
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Добивај вести на Viber Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информираше дека комплексната спасувачка акција во близина на Пелистер е успешно завршена. Планинарот кој се здобил со скршеница на нога на тешко пристапен терен е извлечен и како што вели Тошковски, во интервенцијата учествувале тројца припадници на Одделот за воздухопловни единици и четворица припадници на специјалната антитерористичка единица „Тигар“. „Упатувам искрена ...
Добивај вести на Viber Јас поднесов оставка од позицијата директор на НА, поради други професионални ангажмани, а во тек е законска постапка за избор на нов директор во координација со Европската Комисија. Се до изборот на ново лице и примопредавање на обврските, јас целосно ги извршувам сите законски должности, реагира Петар Богојески, кој е во посета на САД, како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. ...
Добивај вести на Viber Во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 7 пожари на отворен простор, од кои: 5 се активни, 1 е под контрола и 1 е изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите: Општина Желино – с. Желино према Еребино, планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација) Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација) Општина Македонски Брод – с. Грешница ...
Добивај вести на Viber Драги Стојанов, родител на едно од загинатите деца во пожарот во „Пулс“ во Кочани вели дека премиерот Христијан Мицкоски лично ги прашал колку пари треба да им се дадат. „Премиерот лично не праша: Кажете колку пари треба. Моето дете 21 година загина, и 10 милиони евра да ми даде не ми требаат, нека си ги земе за него. Цело време не убедуваше дека тој бил крив. И прво кога дојде рече „Мојата глава ја бараат и од надвор и од ...
Добивај вести на Viber Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски Александар Николоски објавија ново видео во кое се возат по патот кон Охрид кој се гради, а во кое зборуваат за потегот Климештани - Охрид. Николовски реферира дека се вклучени околу 1 100 -1 200 работници со над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери. Како што наведува Мицкоски, активности се спроведуваат по целата траса на автопатот од кој минатата недела беа ...
Добивај вести на Viber Во обвинителството, Финансиската полиција, Министерството за образование и наука, но и Европската комисија, Канцеларијата за борба против измами (OLAF) во Брисел и Делегацијата на ЕУ во Скопје стигнаа наводите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која излезе со соопштение во кое кажа дека имало индиции за сериозни пропусти и потенцијална злоупотреба на пари во врска со доделувањето средства ...
Добивај вести на Viber Не може да се исполни барањето на родителите на децата со атипичен развој за трајно вработување на образовните асистенти зашто потребите во училиштата се променливи, вели министерката за образование Весна Јаневска. Во интервју за Радио Слободна Европа, таа порачува дека ако во иднина се појави можност дел од асистентите трајно да се вработат, тоа со задоволство ќе го прифати, но нема да дава лажна надеж. Министерката ...
Добивај вести на Viber Дирекцијата за заштита и спасување во заедничка акција со Министерството за внатрешни работи извлекоа повреден планинар на тежок терен на планината Пелистер. „Утрово планинар при совладување на тежок терен на планината Пелистер ја скршил ногата и не може да се движи. По добиената пријава за повреден планинар, Дирекцијата за заштита и спасување итно го мобилизира тимот за спасување од планина чии припадници во моментов се ...
Добивај вести на Viber Вкупно 2.799 кривични пријави се поднесени во Србија лани поради злоупотреби во економијата. Тоа е 3,8 проценти од сите поднесени кривични пријави во државата. Во исто време, имало значително помалку обвинети криминалци - 851, објави Форбс Србија. Најмногу осомничени има во Белград - 991. Извештајот на Републичкиот завод за статистика на Србија открива дека имало 772 во Војводина, 710 во Шумадија и Западна Србија, а 326 ...
Добивај вести на Viber Еден од најдолгоочекуваните патишта за Албанците, виталниот коридор што го поврзува Скопје со границата кај Блаце, влегува во својата завршна фаза. Јавното претпријатие „Државни патишта“ отвори процедура за јавна набавка за подготвителната фаза на финалниот проект за изградба на овој пат, конкретен чекор што ја запечатува нашата волја да го претвориме во реалност она што остана само ветување со децении, велат од ВЛЕН. Од ...
