Економистите и аналитичарите на Волстрит се разочарани од економските перформанси на Кина, надевајќи се дека тоа би можело да ја поттикне владата да преземе стимулации слични на оние во 2008-ма година, напиша за „Financial Times“, Мохамед Ел-Еријан, претседател на колеџот „Queens’ College“ и советник на „Allianz“ и „Gramercy“. Ова, пак, ќе го оживее домашниот раст и ќе ја врати Кина како клучен двигател на глобалната економска експанзија. Сепак, ...

Секоја онлајн активност со себе носи ризици и потенцијални закани, кои најчесто ги таргетираат вашите лични податоци. А ризикот не престанува ако го исклучите компјутерот или го оставите вашиот телефон на масата, тој е присутен постојано додека сте приклучени на интернет. Голема паника ни предизвикува помислата дека некои од профилите на социјалните мрежи може да ни бидат хакирани или злоупотребени, а само замислете какви можат да бидат ...

Словенечкиот старт-ап Бево додаде вегански ребра во својата палета на производи под брендот Џуси Марблс. По почетокот на продажбата, тие останаа без залиха по само неколку минути, изјави за Н1 Словенија, директорот Тилен Травник и истовремено го најави доаѓањето на новиот производ. Четиригодишната Бево, компанија која стои зад веганскиот бренд Џуси Марблс, пред две недели почна да продава вегански ребра со коска на својата веб-страница. ...

Европската комисија предложи регулатива според која уредите како мобилни телефони и таблети ќе треба да прикажуваат информации за нивната енергетска ефикасност, долгорочното траење на батеријата, заштита од прашина и вода и отпорност на случајни падови. Дополнително на ова, уредите ќе треба да покажат и оценка за „поправливост“, односно дали ни е исплатливо да го поправиме уредот. Мобилните телефони и таблетите произведени според правилата на ЕУ ...

Во Хрватска ќе се одржи итна средба со претставниците на трговските ланци, бидејќи цените на храната незапирливо растат. Хрватска има намера да ги замрзне и врати цените на 1.600 производи кои во последно време драстично поскапеа. Потрошувачката кошничка поскапе во зависност од трговскиот центар за 5-6 отсто, а најавени се и нови поскапувања. На средбата во владата се поканети претставници на најголемите трговски ланци, од „домашниот“ „Конзум“ ...

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во просториите на Комисијата за заштита на конкуренцијата имаше работен состанок со нејзиниот претседател Владимир Наумовски. На состанокот се зборуваше за ценовните движења во малопродажната мрежа на прехранбените продукти и постоењето можности за присуство на трговски практики, кои, освен што ги нарушуваат слободната пазарна економија и конкуренцијата, носат и директна штета на граѓаните. ...

Податоците на Народната банка покажуваат дека во 2009 година каматната стапка на депозитите орочени на една година изнесувале речиси 10 отсто и веќе од 2010 година таа постојано опаѓа, во моментов таа изнесува 1,50 отсто. За штедните влогови на граѓаните и на фирмите, банките пресметуваат камати од околу 1,50 отсто. Каматните стапки за штедење во домашните банки од 2010 година значително се намалија, поради што опаѓа и заработката на штедачите. ...

Вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2022 година изнесува 7 840 633 000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е учеството на трошоците за управување со отпадни води (35. 56 проценти), потоа на трошоците за постапување со отпад (29. 96 проценти) и на трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода ...

Шпаркасе банка АД Скопје посветено работејќи на визијата да биде прв избор на клиентите и водечка банка по квалитет на услугa, стартува со нови атрактивни понуди за сите клиенти, со најповолни услови. Со оваа понуда, Шпаркасе банка нуди станбен кредит со фиксна каматна стапка од 3,8% за првите десет години, можност за вклучување полиса за животно осигурување, на максимален износ до 400,000 ЕВРА, како и потрошувачки кредит со фиксна каматна ...

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од 2023 година е 1,1 отсто според проценетите податоци на Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од годинава, поголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7,6 отсто и Финансиски дејности и дејности ...

Oвeн – Sвeздитe нaд вac ви дaвaaт пoддpшĸa ĸoja ќe мoжeтe дa ja иcĸopиcтитe зa дa ги peaлизиpaтe вaшитe нajaмбициoзни плaнoви. He ce плaшитe дa pизиĸyвaтe. Дoвoлнo cтe внимaтeлни дa гo пpaвитe oвa caмo ĸoгa шaнcитe зa ycпex ce гoлeми и нeмa cepиoзнa зaĸaнa. Биĸ – Дeнoт e пoгoдeн зa ĸoмyниĸaциja co пoзнaници и пpиjaтeли. Baĸвитe cpeдби вe иcпoлнyвaaт co paдocт, нoви идeи и инcпиpaциja зa нoви пoдвизи. Beчepтa бидeтe внимaтeлни и избeгнyвajтe ...

