
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Добивај вести на Viber Шпаркасе Банка известува дека од 1.9.2025 година ќе ги намали тарифите и надоместоците за 15 услуги наменети за физички лица и за 6 услуги наменети за правни лица. Станува збор за значајни намалувања и до 70 % за одредени надоместоци, поттикнати од променетиот модел за пресметка и наплата на надоместоци што банките ги плаќаат за користење и процесирање услуги преку Меѓубанкарскиот платен систем (МИПС) на НБРСМ. ...
Добивај вести на Viber Силк Роуд Банка во соработка со агенциите на Обиденетите Нации (ОН) во земјава (Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП и Меѓународната организација за миграции - ИОМ) во рамките на Заедничкиот фонд за целите за одржлив развој на ОН „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Северна Македонија“, нуди Наменски потрошувачки кредит за инвестиции на ...
Добивај вести на Viber Најголемите генератори на инфацијата се услугите во целина, смета премиерот Христијан Мицкоски. „Ако ги исклучиме храната процесуирана и останатиот дел производи кои се дел од тој синџит, како зеленчукот и така натаму, ќе видиме дека најголемите генератори на оваа инфрлација се транспортните услуги и генерално услугите во целина. Да речеме ресторанските услуги се зголемени за една година околу 24-25 отсто зголемени. ...
Добивај вести на Viber Оваа влада и владина коалиција освои повеќе од 600 илјади гласови и ќе биде апсолутен победник на изборите, рече премиерот Христијан Мицкоски, прашан за изборите и дали доколку исходот не биде посакуван, ќе има промени во владината коалиција. За кампањата, вели дека очекува да се однесува на проекти, но според него, Демократската унија за интеграција спроведува политики кои ги враќаат граѓаните 25-30 години назад. ...
Добивај вести на Viber Министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека во 150 училишта во кои има едносменска работа немало никакви или големи градежни активности, но и дека оптимизацијата на училиштата е врзана со едносменската настава. „Едносменска настава е врзана со процесот со оптимизација кој е почнат, добро се одвива и понатаму ќе се одвива. Верувам дека најголемиот дел ќе успееме да го завршиме во еден мандат, но верувам ...
Добивај вести на Viber Илија Танчев (52) од Пловдив е лицето што исчезна при нуркање во Охридското Езеро. Во петок тргнал кон Охрид, а на својот профил на „Фејсбук“ претходно објавил фотографија на која се гледа дел од неговата опрема. Во саботата нуркал во Македонија со пријател, локален жител. Кога Танчев не излегол на површина, пријателот го пријавил случајот кај надлежните служби. Во потрагата се вклучени Црвениот крст, Езерската полиција и ...
Добивај вести на Viber Пропаганда пуштена на максимум. Желби еден куп. Барања не помалку. Сите дознаваат, ама не знаат. Се вклучија и букмејкерите. Се’ ова се врти околу темата број еден од 8 август. Денот кога американскиот претседател, Доналд Трамп, ја најави средбата со неговиот руски колега, Владимир Путин на Аљаска, што треба да се одржи во петок, на 15 август. Путин ќе биде првиот руски претседател кој дошол на Аљаска. Инаку, Никита ...
Добивај вести на Viber УНИБанка АД Скопје ќе изврши четврта емисија на перпетуални обврзници по пат на приватна понуда, по добиеното одобрување од Комисијата за хартии од вредност на Република С. Македонија. Ќе бидат издадени 5.000 перпетуални обврзници со поединечна номинална вредност од 1.000 евра и вкупна номинална вредност од 5.000.000 евра. Обврзниците ќе имаат фиксна каматна стапка 6% на годишно ниво, а која ќе се исплаќа полугодишно на ...
Добивај вести на Viber Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната комисија за жалби по јавни набавки. Владата на Република Северна Македонија одлучи сите службени возила да бидат опремени со регистарски таблички со посебна боја, најверојатно црвена, до 15 септември 2025 година, со цел да се зголеми ...
Добивај вести на Viber СДСМ и Левица реагираат дека од 74 кандиат за нови офицери во Министерствоито за одбрана примени се само 29 имиња за да се остави, како што велат од таму, простор за нови партиски подобни кадри. Граѓаните треба да бидат свесни дека пораката на ВМРО-ДПМНЕ е јасна: нема место во оваа држава за чесните, работливи, оние кои вложувале во себе и својот развој. Единствениот пат до успехот е или преку партијата или преку ...
