
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Српската пејачка Драгана Мирковиќ во бракот со бизнисменот Тони Бијелиќ доби две деца, Марко и Мануела, кои иако нивната мајка е позната личност, не сакаат претерано да се експонираат во медиумите. Додека Марко има отклучен профил на Инстаграм, неговата помлада сестра живее живот во целосна тајност, дозволувајќи само околу стотина луѓе да ја следат, а што објавува на социјалните мрежи гледаме само кога нејзината мајка ќе го сподели тоа на својот ...
Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Цензори беа забележани во Токио по големата вест за нивниот претстоен развод кој наводно го поднел раперот, пренесува Дејли меил. Парот заедно влегоа во трговски центар во Токио и изгледаа многу среќни. Бјанка ги држеше рацете на лицето на Канје и широко се насмевна додека парот одеше по ескалаторот, а потоа го фати за рака. Девојката беше невообичаено облечена – таа во тесен бел топ без градник, хеланки и ...
Непријатна сцена се случила во поширокиот круг на семејството Ражнатовиќ кога била ограбена кумата на Анастасија. Кумата Дарија Милутиновиќ, која ѝ е сестра на актерката Тара Милутиновиќ, била жртва на разбојници во центарот на Белград. Сите документи ѝ биле украдени, па била принудена да се огласи на социјалните мрежи. – Вечерва ме ограбија на аголот од улиците Цара Душан и Тадеус Кошчушка – стои во соопштението и продолжува: – Доколку некој ...
Ќерката на пејачот Харис Џиновиќ и дизајнерката Мелина, Џина Џиновиќ, и по разводот на родителите ужива во животот, а освен што патува, сака да посетува и теретана. На нејзините социјални мрежи можеме да видиме многу видеа од нејзините тренинзи, а нејзината витка и извајана линија им паѓа на сите в очи. „Ме уби човекот“, напишала Џина на видеото кое го објави на Инстаграм, алудирајќи на тренерот и покажувајќи ги опасните стомачни мускули. Таа ...
Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се огласи по лајвот со Јелена Карлеуша и откри сѐ за аферата во која била вмешана Лепа Лукиќ. Имено, Јелена изјави дека слушнала дека Бака Прасе е добар во кревет, а таа информација ја слушнала од нејзината постара колешка Лепа Лукиќ. Сега јутјуберот во ново вклучување ја разјасни работата поврзана со Лепа Лукиќ. – Се колнам, немав ништо со Лепа Лукиќ. Слушнав за Лепа Лукиќ, но не знаев како ...
Маж од Србобран е прогласен за виновен во Вишиот суд во Белград за прогонување на познатата српска пејачка Наташа Беквалац и наложено му е психијатриско лекување по ослободувањето, пренесуваат српските медиуми. Обвинителството првично ја предложи мерката задолжително лекување и чување во здравствена установа, но по дополнувањето на вештачењето со кое се препорачува лекување на слобода, обвинителството го смени предлогот за изрекување на оваа ...
Се уште се зборува за разводот на Сандра и Милан Калиниќ, а на површина излегуваат помалку познати детали. Како што пишуваа српските медиуми, двајцата решиле да се разделат со заедничка согласност по осумнаесет години брак и да тргнат по својот пат. Како што српскиот портал Пинк успеа да дознае од близок извор, Милан слушнал дека Сандра била во тајна врска со познат белградски угостител, чие име и презиме се познати на редакцијата на српски ...
По гостување во емисија во живо, Јелена не престанува да ги споделува реакциите на луѓето на социјалните мрежи, меѓу кои и синоќа објави една во која го „боцна“ поранешниот сопруг Душко Тошиќ. Имено, Јелена објави, на сите добро позната, снимка од човек од Кнез Михајлова, како игра и вика „Џенифер Лопез“. Пејачката токму со оваа снимка го прозва поранешниот сопруг, Душко Тошиќ со написот: „Рашо, вие се однесувате како моите бивши мажи“, напиша ...
Сиси Хјустон беше црковна од рана возраст. Таа се проби во популарната музика во 1960-тите. Има издадено неколку албуми, меѓу кои Presenting Cissy Houston, диско албумот Think It Over, како и наградуваните албуми Face to Face и He Leadeth Me. Двократната добитничка на Греми наградата и мајка на пејачката и актерка Витни Хјустон, Сиси Хјустон, почина во Њу Џерси на 91-годишна возраст. За ова пишува Асошиетед прес. Изданието пишува дека жената ...
Еден од најскандалозните парови на американскиот шоубизнис – 47-годишниот Канје Вест и 29-годишната Бјанка Цензор се разведуваат. Ова беше објавено од американскиот портал ТМЗ (TMZ) повикувајќи се на голем број негови извори. Упатените велат дека парот раскинал пред неколку недели. Бјанка се вратила кај родителите во Австралија, а раперот го продолжува патувањето во Јапонија. Наводно на својата сопруга ѝ кажал дека планира да живее во Токио и да ...
