Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Во пролетта 1970 година, тогаш 27-годишната Катрин Денев и 49-годишниот Марчело Мастројани се сретнале на снимањето на филмот „It Only Happens to Others“, а токму тогаш започнала нивната љубовна приказна – една од најинтригантните во европската јавност во минатиот век. Во моментот кога се запознале и двајцата биле во брак, а истовремено имале и вонбрачни врски, поради што нивните животи дополнително се искомплицирале. Мастројани бил еден од ...
Ана Бекута се огласи преку својот инстаграм-профил откако лажно рекламно видео направено со помош на вештачка интелигенција, во кое наводно се појавува таа, се прошири низ интернет. Бекута, која откри дека се повлекува од социјалните мрежи, јавно ги предупреди своите следбеници дека станува збор за измама и апелираше до граѓаните да бидат внимателни, бидејќи таа нема никаква врска со производите што се рекламираат. „На интернет циркулира ...
Фолк пејачката Дара Бубамара (49) е една од главните теми во последно време откако нејзината приватна гласовна порака беше објавена во јавноста во која таа опишува ноќ помината со мистериозен маж 20 години помлад од неа. Социјалните медиуми беа преплавени со таа гласовна порака со денови, а меѓу следбениците се разви контроверзност околу тоа кој би можел да биде 29-годишната девојка со која пејачот наводно поминувал време „од 4 до 7 и пол“. ...
Познатата водителка Сузана Манчиќ уште еднаш докажа дека нејзиниот шарм оди рака под рака со цврстиот карактер. Таа неодамна сподели детали од првата средба со својот зет, бригадниот генерал Мирослав Талијан (56), кој се ожени со нејзината постара ќерка Теодора Куниќ. Иако зетот на Сузана е генерал на специјалните единици на Војската на Србија и човек со челична дисциплина, водителката откри дека при првата средба тој почувствувал одредена ...
Принцот и принцезата од Велс беа домаќини на настанот што се одржа на 8 мај во име на кралот Чарлс, а изборот на модни додатоци на принцезата веднаш го привлече вниманието на јавноста и медиумите. Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, уште еднаш го покажа својот префинет стил и длабоката почит кон кралската традиција на забавата во Бакингемската палата. Посебен акцент стави на изборот на накит со големо историско и емотивно значење, суптилно ...
По подолг период на отсуство поради сериозни здравствени проблеми, легендарната пејачка Зорица Брунцлик им се врати на своите работни обврски посреќна и посилна од кога било. Таа за првпат отворено проговори за тешките денови поминати во болница и за големата операција која, како што самата вели, ја извлекла „од рацете на смртта“. Битката со воспалението на дебелото црево (дивертикулоза) била исклучително критична. Зорица признава дека на ...
Интересно е што, и покрај името, пилешкото на тоскански начин не е традиционално јадење од италијанската покраина Тоскана. Ако прашате Италијанец за овој рецепт, веројатно ќе добиете збунет поглед. Станува збор за италијанско-американски класик чија популарност во голема мера ја поттикна американскиот ресторанскаи синџир Olive Garden со своето јадење „Tuscan Garlic Chicken“. Но, без оглед на нејасното потекло, рецептот стана светски хит со ...
Дека вистинските пријателства можат да го издржат тестот на времето и конкуренцијата, најдобар доказ се поп-фолк иконите Галена и Преслава. Нивното неодамнешно појавување во јавноста потврди дека помирувањето не е само маркетиншки трик за фановите, туку искрено враќање на блискоста која ја градеа повеќе од две децении. Приказната за Галена и Преслава започнува пред повеќе од 20 години, кога како млади девојки заедно го сонувале патот до ...
Викторија Спенџарска, попозната на социјалните мрежи како Веган Вики, сподели моменти од семејната атмосфера во природа, покажувајќи дека љубовта и заедништвото можат да создадат едно големо и хармонично семејство. Инфлуенсерката од Берово, која е сестра на водителката Јелена Спенџарска и мајка на две ќерки – Љубљана и Емона, објави фотографии од пикник во природа со својот свршеник, своите деца и неговите две деца. „За сите неверојатни ...
Марија Ивановска и Бојан Трајковски од „Ај кју“ наскоро ќе се остварат во улогата на родители. Среќната вест ја објавија на социјалните мрежи, каде што споделија креативно и хумористично видео со кое открија дека го очекуваат своето прво дете. Музичкиот пар, кој со години е заедно и кој во 2018 година ја претставуваше Македонија на Евровизија, уште еднаш ги воодушеви своите следбеници, но овојпат со приватна и емотивна новост. Во видеото ...
