Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Пејачката Мина Костиќ неодамна јавно проговори за својот љубовен живот, искрено споделувајќи со публиката детали кои ја одбележале нејзината младост, но и некои тешки искуства со поранешни партнери. Присетувајќи се на својата младост, пејачката откри дека на 17 години била интимна со нејзиниот сосед. Сепак, нејзината прва голема љубов била нејзиниот школски другар, во кого била „смртно вљубена“ уште од прво одделение, а чувствата ја следеле ...
Иако со години имаа турбулентен однос, Анабела Атијас и Гаги Ѓогани денес отворено зборуваат за тешките моменти низ кои поминале по разводот, но и за помирувањето што следувало години подоцна. Во заедничко интервју, Анабела се присети на периодот кога нивниот развод стана јавна тема и како тоа се одразило врз нивните деца. „Во моментот кога сè излезе во медиумите, во училиштето започна вистински пекол. Нина тогаш беше многу мала и не се ...
Покрај најавата за нејзиниот нов музички проект, албумот „Своја на свом“, легендарната пејачка Неда Украден во емисијата „SHOWtime“ на Happy FM, се присети на своите почетоци и детството, а отворено зборуваше и за она што денес ѝ е најважно – нејзиното семејство. Иако летово ќе наполни 76 години, Неда и понатаму одржува темпо што би исцрпило и многу помлади колеги. Не само што постојано ги полни концертните сали, туку е позната и по тоа што ...
Српската пејачка Милица Тодоровиќ отворено проговори за периодот кога се соочувала со психички предизвици и откри дека во тие моменти побарала совет и од најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ. Тодоровиќ раскажала дека отсекогаш ја интересирале темите поврзани со духовниот развој и внатрешниот мир, а токму за тоа во повеќе наврати разговарала и со Ѓоковиќ. „Мене отсекогаш ме интересираше духовниот развој. Се прашував зошто се случуваат ...
Украинската манекенка и актерка Тетјана Верјовкина повторно го привлече вниманието на фотографите и медиумите за време на 79. издание на Канскиот филмски фестивал, одржан на француската ривиера. Верјовкина се појави на неколку општествени и модни настани поврзани со фестивалот, каде што привлече внимание со елегантни модни изданија и појавувања пред светските медиуми. Родена во Украина, Тетјана Верјовкина својата кариера ја започнала во ...
Соседите на Лепа Брена со години имаат само пофални зборови за пејачката, а една случка особено ја изненадила јавноста – кога таа и нејзиниот син Виктор излегле со нож за да им помогнат. Како што пренесуваат регионалните медиуми, соседите на семејството Живојиновиќ од белградската населба Бежаниска коса велат дека Брена е секогаш подготвена да помогне и дека со луѓето од соседството има пријателски однос. Една соседка раскажала дека пејачката ...
Турската телевизиска индустрија подготвува уште еден историски спектакл што веќе со самата најава крена прашина. Серијата е најавена како наслов што ќе ја одбележи сезоната, но и ќе ја потврди доминацијата на турските историски сапуници на домашните и регионалните екрани. Станува збор за серијата „Aşk ve Taht“ („Љубов и престол“), проект на продукциската куќа Bozdağ Film, кој веќе се најавува како наследник на „Сулејман Величествениот“, со ...
Ријалити учесникот Иван Маринковиќ поднел тужба против Миљана Кулиќ, објави српскиот портал „24седам“. Според информациите на порталот, засега не се откриваат деталите од тужбата, но ова претставува нова епизода во долгогодишниот и бурен однос меѓу двајцата, кој со години е обележан со чести кавги, помирувања и јавни расправии. Таа тврди дека Иван поднел тужба за навреда, наведувајќи дека на овој начин само сака да извади пари од нејзиниот ...
Пејачката Емина Јаховиќ, позната по својата витка фигура и негуван изглед, откри дека за одржување на телесната форма повремено практикува подолги периоди без внес на храна. Таа во повеќе наврати истакнала дека користи методи на контролирано гладување и таканаречена автофагија, со цел „чистење“ на организмот и одржување на тежината, при што понекогаш не внесува храна цели 48 часа. Јаховиќ посочува дека овој режим не ѝ претставува проблем и ...
Македонската поп-пејачка Александра Јанева влезе во најубавото животно поглавје, се оствари во улогата на мајка. Радосната вест ја споделија преку емотивни објави на социјалните мрежи, откривајќи дека во нивното семејство пристигна девојче. Александра и нејзиниот сопруг Иван Ангелов за својата наследничка избраа нежно и едноставно име – Тина. На една од честитките објавени по раѓањето стоеше пораката: „Добредојде најмило бебе Тина“, украсена ...