Компанијата YouGov спроведе истражување и објави нова листа на најпопуларни членови на кралското семејство според јавноста. На списокот се наоѓаат имињата на 21 членови на кралското семејстви. Тие се подредени по популарност: најомилениот член е на врвот на листата, а најмалку саканиот е на дното. Иако повеќе не е жива, покојната кралица Елизабета сè уште е на првото место меѓу кралското семејство со рејтинг на популарност од 77 проценти. Кејт ...
Српската пејачка Светлана Ражнатовиќ, позната како Цеца, е дел од жири-комисијата на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ во последните четири сезони на шоуто. Таа дојде на местото на Јелена Карлеуша и беше вистински предизвик да се надмине нејзината појава бидејќи, според многумина, Карлеуша беше најинтересниот член на жирито и му носеше голема гледаност на „Ѕвездите на Гранд“. Според српските медиуми, Цеца потпишала договор со ...
Хрватската пејачка Северина Вучковиќ (52) е една од најдобро стилизираните жени на регионалната музичка сцена, која неретко вметнува доза провокативност во нејзините модни комбинации. Сепак, сега таа се одлучи за елегантно издание, кое наиде на бројни комплименти на социјалните мрежи. Имено, музичката ѕвезда објави серија фотографии, на кои позира во светлосин фустан со изразена бела јака и ситни цвеќиња како дезен. Станува збор за модно парче ...
Дарко Лазиќ до доцна во ноќта го славеше раѓањето на својата ќерка. Катарина Лазиќ, сопругата на пејачот, се породи вчера и на свет донесе девојче на кое ѝ го дадоа името Срна. Срна е трето дете на Дарко, а нејзиното раѓање го прослави онака како што сите очекуваа – со добра музика. Како што обично се случува, на лудата забава дојдоа и трубачи кои Лазиќ ги опсипал со пари. Покрај тоа, пејачот испеа и една од песните и ѝ ја посвети на својата ...
Босна и Херцеговина беше погодена од катастрофални поплави и лизгање на земјиштето во кои животот го изгубија речиси 20 лица. Многу познати личности од регионот ја изразија солидарноста, а пејачката Лепа Брена сега се огласи на својот инстаграм-профил каде сподели потресен цитат и апелираше до луѓето да им помогнат на загрозените како и на оние чии најблиски се убиени. – Не ми е жал, синко, за земјата, ниту за куќата… Жал ми е синко, што немам ...
На мрежите се крена голема помпа откако синоќа, на 6 октомври, во емисијата во живо на Бака Прасе гостуваше поп дивата Јелена Карлеуша – поради што сега се огласи и Лепа Лукиќ. Една од работите што привлече големо внимание е тоа што Јелена изјавила дека слушнала дека Бака е добар во кревет, а оваа информација ја слушнала од постара колешка Лепа Лукиќ. По тој повод се огласи Лепа и најави тужба. – Ве молам немојте, дали треба да ја коментирам таа ...
Џенис Смолс Комбс (84), мајката на Пи Диди се изјасни против јавниот линч на нејзиниот син, пишува Us Weekly. Имено, мајката на Диди преку нејзиниот адвокат Натли Џи Фигерс објави изјава за медиумите „како мајка која е уништена и длабоко тажна“. Таа рече: „Сведочењето на она што изгледа како јавен линч на мојот син пред тој да има шанса да ја докаже својата невиност е болка што не може да се искаже со зборови“. Мајката на раперот признала дека ...
Водителот и актер Тарик Филиповиќ ја покажа својата романтична страна и тоа по повод роденденот на сопругата Лејла. Тарик на својот инстаграм-профил ѝ испрати емотивна роденденска честитка на сопругата Лејла Филиповиќ. Имено, тој во описот на видеото, кој самиот го составил, напишал долго ветуваната песна со која ѝ изразил љубов и благодарност кон Лејла. „За роденденот на Лејла… Одамна ѝ ветив песна“, напишал Тарик. „Одамна ѝ ветив песна, Но ...
Сопругата на српскиот актер Милош Биковиќ, Ивана Малиќ, на почетокот на годината роди син на кого му дадоа име Василије, па оттогаш секојдневно уживаат во родителството. Ивана од неодамна е поактивна на својот инстаграм-профил, а сега објави видео од семејниот дом и покажа како се справува со улогата на домаќинка. Имено, таа ја поставила камерата така што била свртена со грб, а она што на сите им паднало во очи е тоа што Ивана ручекот го ...
Покојната српска поп пејачка Ксенија Пајчин во едно дамнешно интервју открила дека сега озлогласениот и уапсен музички магнат Шон Диди Комбс ја канел на прочуените блудни т. н. „бели забави“. На социјалните мрежи се појави видео во кое Ксенија зборува за овие повици и ги открива причините зошто никогаш не отишла на забавите на познатиот рапер, каде се случувале бројни развратни дела и злосторства. „Не отидов ниту на една забава на Пи Диди, јас ...