Адријана Кадар, снаата на пејачката Теодора Џехверовиќ, повторно привлече внимание на социјалните мрежи со фотографии од Бали. Таа позираше покрај луксузен базен сместен среде џунгла, носејќи минијатурно шарено бикини, со кое ја истакна својата извајана фигура. Мократа коса, исончаниот тен и заводливата поза дополнително ја нагласиле егзотичната атмосфера, а во преден план биле нејзината витка линија и затегнатите стомачни мускули. ...
Младата пејачка Ана Бертиќ ја воодушеви јавноста во 2023 година во натпреварот „Superstar“, кога имаше само 15 години. Неодамна привлече големо внимание со појавувањето на концертот на Јаков Јозиновиќ во Белград, со кого се натпреварувала уште како дете. Ана веќе активно настапува по клубови, но не го запоставува училиштето. Оваа година завршува средно образование, а пред неколку месеци откри како ги усогласува учењето и настапите. „Клучот ...
Лу Дедиќ, ќерката на Матија Дедиќ и внука на Арсен Дедиќ, во 2024 година учествуваше на Dora и се обиде да отпатува на Евровизија со песната „Плави лептир“. „Инаку сум прилично енергична личност и сакам динамичен живот, едноставно немам мир, па затоа прифатив да учествувам, но и поради предизвикот и стекнувањето ново искуство“, објаснил таа. Оваа 24-годишна девојка јавно зборуваше и за животот со дијабетес тип 1, нагласувајќи дека постојат ...
Пејачката Марија Шерифовиќ искрено зборуваше за успехот на својот помлад колега Јаков Јозиновиќ i тврди дека речиси никој на регионалната сцена не се радува на тоа. Таа вели дека може да гарантира дека особено на постарите колеги не им се допаѓа што тој станал ѕвезда преку ноќ. – Ова ќе трае кога е во прашање за него. Само нека не ме разбере некој погрешно, затоа – прво и најважно: со мојата крв тврдам дека нема ниту еден човек од балканската ...
Овен Оваа недела ти носи силен налет на енергија и желба да завршиш работи што долго стојат во место. Ќе бидеш поодлучен/а од вообичаено, но важно е да не брзаш со одлуки, особено во работни ситуации. Во љубовта може да дојде до мала искра на несогласување ако не ја слушаш доволно другата страна. Финансиски — стабилизација, но без ризични потези. Бик Фокусот ти се префрла на практични работи, пари и сигурност. Можно е да добиеш понуда или ...
Саша Ковачевиќ на синоќешниот настап во Црвенка, за време на говорот што го држел пред публиката се лизнал и паднал од бината. „Овој прекрасен град може да понуди…“ – рекол Ковачевиќ, а потоа паднал. Благодарение на брзата реакција на член од обезбедувањето и снимателот кој бил веднаш до бината, Ковачевиќ брзо се вратил на сцената. Публиката почнала да вреска, а тој повторно брзо им се обратил: „Внимавајте, може да понуди, а можам и јас да се ...
Пејачката Зорица Брунцлик се избори со тешката болест поради која помина неколку недели во болница, кога нејзиниот живот како што вели „висел на конец“. Сега, таа детално зборуваше за својата дијагноза и раскажа како случајно дознала за болеста. – Нема болка во ова, како дознав јас? Имам остеопороза и двапати годишно правам комплетна анализа на калциумот и на едниот и на другиот и на сите други, бидејќи е половина година, ајде, ќе ги направам ...
Иако поминаа повеќе децении откога Мерилин Монро беше пронајдена мртва во нејзиниот стан, јавноста сè уште е фасцинирана од сè што остави зад себе холивудската икона. Тоа го потврдува и новата аукција која наскоро ќе прикаже предмети што го откриваат нејзиниот скриен свет, пренесува „Ројтерс“. Предметите вклучуваат облека од гардеробата на актерката, накит, писма, рачно напишани белешки, слики и поезија. Меѓу највпечатливите предмети што ќе ...
Српскиот рапер МЦ Стојан има вила вредна 200.000 евра на Кипар, а неколку куќи ги гради на парцела до неговата во Космај. Имено, тој започнал сериозен бизнис, изградил куќи што ги издава под кирија, а бидејќи планира да се прошири, има намера да ги уреди за да може да заработува уште повеќе. Сè досега му се исплатило, а освен работата, раперот ретко престојува во Белград, а очигледно многу повеќе го сака мирот на планина. Патем, тимот на ...
Пејачката Милица Тодоровиќ се породи на почетокот на февруари оваа година и го роди својот син Богдан, кој сега е центарот на нејзиниот живот. Милица сега се огласи со емотивна објава на социјалните мрежи, посветена на својот син. – За моето дете. Најубавиот ден во мојот живот беше првиот ден од твојот живот. Со љубов мама – сподели таа во објавата на Инстаграм. Пејачката Милица Тодоровиќ се породи на почетокот на февруари оваа година и го ...