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и понатаму бележи високи приходи преку својата компанија, а фирмата официјално ја води нејзината сестра Лидија Оцокољиќ, објави српскиот портал „24седам“. Според официјалните податоци од Агенцијата за стопански регистри, компанијата „Цеца мјузик“ во текот на минатата година остварила бруто приход од околу 1,94 милиони евра. Сепак, пријавени биле и значителни трошоци во износ поголем од 1,5 милиони евра, па ...
Анастасија и Немања Гудељ прославуваат две години брак, откако пред матичар го изговориле судбоносното „да“, додека црковната венчавка ја направиле една година претходно – на 14 јули. Брачниот пар тајно се заколнал на вечна љубов во вила на Дедиње, во присуство на најтесното семејство и кумовите. Анастасија за интимната церемонија избрала долга свилена тоалета, а младенците се погрижиле и за уредување на внатрешноста на вилата. Иако сè било ...
По емотивната балада посветена на трагично починтите сопруг и ќерка која ја испеа на „Фолк фест Валандово“, се олгаси пејачката Благица Калева. Таа за песната „Солзи немам“ зема две награди, втора награда за песна и признанието за најдобра интерпретација. Како што објави „Слободен печат“, Калева доживеа страшна семејна трагедија во 2002 година, кога во тешка сообраќајна несреќа на патот кон Скопје ги загуби својот сопруг Костадин Калев – ...
Сопругата на познатиот актер Сергеј Трифуновиќ, Исидора, доживеала незгода поради која во следниот период ќе мора да мирува со рака во гипс. Веста за оваа повреда ја сподели самиот актер на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од нивниот семеен дом која веднаш привлече огромно внимание. На фотографијата се гледа Исидора како седи со сериозен израз на лицето, додека нејзината десна рака e so гипс кој ја покрива дланката и половина од ...
Марко Маринковиќ-Слаткаристика предизвика силни емоции во регионот со својата последна објава на социјалните мрежи. На фотографијата, тој позира во Скопје пред македонските знамиња, облечен во фудбалски дрес на репрезентацијата на Босна и Херцеговина со неговото уметничко име испишано на грбот. Слаткар упати директна поддршка до босанската репрезентација, евоцирајќи спомени од детството, но и набројувајќи ги музичките легенди од БиХ кои ...
Лидија Кочовска, освен со вокалните способности, знае како да го привлече вниманието и со својот префинет стил. Таа сподели слика од нејзината матична куќа, Национална опера и балет каде што во тек е престижната манифестација Мајски оперски вечери. Пејачката се појави во многу елегатно издание на Инстаграм, а сите со воодушевување ѝ коментираа. Лидија за оваа свечена прилика одбра долг, гламурозен фустан во раскошна тегет-сина нијанса со ...
Пејачката Мина Костиќ планира свадба со Мане Чурувија Каспер, а сега е откриено и кој ќе биде кум на нивната свадба. По долго отсуство од медиумската сцена, пејачот Горан Вукошиќ, кој сними дует со Мина „Исти играчи“, се појави на промоција каде што се осврна на тврдењето дека ќе се биде кум на неговата колешка. – Велат дека кумството не се одбива. Знам дека Каспер ми кажа, ќе го кажам отворено, ја имав таа можност кога доаѓаа, а медиумите не ...
Младата и популарна пејачка Џејла Рамовиќ одржа значаен настап во Белград, каде отворено зборуваше пред медиумските екипи за детали од нејзиниот приватен живот, училишните денови, тајните симпатии од минатото… Џејла се осврна на периодот од нејзиното растење и образование, кој го поминала пред камерите. Поминала низ музички натпревари на крајот од основното училиште и во текот на целото средно училиште, поради што, како што признава самата, ...
Пејачката Ксенија Кнежевиќ е бремена и одбројува до породувањето, а нејзиниот татко Ненад Кнежевиќ Кнез откри кој е полот на детето, за што сите се исклучително среќни. – Наскоро ќе станам дедо и многу сум горд на тоа, и многу сум среќен. Некаде кон крајот на август очекуваме обнова, со нетрпение го очекуваме. Еве можам ексклузивно да кажам, таа носи девојче – рекол Кнез. Пејачот додаде дека целото семејство е пресреќно од убавата вест и дека ...
Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе неправосилна пресуда во долгогодишниот спор за старателството над синот на хрватската пејачка Северина Вучковиќ и српскиот претприемач Милан Поповиќ. Нивниот син Александар отсега ќе живее со својата мајка, што го потврди и адвокатката на Северина во тој спор, Јасминка Билош. Северина се огласи по пресудата со краток текст насловен „Благодарам, но не е готово“. „Неизмерна благодарност до сите што ме ...
