести на Viber Руските сили вратија 99,5 отсто од територијата на Курск што беше заземена од Украинците, велат руските власти. Руските војници повторно го вратиле под своја контрола селото Олешња во областа Курск. Началникот на Генералштабот на Армијата на Русија, Валери Герасимов го информирал претседателот Владимир Путин дека руските сили повратиле повеќе од 99 отсто од територијата на Курск што украинската војска ја окупираше лани ...
Добивај вести на Viber Старото велигденско јајце кое прво е вапцано лани сега кога имаме нови, тоа се пушта низ река. Се верува дека така водата ќе го однесе злото, болестите, целата несреќа кое првото јајце цела година ги собирало наместо домашните. Но, има и случаи кога луѓето ланското велигденско јајце, го закопуваат во земја. Добро е во близина да има насадено цвеќе, бидејки старото црвено јајце е полно со негативна енергија и не треба и ...
Добивај вести на Viber Православните верници денеска го слават празникот Велигден. Помладите одат на семеен ручек кај постарите. По долгиот пост денеска се јаде мрсна храна. На трпезата задолжително има и црвени јајца, кои ја симболизираат Исусовата крв, но има и јајца во други бои. Етнолозите забележале дека во различни делови од Македонија има некои мали разлики во однос на обичаите. На Велики Четврток се подготвуваат првите јајца во црвена ...
Добивај вести на Viber Христијанските верници го слават најголемиот христијански празник Велигден. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, но и во другите христијански цркви во земјава. Оваа година и православните и католичките верници го слават Велигден на ист ден – 20 април. Ваквото поклопување не се случува често, бидејќи источната и западната црква користат различни календари ...
Добивај вести на Viber Откако мерката на Владата, со која маркетите задолжително треба да ги објавуваат цените на своите веб-страници, наиде на голем потсмев кога беше најавена, сега истата се докажува и како целосно нефункционална, реагираат од опозициската СДСМ. - На граѓаните им е потребен околу еден час само за да споредат еден производ во сите маркети. Доколку треба да направат споредба на сите производи што редовно ги купуваат, веројатно ...
Добивај вести на Viber Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, исто како и претседателот Володимир Зеленски претходно, изрази недоверба за 30-часовното велигденско примирје што го објави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесува ДПА. Тој на платформата Х потсети дека Украина се согласи со американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот за време на мировните преговори на почетокот на март во саудискиот град Џеда. ...
Добивај вести на Viber Доларот падна во однос на кошничката валути трета недела по ред, бидејќи американската валута и понатаму е под притисок од трговската војна меѓу САД и Кина. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни валути, падна за 0,6 отсто минатата недела на 99,23 поени, што е ново најниско ниво во последните три години. Еврото порасна за 0,3 отсто на 1,1390 долари. Американската валута ...
Добивај вести на Viber Вложувањето во недвижен имот традиционално се смета за долгорочна профитабилна инвестиција, но прашање е која сфера носи најголем профит. Агентите за недвижности со години забележуваат дека тие што имаат пари инвестираат во купување станови, па ги издаваат на станари. Не е занемарлив бројот на оние кои купуваат гаражи и паркинг места кои исто така ги издаваат за месечна претплата, а истото го прават и сопствениците на ...
Добивај вести на Viber Три месеци по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и неговите бомбастични тврдења дека „за 24 часа“ ќе стави крај на војната во Украина, американската администрација за првпат отворено ја разгледува можноста за повлекување од мировниот процес. Државниот секретар Марко Рубио изјави во Париз, по состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон, дека САД ќе одлучат „во рок од неколку дена“ дали има реална перспектива ...
Добивај вести на Viber Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази скептицизам во врска со едностраниот велигденски прекин на огнот, објавен денеска од рускиот претседател Владимир Путин. Во објава на социјалните мрежи оцени дека станува збор за нова манипулација на Путин, но не открива дали примирјето е прифатливо за Киев. - Што се однесува до новиот обид на Путин да манипулира со човечките животи - сирените за воздушен напад моментално ...