Добивај вести на Viber Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело- Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти обвинителството. „Врз основа на судска наредба обезбедена од јавниот обвинител, полициски службеници ...
Добивај вести на Viber Градот Зеленоград, во близина на Москва синоќа беше во оган, откако Украина изврши напад со дрон, насочен кон главниот град на Русија, јавија повеќе извори на Телеграм каналите. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, посочи дека најмалку 21 украински дрон биле лансирани кон Москва.Тој додаде дека службите за итни случаи патуваат на местото на соборените дронови, но не кажа за колкава штета станува збор. Според ...
Добивај вести на Viber Претходната владејачка структура направи исчекор во меѓуетничките односи, додека оваа структура дава знаци за „српски свет“, вели поранешниот претседател Стево Пендаровски во интервју за Лајм ТВ. „Структурата која во 2016, односно 2017 година дојде на власт, на чело со Заев, со сите маани кој може да му ги препишете на тој човек, во делот на меѓуетничките односи направи крупен исчекор. Тоа може да го негира само некој кој ...
Добивај вести на Viber На 19/20.07.2025 година до 08:00 часот, има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 2 се под контрола и 22 се изгаснати, соопштува утрово Дирекцијата за заштита и спасување. Активни се пожарите во: 1. Општина Желино: с.Желино према Еребино – планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација); 2. Oпштина Василево: с.Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); 3. Општина ...
Добивај вести на Viber Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025 ќе започне вечер со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“. Фестивалот официјално ќе го отвори претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а ќе се обрати и претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос. Свечената церемонија ќе го означи почетокот на седумдневен спортски и културен спектакл кој ќе ги обедини младите спортисти ...
Добивај вести на Viber Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ ...
Добивај вести на Viber Посетителите на Соединетите Американски Држави ќе треба да платат „такса за интегритет на визата“, според одредба од неодамна донесениот Закон за еден голем прекрасен закон на администрацијата на Трамп. Таксата се однесува на сите посетители на кои им се потребни неимигрантски визи за влез и не може да се откаже од неа. Сепак, патниците можеби ќе можат да добијат надомест на таксите, според одредбата. Деталите за новиот ...
Добивај вести на Viber Нетфликс објави зголемување на заработката во четврток, бидејќи приходите пораснаа за 16% во текот на вториот квартал од 2025 година. Компанијата ја ажурираше својата прогноза за приходите за целата година, истакнувајќи дека очекува приходите да бидат помеѓу 44,8 милијарди и 45,2 милијарди долари, што е зголемување од опсегот од 43,5 милијарди до 44,5 милијарди долари. Повисоката прогноза на Нетфликс го одразува ...
Добивај вести на Viber Етереумот привлекува обновено институционално внимание, бидејќи и акумулацијата на огромни суми и препораките од висок профил го зајакнуваат долгорочниот биковски случај за мрежата. Во саботата, во објава на X, крипто аналитичарот Али Мартинез рече дека огромните суми на Етереум стекнале над 500.000 ЕТХ во текот на изминатите две недели, сигнализирајќи го она што некои аналитичари го толкуваат како тивка доверба кај ...
Добивај вести на Viber Владата нема да дозволи по никоја цена да бидат погазени идентитетските обележја на нашиот народ, вели министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во интервју за ТВ Телма. Го дели ставот на премиерот дека не треба да се попушта пред Бугарија додека не се добијат гаранции за идентитетските прашања, но смета дека треба да се среќаваат со колегите од Бугарија, за да се објаснат недостатоците, кои довеле до оваа ситуација. ...
Добивај вести на Viber Главниот економист на „Аполо“ вели дека најголемата штета од трговската војна на Доналд Трамп ќе се почувствува во економијата некаде околу крајот на годината, анализира „Бизнис инсајдер“. Торстен Слок рече дека смета оти сеопфатните царини што претседателот ги објави оваа година ќе ги зголемат цените сè додека инфлацијата не достигне врв во ноември или декември. Во разговор за „Блумберг“ оваа недела, Слок посочи на ...