Помладиот брат на Мадона почина на 63-годишна возраст, пренесува The Sun. Тажната вест ја потврди и неговиот публицист. Како што пренесуваат некои странски медиуми, причина за смртта е тумор, но овие наводи се уште не се потврдени. Поп-иконата имаше комплициран однос со нејзиниот брат, а тој стана особено затегнат откако Кристофер објави мемоари во кои откри незгодни детали од семејниот живот „Живот со сестра ми Мадона“ во 2008 година. Веста за ...
Катарина Лазиќ, сопругата на пејачот Дарко Лазиќ, денеска роди девојче, на кое и го дадоа името Срна. На Дарко ова му е трето дете, а неговата прва сопруга Ана Севиќ во разговор за српски Информер изјавила дека е многу среќна што нивната Лорена добила полусестра, а се чувствува како да станала тетка. – Навистина сум многу среќна, срцето ми е толку полно, како навистина да станав тетка. Пред малку се допишував и со сестрите на Каќа, им честитав, ...
Многу ВИП личности беа забележани на скандалозните бели „фрик забави“ на Пи Диди. Сепак, дури и да се биде на списокот на гости не значи дека некое лице се сомневало што се случува зад кулисите. Популарниот американски музичар и продуцент Шон Комбс, попознат под псевдонимот Пи Диди (Паф Диди), беше обвинет за рекетирање, трговија со луѓе, насилство и вмешаност во проституција. Раперот се прослави и по т.н. „бели забави“ со учество на холивудски ...
Српската водителка Марија Килибарда и нејзиниот партнер Бранислав Бане Вучелиќ го добија своето прво заедничко дете, ќерката на која ѝ го дадоа името Сања. Убавата водителка првпат стана мајка на 45 години. Како што претходно објавија дел од српските медиуми, Марија ја донела одлуката да се породи во приватна клиника во Белград. Пораѓањето поминало во најдобар ред. – Сеопфатниот пакет што го избраа идните родители ќе чини нешто помалку од 5.000 ...
Страшни поплави ги погодија јужните делови на Босна и Херцеговина во ноќта меѓу четвртокот и петокот. Оваа природна непогода однесе многу животи и предизвикаа големи материјални штети особено во градот Јабланица. Јавноста е шокирана од катастрофата што ги снајде луѓето во Босна и Херцеговина, а една од познатите личности која проговори за целата ситуација е пејачката Јелена Карлеуша. Имено, таа сподели фотографија од поплавите, на која се гледа ...
Како што објавија српските медиуми, водителот и актер Милан Калиниќ и неговата сопруга Сандра решиле да стават точка на бракот на почетокот на годината, по 18 години заеднички живот, кога сфатиле дека за нив и за нивните деца е најдобро што секој да тргне по својот пат. Тие, наводно, многу брзо се договориле спогодбено да се разведат и да го поделат брачниот имот, за сè да помине што побрзо и побезболно, пред сè, заради доброто на нивните две ...
Пејачката Јелена Карлеуша се најде во центарот на вниманието поради старата фотографија со раперот Пи Диди, кој неодамна беше уапсен под тешки обвиненија за силување и трговија со луѓе. Ви ги откриваме сите детали за нивната средба и како сликата стана вирална на социјалните мрежи. Пејачката Јелена Карлеуша неодамна се најде во центарот на вниманието поради старите фотографии на кои позира со озлогласениот рапер Пи Диди, кој е обвинет за ...
Пејачката Вики Миљковиќ и Драган Ташковиќ Ташке со години се во хармоничен брак, а во 2007 година станаа горди родители на синот Андреј. Нивниот наследник вчера го прослави својот 17 роденден, а по тој повод Вики се огласи на Инстаграм и испрати емотивна порака до својот син. „Среќен роденден, синко. Те сакаат мама и тато“, напиша Вики со фотографија со синот. Инаку, Андреј професионално тренира тенис и е многу посветен на спортот, на што ...
Пејачот Дарко Лазиќ зад себе има бурно минато, а минатата година конечно си најде спокојство покрај својата избраничка Катарина Лазиќ со која доби дете. Дарко и во минатото имал долгови, а меѓу оние на кои им должел била и пејачката Зорица Марковиќ, која поради пријателство му ги простила долговите. Пари позајмил и од еден менаџер, со кој и денес работи, а долгот му го враќа на рати. Лазиќ откри дека сè уште ги враќа долговите, и дека тие дури ...
Двајцата склопија одлично пријателство кога беа на врвот, но најновите скандали на раперот го натераа тркачот да ги избрише сите слики со него. “Out of all his guests, I was sitting next to him” – When Lewis Hamilton raved about P Diddy inviting him to his party https://t.co/xQc94wUDeu — Sport Tweets (@TweetsOfSportUK) October 3, 2024 Дури и спортскиот свет е поврзан со случајот Диди. Славата привлекува слава, а контактите се множат. Сè што се ...