Доналд Трамп испадна од листата на Форбс на 400 најбогати луѓе во САД, објави магазинот, додека во Њујорк продолжува судењето на поранешниот претседател за бизнис измами. „Доналд Трамп повеќе не е доволно богат за најексклузивниот клуб во земјата“, објави Форбс. „Со проценето богатство од 2,6 милијарди долари, тој е 300 милиони долари под листата на Форбс на 400 најбогати Американци“, велат тие. Според Форбс, падот на нето вредноста на Трамп од ...

Овие четири хороскопски знаци со годините стануваат сѐ поубави, а времето очигледно е на нивната страна. Близнаци Близнаците во текот на помладите години се порезервирани. Меѓутоа, нивната плашливост се намалува со текот на времето. Тие стануваат сѐ посамоуверени и тоа ги прави попривлечни. Близнаците сакаат да патуваат, па на своите многубројни патувања собираат искуство и мудрост, па така ја добиваат својата животна радост. Тоа се гледа и по ...

Перуанските власти разговараат за начините за зачувување на глечерот за кој се верува дека е оддалечен извор на реката Амазон, соопшти перуанската влада. „Со цел да се зачува областа од каде што извира Амазон, најголемата река на планетата, властите на провинцијата Арекипа ги координираат активностите за да се избегне губење на еден од главните извори на вода“, се вели во соопштението. Разговорите се однесуваат на планинскиот врв Мисми, каде е ...

Испитувањата на плочките од Древен Вавилон сѐ повеќе го потврдуваат сознанието дека Питагоровата теорема им била позната на древните семитски математичари и 1.000 години пред времето кога живеел познатиот хеленски математичар. Питагоровата теорема A² + B² = C² којашто важи за трите страни на кој било правоаголен триаголник, е можеби најпознатата теорема во математиката и четвртата најмоќна во практичната употреба. Равенката е именувана по ...

Зошто сте секогаш уморни? Ако сте исцрпени и покрај тоа што спиете доволно, можеби го имате овој здравствен проблем Превентивните мерки може да спречат многу посериозни болести, а тие се состојат во едноставни секојдневни навики: Дури и мало дехидрирање на организмот доведува до пад на нивото на енергијата, расположението и когнитивните способности. Водата е од суштинско значење на правилно функционирање на мозокот. Затоа внесувајте доволно вода ...

Се чини дека Европскиот совет попушти под притисокот на автомобилското лоби и нормата Еуро 7 е толку релаксирана што, наводно, нема суштински разлики во однос на Еуро 6. Со стандардот Еуро 7 за нови возила, планот на Европската комисија беше дополнително да се ограничат емисиите. Имплементацијата требаше да се реализира во 2025 година, а до 2035 година Еуро 7 да ги намали вкупните емисии од автомобилите и комбињата за 35 отсто во споредба со ...

Овен Денеска очекувајте неочекувани можности на работа. Бидете отворени за нови идеи и соработка, тоа може да донесе свежа енергија во вашиот тим и поголем успех за вашиот бизнис. Денеска е ден за смели потези во љубовта. Изразете ги вашите чувства на саканата личност и отворете го срцето. Физичката активност ќе ви помогне да го ослободите стресот. Размислете да одите на прошетка на отворено или да правите јога. Бик Бикови, вашата упорност ќе ...

Кога пензионер од Обреж се пријавил во пензискиот фонд зошто му е намалена и онака минималната пензија по преселбата во Босна и Херцеговина, затоа што ја прима најниската пропишана во Србија, се наметна прашањето што се менува со промената на адресата на живеење. И дали тоа значи дека на пензионерот секогаш ќе му се намалува сумата поради ова или законот го предвидел тоа само во посебни случаи. Овој пензионер наведува дека имал право на најниска ...

Намалување на бројот на вработени во јавниот сектор, преземање на вработени од други институции ако има потреба од нови вработување, но и зголемување на продуктивноста на вработените во државните институции. Претпријатијата што работат со загуба да ги намалат вкупните трошоците за 20 отсто и да го намалат бројот на вработени на неопределено време. Ова се само дел од мерките, кои се преточени во Планот за фискална оддржливост и поддршка на ...

Сопругата на министерот за финансии Фатмир Бесими купила и инвестирала во имот со вредност поголема од 200.000 евра за нецела 2023 година. Ова го покажуваат ажурираните податоци од анкетниот лист на владиниот функционер кај Државната комисија за спречување на корупција. Во она што како најново го пријавил Бесими како имот на брачен другар се инвестирани 3.916.100 денари, или околу 65.000 евра во купување на 1.342 акции во текот на оваа година. ...