Добивај вести на Viber Орце Ѓорѓиевски во денешното интервју за МИА вели дека прво што би направил е „генералка“ на градот доколку победи како градоначалник на Скопје на локалните избори. - Значи не би рекол дека е проект, но прво што недостасува на нашиот град е да направиме една голема генералка, да се исчисти градот затоа што состојбата во која што се наоѓаме денес, не ја отсликува реалноста што ја сакаме ние како скопјани, нашата желба, и ...
Добивај вести на Viber Ја информираме јавноста дека нашата фабрика за здрава храна БиоКосмос беше зафатена од катастрофален пожар, како резултат на удар од гром кој опожари околу 80% од објектот – вклучувајќи ги канцелариите, магацините, производната линија и машините. Како компанија, изгубивме речиси сè што материјално сме граделе со години посветена работа. Но, она што не може да изгори е нашата верба, тимски дух и љубовта кон тоа што го ...
Добивај вести на Viber Повеќе од 11 отсто од депортираните од Германија лани биле деца или тинејџери, според владини бројки објавени како одговор на пратеничко прашање од Левичарската партија, јави ДПА. Во 2024 година, властите депортирале 20.084 лица, вклучувајќи 2.316 на возраст меѓу 6 и 18 години. Во првата половина од оваа година, меѓу 11.807 депортирани лица имало 1.345 деца и тинејџери, или 11,4%, покажуваат бројките. Бројот на депортации ...
Добивај вести на Viber Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ги исели бездомниците од главниот град на земјата и ќе ги стави криминалците во затвор, дури и кога градоначалникот на Вашингтон рече дека во моментов нема пораст на криминалот во главниот град. „Бездомниците мора да се иселат, СЕГА. Ќе ви дадеме места за престој, но ДАЛЕКУ од главниот град. Криминалци, не смеете да се иселите. Ќе ве ставиме во затвор таму каде што ви ...
Добивај вести на Viber Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во ...
Добивај вести на Viber ГД „Гранит“ АД Скопје информира дека од денеска започнува со градежни активности кои се однесуваат на Рехабилитација на државен пат А2, обиколница Крива Паланка, поради што се воведува времен режим на сообраќај. Како што соопштуваат од градежната компанија, согласно издадено Одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Министрество за транспорт со број 11–уп–4755/2 од 01 Aвгуст 2025 година, времениот режим ќе се ...
Добивај вести на Viber Народната банка предлага граѓаните да добијат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до 2.000 денари по трансакција. Според гувернерот Трајко Славески, целта е да се обезбеди достапност до готовина за сите граѓани, без разлика на тоа во која банка имаат сметка. Мерката би требало да стапи во сила на почетокот на 2026 година. -Готовината и понатаму ќе ја користи мнозинството ...
Добивај вести на Viber Ние кои тука живееме, за многу работи околу нас сме премногу рамнодушни, не ги посетуваме, не се грижиме доволно за нив. Еве да го земеме на пример Скопје, во сразмер од помалку од еден километар го имаме скопското кале, тврдина од среден век, иконостасот на црквата „Св. Спас“ еден од најубавите на балканот, турската чаршија, камениот мост, мегаломаскиот споменик и фонтана воин на коњ, меморијалната спомен куќа на Мајка ...
Добивај вести на Viber Асмедин Јахоски, директорот кој го води фамилијарниот бизнис на Пуцко Петроол, од минатата недела е управител и на компанијата Пацифик Петролеум на Ерџан Сулкоски од Кичево.. Ова значи дека семејството Јахоски, како сопственици на третиот најголем нафтен бизнис во земјата, повеќе не го ни кријат партнерството со Сулкоски. Јахоски е именуван и за одговорно лице за складот за трговија на големо со горива во Ижиште, Македнски ...
Добивај вести на Viber Во нашата земја е речиси невозможно семејство да живее само со една плата, но консултиравме и луѓе од различни земји, со цел да ни објаснат дали е можно кај нив семејство да опстане со една плата. Нашите соговорници велат дека и во нивните држави, со една плата семејството не може да ги задоволи сите потреби, затоа што трошоците за живот се високи. „Тоа не е можно. Платата треба да биде многу висока ако сакате да живеете ...