Добивај вести на Viber Денеска, на 63-годишна возраст почина познатиот музичар, композитор и продуцент Тоше Поп Симонов. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја споделија негови пријатели и сорабоници, меѓу кои и музичарот и продуцент Валентино Сендеровски. Од него со емотивна порака се опрости и Божидар Божиновски. - Почина Тоше Поп - Симонов, секогаш вткаен во македонската музика со тивок конец кој никогаш не боди очи во прв ред, а ...
Добивај вести на Viber Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс пристигна во Ватикан каде што се сретна со високи претставници на Католичката црква кои имаа жестоки критики за политиките што ги спроведува администрацијата на актуелниот американски претседател. Венс, католик кој се судри со папата Франциско поради репресијата на Трамп врз имигрантите, во саботата се сретна со кардиналот Пјетро Паролин, државен секретар на Ватикан и главен ...
Добивај вести на Viber Агенцијата за катастар на недвижности има амбициозна цел – да прерасне во модерна, целосно дигитализирана институција која ќе овозможи брзи, достапни и квалитетни услуги за сите граѓани. Ова го истакнува директорот Иван Живковски кој додава дека Катастарот треба да биде гаранција на сопственоста, поддршка на урбанистичкото планирање и алатка за развој на инфраструктурата и општеството во целина. Меѓу најголемите тековни ...
Добивај вести на Viber „Ова е мојот живот! Србија која се гради и работи“, изјави претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ од градилиштето на идниот саемски простор „Експо“. - Размислував да одговорам на Марта Кос, на блокадите, на нивните политички активности... Велика сабота е, решив да им покажам на народот на Србија што правиме. И покрај сите предизвици, и покрај тоа што се слуша само врева, викање, остри зборови од оние кои би ...
Добивај вести на Viber Рускиот претседател Владимир Путин прогласи велигденско примирје, објави Кремљ. Руската страна ги прекинува сите воени операции од 18:00 часот. на 19 април до 12:00 часот на 21 април. - Водени од хуманитарни размислувања, денеска од 18 ч. до полноќ, од недела до понеделник, руската страна објавува велигденско примирје. Наредувам сите воени операции да бидат прекинати за овој период. Претпоставуваме дека украинската страна ...
Добивај вести на Viber Илјадници Британци кои викендов ќе патуваат во земјите на Европската унија (ЕУ) во потрага по велигденско сонце и добра храна, подобро размислат пред да земат со себе парче италијански пармезан или некое француско суво месо. Поради неодамнешната појава на шап и лигавка во Европа, британската влада воведе нови правила со кои се забранува увоз на месо и млечни производи од сите земји на ЕУ. Сепак, оваа одлука ги остави и ...
Добивај вести на Viber Петнаесетгодишен тинејџер беснеел низ Охрид во текот на вчерашната вечер. Како што јавуваат од СВР Охрид момчето возејќи мотоцикл успеал да повреди малолетни пешаци, тинејџерка од Скопје, а на крајот завршил во паркирано возило. Имено, во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови, околу 21 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид, мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од ...
Добивај вести на Viber Во тек се вонредните контроли, а поинтензивно ќе се спроведуваат по Велигден и нема никакво одложување, вели заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески за спроведувањето на законската мерка со која трговците се обврзуваат на своите веб-страници да ги објавуваат цените на производите и секојдневно до 10 часот да ги ажурираат. Според Ристески прво ќе стигнат опомените, а казните за неспроведувањето на мерката ...
Добивај вести на Viber Обвинители, дали нашиот молк, тишината и тагата по нашите деца, кои се убиени, ви даде право да ослободите лица кои беа во притвор, а се соучесници во убиството на нашите деца, прашаа родителите на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред почетокот на денешниот трет протестен марш „Задоцнета реакција“ што се одржа во Кочани. Точно во 12 часот и 5 минути учесниците на маршот тргнаа од Паркот на Револуцијата кон ...