Уна Чолиќ, ќерка на Здравко Чолиќ, ужива во многу опуштен начин на живот. Таа е многу активна на својот инстаграм-профил и често споделува моменти од своето секојдневие, а нејзината последна објава предизвика многу реакции. Она што привлече најголемо внимание во нејзиното најново издание беше нејзиниот гламурозен стил, а пред сè високите цени на избраните модни парчиња. За оваа пригода, Уна се одлучи за фустан со длабоко деколте потпишан од ...
Тања Бошковиќ призна дека во младоста била прилично темпераментна, па дури и дека жали за некои свои постапки. Глумицата истакна дека знаела да биде груба кон луѓето со кои соработувала, но денес, како што вели, чувствува срам поради тоа. „Вистина е дека низ ходниците на театарот ги бркав и ги тепав балерините, бидејќи не сакаа да вежбаат онолку колку што јас мислев дека треба. И ден-денес ми е срам. Многу ми е срам. Тоа воопшто не е ...
Атрактивната водителка Ева Мурати се најде во центарот на вниманието поради мала незгода што ѝ се случи за време на пренос во живо, а видеото брзо се прошири и стана вирално. За време на емитување на фудбалски натпревар, Ева седеше во студиото облечена во краток црно-бел фустан. Во еден момент, додека лежерно ја помести ногата, ѝ се излизга високата потпетица и накратко остана без чевел. Eva Murati, UEFA Champions League yayını sırasında ...
Пејачката Нада Топчагиќ повторно привлече внимание со својата непосредност и смисла за хумор, овојпат на прославата на полнолетството на Ребека, ќерката на хармоникашот Мирко Кодиќ. Нада пристигнала во младешко издание, со качкет украсен со циркони, а веднаш по доаѓањето се поздравила со домаќинот Мирко Кодиќ. Насмеана и во одлично расположение, таа во текот на целата вечер наздравувала со чашка ракија и ги забавувала присутните. „Цел ден бев ...
Партнерката на актерот Лазар Ристовски, Аница Лазиќ, повторно ги вжешти социјалните мрежи со објава посветена на машко-женските односи. Иако нивната врска често е тема во јавноста поради големата разлика во години, Аница и Лазар веќе подолго време уживаат во хармонична љубовна врска и не обрнуваат внимание на предрасудите и коментарите. Аница на Инстаграм сподели порака во која се вели: „Бог ја создал жената така што сè што ќе прими, го ...
Туба Бјукјустун, ѕвездата на серијата „Аси“, од регионална ТВ миленичка изгради успешна меѓународна кариера со забележителни улоги и живот под постојан интерес на јавноста. Туба е едно од најпрепознатливите лица на турските серии што ја освоија публиката во регионот. Токму серијата „Аси“ ја лансираше меѓу омилените актерки на овие простори. „Секој лик што го играм носи дел од мене, но никогаш не сум само тој лик.“, рече во една прилика Туба. ...
Сопственикот на „Пинк“, Жељко Митровиќ, ѝ го честиташе роденденот на својата поранешна сопруга Соња Митровиќ – Хани, со која ја има ќерката Сандра. Жељко ѝ се обрати јавно со емотивни зборови и порака за роденден. „Денес е роденден на мојата поранешна сопруга Соња! Драга моја Соња, среќен роденден и да бидеш здрава и весела уште барем 240 години! Ти си секако еден од најважните луѓе во мојот живот! Дури и кога ти го искомплицирав животот, ти ...
Антонио Бандерас и Мелани Грифит со години важат за еден од ретките холивудски поранешни парови кои и по разделбата успеале да задржат топол и пријателски однос. На фотографијата што ја објави Бандерас (65), позира со поранешната сопруга Мелани Грифит (68), нивната 29-годишна ќерка Стела и нејзиниот сопруг Алекс Грушински. Сите насмеани седат прегрнати на софа за време на дружење во Лос Анџелес. „Убав и забавен момент вчера во Лос Анџелес со ...
Евровизија 2026 ќе се одржи на 12, 14 и 16 мај во Виена. Четири дена пред првото полуфинале, организаторите се огласија и донесоа нова одлука. Како што соопшти организацијата, оваа година е забрането внесување знамиња во арената каде што се одржува Евровизија 2026. Локалните власти наложиле сите знамиња што ќе се внесуваат во просторот на настанот, вклучувајќи го и медиумскиот центар, да мора да бидат „незапаливи“. Дозволени се само знамиња ...
Само една недела пред настапот на Евровизија, хрватската група „Лелек“ се соочи со непријатни вести. Јудита Шторга, една од членките, има здравствени проблеми откако добила стрептококна инфекција, поради која привремено останала без глас. Јудита пред два дена се огласи на Тикток, каде објави видео во кое ги изговара стиховите од песната „Andromeda“, додека во рацете држи кутии со лекови. „Евровизија е за една недела, а јас сум без глас“, ...