Добивај вести на Viber Интернационалниот патувачки пар Сара и Рaјан, познати по нивниот Инстаграм профил „Accrose very Border“, објавија инспиративно видео од нивната посета на Охрид, претставувајќи го како една од највредните, но сè уште недоволно откриени туристички дестинации во Европа. Во воведот од видеото, двојката прашува: „Сте слушнале за Езерото Комо, но дали сте слушнале за неговиот близок роднина?“ – отворајќи ја нивната визуелна ...
Добивај вести на Viber Аналитичарите во Институтот за проучување на војната (ISW) предупредуваат дека целосното повлекување на украинските трупи од регионот Донецк, како дел од евентуален договор со Русија, би ѝ дало на Москва огромна стратешка предност. Русите на тој начин би ја презеле контролата врз таканаречениот „појас на утврдувања“, клучна одбранбена линија воспоставена од 2014 година, и би обезбедиле поповолни позиции за идните офанзиви ...
Добивај вести на Viber Кога патот ќе ве однесе кон Охрид, задолжително треба да го посетите ова место. Се наоѓа покрај патот Кичево – Охрид. За некои чуда на природата не може да се зборува, затоа што треба да се доживеат со очи. Не се експонирани во јавноста, тие се таму – скриени, мирни, длабоки. Такво е и селото Извор, сметен во областа Копачка во Кичево, таму каде што реката Треска тивко го започнува својот тек. Се буди Треска, се буди ...
Добивај вести на Viber Некаде помеѓу гламурозниот Миконос и живописниот Санторини се наоѓа Сифнос - мирен, ненаметлив и шармантен, токму онаква слика за Грција што ја имате во главата пред да биде преплавена со Инстаграм филтри. Во југозападниот дел од Кикладите, искапен во Егејското Море, овој остров е доволно блиску до Атина што не ви требаат повеќе од неколку часа со ферибот, но доволно далеку што туристите што бараат само дестинации „што ...
Добивај вести на Viber Оваа година на границите доаѓаат нови правила при влегување во земјите од Европската Унија, а од 2026 година патувањето ќе чини дополнително. Според најновите информации објавени од Европската комисија (ЕК), ETIAS ќе биде во сила од последниот квартал на 2026 година, а објавено е дека потребниот формулар ќе чини 20, наместо претходно најавените 7 евра. Еве што треба да знаете за новите правила: Што е ETIAS и за што ...
Добивај вести на Viber Четири пациенти со тешки телесни повреди беа примени денеска на хируршките клиники во Скопје по по вооружена пресметка на улиците во Тетово. Како што соопшти Министерството за здравство на КАРИЛ е примен 32-годишен пациент со прострелна рана во предел на граден кош, тешка телесна повреда. На Детска хирургија е примено 12-годишно дете со прострелна рана во предел на десна натколеница. На Торакална хирургија е примен ...
Добивај вести на Viber Како што објави хрватското Министерство за внатрешни работи, системот е технички подготвен и ќе почне да се применува на сите меѓународни гранични премини со трети земји. Ова значи дека од 12 октомври, сите патници што патот го планираат преку оваа земја за да влезат во ЕУ, ќе поминат низ нова постапка. Хрватското Министерство за внатрешни работи предупредува дека се можни толпи - особено за време на туристичката сезона - ...
Добивај вести на Viber Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка во Инфективното одделение во Општата болница во Тетово. -Јавноста ќе биде навремено известена по завршувањето на постапката за утврдување на фактичката состојба. Министерството за здравство останува посветено на транспарентноста, одговорноста и обезбедување на ...
Добивај вести на Viber Минитерството за внатрешни работи информира дека за пожарот било пријавено во 11:22 часот, во СВР Охрид и езерската полиција. -Повредени лица нема, а во гасењето на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид и езерската полиција. Од преземените мерки е констатирано дека глисерот бил регистриран и бил во сопственост на З.Д.(64) од Тетово, соопшти МВР. Поради предизвикани оштетувања на коритото, ...
Добивај вести на Viber Швајцарската премиерка Карин Келер-Сутер објави дека на швајцарските компании ќе им биде дозволено да користат скратено работно време до 24 месеци како дел од мерките за заштита на домашната економија по спроведувањето на дополнителни американски царини од 39 проценти. Барањата треба да се обработуваат брзо и без премногу бирократија, објавува Шпигел. На 7 август 2025 година, Федералниот совет ја прифати примената на ...