Добивај вести на Viber Момче на 19-годишна возраст од село Миравци, загина утрово околу четири часот кога со автомобил „бмв“, што го управувало, излетало од коловозот на регионалниот пат меѓу селата Миравци и Давидово, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Струмица. Во соопштението се наведува дека момчето починало на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар на Итната медицинска помош. Бил извршен увид од јавен обвинител и ...
Добивај вести на Viber Тошковски не е од вчера министер. Тој бил министер година дена: и од техничката влада на Талат Џафери, па преку новата политичка влада. Тој бил министер и во време на фалсификуваната лиценца. Ние сме земја која има колективни трауми досега. При секоја ваква колективна траума, прво нешто е министерот да си даде оставка, ако не и целата влада. Тошковски не прави разлика меѓу гнев и револт, но тоа е негов пропуст - вели ...
Добивај вести на Viber Четири кондиторски производи се повлекуваат од хрватскиот пазар, соопшти вчера Државниот инспекторат на Хрватска. Станува збор за четири протеински барови означени како производи без глутен, а кои всушност содржат глутен, што може да биде причина за големи здравствени проблеми, пишуваат тамошните медиуми. Меѓу нив се: Протеинска шипка 70 гр двојна чоколада, ЛОТ 1287586 Протеински десерт бар 50 гр Крцкав карамел, ЛОТ ...
Добивај вести на Viber Според првичните информации причина за вчерашната сообраќајна несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени е неприлагодената брзина на патот, изјави утринава министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е во посета на СВР Охрид. - Во синоќешната сообраќајка, за жал, животот го загубија три лица. Согласно првичните информации што ги добив станува збор за огромна неприлагодена брзина на еден од учесниците ...
Добивај вести на Viber По трагедијата која се случи вчера на патото Кичево - Тетово, во кој животот го загубија три лица, денеска со детали се огласија од СВР Охрид. Од таму посочуваат дека до несреќата дошло кога се судриле три возила, при што починале шоферите на две возила, но и сопатничката во едно од возилата. Иако не е официјално потврдено, најверојатно станува збор за брачен пар од гостивар со иницијали Х.Е. и Б.Е. и двајцата на 38 ...
Добивај вести на Viber Ужасна авионска несреќа однесе три животи откако синоќа авион се урна во река во источниот дел на Небраска во САД, соопштија властите. Станува збор за мал авион, соопштија властите. Авионот летал покрај реката Плате и се урна во водата јужно од Фремонт во 20:15 часот. по локално време, изјави наредникот Бри Френк од канцеларијата на шерифот на округот Доџ за време на прес-конференција, пренесува Мирор. Пронајдени се ...
Добивај вести на Viber Царинските мерки на американскиот претседател Доналд Трамп ќе влијаат на глобалната економија и ќе предизвикаат големо забавување на економскиот раст оваа година, но без транзиција во рецесија, изјави извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. И покрај неизвесностите предизвикани од трговската политика, „нашите проекции за раст се значително намалени, но тие не укажуваат на ...
Добивај вести на Viber Кинеските брендови на онлајн продавници „Temu“ и „SHEIN“ потврдија дека од 25 април ќе ги зголемат цените на производите по тарифите воведени од Соединетите Американски Држави. Двете компании ги повикаа потрошувачите дотогаш да ја искористат можноста да купуваат по тековни цени, пренесува Ројтерс. - Поради неодамнешните промени во правилата и тарифите во глобалната трговија, нашите оперативни трошоци се зголемија. За да ...
Добивај вести на Viber И покрај заложбата на СОНК и притисокот врз министерството за Култура , мартовската плата не е исплатена. СОНК смета дека институциите на системот мораа да изнајдат начин до ова да не дојде, што за жал, околу 4.000 вработени во Културата Велигденските празници ќе ги прослават со посна трпеза. Ова го истакна денеска преку социјалните мрежи претседателот на Самостојниот синдикатот за образование, наука и култура, Јаким ...