Русија ќе продолжи да ги намалува испораките на нафта на светските пазари за 300.000 барели дневно до крајот на декември, изјави вицепремиерот на руската Влада, Александар Новак. Според него, властите во ноември ќе одлучат дали дополнително ќе го намалат или зголемат производството, а истото прашање ќе го разгледа и Саудиска Арабија. – Следниот месец ќе се изврши анализа на пазарот со цел да се донесе одлука за продлабочување на намалувањата или ...

Европската комисија денеска официјално започна истрага за субвенционирањето на производството на електрични возила од страна Кина, јави дописникот на МИА од Брисел. Истрагата има за цел утврди дали компаниите за производство на електрични возила во Кина имаат корист од ова субвенционирање и дали тоа им нанесува економски штети на производителите на ЕУ. Доколку и двата сомнежи се покажат точни, истрагата ќе ги испита веројатните последици и ...

Исплатата на паричната помош од социјалната, детската и цивилната заштита ќе почне утре (четврток), информираат од НЛБ Банка. На банкоматите, своите средства клиентите ќе можат да ги подигнат во секое време. Исплатата, пак, во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определениот редослед, со цел да се намалат турканиците пред шалтерите. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците. Според ...

Белгија на почетокот на идната година ќе почне со изградба на првиот вештачки енергетски остров во светот со електрани на ветер за производство на високонапонска еднонасочна и наизменична струја, кој ќе биде поврзан со белгиската електрична мрежа и со интерконекции со Велика Британија и Данска. Како што соопшти операторот на проектот, компанијата „Елиа“, белгискиот министер за правда Винсент Ван Квикенборн веќе издал еколошка дозвола за изградба ...

Луфтханза групацијата во која спаѓаат авио превозниците Lufthansa, SWISS and Edelweiss Air, Austrian Airlines, Eurowings и други ќе ја користи македонската платформа Airport Briefing. Платформата им помага на пилотите да се подготват за лет преку 3Д приказ на теренот каде треба да слетаат. Креатор на аплиакцијата е компанијата Synapsis Aviation чии основачи се Филип Арсов, претприемач со долгогодишно искуство и капетан Кочо Мојсов, пилот од ...

Цените на акциите остро паднаа на Волстрит, спуштајќи се на најниското ниво од почетокот на јуни, бидејќи новите економски податоци ги поттикнаа стравувањата дека ФЕД повторно ќе ги зголеми каматните стапки до крајот на годината. Дау Џонс (Dow Jones) се лизна за 1,29 отсто, на 33.002 поени, додека СиП 500( S&P 500) потона за 1,37 отсто, на 4.229 поени, а индексот Насдак (Nasdaq) за 1,87 отсто, на 13.059 поени. Падот на СиП 500 на најниско ...

Нетфликс планира да ги зголеми цените на претплатите за своите услуги без реклами, прво во САД и Канада, а потоа и во остатокот од светот, дознава Волстрит журнал. Не се знае колку ќе се зголеми цената на претплатата. Во текот на изминатата година, цената на услугите за стриминг се зголеми во просек за 25 отсто, бидејќи компаниите за забава се обидуваат да ги направат профитабилни. Ова доведе повеќе штедливи корисници да се префрлат на поевтини ...

Собранието на РС Македонија го усвои Законот за решавање банки, предложен од Министерството за финансии, а со кој земјава воспоставува регулаторна рамка за зајакнување на финансиската стабилност во земјава и навремена интервенција во кредитна институција која е во проблем. Станува збор за сосема нов закон кој има за цел воспоставување инструменти за ефикасно решавање на проблемите на нестабилни и проблематични кредитни институции неопходни за ...

Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал. Обврзниците се сè попривлечни Глобалните берзански индекси четврта недела по ред затворија во минус, но падовите остануваат ограничени и само делумно ја расипаа досегашната слика за мошне профитабилниот дел од годината. Дополнително, за европските инвеститори, падот на американските берзи го ублажи растот на вредноста на американскиот долар. ...

Годишната стапка на инфлација во Турција во септември се зголеми на 61,5%, објави денеска Турскиот институт за статистика – Туркстат. Августовската инфлација во оваа земја изнесуваше 58,9%, Како што е наведено на веб-страницата на оваа организација, во септември најмногу пораснале цените на услугите во хотелите, рестораните и кафулињата – за 92,4%, како и во секторот образование – 80,9% и во здравствениот сектор – 79,8%. Најмалку се зголемени ...