Младиот хрватски пејач Јаков Јозиновиќ (20) постигна вртоглав успех за многу кратко време. Јаков редовно настапува во регионот, меѓутоа, концертот што требаше да го одржи во Словенија очигледно нема да се одржи. Градоначалникот на општина Раденци, Роман Лељак, во своето гостување во поткаст, изнел тврдења за Јозиновиќ што предизвикаа голем број спротивставени коментари. Како што тврди Лељак, менаџментот на Јаков Јозиновиќ побарал 35.000 евра ...
Откако беше фотографиран на вечера со српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, атрактивниот италијански актер Симоне Сузина се појави и на објавите на една естетска клиника каде, судејќи според фотографиите и видеата, правел корекции на лицето. Според објавите би се рекло дека актерот всушност остварил соработка со оваа клиника, бидејќи пред тоа и го шминкале, а исто така и го снимале. Симоне потоа се појавил на ноќното излегување, а ...
Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ повторно привлече огромно внимание во јавноста, откако беше забележана на вечера со светски познатиот италијански фотомодел и актер Симоне Сузина. Нивното заедничко појавување предизвика голем интерес на социјалните мрежи, а многумина беа изненадени што токму познатиот италијански актер ја поминал вечерта во друштво на една од најголемите балкански музички ѕвезди. За оваа пригода, Цеца избра урбан и ...
Откриено е во кој детски градинки одат децата на боксерот Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана, кои со своите синови Жељко, Крстан и Исаија живеат во Тител, далеку од градската гужва. Семејството донело одлука да го напушти градскиот живот и да се пресели во родното место на Богдана, каде што водат посмирен и поповлечен секојдневен живот. Таму нивните деца растат во поинаква средина, далеку од градскиот метеж. Според информациите, ...
Популарниот актер од Босна и Херцеговина, Тарик Филиповиќ, заедно со својата сопруга, претприемачката Лејла Филиповиќ, го испратија својот син Арман на матурска вечер, што привлече големо внимание на социјалните мрежи. Лејла сподели емотивна објава во која ја опиша вечерта како посебен момент исполнет со гордост и емоции. Таа истакна дека гледањето на своето дете како влегува во ново животно поглавје носи мешавина од радост и носталгија. View ...
Сара Јо и словенечкиот кореограф и танчер Жига Сотлар повторно се во центарот на вниманието поради шпекулациите дека ставиле крај на својата долгогодишна врска. Иако ниту еден од нив официјално не се огласил, корисниците на социјалните мрежи забележаа дека Жига ја отследил Сара Јо на Инстаграм и го избришал нејзиното име од описот на својот профил, каде претходно стоела меѓу изведувачите со кои соработува. Од друга страна, пејачката сè уште ...
Сенида повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат не поради музиката, туку поради фотографии од минатото што се проширија на социјалните мрежи. По трите распродадени концерти во белградскиот Сава центар, на мрежата Икс почна да кружи фотографија од 2011 година, на која пејачката изгледа значително поразлично од денес. Корисниците масовно коментираат дека тешко би ја препознале, бидејќи низ годините целосно го променила имиџот. ...
Познатото музичко дуо Драган Спасов – Дац и Александар Митевски на уникатен начин ја изненадија Маја Гроздановска-Панчева за нејзиниот роденден. Тие уште еднаш докажаа дека се мајстори за правење незаборавна атмосфера, но и за вистински пријателски изненадувања. Изминатиов викенд, во текот на нивниот заеднички настап, во центарот на вниманието се најде шармантната пејачка, која го прослави својот роденден на сцената. Додека микрофоните беа ...
Јелена Карлеуша кратко, но остро ја искоментира новата љубовна врска на својот поранешен сопруг Душко Тошиќ, откако во српските медиуми се појавија детали за неговата врска со Нора. Според пишувањата, новата избраничка на Тошиќ со години била голем фан на Карлеуша, а на социјалните мрежи дури се тврди дека своевремено администрирала фан-страница посветена на пејачката. Извор близок до Нора за српските медиуми изјавил дека таа со години го ...
Водителката Снеже Велков прозборе за својот татко кој досега не го споменала во јавноста. Таа сподели емотивен момент со своите следбеници на социјалните мрежи, поврзан со покажувајќи дека најубавите гестови често доаѓаат од најблиските. Имено, Снеже објави фотографија од прекрасен букет црвени рози, откривајќи дека нејзиниот татко дошол кај неа додека таа не била дома и ѝ оставил цвеќе набрано од неговата градина. „Татко ми дошол кај нас ...