УНЕСКО во четвртокот го објави своето прво упатство за употреба на Генеративна вештачка интелигенција (GenAI) за образование, повикувајќи ги владините агенции да ја регулираат употребата на технологијата, вклучително и заштита на приватноста на податоците и поставување старосна граница за корисниците. Лансиран од OpenAI поддржан од Microsoft во ноември, GenAI chatbot ChatGPT стана најбрзо растечката апликација во светот до сега, а нејзиното ...

Годишната камата за корпоративната обврзница од првата емисија ТТК Банка ќе ја исплати идниот понеделник – на 18 септември, по стапка од 3,5 проценти. Од Банката, преку ценовно чувствителна информација објавена на Берзата, соопштуваат дека се работи за корпоративна обврзница – прва емисија на обврзници со ИСИН MKTTKS200012 и шифра ТТКО. „Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна ...

Граѓаните чекаат мерки против поскапувањето, Владата купува време за да ги донесе. Се уште се прават анализи и се консултираат засегнатите од бизнисот. Кога ќе се дизајнираат, ќе бидат објавени. Или оваа недела или наредната, но можно е и после таа, велат од власта. Бизнисот пак, прв пат за нов пакет мерки слушнал од медиумите. Бараат и тие да бидат вклучени во креирањето, да се слушат и нивните мислења и ставови. Владата со ребалансот издвои 74 ...

Агенцијата за кредитен рејтинг Фич ја ревидираше прогнозата на Турција од „негативна“ на „стабилна“ и го потврди нејзиниот рејтинг „Б“. „Ревизијата на прогнозата за стабилна го одразува враќањето на поконвенционален и конзистентен микс на политики што ги намалува ризиците за краткорочна макро-финансиска стабилност и ги намалува притисоците во платниот биланс“, велат аналитичарите на Fitch во белешката. „Сè уште постои неизвесност во однос на ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 7 септември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 99,72 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 101,59 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 82,68 евра за мегават час, а на MEMO 89,83 евра. Просечната цена на ...

Европската комисија ги намали прогнозите за економски раст за еврозоната во 2023 и 2024 година за 0,3 процентни поени, на 0,8 отсто и 1,3 отсто, соодветно, особено поради тешкотиите во Германија и нејзината индустрија. Се очекува 20-те земји кои го користат еврото да забележат раст од 0,8 отсто оваа година наместо прогнозата од 1,1 отсто во извештајот во мај, соопшти Европската комисија. За следната година очекувањата се намалени на 1,3 отсто од ...

На скалата од еден до десет, македонската економија од технолошки апсект засега е рангирана на трето ниво. Само големите и средните претпријатија се подготвени да се соочат со конкуренцијата и со барањата на европскиот пазар. Останатите, до членството на земјава во ЕУ, ќе мора да поработат на стандардите и процедурите ако сакаат да извезуваат, порача денеска Стопанската комора. Поради вакавата ситуацијата, Комората ќе бара пролонгирање на ...

Популацијата на Азија со ултра висока нето вредност се намали за околу 10,9 отсто минатата година, што е најголем регионален пад во светот, покажаа податоците од „Altrata“, цитирани од „CNBC“. „Ултра богатото население на Азија се намали за 11 отсто во 2022-ра година, најмногу од кој било регион, на 108.370“, се вели во извештајот. Авторите го припишуваат падот на строгото заклучување на Кина за Ковид-19, војната во Украина и нарушените ...

Американскиот режисер Џејмс Камерон добро знае што е вештачка интелигенција. На крајот на краиштата, поради него, милиони луѓе ширум светот, кога ќе помислат на роботи, во главата го гледаат – Терминаторот. Затоа, во разговор со Фарид Закари од Си-Ен-Ен, тој не можеше да го избегне прашањето за вештачката интелигенција. -Би рекол дека тоа повеќе ме плаши отколку што ме возбудува во моментов. Досега користевме неколку алатки напојувани со ...

Од чекање во ред од два часа пред Ајфеловата кула во Париз до ограничување на посетителите на преполниот Акропол во Атина, толпата туристи кои летово се вратија во Европа тешко можеа да останат незабележани, пишува „Financial Times“. И покрај силниот раст на цените, резервациите на летови за северна Европа од јуни до август се зголемени за 25 отсто во однос на претходната година, како и за 13 отсто во јужна Европа, според податоците од ...