Новата алатка на Народната банка за споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги придонесува кон поголема транспарентност на банките и значително ја подобрува информираноста на јавноста за надоместоците коишто ги наплатуваат банките за најрепрезентативните услуги поврзани со платежната сметка. „Преку поголемата транспарентност и олеснетата споредливост на надоместоците, ќе се зголеми конкурентноста помеѓу банките што може да ...

Oвeн Вашите работни навика добиваат на значење. На вам е уште малку да се стрпите додека работите не дојдат на своето место. Она што е најважно, кога љубовниот ден е во прашање, немојте да ги пренесувате проблемите на работа на партнерот. Можна настинка, чувајте се. Биĸ Уште еден добар работен ден во најава, па се очекува да направите барем еден добар договор. Со саканата личност нема да бидете на иста бранова должина. Пробајте да избегнете ...

Факт е дека огромен број на врски завршуваат неуспешно. Сигурно ќе поминете или веќе сте поминале низ барем неколку врски пред да го запознаете вистинскиот. Најверојатно сте скршиле нечие срце и/или некој го скршил вашето. Во моментите кога оној со кого сте во врска решил да ви каже збогум, веројатно сте се запрашале која е причината, особено ако таа не била очигледна. Еве дел од најчестите причини поради кои мажите решаваат да им раскинат на ...

Hisense телевизорите со Mini-LED панели добија престижна награда од најпрестижното глобално жири за техника. Hisense телевизорите (моделите 65U8KQ и 65U7KQ) се добитници на престижната награда EISA во категориите Mini LED TV и Best buy Mini LED TV на овогодинешната церемонија на доделување награди што се одржа на почетокот на саемот IFA 2023 во Берлин. Hisense телевизорите со Mini LED технологија се подеднакво добар избор за љубителите на ...

Самоил Ангеловски од Скопје е среќниот добитник на големата наградна игра на УНИБанка АД Скопје “Со Mastercard на УНИБанка плати и стан фати!” Станот е на супер атрактивна локација во Скопје на бул. Војводина и со површина од 49 м2. Наградната игра предизвика голем интерес, поттикнаголем број луѓе да извадат Mastercard картички од УНИБанка Скопје, и да ги согледаат бројните предности кои ги носат безготовинските плаќања, како во поглед на ...

Биткоинот е веќе застарена работа. Ова го кажуваат за „Reuters“ некои од крипто-инвеститорите кои се обложуваат на блокчејн технологијата како алатка за вдишување нов живот во традиционалните средства. Бидејќи цените на криптовалутите се менуваат во очекување на нивното следно опаѓање или скок, пазарот за „токенизација“ – издавање на дигитални токени базирани на блокчејн кои претставуваат различни средства – од обврзници до акции до недвижен ...

Граѓаните се повеќе посегнуваат по минусите во банка, како начин на преживување во овие тешки времиња на високи цени, но и не толку високи плати за најголем дел од граѓанството. Најновите податоци на Народна банка на Македонија говорат дека дека во август сме имале драматичен месечен раст на негативните салда на тековните сметки за дури 13 проценти, односно за тој процент се зголемиле во август во однос на јули, додека, пак, на годишна основа ...

Во периодот од 2010 година, па до вториот овогодишен квартал, цените на становите и куќите во земјите членки на ЕУ се зголемија за 46 отсто, додека наемнините за домување пораснаа за 21 процент, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат, во вториот квартал од 2023 година цените на становите и куќите пораснале за 0,3 отсто во споредба со првото овогодишно тримесечје, додека наемнините за ...

Голем интерес пројавен на денешната аукција за најновиот финансиски инструмент на пазарот – зелената обврзница. На аукцијата за првата емисија имаше побарувачка за скоро три пати повеќе, односно беше доставена понуда во износ од 1,635 милијарди денари. На аукцијата беа запишани зелени обврзници во износ од 10 милиони евра. -Интересот за овој нов финансиски инструмент што го воведовме на пазарот беше навистина голем. На аукцијата беше понуден ...

Во Германската амбасада во Скопје од јануари 2024 година ќе биде назначен аташе за земјоделство, кој освен за земјава, ќе биде надлежен и за цел Западен Балкан. Се работи за Франк Милер, германски дипломат вработен во Германското сојузно министерство за земјоделство и храна, кој до скоро работел во Киев. Целта на неговата позиција, како што соопшти денеска германскиот сојузен министер за земјоделство и храна, Џем Оздемир, ќе биде интензивирање ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1014
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
93%
1016
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
86%
1016
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
71%
1015
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
9.16
81%
1012
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1016
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.45
54%
1010
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
87%
1014
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
5.81
92%
1010
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
0.67
65%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
77%
1010
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3371

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58