Добивај вести на Viber Во битката меѓу стриминг услугите за привлекување и задржување на претплатници, детските емисии како „КоКомелон“ и „Блуи“ стануваат моќни алатки за да помогнат во победата во војната. Задржувањето на клиентите се покажа како една од најголемите пречки во развојот на стримингот. Кога Нетфликс објави загуби на претплатници во 2022 година, тоа испрати бранувачки ефект низ индустријата и медиумските компании почнаа да се ...
Добивај вести на Viber Словенија воведува фиксна даночна стапка од 25% на добивката од продажба или размена на криптовалути. Новиот данок ќе се однесува на сите трансакции – без разлика дали се работи за размена на дигитални средства за евра, долари, стоки, услуги или акции, а ќе почне да се применува од 1 јануари 2026 година. Законот предвидува исклучок само за физички лица кои се регистрирани како вршители на дејност. Кај нив, приходите од ...
Добивај вести на Viber Се извинувам доколку со мојот потег за музичкиот дел од програмата за Петровден несвесно сум повредил некого, напиша на Фејсбук в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, откако роднините на загинатите јавно го прашаа зошто не присуствува на „Маршот на ангелите“. „Свесен сум дека постоеја и јавно изразени ставови од некои граѓани дека не треба да присуствувам на „Маршот на ангелите“. За жал, притоа бев ...
Добивај вести на Viber Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на нашата татковина. Пред нешто повеќе од една година, наследивме девастирана држава, пеплосана, оставена во безредие и наше е да градиме, и да градиме се од почеток, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи при посетата на Виница. „Економијата остана главна во фокусот на нашето внимание, меѓутоа не помалку и инфраструктурните решенија, зголемување на пензиите, ...
Добивај вести на Viber На ден 19.07.2025 година до 19:30 часот, има вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола и 18 се изгаснати, соопштува Дирекцијата за заштита и спасување. Активни се пожарите во: 1. Oпштина Василево : с.Нивичино (нискостеблеста шума); 2. Општина Македонски Брод: с.Грешница (мешана шума и ниска вегетација); 3. Општина Прилеп : помеѓу селата Царевиќ и Смолани(мешана шума и ниска вегетација); 4. ...
Добивај вести на Viber Нарачател на атентатот на експретседателот Киро Глигоров е поранешниот српски претседател, Слободан Милошевиќ. Овој став во интервју за Лајм ТВ го истакна поранешниот претседател, Стево Пендаровски. „Не можам да видам друга политичка логика освен Слободан Милошевиќ. Еден ден пред да се случи атентатот, Глигоров е на разговор со Милошевиќ. Не се сами, присутна е и шефицата на кабинет на Глигоров, Жана Османли. Суштината е ...
Добивај вести на Viber Семејствата на загинатите во Кочани бараат од премиерот Христијан Мицкоски да ја објави целосната снимка од состанокот во Владата на 7 јули 2025 година. „Во име на Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ – Кочани, со ова јавно реагираме и категорично демантираме дека родителите шират невистини, како што беше изјавено во Вашата изјава на официјалната веб страна на Влада на РСМ. Во прилог на вистината, Ве потсетуваме дека ...
Добивај вести на Viber За тие пусти пари проклети, ни ги убивте дечињата. Господ е голем, тој ќе пресуди за вас, ситни души, дали ќе одите во пеколот, рече едниот од родителите на загинатите од пожарот во кочанската дискотека Пулс. „Сакаме да го прашаме градоначалникот, каде беше минатиот пат, зошто го нема и денес. Па господине градоначалниче, немојте да се плашите од нас, ние не сме убијци, како овие што седат во удобните фотелји. Тие ни ги ...
Добивај вести на Viber Пожарот на планината Жеден е предизвикан од човечки фактор, односно подметнат, изрази сомневање градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу попладне во изјава за медимуите. Според информациите кои ги добил од пожарникарите најдени се запалени гуми од возила. -Нашите сознанија, информации и од противпожарните единици од пожарникарите што беа овде, се дека три гуми се најдени запалени, што докажува дека е човечки фактор на ...