Европската централна банка ја намали понудата на пари во еврозоната за прв пат по 13 години, бидејќи кредитирањето на приватниот сектор стагнира, а депозитите се намалија. Банкарските заеми за приватниот сектор паднаа во јули за 6 отсто на годишна основа, што е најниско ниво од 2016 година, додека кредитите на државите паднаа за 7 отсто, што е најголем пад од 2007 година. Економистите предупредуваат дека овие податоци покажуваат натамошен пад на ...

На крајот на минатата недела на Берзата поминала блок трансакција со акциите на фармацевтската компанија „Алкалоид“, за сума од близу 40 илјади евра. Или, попрецизно, во блок тансакцијата одеднаш се продадени 136 акции на ова акционерско друштво по цена од 17.550 денари за акција. Односно, вкупната вредност на зделката била 2,4 милиони денари, што е рамно на близу 39 илјади евра. Инаку, на 7 септември кога се реализирала блок трансакцијата со ...

Деловната активност во британскиот услужен сектор се намали во август, за прв пат од јануари, бидејќи повисоките каматни стапки доведоа до послаба побарувачка на потрошувачите и корпорациите, иако падот беше помал од првично предвиденото. Индексот на менаџери за набавка на „S&P Global/CIPS“ (PMI) за британскиот услужен сектор падна на 49,5 во август од 51,5 во јули, достигнувајќи го најниското ниво во последните седум месеци, но остана над ...

ОВЕН Ќе мора да правите компромиси, во спротивно работата нема да оди добро и ќе се чувствувате депресивно. Но, ќе бидете пред настаните и ќе правите промени, заштедувајќи се од непотребни трошоци и разговори. Едно патување ќе ви донесе возбуда и пријатни емоции, но и обврски за кои допрва треба да размислувате. БИК Добриот развој на вашите работи ќе ви даде самодоверба и брзо ќе ве поттурне напред. Ќе иамте сили да постигнете повеќе, доволно е ...

Тоа што летото е при крај не значи дека не треба да се грижиме за тоа што јадеме или дека не треба да слабееме ако имаме вишок килограми… Статистиката покажува дека сѐ повеќе луѓе се одлучуваат за диета по летото, веројатно незадоволни од својот изглед на плажа, како и од желбата да не се повтори следната година. Зачините можат да ви помогнат и да ослабете, вели нутриционистката Ивана Мишиќ. – Циметот го регулира нивото на шеќер во крвта, ја ...

Просечната месечна нето-плата исплатена по вработен од правни лица во градот Загреб за јуни годинава изнесува 1.317 евра. Ова е номинален пораст од 1,1 отсто во однос на мај и зголемување од 10,4 отсто во однос на јуни лани. Ова го покажуваат податоците на Секторот за статистика на Градскиот завод за економија, еколошка одржливост и стратешко планирање. Споредено со просечната месечна плата за јуни на ниво на Хрватска, која изнесува 1.150 евра, ...

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.09/2023 за долгови доспеани до 31.05.2023 и неплатени до 31.08.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На Листата на должници бр.09/2023 објавени се 1730 должници – правни лица (помалку за 82 од претходната листа) и 3375 физички лица (помалку за 12 од претходната листа). Вкупно објавениот ...

Нова емисија граѓански обврзници ќе има овој или најдоцна наредниот месец. Се прават последните подготовки до крајот на годината да биде издадена и зелената обврзница, вели министерот за финансии Бесими. Интересот кај граѓаните за овие хартии од вредност е голем, затоа што каматите се повисоки од оние кои ги добиваат од банките, смета Бесими. За една година граѓаните ќе добијат 5% камата за граѓанските обврзници, а ако ги чуваат во банка ...

Повеќето главни валути ќе се борат да ја надминат јачината на доларот до крајот на годината, според анкетата на „Reuters“ меѓу форекс стратезите. Поддржан од силната економија и зголемените приноси на американските трезори, една од највисоките меѓу напредните економии, доларот останува отпорен на повеќето главни валути и покрај кратките напади на слабост. Доларот, кој се смета за безбедно засолниште, достигна највисоко ниво во последните шест ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
45%
1015
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
78%
1018
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
51%
1020
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
62%
1016
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.78
69%
1016
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1020
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
2.24
55%
1010
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
63%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
49%
1014
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
73%
1018
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
0.89
63%
1018
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
7.72
52%
1015
Currency

61.525

Currency

54.6226

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3474

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.66459

Currency

0.37613

Currency

0.52851

Currency

1.41594

Currency

0.63798

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15372.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.87

Сребро

1050.40

Злато

107132.47

Бакар

9.24

Паладиум

30993.32

Платина

31450.19

Родиум

172810.26

Цинк

2.56